Thursday, October 15, 2009

Православието и светот

Православието и светот

Vinjeta14.gif

Православието има свест дека Црквата не е "од светот",туку дека е "во Светот", дека се разликува од светот, но не и дека се одвојува од него. Ова одвојување би водело не само во осуда и смрт на светот, туку, и во соголување и обезвреднување на самата Црква. Автентичмиот православен став не се изразува во бескомпромисната негација на светот, туку во негација на власта на сатаната над него т.е. во борбата на човекот и Црквата со демонските сили. Нашата борба не е борба со светот, туку судир со искушувачот, кој што сака светот да го потчини на суетата и пропадливоста, бесмислата и смртта. Вистинскиот православен став не се изјаснува за прилагодување на Црквата кон светот(секуларизација), со оглед на тоа дека љубовта кон светот и неговата преродба е парадоксална во однос на неговото умирање во нас, излегувањето од него и влегувањето во сверата од каде што дојде благодатта на Воплотениот и Рспнат Господ. Така се објаснува фактот, којшто е тешко сватлив: дека монасите повеке го сакаат светот од "мирјаните".

Во овој однос со светот и во одговорноста за него црквата чувствува непрекинато искушение во таканаречената несовременост или немодернизам. Кога Црквата се одрекува од искуството на тоа "сега" или "денес" на Божјиот Домострој за светот, и кога се одрекува од својот есхатолошки карактер и есхатолошки извор на вера, неопходно се меша и се заробува во кризата и безизлезот на светот, дури и кога тоа го прави под изговор на небожност или дружељубивост. Впрочем, проблемот не се поромените или разубавувањата на надворешните околноцти на светот, туку неговото осветување и враќање кон Бога. Осветувањето и враќањето таинствено се совршуваат со преобразувањето на човекот, со промените коишто надоаѓаат одвнатре, од длабините на срцето во коешто е средиштето на борбата на бог со ѓаволот и место на "трагична и таинствена убавина".

Во Црквата не постојат нешта на кои им е потребна обнова или прилагодување, за да се следат сите нови општествени конвенции и напредок. Црквата е вечна и ја опфаќа стварноста којашто е над секое движење. Во неа се исцрпува несигурноста и неспокојството, минливоста и потресите, пропаѓањето и менливоста на историската и космичката стварност. Во Црквата не владее реоргамнизација, туку секојдневно сеќавање, спомен и слава на чудото на нашето спасение, снисходењето и вотеловувањето на Бога, единствената новина во светот и историјата. Поентата не е во тоа да правиме современи или револуционерни (!)дела, туку да останеме силни и постојани во верата, којашто претставува Откровение на Бога во Христа, Кој е единствена сила на преобразбата на стариот свет. И уште, да го имаме на ум сознанието дека "преку промислата Божја од мали поводи и преку мали личности се устројуваат големи нешта". Православниот верник има заддача да ги најде логосите на собитијата и на секое собитие да му ја даде вистинската смисла. Со своите словесни сили должен е да ја открие смислата и суштината на секоја "ствар" што постои во овој свет и да си го обезбеди своето место "во светот Божји".

No comments:

Post a Comment