Saturday, October 10, 2009

Како дејствуваат ѓаволот и демоните врз луѓето?

Како дејствуваат ѓаволот и демоните врз луѓето?


Ако е целта на начелникот на демоните да оттргне секоја една душа од патеката на Вечниот Живот кон патеките на вечната пропаст, тогаш јасно е дека секој еден човек е постојано опкружен од демони кои со сите сили се обидуваат да ја заробат неговата душа, како би ја погубиле.

Тоа започнува од најситни и најмали гревови во кои ја вовлекува душата злиот за да полека полека таа го изгуби чувството/сетилото за тоа што е мала грешка или малечок грев и да оттрпне во тоа, па потоа да ја навлече на нешто поголем грев, па кога ќе навикне и на тоа - на уште поголем грев... и така колку може повеќе. Со тоа душата полека полека станува се’ повеќе грешна, се додека не стане дувло на демони. Колку повеќе склоност кон грев, толку поголемо пристаниште на демони.

Но, Фала Му на Бога што сето ова кога се случува - се случува онолку колку што ние сакаме и колку што допуштаме... На пример, можеби НИКОГАШ не би убил, ама можеби би сакал до бескрајот на вечноста да уживам во страстите и со тоа да бидам оддалечен од Бога... значи вака или така злиот си го постигнал своето... ме оттргнал од Изворот на Животот. Но, ако јас не допуштам - во мене нема да влезе зло. А од друга страна - кога јас ќе посакам, со Божја помош, ќе го избијам, ќе го одстранам злото од мене.

Ако сум отворен за зло, тогаш помислите што доаѓаат како струи во мојата глава, ќе им допуштам да работат во мојот ум, ќе разговарам со нив и поради моја слабост - може да потпишам капитулација.

Ѓаволот е многу искусен... Од кога постои светот тој учи од нас и од нашите слабости и постапки и многу добро знае од каде да почне да не’ гризе. Затоа е најдобро, ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ и на НИКАКОВ НАЧИН да не се стапи во самостоен и личен разговор со него, туку да го победиме со призивање на Божјото Име и преку Божјиот Збор (Светото Писмо). А за победата над злиот правилно е да Го прославиме Бога и сета слава, чест и поклонение да Му ги упатиме Нему и победата да Му ја припишеме Нему. Но, добро е и ние да учиме од ѓаволот и да се браниме соодветно од неговите напади. Неговите намери, како што кажува Библијата, не ни се непознати!

Факт е дека ЗА СЕ’ СУМ СИ КРИВ САМИОТ. Не е во ред за сето беззаконие да си речам: “Јас за ништо не сум крив... Ѓаволот е крив за се’!“. Напротив, има една многу добра порака од Бога, преку еден од старците на Црквата која вели: “За секое добро, кое ќе го направиш - прослави Го Бога. За секое зло кое ќе го направиш - обвини се/осуди се самиот себе“. Со првото ќе се заштитиме од гордост, со второто ќе бидеме во постојан процес на покајание(преумување)


The greatest trick the Devil ever polled was: convincing the others that he didn't exist.
(т.е. Најголемиот трик (измама) на ѓаволот е што успеа да ги убеди луѓето дека тој не постои.) ...од еден филм

No comments:

Post a Comment