Saturday, October 10, 2009

Потеклото на човекот

Потеклото на човекот


Св. Теофан Затворник

Кога требало да биде создаден човекот, не ù била дадена заповед на земјата: „Нека произведе од себе“, туку во тајноста на Пресвета Троица е речено: „Да направиме!“.
Бог нас нè создал у ни укажал почит со Својот образ, за да би живееле во Бога – да би биле во жив сојуз со Него. Во рајот така и било. Падот на прародителите го раскинал тој сојуз.
Телото е најблиско оружје на душата и единствен начин на нејзиното надворешно покажување во светот. Тоа е неговата основна улога. Со тоа, со самото свое устројство тоа е прилагодено на силите на душата.
Зошто потеклото на човекот го изведуваат од животно – мајмун? Затоа што во човекот не разликуваат душа од дух.
... Кога инсистираме на разликување на духот од душата, и кога човечката природа ќе ја поистоветиме со „дух“, тогаш севкупната Дарвинова теорија паѓа сама од себе. Зашто, во човековото потекло треба да биде објаснето не само тоа како се одвива неговиот биолошки живот, туку пред сè од каде тој потекнува како духовна личност во биолошкото тело, со неговите биолошки живот и душа.
За слободата... Колку силите и да бидат влијателни, тоа што е главно во некое дело, тоа му припаѓа на лицето кое дејствува и секој е свесен за моментот кога во себе изговара: треба да се направи тоа и тоа. Во тоа е суштината на слободата. Никаква сила ова не може да го оттргне од душата.
... Поттикот не подразбира неопходност за дејствување; тој е само предлог за делување. Делото се предложува, а душата просудува дали да дејствува и донесува одлука – да или не. Таа одлука никој не може да ја изнуди од душата. Таа самата одлучува. Ни Боженствената сила тука не завлегува, ниту со било какво влијание ја врзува слободата на душата... Поттици може да има многу, многу силни и сугестивни, но одлуката секогаш зависи од волјата на душата.
Умот е меч со две острици кој вистината ја обликува и бруси.
Образот Божји се наоѓа во природата на душата. , а подобието – во богосличните својства кои таа слободно ги задобива.
Бог го создал човекот за блаженство точно во Него, преку живото општење со Него. Поради тоа, Тој во неговото лице дувнал здив од Својот живот, то ест дух, како што е веќе споменато. Суштинско својство на духот е - свеста и слободата, а главни негови двигови – исповедањето на Бога како Творец, Промислител и Дародавец, со чувство на потполна зависност од Него, со желба секогаш да се прави тоа што Му е Нему угодно, според укажувањата на законоположницата – совеста и со оддалечување од сè друго, како би се само со Бога Едниствениот причестувале и со Него Единиот живееле и насладувале.
Бог им се јавувал на прародителите и сево ова го потврдил со Својот Боженствен збор, наложувајќи им само Него Единиот да го знаат, Нему Единиот да Му служат и да одат по волјата на Него Единиот.
Бог го љуби секое свое создание, но првенствно покажува љубов кон човекот. При создавањето само човекот го удостоил со Својот Образ и го поставил за господар над целокупните творби.

Човек

Во човекот постојат две спротиставености, а една свест. Таква е човековата личност. Карактерот на личноста се одредува со тоа на која страна таа се стреми . Ако се стреми на страната на духот – човекот ќе биде духовен. Ако пак тежнее на страната на телото – човекот ќе биде телесен. Духот не исчезнува ниту во телесното, но станува поробен и останува без глас. Тој тука станува подјармен и му служи на телото како слугата на својот господар, изнаоѓајќи ги сите можни начини да би му угодувал. И во духовниот човек телото не исчезнува, туку му се потчинува на духот и му служи, губејќи ги своите природни права – на храна преку постот, на сон преку бдението, на мир преку непрекината работа и уморување, на сетилните наслади преку осамување и ќутење. Бог не пребива таму каде што царува телото, зашто е орган на Неговото општење со човековиот дух, кој тука не се наоѓа во својата (природна) положба. Приближувањето Божјо првиот пат се чувствува кога духот ќе почне да ги бара своите права, преку двигови на стравот Божји и совеста. А кога свеста и слободата ќе преминат на таа страна (на страната на духот), тогаш Бог му пристапува на човекот и почнува да престојува во него. Од тој момент почнува одухотворувањето на душата и телото, на целиот внатрешен и надворешен човек. Бог на човекот му станува сè, човекот се одухотворува и потоа обожува. Какво чудесно преимотство – а толку слабо се сфаќа, цени и бара.
Телото секогаш треба да се држи право, како што војникот се држи на парада и никако себеси да не се дозволува опуштање на деловите, не само во одот и кога се седи, туку и кога се стои и лежи.
... Телото треба да се притегне – со помалку спиење, помалку храна и уморување. Кој од нашите татковци имал успех без затегнување на телото?.. Додека внимавате на телото, не очекувајте никакво добро.
Телото треб да се измачи со глад, краток сон, молитвен напор, избегнување на соблазни и пиење вино.
Телесно треба да се одухновуваме со благодарење, одмереност и со духовно промислување.
Древните старци пишувале дека сурово се однесувале кон телото, не затоа за да би го убиле, туку за преку умртвувањето на телото да би ги умртвиле страстите.
Не сме повикани да го убиеме телото, туку само грижата за телото да не ја претвораме во похоти (Рим. 13, 14). Законот е – разумно држење на телото, без повлекувања.
Телесните подвизи се погодни за нас, затоа што телото може да се навикне на сè. Додека не се навикне тоа се буни, но потоа – замолкнува. Тоа е и границата на напорот оклу телото. Телото е – послушен слуга, но треба да се научи. Учете го, само со мера.
Не угодувајте му на телото ни во малку. Самоприморувањето и лишавањето на себеси од нешто што на телото му одговара, тоа е исто што и – фрлање на дрва во печка.

No comments:

Post a Comment