Tuesday, October 6, 2009

ЗА ВЕРАТА ПДФ Печати Е-пошта


Вистинската вера е вера во единиот Бог во Троица, Творец на небото и земјата и на се видливо и невидливо. Бог е Битие без почеток и без крај. Бог е Дух Кој се гледа, но Кој секаде е присутен, се гледа, се знае, се може и за се се грижи. Бог е изполнет со љубов кон сите луѓе и кон се што е создадено. Бог е љубов на вечноста, а не само во времето.

Православната вера ни ја открива и објавува големата тајна дека Бог не само што е Еден,

туку е и Троичен.

Бог е Света Троица: Бог Отец, Бог Син и Бог Свети Дух. Тоа не се три бога, туку само еден, зашто трите Божествени Личности имаат една иста суштина - природа, како што имаат и една љубов, една мудрост, еден живот и неизмерно богатство на вечни божествени сили и енергии. Во името на Единиот Бог ние се крштеваме. Таа своја вера во Единиот Бог - Отецот и Синот и Светиот Дух, ние секојпат ја исповедаме кога врз себе го изобразуваме знакот на светиот Крст. Кога се прекрстуваме, ние ги составуваме трите прсти од десната рака (палецот, показалецот и средниот прст) показувајќи дека Светат Троица е еден и неразделен Бог.

No comments:

Post a Comment