Thursday, October 15, 2009

ЗОШТО НА ПРАВОСЛАВНИОТ ХРИСТИЈАНИН НЕ МУ ДОЛИКУВА ДА БИДЕ ЕКУМЕНИСТ (1,2 и 3 Дел )

Зошто на православниот христијанин не му доликува да биде екуменист ( I )


Денес многу се пишува, се зборува и се проповеда за екуменизмот, за екуменските средби, за екуменското обединување на христијаните, за екуменистичкото богословие итн. Но не сите, кои ги употребуваат овие изрази, разбираат што е тоа "екуменизам".

Зборот "екуменизам" доага од грчкиот збор оикумена, што значи запоседнува, населува.Следствено на тоа, "екумени" - "населената, настанатата земја, оикумена", и првенствено со тој збор се означувала областа, населена од луге на нашава планета.

40px-Cross-Jerusalem-Potent-Heraldry.png40px-Cross-Jerusalem-Potent-Heraldry.png40px-Cross-Jerusalem-Potent-Heraldry.png

И Црквата Христова во древните времиња со зборот "оикумена" ја нарекувале земјата и нејзините жители (Матеј. 24,14; Лук.21,26;Откр.3,10;12;9).Соодветно, формата "екуменски" означува "вселенски", тоест она што се однесува на сета земја и нејзиното население.Светата Православна Црква на грчки исто така се нарекува "вселенска", бидејки таа според својата суштина е таква, зошто нејзиниот Божествен Основател и предзначил да се распространува на сите на земјата населени места (Матеј 28,19; Марко.16,5).

Современото(екуменско) движење исто така претендира на "вселенскост", мегутоа, тоа го заменува вселенското единство во вистинската вера со чисто механичко обединување на разните исповеданија, кои отпаднале од Православието и нему му се туѓи, и токму затоа современиот "екуменизам" епотполно нова појава. Како идеја тој се јавува во средината на XIXвек во Англија и Америка со цел да ги обедини различните христијански исповеданија, кои погрешно се нарекувале "цркви".За постигнување на оваа цел, на Амстердамската конференција (асамблеја) во 1948-та година, настојчиво се тежнеело на создавање на Сесветски Совет на "црквите"(ССЦ), чиј центар се наога во Женева.

Современиот термин "екуменизам" го измислил и вовел во употреба Џон Мот (1865.-1955.),познатиот масонски лидер и претседател на IMCA. Се случило тоа на собирот на "Мегународниот мисионерски совет", кој се одржал во 1910 година во Единбург (Шкотска) под негово претседателство.Тогаш и бил положен темелот на целото екуменско движење.

40px-Cross-Jerusalem-Potent-Heraldry.png40px-Cross-Jerusalem-Potent-Heraldry.png40px-Cross-Jerusalem-Potent-Heraldry.png

Карактеристично е тоа, што Џон Мотза означување на ова движење не го употребил западниот латински збор "универзализам" (од universum-вселена), туку грчкиот аналог - "екуменикос"(од каде и доага зборот-екуменизам), кој се однесува само на Православието како вистинска вселенска вероисповест. Очигледно, од една страна, целта на оваа замена бил стремежот да се замаскира еретичката замисла со православен термин, земен од класичниот за Православието грчки јазик, а од друга страна, пак, можноста порано или подоцна да се поистоветат Вселенските Собори со "Екуменски совет"(ССЦ), којшто во крајна инстанца би можел себеси да се прогласи за "Вселенски собор".

Соодветно праведно обвинение било покренато од Руската Православна Црква во "Посланието на Светиот Синод за петтата асемблеја на ССЦ и нејзините резултати", каде што е речено: "Втора опасност, која сериозно го загрозува христијанското единство и иднината на екуменското движење по Наироби, е илузијата на некои членови на екуменското движење, дека ССЦ би можел да постигне таков степен на екуменско зближување на своите цркви- членови, што една од народните асамблеи ке се претвори во сехристијански собор. Така да се размислува - значи да се претпостави, дека ССЦ во иднина може да постане некоја "надцрква ".

И така, поимот "вселенски" - "оикуменикус", кој секогаш се однесувал на едната Православна Црква, денес се применува на новото, за Православието туго движење, наречено "екуменистичко" .Надворешната сличност, сепак, не е доказ за внатрешната идентичност. Како што вели латинската поговорка: "Si duo dicunt idem, non est idem", тоест, "Ако двајца зборуваат едно и исто, тоа не е едно и исто". така и терминот "екуменизам" во Православната Црква се употребува во една, вистинска смисла,а во современото екуменистичко движење во сосема друга.

Многу пред појавата на женевскиот "екуменизам" се појавил, постои и секогаш ке пости вистинскиот православен екуменизам- екуменизам, или вселенскост на Светата Православна Црква, основана од нашиот Господ Исус Христос, за да низ неа по сиот свет се распространи возвишената од Христа Богооткриена вистина и да се објави остварувањето на од него совршеното спасение. Се дрзнуваме да потврдиме, дека во целост му припагаме на тој древен и вечно нов, изворен екуменизам, тоест на вселенскоста на Православната Црква. Помегу тој православен екуменизам и современиот женевски "екуменизам" постојат коринити противречности и длабоки, непремостливи догматски разидувања.

40px-Cross-Jerusalem-Potent-Heraldry.png40px-Cross-Jerusalem-Potent-Heraldry.png40px-Cross-Jerusalem-Potent-Heraldry.png

Заради таа причина, ние не можеме да бидеме "екуменисти" во современата смисла на тој збор, зошто ние сме веке екуменисти како членови на Православната Црква, која според својот темел се нарекува ВСЕЛЕНСКА! Како што не може да припага на две различни вероисповести- на пример, невозможно е, како изворно православен, да се биде истовремено и протестант, -така не може, како член на Светата Православна Вселенска Црква, да се учествува во екуменистичкото движење, кое- особено во последно време- се понастојчиво наметнува некои погледи, длабоко туги за Православието.

Женевските екуменисти го нарекуваат екуменизмот "движење на светиот дух во наше време" и сметаат, дека може да се зборува на нов начин за Бога, за тајната на Христос и особено за Светата Црква, отворено пренебрегнувајки ги православните догми, каноните и Светото Предание.Но Светото Православие не може да се согласи со ова; тоа не допушта нови редакции на догматите, ни менување на каноните ни измени во многувековното православно Предание.Православието строго се држи за она што е примено од нашиот Господ Исус Христос и Неговите свети апостоли, сакајки да остане верно на заветот на апостол Павле: "Стојте и држете ги преданијата, што ги научивте или преку нашето слово, или преку нашето послание"(2Солунјани 2,15).Разликите помегу погледите на женевскиот екуменизам и учењето на Светата Православна Црква се толку големи, што, паѓајки му во очи дури и на неискусниот во богословието православен христијанин, во него предизвикуваат праведно недоверие кон екуменистичкото движење.

Секое неправославно религиозно учење е небогоугодно и мошне погубно, зошто дрско го заменува спасителното Богооткровенско учење со еретичка лага. На тој начин, тоа Го гневи Бога и оддалечува од Него.Во Светото Писмо, Бог не еднаш посведочил, дека не само Неговоето заменување со идоли, туку и погрешното проповедање за Него предизвикува во Него гнев. Еве што читаме во книгата за Јов:"И потоа, откога Господ му ги изговори овие зборови на Јова, му рече Господ на Елифаза Теманинеецот: "Се разгоре гневот мој против тебе и против двајцата другари твои, зошто не зборувате за Мене вистина, како работ Мој Јов"(Јов.42,7). Духовно просветениот христијанин знае колку е сташно да се поверува во лажно учење за Бога, Кој е Бог на вистината(псалм 30,6), колку е страшно да се изобличат божествените догмати, навлекувајки го со самото тоа на себе праведниот гнев Божји! Не без причина свети апостол Павле му советува на својот ученик Тимотеј: "Погрижи се пред Бога да се покажеш достоен и беспрекорно работлив, кој верно го проповеда словото на вистината"(2Тимотеј. 2,15).

40px-Cross-Jerusalem-Potent-Heraldry.png40px-Cross-Jerusalem-Potent-Heraldry.png40px-Cross-Jerusalem-Potent-Heraldry.png

Достоинството на Православието е во тоа , што тоа и само тоа од сите таканаречени христијански исповеданија секогаш правилно учело и учи за Бога, за Христа за Неговата Света Црква и за сите Божествени тајни, за разлика од другиоте исповеданија кои во себе ја содржат "вистината во неправда"(Римјани. 1,18).Тоа (Православието)од самиот почеток, па се до денес, го чува неизменето Богооткриеното учење и Светото Предание.

Во Декларацијата на православните учесници на Екуменистичката асамблеја, која беше одржанаво Еванстон во1954година, прекрасно е кажано, дека "единствено Светата Православна Црква ја сочувало во полнота и неповредена верата, "која им е предадена на светиите еднаш за секогаш"(Јуда.1,3). И тоа не според нашите заслуги, туку затоа што на Бога Му е угодно да ја чуваме "оваа ризница во глинени садови,та преизобилната сила да Му се оддава на Бога, а не нам"(2Коринтјани.4,7)

Како што Светата Православна Црква секогаш Му е верна на Бога и праведно учи за Него, така и секој нејзин одделен член треба да Му биде верен на Бога и незаблудено да се држи за црковното учење, за да не ја загуби својата припадност на Црквата и да не се лиши од вечното спасение соответно на Символот на свети Атанасиј Велики: "Ако некој сака да се спаси, пред се треба да се држи за Вселенската вера. Ако не ја држи неа здрава и неизобличена, тој бессомнение ќе погине за на-век!".Тајновидецо свети апостол Јован Богослов ни повела ништо да не менуваме од она, што го примивме во почетокот, т.е. ништо да не додаваме и ништо да не одземаме од она, што ни го завештал Самиот Свет Дух (Откровени.22,18-19),зашто инаку се лишуваме од учеството во божествениот живот, со кој се удостојуваат само они кои остануваат верни до смртта (Откровени.2,10).

40px-Cross-Jerusalem-Potent-Heraldry.png40px-Cross-Jerusalem-Potent-Heraldry.png40px-Cross-Jerusalem-Potent-Heraldry.png

Овој апостол на христијанската љубов цврсто го бранел исповедањето на вистинската вера:"Кој доаѓа при вац, и не го носи ова учење, не го примајте во своите домови и не поздравувајте го.Зашто кој го поздравува него, тој учествува во неговите лоши дела" (2Јован.1,10-11), и затоа повела:"И така се што чувате во почетокот, тоа и нека остане при вас;ако она што го чувате најнапред, остане во вас, и вие ќе пребивате во Синот и Отецот " (1 Јован. 2, 24). Тоа значи- кој не пребива во Богооткровеното учење кое ни е завештано од Христа преку светите апостоли , тој ќе и биде туѓ на Божеставената и Животворна Троица и ќе погине за на - век!

Сегашниот (современиот) екуменизам отстапува од древната Православна вера и се приближува до инославните исповеданија, кои, слично на другарите на Јов, не ја зборуваат вистината за Бога, како работ Божји Јов.Заради тоа вистинскиот православен христијанин, на кого спасението на душата е најважното нешто во животот (1 Петар. 1, 9 ), не може рамнодушно да се однесува кон екуменизмот, кој се труди Православната вера од него исповедана да ја замени со други, туѓи и сосема невистинити светогледи.

Занимавајќи се со прашањата на екуменизмот и неговата погубност, ние след проучувањето пронајдовме ред многу важни причини, кој не ни дозволуваат да сочуствуваме со екуменизмот и да учествуваме во него. Тие причини ние би сакале да ги споделиме со сите кои искрено веруваат и жеднеат по вечното спасение во Христа Иисуса, нашиот Господ, во заедничарството во Неговата Света Црква!

Зошто на православниот христијанин не му доликува да биде екуменист ( II )дел


35px-OrthodoxCross.jpg

ПРАВОСЛАВНАТА ЦРКВА НОСИТЕЛКА НА ВИСТИНАТА


Светата Православна Црква, подобно на спасителен кораб, кој плови сред "светот, што лежи во зло" (1 Иоан. 5, 19) основана е од нашиот Господ Исус Христос за да на светот му биде возвестен "веродостојниот глагол" - "вистинитото слово" (Тим. 1, 9). Како што тоа прекрасно го толкува свети Теофан Затворник: "Со слово се означуа сето христијанско учење,кое е словото, што Христос Спасителот го слушнал од Оца и го донел на земјата (Иоан. 8, 26; 14, 24), и преко апостолите, со силата на Светиот Дух, истото било разнесено по сета нејзина шир(Матеј. 28, 19; Иоан. 14, 26; 16,13). Веродостојно е тоа (словото), и во она што тоа го законополага, и во она што тоа го ветува... Та според тоа, веродостојно е вистинитото (слово), самото она, кое од Бога произлегло... без додавки, украси и измени...".

И ова слово и е поверено на Црквата и на нејзините служители- епископите и свештениците, кои се должни истото да го проповедаат во беспрекорна чистота, без примеси на туѓи учења, верно предавајќи го словото на вистината(2 Тимотеј.2, 15). За да биде полезно и делотворно за спасение на душите, словото на науката треба да биде сочувано од се што нему му е туѓо. Таков е и "здравиот наук", кој треба да биде проповедан од епископот (Тим. 1, 9). "Здравиот наук е оној, кој не учи на догматите на вистината, и на животот праведен".

Во догматиката и етиката (= аскетиката, забел. прев.), така да се каже, се исцрпува содржината на Христовата наука. Обете тие се длабоко взаемно сврзани и взаемно обусловени, заради што ни догматиката без (аск)етиката, ниту, пак, (аск)етиката без догматиката не можата да постојат. Зошто и верата дез дела е мртва (Јаков. 2, 26), и делата без вера се мртви (Римјани. 4, 2- 3). Бидејки иако и бесовите веруваат и треперат (Јаков. 2, 19), сепак нивната вера е бесполезна, зошто е лишен од добри дела. Еретиците исто така можат да имаат некои надворешни добри дела, кои, подеднакво, не спасуваат, заради нивната несврзаност со правилната вистина . Според толкувањата на сцети Теофан Затворник (1Тимотеј.1, 5),вистинската, нелицемерната вера "ги опфаќа сите догмати; и тие сите се навистина такви , што колку поскоро нелицемерно се содржи во срцето , толку посигурно предизвикуваат чувства и дела на љубов и бдахновува кон нив.Особено такви се догматите за Промислата, за Искупувањето и идното блаженство. Бог се гледа и се, што според љубовта кон Него се прави зља браќата, го поима на таков начин, како да тоа лично Нему Му се прави. Оној кој верува во ова, како не ќе поита на раката на братот свој да го вложи потребното во раката Божја?... Така љубовта надоаѓа, се осветува се умножува и укрепува со вера нелицемерна".

Догматиката и (аск)етиката во потполност се содржат и се остваруваат во лоното (пазувите) на вистинската Христова Цркава, зошто таа е основана од нашиот Господ Исус Христос: 1. на точното исповедање на верата во Христа, посведочена од светиот апостол Петар во името на сите апостоли (Матеј. 16, 16 - 18; ср. Иоан. 6, 69; и 2) на потполна изворност, изградена на темелите на спасителната Божествена благодат (Тим. 2, 11- 12), која се раздава во Црквата. Во таа сепфатна смисла Црквата Христова се нарекува "столп и утврдување на вистината" (1Тим. 3, 15). Таа е столп и утврдување на вистината, затоа што, според зборовите на свети Теофан Затворник, таа е "Црква на живиот Бог, Кој е Бог на вистината, или самата вистина. Затоа се во неа е вистинито- вистинито е исповедањето на верата, вистинито е осветувањето на тајните, вистинито е облагодатувањето, вистинит е животот во Бога . Од Бога во неа изградувана, вистинита е помошта Божја, вистинити се ветувањата, кои ги оживотворуваат оние кои се трудат во домот Божји, - се е вистинито во неа. На друго место не ја барај вистината! Постојат некои подобија на вистината и надвор од неа ; но вистинската вистина е само во неа". "Црквата е столп на вистината, зашто тврдо и непоколебливо стои во вистината и ја чува неа; таа е утврдување на вистината, зошто ги успокојува умовите, кога тие биваат поколебени од налетот на лагата".

mark.jpgmark.jpgmark.jpg

По гревовниот пад, кој морално го помрачил неговиот ум, иако човекот ја изгубил вистината, жедта за неа останала во неговата душа. Но, одлачувајки се од Бога,огревовениот човек, без оглед на сиот свој стремеж кон вистината, тоа му го должат на Бога, Кој ним им ја открива неа(Матеј.11,27).Размислувајки на таа тема, свети Симеон Нови Богослов објаснува, дека тука под вистина не треба да се подразбираат ни обичните житејски вистини, ни научните вистини, кои немаат никаква врска со вечното спасение на душата, туку вистината, која се однесува на Бога,-спасителната вистина, која на човекот му ја покажува смислата на неговиот живот и средствата за постигнување на вечното единство со воплотената Вистина - Иисус Христос (Јован.14,6). За таа Вистина свети Симеон Нови Богослов во 37-мото слово вели: "Вистината - е од Бога, во словото Божјо се содржи, и со благодаттахристова се постигнува".

Таа од нас усвоена Вистина не запазува од гибелното потопување во религиозните заблуди и соблазни- од мрачното царство на бесовите, кои ги создаваат ересите заради погубување на човечките души!

Иако, во принцип, црквата не е од овој свет, таа сепак епредназначена да престојува во светот(Јован.17,11,15)и да ја опфати вселената(екумената) со проповедта на Божествената Вистина.Христовата Црква има токму вселенско предзначение затоа што е повикана да ја возвести Вистината, која нам ни е откриена преку Спасителот. Вистината е вселенска и треба да биде вселенска! Вселенскоста(соборноста), според мошне прецизното изразување на професорот Владимир Лоски , е квалитет, својствен за Христовата Вистина. Заблудите, ересите, лажните учења, иако се распространуваат во светот, не можат да претендираат на вселенскост, зашто лагата е нешто одречно(негативно), па затоа нема законско право да си ја препишува за себе сета вселена.Ако,пак, ересите си го присвојуваат тоа право, тоа се случува како плод на узурпацијата на тугите права!

Во улогата на носителка на вистината, предназначена за сиот свет, Христовата Црква била вселенска од моментот на своето основање, кога се состоела само од 120 души(Дела.1,16), возглавени од дванаесетте апостоли. Ним од Христа им била дадена вселенската мисија- да ја разнесат вистината на Христовото Евангелие по сета земја:"Одете и научете ги сите народи, крштевајки ги во името на Оца , и Сина, иСветиот Дух!" (Матеј.28,19).

Распространувањето на оваа права вера по сета вселена било предскажано уште во Ветхиот Завет:"Гласовите нивни по сета земја се разнесоа, а нивните зборови до краиштата на вселената"(Псалм.18,4).Оваа пророштво не може да се однесува на ересите и лажните учења, туку само во Православната вера, зашто само таа ја предава без измени Богооткриената спасителна Вистина.

Поимите "вселенскост" и "православност" се поистоветувале уште од најраните христијански времиња. Иуште од тогаш светата Црква зборува за"вселенската вера". Ова се согледува мегу другото и во "Мачеништвата на свети Поликарп"( I I век ), каде во обраќањето стои: "Божјата Црква во Смирна -кон Божјата Црква во филомелија и кон сите општини (заедници) во светот, кои и припагаат на светата Вселенска Црква". Грчкиот богослов професор И. Анастасиу пишува: "Тоа, што било вселенско (екуменско), тоа било православно(ортодоксно). Оној, кој не бил православен, се отсекол од Вселенската, то ест, соборната црква и се оддалечил од неа".

Православните христијани секаде и секогаш- како во минатото, така и сега - се чувстувале единствени токму благодарение на од светите отци востановениот заеднички (опит) символ на верата, исповедан од братјата на секоја Помесна црква, тие "од едниот до другиот крај на вселената, во се еден со друг се сметале за отци и браќа".

Тројцата Светители -Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст- во тропарот се наречени "Вселенски учители", бидејки го просветлувале светот со Православното учење. Вселенските Собори се православни Собори, не само затоа што на нив учествувале претставници од сиот тогашен христијански свет, туку пред се затоа што тие ја заштитувале и ја утврдувале Православната вистина, проповедана од вселенското Православие, и ги разобличувале ересите и лажните учења. Според зборовите на свети јован Златоуст, "Црквата е столбп на Вслената". Таа е вселенска, затоа што ја заштитува вистината, која е и треба да биде вселенска.

Следствено, прилогот "вселенска" во контекст на Црквата има не толку количествена и географска, колку квалитативна и духовно-вероисповедна смисла. Иако Вселенската црква не ја опфака целата вселена географски, тоа во потполност не и пречи да биде вселенска во суштинска(онтолошка), односно духовно-догматска смисла, согласно со нејзиното назначение. И, обратно, иако понекогаш ереста е и пораспространета, од Православието,- како што тоа било, на пример, во четвртиот век за време на аријанството и подоцна за време на иконоборството,- подеднакво никогаш ереста не може да биде повселенска, од проста причина што таа распространува заблуди(лаги).

ЗОШТО НА ПРАВОСЛАВНИОТ ХРИСТИЈАНИН НЕ МУ ДОЛИКУВА ДА БИДЕ ЕКУМЕНИСТ ( III Дел )

Денешното екуменистичко движење изразува сосема поинаква, за минатото непозната содржина во помнењето на терминот "вселенски".За разлика од светоотечкото поимање на "вселенската црква"(во квалитативна смисла)прелест,- "екуменистичко движење", кое ги обединува религиозните заедници, самонаречени "цркви" и собрани од сите возможни христијански вероисповеди, во кои вистината и соседствува на прелеста(Римјани.1,18).

излегувајки од природниот поглед на поимот "вселенски", д-р Филип Потер, бившиот генерален секретар на ССЦ, го проширува поимот "екуменизам",заклучувајки, дека тој го означува не само зближувањето и заедничарењето на"црквите", туку ја подразбира "севкупноста на земните жители". "Следствено, -вели тој,- екуменистичкото движење се јавува насекаде каде христијаните и другите луѓе се стремат на еден или друг начин да работат за единството на човештвото". Од ова следува дека, конечната цел на екуменизмот не е единството на така наречените "цркви", дури и според екуменистичкото сваќање, туку некое планирано обединување на човештвото... Екуменистите се почесто расправаат за "вселенскоста" во географски контекст. "Ниедна црква не може да претендира на вселенскост, секоја останува провинцијална во нашиот планетарен век"- се вели во едно екуменистичко списание.

При еден разговор со екуменистот Мајкл Мур од велика британија, заменик на генералниот секретар на ССЦ за надворешни односи со Англиканската "црква" одговарајки на прашањето : "Како тој го сваќа единството на Црквата?"- тој одговорил: "Таа е единствена како невидлива Црква". На прашањето "Кој ја сочинува таа невидлива Црква?"- тој одговорил:"Сите христијани", то ест, во вистинската Христова црква се вклучени сите деноминаци, групации и секти, кои од најдамнешни времиња одстапиле од Православната црква заради своитте еретички застранувањаод Христовата вистина. Мајкл Мур по грешка ги пренесува својствата на торжествујуштата небесна Црква, која за нас е невидлива-на воинствујуштата земна Црква, која е видлива, и во земната Црква, која тој ја нарекува "невидлива", ги вклучува сите еретици под заедничкото име "христијани".

"Невидлива Црква"- е термин чисто протестантски, и длабоко му ротивречи на православното учење за Црквата како една небо-земна Црква, возглавена од Христа(Ефесјани.1,10), во која членови и се само православните христијани. Во "Опширниот христијански катихизис" на митрополит Филарет се вели, дека Црквата е тогаш вселенска, то ест, собрана, кога "не е ограничена ниту со просторо, ниту со време, ниту со националност, а во себе ги вклучува вистински верните од сите простори , времиња и народи".Светиот апостол Павле кој прв Црквата ја нарекол "Тело Христово" (1Коринтјани.12,27),а Христа - "Глава на Црквата"(Ефесјани.1,22)и кој прекрасно ја сваќал нејзината невидлива мистична суштина(Ефесјани.5,32), никаде не ја нарекува неа невидлива Црква, туку секаде зборува за неа како видлива категорија -заедница, во која се спасува секој кој верува во Христа, како праведните , така и грешните , каде што постои видлива хиерархија, каде што се совршуваат видливи и спасителни таинства , и низ која ние се удостојуваме со невидливата Божја благодат за соединување и заедничарење со невидливиот Бог. "Вие сте тело христово, и членови ( на тоа тело) секој поединечно. И некои од вас Бог ги постави во црквата прво апостоли, второ пророци, трето учители..."(1Коринтјани.12,27-28).

професорот В.В. Болотов за "невидливата црква" вака се изразува: "Oколноста, што христос ја нарекол од Него основаната заедница- еклисија, има особено полемичко значение против протестантите. Протестантите непрестано зборуваат за невидливата црква. Но во поимот "еклисија"содржан е силен момент на видливост. Затоа изразот "невидлива црква" представува сам по себе contradictio in adjecto(то ест, внатрешна противречност). Не може да постои ( на земјата) никаква невидлива црква. во невидливото може да учествува само духовното, а во "еклисија"-та, не поинаку освен во тело".

Неправославните христијани од секаков вид биваат вклучувани во поимот "вселенска Црква" не само од страна на инославните екуменисти, туку под нивно влијание професорот прото прозвитер Цветан Цанков, на пример, пишува: "Проблемот на единството на црквата станува се посложен и не може да се посматра само схоластички тесноградо, како што се правело се до сега ...Неправилно е да се смета дека на мистичкото тело Христово(Црквата) му припагаат единствено само православните христијани и дека зад видливата разделеност постои невидливо мистичко единство во црквата Христова". Наспроти догматите, кон "невидливото единство" на Христовата Црква често се вбројуваат инославните вероисповеди, независно од нивните догматски заблуди, кои ги отсекуваат од заедничарењето со Христовата Црква.

Што, пак, означува "невидливото мистичко единство" на екуменистите? Со оваа комбинација на зборови за сега внимателно се именува екуменистичката универзална "црква". Навистина, ССЦ се произнесува за сега само како соопштество на "црквите", а не како "над црква" и "сесветска црква", меѓутоа "идеалот" на идната Una Sancta - "универзална обединета црква"- веке се надзира, и нејзините темели веке се положени. Членови на идната "црква" ке бидат учесниците на екуменизмот и неговите симпатизери. А кои се тие?

Ревносниот екуменист, рускиот теолог Лав Зандер од Богословскиот институт во Париз отворено пишувал: "Составот на лицата, учесници во екуменистичкото движење е извонредно разнообразен: влегувајки во него, ние треба да сме спремни да се сретнеме не само со православен иерарх, со англикански бискуп и со протестантски пастор, туку и со претставници на "либералната теологија", кои не веруваат во Божественоста на Иисуса Христа, со унитаријани, кои го одрекуваат догматот за Света Тројца, со квакери, кои не прифаќаат воопшто никакви црковни уредби". Ова е напишано во 1930 година. Денес во ССЦ влегуваат многу еретички заедници: ремонстранти- арминијани, од Холандија и некои крајно либерални религиозни организации, кои дури и Крштевањето го имаат отфрлено, иако и Христос самиот него го постави како апсолутен услов за спасение(Марко. 16,16).

Влегува и таканаречената "црква на моравското братство", која споротивно од православното учење за оправдание преку верата и делата учи за оправданието само преку верата, и ја поставува валидноста на тајните во зависност од достоинството на оној кој ги совршува, допуштајки повторно Крштевање, што е во потполност спротивно на десеттиот член на Символот на верата - "Исповедам едно крштевање за простување на гревовите".

Сега во ССЦ учествуваат и несторијанци, и монофизити, и иконоборци (протестанти и нивни секти), дури и некои заедници без и било какви црковни обележја, како што за тоа сведочи грчкиот професор- догматичар Мегас Паранас, како учесник на 6-тата асамблеја во ССЦ во Ванкувер во 1983 година : "Протестантите се поделија на стотици "цркви", од кои мнозина се лишени и од конкретното "верувам", и имаат само социјален карактер, маскиран со христијански пароли". Еве со какви "христијани" се во сотрудништво на екуменистичките конференции во името на идната "црква" православните представници! На нив (на тие конференции) и најпрочуените еретици се сметаат за најрамноправни членови на мистичкото тело Христово- Црквата, се нарекуваат "цркви", иако тие тоа не се, а самиот Екуменистички Совет во Женева дејствува како "Сесветски Совет на Црквите(ССЦ)".

Со таквото наименување, Православната Црква безобзирно се изедначува со сите таканаречени "цркви", кои влегуваат во составот на ССЦ. Конечната цел на тоа изедначување е- извртувањето на поимот Црква, како единствен по својот вид (sui generis) поим, во нешто поедноставно и упростено, то ест, во апстракција, која изедначувајки ги, ги обединува сите "цркви", што подразбираат потполно игнорирање (поништување) на догматското поимање за Црквата како единствена појава во светот. Бидејки ако навистина постојат различни видови на цркви, тогаш, од тоа произлегува, дека Црквата како таква просто не постои!

Екуменизмот е погубен и за инославните и за православните. Преку екуменизмот, инославните не ја наогаат вистината, а пак православните кои ја содржат вистината, се оддалечуваат од неа. Да појасниме. Инославните, кои искрено ја бараат спасителната вистина и живототворната благодат, не се во можност да се обратат кон светото Православие, учествувајки во екуменистичкото движење, бидејки преку него тие уште посилно се утврдуваат во својата заблуда, бидејки ССЦ ги признава нивните сектантски и еретички заедници за "цркви". Каква вистинска Црква тие ке бараат, ако имаат своја "црква" и свои "таинства"? Свети Кипријан Картагенски многу мудро вели, дека "еретиците никогаш нема да влезат во Црквата, ако ние ги поддржуваме во убедението, дека и тие имаат црква и таинства". На тој начин "православните" екуменисти, признавајки им го правото на еретиците да се нарекуваат "цркви", засекогаш ја уништуваат(ја погубуваат) нивната можност да постанат дел од Црквата!

Постојано духовно- молитвено општејки со инославните, самите православни учесници во екуменизмот незабележливо се заразуваат со нивните неправославни и крајно либерални ставови и ја уништуваат чистотата на својата православна вера. Како пример да си спомнеме на грчкиот теолог Никос Нисиотис, ревносниот екуменистички деец и директор на Институтот за воспитување на младите екуменисти во Босе( крај Женева). Под влијане на општењето со инославните тој постанал таков либерал во богословието, што, спротивно на православната догматика, почнал ад тврди, дека:

1. "Постои само една заедница на сите кои веруваат во Христа преку Духот".(Со самото ова Нисиотис наместо Православната Црква предлага некаква "надконфесионална заедница" непочитувајки ја догматската вистина за едната вистинска Христова Црква - Православната);

2. "Црквата е универзално единствена и секаде се открива како таква"(Следствено на ова, за Нисиотис Црквата не само во Православието, туку, во корпусот на екуменистичката "универзална црква", која ги обединува и неправославните);

3. "Никоја црковна заедница не може да егзистира одделно и на страна од другите христијани и христијански заедници". (Според мнението на Нисиотис, Православната Црква не може да постои надвор од еретичките заедници, што е совршено неприфатливо за православните христијани, кои знаат, дека Православната Црква беспрекорно и прекрасно живеела се до сега, не потребувајки никакво заедничарење или сојуз со еретиците);

4. сите христијански заедници имаат потреба од обновување и длабока преобразба.( Според Нисиотис, и Православнатта Црква, како религиозна заедница има потреба од екуменистичка "обнова"!).

Не останувајки само на тоа Нисиотис за новата екуменистичка заедница ја употребил споредбата која светиот апостол Павле ја направил за Црквата како тело Христово со различни членови. (Римјани. 12, 4-8;Ефесјани.4,15).

Учеството во екуменистичкото движење како да и дава на секоја од "црквите" право да си ја сочува својата еклисијологија, иако практично таа мора да се однесува кон другите христијански заеднници како кон рамноправните "цркви", во кои како да подеднакво дејствува истиот Дух. Бидејки екуменист, Нисиотис не е во состојба да заземе поинаков став, па затоа заклучува: "Иако на еклисиолошки план односот на секоја црква кон друга (црква) останува непроменет, и иако никаква официјална изјава на ССЦ , на пример Троронтскиот документ, не бара од една црква да ги признае за цркви другите членови, - учеството во Советот значи, дека секоја црква мора да разбере, дека... не може веке да живее сама за себе, изолирано, дека и другите христијански заедници се облагодатени од Светиот Дух со особени дарови", "дека универзалната црква излегува од границите на историската црква, на која ние и припаѓаме".

Заглибени во екуменизмот, не само православните богослови од типот на Нисиотис кои учат несообразно на вистината. Самата Константинополска патријаршија- "првенствената" представничка на Православието- по повод 25-годишнината од ССЦ издала соопштение, во кое на екуменистичкото движење му е дадена највисока оценка. Наместо да му се спротивстави на екуменизмот и да ја чува и заштитува беспрекорноста на православните догмати и канони, патријаршијата куртоазно и непромислено го нарекува него (екуменизмот)- "еден од патиштата , избран од Господа, за на луѓето да им се приближи заповедта за љубовта, за да Црквата им посвети повеке внимание на Неговите (Христовите) заповести за помирување и единство".

Овие лажни зборови- догматски се неточни. Погрешно е да се мисли, дека Господ го измислил патот на екуменизмот, за да со негово посредство на луѓето им ја открие заповстта за љубовта. Патот на екуменизмот е пат на синкретизам, пат на поддржување на различни ереси и, како што понатаму ке видиме, унакажување на догматот за црквата, пат на уништување на од Бога востановените канони, пат на предавството на Христа, - со еден збор, пат на отстапништво (апостасија) од вистината. Оттука следува, дека Бог не го избрал екуменизмот, туку го допуштил во нашиве апокалиптични времиња, "за да се откријат помислите на многу срца"(Лука.2,35).

Константинополската патријаршија врши предавство на самата себе и на својата православна традиција, сервилно изразувајки се пофално за екуменизмот, во чии темели е содржан протестантизмот со сите негови тенденции, со сите негови ереси и секти, обединети во Сесветскиот совет на "црквите". Поинаку размислувал во 16-тиот век за само што појавените протестанти- лутеранци благочестивиот заштитник на Православието, константинополскиот Патриарх Јеремиј Втори. Откако по нивна молба тој ја произнел суштината на православната вера во три обемни трактати и сватил од нивните одговори, дека тие и се противат на вистината, Патријархот напишал: "Ве молам повеке да не ни додевате, ниту да ни пишувате за ова, ниту пак да ни испраќате, зашто светилниците на Цркватаи богословите вие ги толкувате поинаку(погрешно), и, на збор ги почитувате и ги прославувате, а на дело ги отфрлате, и со тоа тврдите дека е бесполезно оружјето наше, то ест, светите и божествени нивни зборови, со чија помош ние би можеле и уште да ви пишуваме и да ве разобличуваме. И така, разрешете не од маките! Одете по својот пат и повеке за догматите нам не пишувајте ни!".

Учеството на православните во екуменистичкото движење е крајно опасно, бидејки незабележливо ги води кон измама на православното "вјерују" принудувајки ги во еретичките заедници да гледаат "цркви", божем облагодатени со особени дарови на Светиот Дух, и да ја сметаат географски ограниченатаПравославна црква за премногу "малечка", за да се нарекува вселенска. "Вселенски", според мнението на екуменистите, може да биде само "универзалната црква",то ест, обединението(унијата) на сите постоечки "цркви", еднакви пред Бога. Според мислењето на Висерт-Хуфт (долгогодишниот генерален секретар на ССЦ) Иисус Христос живее во сите цркви, независно од нивната меѓусебни разлики .

Но зарем можат да постојат повеке цркви, сите подеднакво угодни на Бога? кога Господ Иисус христос основал една Црква, од внатре обединета преку исповедање на една православна вера, неизменета на целиот свет и во сите векови. На Првиот Вселенски Собор во 325-тата година, светиот цар Константин Велики во "Посланието до епископите, кои не присуствувале на Соборот", им напишал: "Спасителот наш благоволил да има една Своја Вселенска Црква, за да сите нејзини членови би можеле , иако рассејани по сите страни на светот, да се греат со еден дух, то ест, со едната Божествена волја". Најбезусловен показател на припадноста на вистинската Христова црква е потполното и беспрекорно исповедање на Вистината во неа чувана. Свети јован Касиан забележува: "Без сомнение, оној кој не ја исповеда верата на Црквата, се наоѓа надвор од Црквата". Истото тоа го потврдува и Константинополскиот Патријарх Јеремиј Втори: "Членовите на Црквата Христова во потполност и се предадени на вистината, а оние кои не и се во потполност предадени на вистината, не се членови на Црквата ".

Според тоа, православниот христијанин не треба да учествува во екуменизмот, затоа што:

1. тој(екуменизмот) правилното поемање на Црквата како ВСЕЛЕНСКА, односно како заштитничка на Богооткриената вистина, го заменува со неточната(невистинитата) дефиниција за Црквата- како "универзална" во географско-вселенска смисла;

2. го предпочита квантитетот, а не квалитетот на исповедање на Вистината;

3. наметнува лажни учења, божемни "вселенски", кои се надвор од Вистината;

4. ги поддржува неправославните во убедувањето, дека и тие и припаѓаат на Црквата;

5. следствено, екуменизмот им пречи на искрените тражители на Вистината, да ја најдат неа во општењето (заедничарењето) со Православната христова Црква!

No comments:

Post a Comment