Tuesday, October 13, 2009

Црквата е помоќна од небото

Црквата е помоќна од небото


Авва Јустин Ќелиски

Богочовекот е Црквата. Црквата е Богочовекот. Тоа е единствената севистина. По се и во се Богочовекот е врховна севредност и врховно семерило за човекот и родот човечки во сите светови небоземни. Бидејќи единствено Тој како Богочовечка Личност, која е воедно и Црквата, божествено и човечки совршено ги решава сите вековни проблеми на човечкиот дух, и семилостиво и премудро го раководи човекот со својот богочовечки пат во волшебните небесни светови. При сето тоа, човекот се чувствува себеси како света и мила тајна Божја, на кој и Ангелите Божји се радуваат и воодешуваат.

Во Богочовечката вера Христова ништо не е »по човекот«, туку се е по Богочовекот. Единствено со таква вера Црквата е Црква. Таа вистина богонадахнато ја благовести Свети Максим Исповедник: »Соборната Црква е православно и спасоносно исповедање на верата«. Оваа вистина со небесна светлост ја залива Свети Дамаскин: »Оној кој верува не по Преданието на Соборната Црква… неверник е«.

Пред се,ние сме должни да го држиме првобитното Предание, учење и вера на Соборната Црква, верата каква ни ја предал Господ, проповедале Апостолите, сочувале Отците. Бидејќи на таа вера е основана Црквата и кој ќе отпадне од неа, тој не може да биде и да се нарекува христијанин.

Црква ширум целиот свет, имајќи цврст поредок од Апостолите, останува при едно и исто учење. Апопстолите и нивните ученици правеле онака како проповеда Црквата и постанале совршени. Оние кои се вон Црквата, тие се вон вистината.

На Црквата ништо Божествено не и е туѓо, а и ништо човечко освен гревот. Преку светите тајни и светите доблести во Богочовечкото битие на Црквата се што адее подвоеност, неслога и завист, тогаш е Спасителово, по неизмерното Негово човекољубие , станува наше човечко. Црквата како Тело Христово, првенствено е Црква на оваплотениот Бог Логос. Но, со самото тоа таа е и Црква на Света Троица, затоа што Бог Логосот вечно и неизменливо е Еден од Света Троица, секогаш едносуштен са Бога Отца и со Бог Светиот Дух. Се и сешто во Црквата постои и се случува од Отецот преку Синот во Духот Свет.

Во Црквата се држи и се соединува секој член во еднодушност со другите едната и навастин единствената Глава на Црквата — Господ Христос. Ако пак меѓу членовите на Црквата нема еднодушност, нема мир, не царува кротост во духот, туку вл

би била голема дрскост таквите членове да се наречат Христови и да се рече дека тие се под Христова управа (Свети Василиј Велики). Црквата ја напаѓа секое зло, секој грев, секој ѓавов. Неа ја брани самиот Господ Христос, и тоа преко своите небесни и земни верници: ангелите и луѓето. Свети Григориј Богослов изјавува: »Не се плашам од никакви напади на Црквата, макар се заканувале со оган, меч, ѕверови, провалии и сите други најстрашнији мачителски оружја и казни. За сето тоа јас имам еден лек, еден пат во победа: смрт за Христа«. Ништо пострашно од тоа да се плашиш од што било повеќе од Бога, и од тој страв да постанеш предавник на вистината.

Во човечаките светови наспроти пеколот стои Црквата Христова која со своите Богочовечки сили ги разорува гревот, смртта, пеколот и самиот ѓавол створајќи рај. А се тоа го прави давајќи им го на луѓето Господ Христос, Единствениот Човекољубец, кој и е единствениот рај за човечкото битие во сите светови. Нема ништо помоќно од Црквата. Црквата е помоћна од небото; »небото и земјата ќе поминат, но Моите зборови нема да поминат«. Кои зборови? — »Ќе ја изградам Црквата Своја, и вратите адски нема да ја надвладеат«. На Бога Црквата му е помила од небото. Бидејќи Тој не го зел телото на небото на Себе, туку го зел Телото на Црквата. Небото е поради Црквата, а не е Црквата поради небото. Никаква сила не може да ја победи Црквата. Црква е Божја, а Бог е помоќен од се. Сета Црква стои и постои на Богочовекот Христос: од Него е се, во Него е се, преку Него е се. Затоа, кој гледа во Црквата, тој гледа во самиот Христос, Кој со умножување на спасуваните се соѕидува и нарастува Себе Самиот. Во составот на Цркват влегува сета твар: во неа се приготвува новото небо, се приготвува новата земја, се изградува нов боголик човек.

Не одвојувај се од Црквата — нема спасение вон Црквата!

Во Црквата се е соборно : и животот, и бесмртноста, и вечноста, и богочовечноста. И секој член на Црквата учествува во тој соборен, Богочовечки живот на Црквата, по мерата на својата добре волја, облагородени и осветени со светите Тајни и светите доблести. Во Црквата Христова сите сме меѓусебно поврзани со еден Богочовечки живот како составни делови на едно Тело, Богочовечкото Тела на Црквата: светители со грешници, праведници са неправедници, покајници са непокајници, служејќи едни со други.

Кога Христос бил подигнат на Крст, прикован и умрен, тогаш: еден од војниците му ги прободел ребрата со копје, и излгло крв и вода, и од таа крв и вода постана сета Црква. Самиот Господ сведочи за тоа кога говори: Ако некој не се роди со вода и Дух, не може да влезе во Царството Божјо. Крвта Тој ја нарекува Дух. Ние се раѓаме со вода преку Крштението, а се хранимо со Крв.

Не оддалечувај се од Црквата, советува Златоустиот исповедник, бидејќи ништо не е посилно од Црквата, надежта твоја Црквата, твоето спасение Црквата, твое засолниште Црквата.

Црквата како Богочовечки организам и според тоа како Богочовечка организација претставува и е најсовршено човечко општество во небоземниот свет. Се наше, освен гревот, Господ Христос го направил свое; се Његово, по неизмерното човекољубие Свое, Тој го направил наше, во Црквата.

Богочовечко единство меѓу собе ние постигнуваме во Црквата. За да би, вели Свети Златоуст, не само преку љубовта, туку и во стварноста станеме членови, живи органски делови од Телото Христово, треба да се причестуваме со тоа Тело. А тоа станува преку храната (=Света Причест) која нам Господ ни ја дарувал да би ја изразил Својата голема љубов спрема нас. Господ Христос да би не вовел во блиско пријателство со Себе и да би ја покажал Својата љубов спрема нас, им дал на оние кои сакаат не само да Го видат, туку и да го допрат, и јадат, и со забите да се доближат до Телото Негово, и се соединуваат са Него, и ја заситуваат со Него секоја желба. А од оваа трпеза треба да заминуваме како лавови дишејќи оган, страшни за ѓаволот, постојано мислејќи за нашата Глава и за љубовта која ја покажал спрема нас.

Оваа Крв кога достојно се прима ги отстранува и далеку ги одгонува демоните, а ги повикува ангелите и Господарот на ангелите. Таа Крв пролиена на Крстот ја измила целата вселену. Таа Крв е спасение на душите наши. Со душата се мие, со неа се украсува, со неа се запалува. Таа го прави нашиот ум посветол од оган. Таа ја прави душата почиста од злато. Таа Крв се пролеала и го направила небото достапно за нас. Таа Крв е драгоценост на вселената: со неа Христос ја купил Црквата. Христос нас не купил со Крвта и украсио со Крвата. Оние кои се причестуваат со таа Крв стојат заедно со Ангелите, Архангелите и Небесните Сила, облечени во царската одежда Христова и наоружени со духовно оружје. Тие стануваат облечени во самиот Цар. Во секоја Црква и во секоја душа секаде се наоѓа целиот Христос и нигде не постои само делче Негово. Во секој души е еден и ист Христос.

Кога и пристапуваш на страшната Чаша, пристапувај тако како да пиеш из самото Ребро на Распнатиот Христос!

Во Црквата секој член се особорува,се умножува себе, се обогочовечува себе, живее во сите и низ се, никогаш не е сам туку секогаш »со сите светии« са сите членови на Црквата, постепено исполнувајќи се себе »со секоја полнота Божја«, оседоблествувајќи се себеси низ светите Тајни. Нема спасение вон спасителот, а Христа Спасителот го нема вон Богочовечкото тело Негово — Црквата. Затоа нема спасение вон Црквата. Ненадминливиот Златоуст благовесник благовести: Спасението е во Христа! Христос е во домот Божји — Црквата, која е по сета вселена.

No comments:

Post a Comment