Saturday, October 10, 2009

Психологија на навредата

Психологија на навредата


SvJovanSangajski.jpg

Св. Јован Шангајски Санфранциски

Сите ние знаеме што е тоа навреда, затоа што не навредувале, и затоа што самите некого сме навредиле. Самите тоа не го сфаќаат – ни оној кој навредува, ни оној кој е навреден – се повредуваат себеси, бидејќи се лишуваат од сонцето на љубовта. Навредувачот ја повредува не само својата душа, туку и своето тело: злите емоции во човекот раѓаат болно напрегнување на телото, што се одразува на неговата физичка размена на материјата и се нарушува животот. Навредувачот се навредува, пред се, самиот себеси. Но и оној кој е навреден, исто така, кога постапува неразумно: самиот себеси се повредува.

Навредата може да биде свесна. Нанесувањето навреди произлегува од гордоста, која сака да го понижи човекот, од осветољубивоста, од злобата. Луѓето навредуваат и од алчност, завист, суета, егоизам, или просто – од душевна бесчувственост и недостаток на внимателност, од морално невнимание.

Експлоатацијата на ближниот може и да не биде израз на некои лични непријателски чувства; таа е просто морално бесчувствителна, таа е барање погодности за себе, за партијата, за државата. Во нашето време експлоатацијата – материјална и духовна – се обидуваат да ја оправдаат со високите мотиви. Со целта на револуцијата, заради доброто на сите, се оправдуваат големите злодела и навреди на луѓето. Со хумани фрази оперираат бездушните планери, не гледајќи го при тоа живиот човек. Утилитарниот материјалистички пристап кон бесмртната човечка душа, за неа е смртно навредлив, погибелен.

image004.jpg

Во нашево време луѓето ја навредуваат дури и верата во Бога (пишувајќи го величественото и свето Негово Име - Бог со мала буква). Но човекот Бог може да го “навреди” не повеќе од што може да го навреди соѕвездието Орион или Лебед. Неверниците нанесуваат навреди само на своите животи.

Порано во историјата, во име на верата во Бога, цареви и водачи на народот им нанесувале навреди на неверниците (или не онакви верници, какви што биле тие). Сега, во цела низа земји, неверниците им нанесуваат навреди на верниците.

Но ако навредата е веќе нанесена, неа треба да & се спротивстави ненавредување. Во борбата против злото влегува и борбата против навредувањето. Ние луѓето лесно се навредуваме едни со други. А уште полесно сме навредливи. Дури и ако никој не не навредува, ние самите се навредуваме. Ние некогаш имаме потреба да се почувствуваме “навредени”, и во тоа се согледува примитивната човечка инфантилност. Детето понекогаш сака да заплаче – не затоа што го повредила мајка му, туку затоа што тоа одеднаш почувствувало слатка потреба да се почувствува (и, што е главно, тоа да го покаже!) навредено. Тоа е незрелост на душата.

No comments:

Post a Comment