Tuesday, October 6, 2009

ЗА ОСВЕТЕНАТА ВОДА ПДФ Печати Е-пошта

Водата е материја која се чисти, а на која не и е потребно никакво чистење. За да може водата да служи за осветување и очистување на оние кои ја пијат или се поросуваат со неа, Православната Црква преку одредени молитви го повикува Божјиот благослов да слезе врз неа, па на таков начин да добие сила која ќе биде за лекување на душите и телата и за прогонување на сите видливи и невидливи непријатели. Во Македонската Православна Црква постои традиција свештеникот најмалку двапати во текот на годината да ги посети домовите на своите верници во парохијата заради осветување на вода, и тоа за време на домашниот празник, како и во деновите пред најголемиот христијански празник Велигден. Со доаѓањето на свештеникот во домот и со осветувањето на водата свештеникот го поросува домот, како и сите кои се присутни на чинот, при што сите го целиваат чесниот Крст и раката на свештеникот.

Осветената вода нема никакво значење за верникот,

доколку тој ги запоставува останатите молитвословија и чинодејствија на Црквата,

како што се постот, молитвата, милостињата, покајанието и светата Причест.

No comments:

Post a Comment