Saturday, October 10, 2009

Дрскост

Дрскост


„Нејаваниот коњ станува тврдоглав, а синот препуштен на сопствената волја, станува дрзок“(Сир.30.8)

Presveta Bogorodica 6,5.gif

Денеска дојде до мешање на поимите смелост, независност и слобода на изразувањето на волјата со дрскост, безобзирност и бесрамност.
За многумина старомодно е воопшто да се зборува за моралот, совеста и честа. Скромноста се смета безмалку за физичка слабост, кротоста се смета за морална настраност, а срамежливоста како болна состојба која треба да се лекува. Вкоренетата претстава за тоа дека нашето време бара силни, одлучни, безобзирни и нечувствителни луѓе го условува и воспитанието на децата. И така гледаме како малото дете, нималку не се стеснува пред возрасните, се однесува бесно, не реагира на опомените. Почитта кон постарите денеска стана ретка појава. Практично отсуствува природната субординација по возраста, а на послушност принудува единствено стравот пред силата. Младите луѓе се залагаат на сите можни начини да ги напумпаат своите мускули за да со тоа ја потврдат својата независност и да живеат како што ќе им се посака. Во многу семејства неправилното воспитание доведува до тоа да малите деца стануваат идоли во семејството, ним им се поклонуваат, се трудат да ги исполнат нивните хирови; непослушноста на децата некогаш се спојува со неоправдани епизоди на суровост од страна на возрасните, меѓутоа далеку почесто физичкиот казни воопшто не се употребуваат.
Светите Отци се изјасниле против слободното поведение кое го нарекле дрскост. „Нема страст која е посвирепа од дрскоста: таа е родителка на сите страсти“ – пишувал древниот подвижник од четвртиот век, ава Агатон. „Мајка на сите страсти“, ја нарекол дрскоста и ава Доротеј од 6-7 век. Свети Игнатиј Брјанчанинов исто така јасно се изјаснил по овој повод:„ За сите е очигледно и сфатливо дека слободното поведение лесно и често преоѓа во најголема дрскост, станува причина на караниците, гневот, злопамтењето итн.“(19 век).
И навистина, разбирајќи ја слободата како можност дека се е дозволено, современите поколенија покажуваат чудовиштна изопаченост која во толкав размер е невидена во историјата на развојот на човештвото. Падот на карактерноста здби карактер на светска епидемија која победоносно се шири по сите земји и континенти.
Постои и друга крајност: претерана строгост на карактерот која понекогаш доаѓа до апсурд и се граничи со суровост и фанатизам. Тоа е исто така своевидно ропство, чии јарем на себе го доживеале многу поколенија во одредени историски етапи. И не вреди денеска да ги идеализираме средновековните европски обичаи или да се повикуваме на враќање на преживеаните облици кои по својата суштина не биле хумани кон човекот.
Посебна приказна е кога се работи за женската дрскост. Бидејќи обидот да се уништи секоја разлика во животот и делувањето меѓу машкото и женското не само што е апсурдна, туку е и противприродна, бидејќи жената Бог ја создал токму како помошничка на мажот (Бит. 2,18).
Женската тепачка е многу многу поодвратна од онаа меѓу мажите. А грубоста од страна на жената и пцовките се доживуваат погнасно отколку оние на мажот, иако овие постапки не можат да се оправдаат од било кои причини.
Поправањето на порочноста е можно само тогаш кога ќе станеме свесни за тоа. Се случува човекот да проживее многу години не сметајќи ги своите постапки за грди. Одеднаш, како да се разбудил од гревовен сон, се изненадува и згрозува, му се открила вистинската состојба на нештата. Ваквото освестување често доведува до покајание и желба да се почне нов поинаков живот, лишен од пороците и секоја гнасотија. Токму така и треба да живеат Христијаните кои на највисок степен го издигнале чинот на испитување на совеста која ги одржува сите страни на човековиот живот. После сознавањето на порокот и покајанието, потребна е цврста желба за неговото исправање:„ Стекни цврстина и таа од тебе ќе ја одалечи слободата во однесувањето кон ближниот која е причина за секое зло“. (Варсануфиј Велики и неговиот ученик Јован од 6 век).
„ Без најголемиот надзор над себе неможно е да се успее ниту во една добродетел“- пишувал св. Игнатиј Брјанчанинов. Само непристрасниот и грижлив надзор без самоправдување го условува постепенето ослободување од несаканите навики, пороците и недостатоците. Паралелно со тоа, ваквиот внатрешен подвиг е исклучително сложен и долготраен и ретко успева вон Христа. Така, на пример, Лав Толјстој од младоста системски водел дневник во кој вклучил и непристрасна анализа и самонабљудување, многу работел на своите недостатоци, но не успеал да се ослободи од најглавните: гордоста и суетата.( Иако бил свесен за нив, и се трудел да се поедностави себе, да биде близок на простиот народ, природата, татковината итн. Освен тоа, се обидувал да го промени и Светото Писмо, мисионерски да поучува како треба да се живее, создал во суштина антихристијанско учење, а истовремено, во своите најдлабоки дела, можеби несвесно останал православен. Пред се мислиме на книжевното ремек дело како што е „ Војна и мир“, и „Ана Карењина“).
За да се избавиме од дрскоста, неопходно е да тежнееме кон состојби кои се спротивни на гревовните. Во прв ред се работи за смирението и кротоста како темели на христијанскиот карактер. Тие водат во напредок во добродетелите и искоренување на внатрешната несовршеност.
Во рускиот јазик постои збор кој е сличен на овој по звучност, но кој има сосем друга смисла: „смелост“. Во суштина, да се направи нешто смело, значи да се биде одлучен, но и праведен. Така Апостолите смело го благовестеле Словото Божјо, патувајќи низ разни земји. Исто така смело треба да се брани правдата, витината, да се бориме против лагата, злото и насилството.
Ава Доротеј за дрскоста
„Дрскоста е разнолика: може да се биде дрзок и со збор и со движење и со поглед. Од дрскоста некои паѓаат во празнословие, зборуваат световно, се однесуваат смешно и другите ги потикнуваат на непристојно смеење. Дрскоста е и тоа, кога некој го допира другиот без потреба, ги подава рацето кон некој кој се смее, го турка, му одзема нешто од раце, некого бесрамно набљудува. Сетоа тоа ја чини дрскоста. Затоа нема ништо поштетно од дрскоста, затоа што таа е мајка на сите страсти...“
Преподобен Варсануфиј и неговиот ученик Јован
„Постојат два вида на слободно поведение: едното потекнува од бесрамноста и е корен на сите зла, а другото потекнува од веселоста; но и ова второво не е сосем корисно... И во смеењето не треба да се дава себе си слобода, туку да се контролираат помислите како би на најдобар начин го избегнеме тоа смеење“.

„Терапија на душата според Светите Отци"

No comments:

Post a Comment