Tuesday, October 6, 2009

ОДНОСОТ ПОМЕГУ БОГА И СВЕТОТ ПДФ Печати Е-пошта


Создавањето на светот од ништо и за Божествената слобода

Основната претпоставка за целокупниот живот и верувањето на древната Црква, е библиското учење за создавањето на светот од ништо, и тоа спорел апсолутно позитивни и слободно дејство на бога. Пред се, они веруваат дека едниот Бог Кој се создал и уредил, и Кој се привел од небитие во битие, во Кого се се содржи, а и Самиот е неспознатлив. Вистинско разбирање на прародителскиот грев на суштински начин зависи од вистинското разбирање на човековиот однос према Бога. Учењето на древните христијани за падот, неодвоиво е поврзан со библиската космологија. Клуч за разбирање на таа космолгија, како и разбирањето на односот помеѓу Бога и светот, е догмата за создавањето на светот од ништо. Таа догма претставува целокупна претпоставка за учењето на Црквата за слободата.

Темел на библиската и светоотечката вера, живот и богословие е во тоа дека Бог, со Својата несоздадена енергија, го создал светот, и тоа Сам, непосредно, не по нужност, туку по своја воља, а према тоа на потполно на позитивен начин.

Учењето дека Бог сам го создал светот непосредно, без посредство на некое создадено средство, претставува темел за претпоставката на јудеохристијанскиот монотеизам: „Јас Господ, направив се сам, го послав небото сам“. Тоа дело е нагласено во јудаизмот и во православното христијанство. За отците на Црквата оваа дело претставува основен аргумент во борбата противеретиците, кој се обделе да го омаловажат Синот и Светиот дух дури до ниво на создадени богови.

Свети Игнатиј се борел против тие гностици кои го прифатили елинистичкиот облик на највозвишеното битие, кое во својата без-енергетска внатрешност, (недвижечка) суштински содржи идеии или преобразби кои од неа се изливаат, и од кој во друг ред се појавува бог кој е во потполност копија и кој го создал светот, и тоа без знаење или против вољата на Едниот. Тој Еден е непокретен во однос на се што е над Него, односно према светот, со кој Он не може да има непосреден допир. Против тие еретици Иринеј се бори со помош на библиското учење, тврдејки дека е еден и единствен Бог, Кој се откривал преку пророците и кој се воплотил од Светиот дух и света Дева Марија, дека и Он го создал светот без ничие посредство. „Бидејки, Божјото својство на семожност означува дека нема потреба од никакво создание, за да создаде нешто кое самиот го привел во постоење. „Тоа мојот Бог“, пишува, Теофил Антиохиски, „кој е Господ над сите, Кој самиот го создал небото“.

Може да се примети и дека свети Иринеј – кој е, заради карактерот на учењето на своите противници, особено нагласува дека овој свет е создаден единствено од страна на единствениот Бог – не инсистирал (освен на некој нејасни места) и на друго место тоа исто учење, односно на тоа дека создаденото и, воопшто, битијата кои се помали од бога, не само што не создаваат, туку и не можат да содават – бидејки активноста (енергијата) за создавање, а активното промисување и спасување, припаѓа само на Бога. Иако ова учење претставувва претпоставка за откривање на вистината, дека самиот Бог создава, промислува, оживува и тн., но сепак тоа не се нагласува толку, како што било подоцна во борбата против еретиците, во периодот на вселенските соброи.

Догмата за создавањето на светот е потврда од секој напад на еретиците, односно против учењето дека светот е еманација и копија на суштината на Едниот, или дека е резултат на друго начало, и дека претставува погрешна потврда за встината дека Бог е Создател не заради нужност и по суштина, туку по воља и енергијата. Откривање на вистината дека светот го започнал своето постоење од ништо, и тоа со помош на Божјата енергија, за светите Отци на Црквата претставува доказ дека создавачката енергија (Божја) не ја претставува само Негова суштина, како што погрешно учел Ориген. Бог не е според својата суштина Создател, како што не е ни промислител, ни Судија, ниту Спасител, туку тоа е според својата воља и енергија. Така светот не се излива на природен начин од Божјата суштина, ниту пак претставува создадена Божја енергија, туку, напротив, претставува резултат на Неговата несоздадена енергија. Бог делува различно на безброј начини, но без внатрешни промени во Својата суштина – при тоа Божествената еенргија не прима ниту од суштината ниту од ипостаста. Енергијата и силата Божја која се наога во светот не се испостасирани суштини, како што мислесе древните грчки философи и гностици, кои со Божјата енергија скриена во светот и препишувале личносни и божествени својства.

Мешањето на Божјата енергија и суштина означува цуштинска врска помеѓу Создателот и созданијата. На тој начин светот, без разлика дали е во обик на архетип и постои во Божјата суштина, било да постои во материјален вид, во суштината е беспочетен и совечен цо Бога, сходно на тоа Бог тоа е во суштинска зависност од Своето создание. Философското учење за тоа дена Бог претставува actus purus автоматцки доведува до пантеизам или до апсолутен дуализам .

Наспроти чистиот философски метод, светите Отци за свој почеток секогаш го имале апокалиптичкиот, спасоносниот и односот на Божјата енергија кон светот: „Господ не научи дека Бог никој не може да го спознае, доколку Бог не го прослави, или со други зборови, боз Бога не може Бог да се спознае, а тоа спознаие на Бога ја изразува вољата на Отецот. Го познаваат тие на кој Синот им се има откриено“. Во таквото откровение движечка сила е самиот Бог кој во потполност е позитивен – и по воља и по енергија. На тој начин односот и дејството на Бога не се непосредни, туку посредни и вистински, особено во случајот со овоплотуваљето на Логосот. Оводе веке не станува збор само односот помеѓу Бог и светот, туку и во ипостасното единство. Односот на Божјата енергија кон светот има свој почетоко – према тоа тие не можат да припаѓаат на Божјата суштина. Едно е, значи, создавачка, промислителна, откоровенска и спасителна Божја еенгија, а друго Неговата суштина: „Василиј Велики... вели, дејството на енергијата не е ни оној кој врши ниту тоа што се врши ... И божествениот Кирил, зборувајки за Бога, дејството припаѓа на енергијата, а раѓањето припага на природата, а енергијата и природата не се едно исто. Бидејки создавачката, промисителната, спасителната и обожувачката енергија не е пројава не на некаква внатрешна потреба на божествената природа, и бидејки не е иста со божествената суштина, од тоа следи дека не е можно на основа на Божјата енергија да се спознае Божјата суштина. Заради слични причини, свети Иринеј го изразил начекото дека низ откровенската Божја енергија во светот можеме да го спознаеме вистинскиот Бог, но не и неговата суштина. Свети Василиј Велики на сосема јасен начин зборува дека: божествената природа, без разлика со кое име ја нарекуваме, по тоа што е останува неспознатлива, како и нашиот логос, а дека Бог е Добротворец и Дудија(???), дека е добар и праведен, и сето тоа слично што го спознавме за Него, научивме од различноста не неговата енергија, а со разбирањето на енергиите никако не може да се спознае природата на Оној кој дејствува со тое енергии. Бидејки, ако некој поим кои припага на секое од тие имиња, се препишува само на природата на која тоа име се донесува, не може со еден ист поим да се означи и природа и енергија. Во оние работи како поимот и одредувањето се различни тогаш и нивната природа е друга. Према тоа, едно е суштина, чие одредување не е пронајдено, а нешто друго значење на имињата кои на неа се однесуваат, која спрема поедини нејни енергии или вредности користи. „А дека Бог никогаш не ја открил својата суштина, ни преку Синот во Новиот Завет, ниту преку пророците во Стариот Завет, свети Василиј Велики покажува на примерите од светите луѓе од Светот Писмо кои, спознавајќи го Божјото постоење преку Неговите енерѓии, Му поверуваа и Му се поклонија.

Иринеј се спротиставувал на гностиците кои го негирале создавањето од ништо, а со самото тоа, не правеле разлика помеѓу Божјата енергија и Неговата неоткриена суштина, и така мислеле дека идеите, кои претставуваат архетипов феномен превземени на непотполен начин од страна на понискиот создател, претставуваат приридна и ипостасна еманација на суштината на Едниот. Негирајки го нивното учење, Иринеј инсистирал на откривање на вистината дека светот го создал Бог без без никакво и ничие посредство. Но, тоа предзимање на создавањето на петставува потреба на Божествената природа, туку резултат на слободната Божја енергија. Према тоа, создавањето на претставува икона или копија на некави идеи за светот кои претходно постоеле во внатрешноста на Божествената суштина. Дури ни идеите за светот не започнувааат заради Божјата суштинска потреба, туку по Својата слободна енергија. Таа енергија на предзнаење не само што не припаѓа на Божјата суштина туку не може да се смета како Божјата воља, ниту пак е ипостасна.

Догмата за создавањето на светот од ништо според вољата и енергиите Божји, произлегува дека светот е видлив и невидлив создаден на начин кој е апослутно позитивен. Овој присутен свет, а не некој друг, создаден е по Божјата воља. Он, не претставува некаква, несовршена копија не некој друг, вистински свет, ниту е резултат на некоја врста на пад кој се случил низ оттуѓување на вистината и низ некакво изливаљњ на идеите од Божествената суштина и низ нивниот допир со материјата. Библиското предание не знае за вообичаено философско разликување помеѓу материјата и видовите или измеѓу материјата и вистината.

Разбирањето на вистината како несоздаден сплет на ипостасната вистина, идеја и суштина потполно е на страната на Светото Писмо и светоотечкото предание на Источната Црква. Бог не е слика на некаков идеолошки свет на испотазирани архитипови, туку напротив е, туку од ништо го создал овој духовен и материјален свет, видлив и невидлив, со многу временски измени, услови и др. Философската идеја дека созданијата кои се подложени на промени, кои се движат, лишени од вистината, од Библиска гледна точка е неприфатлив. „ Разбери, о човече, делата Негови, како атмосферските прилики фременски се менуваат, и како различните ветрови се менуваат, погледни ги утврдените патеки на стихиите, правилен тек на денот, ноќта и месеците и годините ... погледни ги повремените промени промени на росата и на дождот и секое движење на небесните тела ... Стварноста е таква не затоа што се суштински и ипостасни, нематеријални и безтелесни, без почеток и крај, односно затоа што се непроменливи бидејки се несоздадени - вистината е таа бидејки Бог така сака. Но, и покрај тоа што и времето и се има почеток, сепак тие со Божјата благодат можат вда бидат бескоонечни во времето. Само Бог по својата природа е бесмртен. Созданијата стануваат бесмртни не поради своето издигнување над материјата и времето, туку заради Божјата благодат која ги прави непропадливи. Бесмртноста на созданијата ако се содржи во воскресението на светот, и во фактот дека времето станува непропадливо, ни сведочи фактот дека Христос и после воскресението ја задржал човечката природа. Бог „ќе го преобрази нашето понижено тело, така да бидеме саобразно тело на Неоговата слава“.

Според учењето на Светот Писмо, злото не е нешто родено со соданијата, дури ни кога доброто е отсутно, бидејки „виде Бог се што создаде, имаше многу добра“. Ниту злото претставува отсуство на битие, бидејки Бог се преведе од небитие во битие.
Ако злото напротив е отсуство на битието, тоггаш може да се заклучи дека Бог го создал светот од зло.Светото писмо не вели дека злото по природа е во содадените битија бидејки прави јасна разлика пимегу создавањето на светот и неговиот пат. Бог е ппичина за постоење на создадените битија, кој во почетопкот беа „добри“ , но не е и причина за недостаток на свет после неговото созданање. “не постоеше никакво зло кое во почетокот од Бога настанало, туку се беше добро, и тоа многу добро“. Бог „се добро создал, а нечистието на демоните оние што се во светот за правење зло на нив им припаѓа обличието на злото, а не совршеното на Бога... бидејќи светот е устроен добро, но животот кој на него се води е лош “. Јасното разликување помеѓу создавањето и падот на светот, ја прави неприфатлина идејата дека овој свет според својата природа е несовршен, затоа што, како што велат многу, дека само Бог може да биде совршен. Ако светот е само некаква несовршена природа, или лоша копија на Совршениот, тогаш Бог ќе биде причина за неговот несовршенство, а евангелското учење за тоа е дека спасението на човекот ќе биде совршено, како што се соврпени Бог и Христос, ќе нема никаво значење.

Према тоа, бидејки целото создавање на овој свет е вистинско и бидејки Бог не е причина за постоењето на злото, спасението на човекот не се остварува според некакво платоново бегање на душата од светот и од материјата, туку напротив, се остварува со уништувањето на злото во светот и времето, преку воскресението обновата на се. Човекот не се спасува од светот, туку од злото. „Не се молиме да ги земе од овој свет, туку да ги сочува од злото“, „а најпоследен враг за уништување е смртта“, „дека и тие самите ке се ослободат од ропството на распаѓањето при славното ослободување на синовите Божји“, „Оној Кој Го воскресна Христа од мртвите, ќе ги оживотвори и вашите смртни тела преку Својхот Дух, кој живее во вас“. Најзначајно основно учење за воскресението, е јудео-христијанското сфакане за создавањето и падот: Материјата е создадена, али не од страна на накој друг, туку ја создал Самиот Творец на се. Затоа веруваме дека на крајот на светот ке биде и воскресението на телата. Атинагор вели: воскресението не станува веднаш заради судот, туку поради промислата на Творецот и заради прородата на создадените битија.

Прародитељски грех, јован романдис, глава2, 75стр.

No comments:

Post a Comment