Tuesday, October 6, 2009

ЗА ПОКАЈАНИЕТО ПДФ Печати Е-пошта

Ние се наогаме во некаква безизлена состојба, како на светот да му се приблизува некаква катастрофа од која не е можно да се спречи. На луѓето им е одземен главниот животен стмуланс-надежта. Изгледа како се спушта тешка темнина врз земјата и ја умоткува во црни погребни покровци. Овде не се во прашање политички потреси и неочекувани тешкотии, туку некаква метафизичка трагедија во која ке биде вовлечена целата земја.

Дали постои излез од оваа состојба? Дали постои способност за духовна реанимација? Дали е можно, ако не да се врати, барам да се запре, намале процесот на ескалација на злото?

Ни предлагаа и сеуште ни предлагат различни совети – болниот го убедуваат дека е здрав, честопати цртаа слики кои потцетуваат на бајките за „срекните острови“, но тоа малку помага. После допингот се појачува губењето на силата, после илузијата се расплаува гордоста, и уште е поголемо разочарувањето. Каде е излезот, и дали воопшто постои? Одговорот можеме да го најдеме сам ово единствениот чист извор –Светото Писмо, кое не лаже, кое не греши и не доведува до заблуди.

Во тешките времиња низ историјата пророците го повикувале народот на сеопшто покајание. Го повикувале секого да го согледа својот грев и да ја согледа својата одговроност. Гоповикувале народот да се оттргне од идолите и да се рати кон свјот Бог. Само со покајанието повторно се раѓаме, само преку болеста се вракаме во живот. Човекот кој не чуствува болка мртов е. Душата што не ги чуствува своите гревови труп е. Друга патека нема: или покајание – како единствен пат кон Бога, или губење на Бога и безнадежност. Само чашата со покајнички солзи на Страшниот суд може да ги очисти гревовите на луѓето.

Не може да се каже дека во нашето собрание љубовта е исчезната. Сеуште на среќа, има мнпогу примери на добрини, сочуства, служење на луѓето, но трагедината е во тоа што луѓето заборавиле на своето покајание. Изгледа дека некоја мрачна сила го украла овој Божествен дар од нас ова воскресение пред телесната смрт.Благодата се враќа преку на истиот начин како заминала. Благодата на напушта после направениот грев. А гревот постанува семе за оние трња и боцки од кој израснуваат нашите слабости. Гревовите се предвкус за оние ката строфи чие приближување го чуствуваат дури и луѓето кои се надвор од Црквата.

Нашата грешка е во тоа што се оправдуваме самите себе, надовр од нас ја бараме причината за нашите грешки, а евангелскиот призив за покајание не наога жив дел во нашето срце, а ако се каеме, тогаш тоа е ритуално и формално, како да забораваме на трагичните последици од гревот.

Тоа прашање е многу важно, едно од најважните прашања за христијансиот морал. Световниот морал е заснован на гордоста – лична и друштвена – на оној што погрешно го нарекува човековото достоинство. Понекогаш се мисли како корисно вештачкото развивање на гордоста, како да се мисис дека некогаш човекот ке постане таков како го претставуваат другите, фалејки го. Но резулттите секогаш се жални: човекот кој верува во своето „добро дело“, често се помируваат со тоа, мислам дека кај нив се е во ред, нема за што да се поправат, туку им преостанува само да се радуваат на тоа што се добри. Но животот никого не го милува, и коној што стекнал комплекси својата праведност ја наоѓа во тешката борба со оние што се сложуваат со него и што му противречат. На таквиот човек му се чини дека е овоплоте како добар и непогрешлив, а дека другите се носители на злото. Не можејки да ја видат својата гешка, не сакајки да се осудат себе доага до тоа да се оладува пријателството, се распагаат семејствата, луѓето се отргнуваат едни од други. Комплексот на сопствената праведност е најтешкиот јарем кој човекот може да го носи.

Покајанието е осудување на самиот себе пред Божјот суд. А на таквиот човек му езгледа дека е неправедно пнижен и навреден. Како да може сам да зилезе од улогата на обвинет. Ова е секогаш ризично и безперспективно. Не гледеајќи ја длабочината на своите гревови, своите лоши дела, својата внатрешна искривеност, човекот е може да стапи во нов однос со човекот и Бог. Тој лили на чуден безумник кој заради госрдоста смаиот себе се предава на ѓаволот. Меѓу гордите луѓе тие можат да имаат места за слоидарност и нешто како пријателство амо во еден случај: кога заедно истапуваат против нешто замислено, но и против вистинскиот противник, но кога овој „фактор“ на здруженост исчезне, тогаш од создадената солидарност не останува ни трага.

Еднаш александрискиот археипископ го запрашал Нитрискиот аваа која работа според твоето долгогодишно искуство, е најголема на подвижничкиот пат?Овој одговорил:„постојано самопрекорување“-тоа е постојано и за се обвинување на самиот себе. Архиепископот рекол: Тоа не само да е најголем подвиг, туку и пат кон спасението. Овде изворот на хриситијанскиот и световниот морал, овде е границата каде се делат овие два правца.

Исповетта е света Тајна и надворешен облик на покајание. Постојат луѓе кое се покајуваат искрено, но каква е исповедта кај повеќемината? Обично луѓето исзговараат звучни фрази, не разбирајќи ја нивната смисла. Што с еоднесува на големиот дел на претставниците на интеллигенцијата, тие се исповедаат или пишуваат за исповедта како за психолошка самоанализа, но на неа и недостасува основната одбивност према гревот и шелбата да се бори со гревот во иднината. Затоа нивната исповед личи на книужевно истражување на чувствителноста и трагичноста на гревот, како и за смртноста на душата.

Со осудувањето на самиот себе започнува повторното духовно раѓање на човекот. Гордиот не може да љуби, тој не знае да биде благодарен. Само смирниот е способен да ја види привлечноста и добрината на ближниот. Смирението се добива преку покајание и само покајание, растење и задлабочувајки се во добродетелите. Благодата ги криела од светите отци нивната морална и духовна висина, затоа тие до самаата смрт се сметаа за грешноци. Кое се воудушевува на своите добродетели и зборува за нив, тој со тоа сведочи да е лишан од благодатта. Само смирението им дава на луѓето способност искрено да се почитуваат помеѓу себе.Баранјето од самиот себе повеќе одколку од другиот, да бидеш благодарен за секое добро, за вниманието, за простуванјето на туѓите грешки – еве го темелот врз кој може да с егради христијанското семејство, но и христијанското собрание.

Човекот кој може да се обвинува самиот себе нема никогаш да го изгуби внатрешниот мир, нема да ги прколнува луѓето и животните околности и со главата да удара во ѕидот. Таквиот размисува за тоа како ја направил грешката. Како треба да постапи за да ја исправи, и дури најголемите искушенија ке ги помине како лек за очистување на својата душа.

Зборувавме за покајанието и за смирението како основа на христијанскиот морал и љубов, како начело на човековиот меѓусебен однос, како показател на соборниот препород. Но постои и друга – метафизичка страна. Гревот, кој не е очистен преку покајанието, не исчезнува. Како што повеќе капки од дождот прават поток така и гревовите образуваат паднат човек, кој се пројавува на физички план во видлива борба, епидемии и природни катаклизми. Оваа сила, оваа морална сила на нашите гревови на демоните широко им го отвара полето на работа на земјата. Затоа од покајанието зависи животот на луѓето, на земјата и на целото човештво. Некој ќе рече: „ Навистина, какво значење за светот ке има моето покајание или покајанието на мал број нас луѓе?“ Да се сетиме: Господ во Содом бараше десет праведници, но не ги најде, инаку градот ке беше поштеден.

Во Содом живееше праведниот Лот. Свети Јобан златоуст пишува дека Лот бил праведен затоа што живеејки во содом и мачејки се, гледајки ги нивните гревови, никого не го осудил. Нека секој човек ја запали својата свеќа на покајанието, а тоа значи да им прости на сите, моли се за сите и на злото возврати со добро. Нека секој човек се покае за себе и за својот ближен, неговата свеќа нема да биде сама, покрај неа ќе се заплат и други свеќи. Нека тој го чува пламенот ов своето срце: „Господи Исусе Христе, помилуј ме“. Само покајанието е надеж, а надежта соединување со љубовта, и никогаш нема да бидат отфрлени од Бога.

Извор:

http://www.svetosavlje.org/biblioteka/Knjige/TajnaSpasenja/tajna_spasenja13.htm

No comments:

Post a Comment