Tuesday, March 22, 2011

ДАЛИ МОЛИТВИТЕ НА СВЕТАТА ЛИТУРГИЈА ТРЕБА ДА СЕ ЧИТАААТ НА ГЛАС ?


Дали молитвите на светата литургија треба да се читаат на глас ?
Во Епархиите на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија ,вратена е древната пракса да молитвите на светата литургија кои ги изговара свештеникот да се читаат гласно.Ова кај мнозинство верници е прифатено како позитивно , бидејќи конечно и тие можат активно да учествуваат во Литургијата , слушајќи го текстот на молитвата која свештеникот ја изговара . Многу беа збунети и се прашуваа: ”Зошто свештеникот шепоти сам во себе молитви ? “Сакајќи да ги знаат содржините на тие молитви.
Меѓутоа се појавиле неколкумина луѓе кој потикнати од некого или од незнаење го критикуваат ова читање на молитви гласно. Највероватно овде се работи од незнаење и од каректеристиката на македонскиот менталитет “јас најдобро знам како тоа се прави “, па почнале да ги “ учат” и епископите и свештениците што е правилно .Збунувачки е од кого и од што тие ја бранат Црквата . Говорат за некаква “ македонска пракса “ во Литургијата , а се знае да таква пракса ниту постои ниту постоела кај нас . Покасно Литургијата претрпела и руско влијание , како на пример воведувањето на молитви на третиот час во текот на претворувањето на Светите дарови во Тело и Крв Христови .Сето ова нам ни говори дека не постои македонска пракса на служење Литургија , постои само православен светоотечки начин на служење , така да разните “ критичари “, кој не знаат што критикуваат , ниту нив ги ги интересира активното учествување во светата Литургија , која е центар на на христијанскиот живот , затоа што тоа е тајна на соединувањето на сите верни со Христос , потоа со целокупната творение Божјо со Бога . Црквата како заедница на сите верни црпи свој идентитет од Светата Литургија , во која самиот Христос , чија икона е Епископот , односно свештеникот како икона на апостолите , приносите на Бога Отца целата создадена природа под видот на леб и вино ,кои постануваат Негово Тело и Крв.Црквата за темел на своето постоење ја има Евхаристијата – заедницата . Црквата нее собир на индивидуи туку заедница на сите верни .Ние во Евхаристијата со Христос се соединуваме и меѓусебно и преку Евхаристијата добиваме живот вечен .
Каква била праксата на читање на молитвите на Литургијата во
првите векови на христијанството ?
Во првите четири века на на христијанството, додека се уште не бил востановен и формурилан текстот на Литургијата (тоа ке го направат во четвртиот век Свети Јован Затоуст и Василије Велики) , Епископот бил тој кој го составувал текстот на Литургијата , и инпрозвирајќи го. И во текот на извршувањето на светите тајни на Црквата и свештените обреди , молитвите кој ги изнесува свештеникот се читаат гласно за да народот би ги слушнал. Како ако епископите инпровизирале молитви ,како се знаело дека инпрозивирале ако никој не ги слушнал?.Во светото писмо имаме сведоштва дека дури и личните молитви биле читани гласно.Како на пример во Делата апостолски кога ѓаконот Филип ја запрашал владетелката етиопската царица Кондакија : “ Ако веруваш од сето твое срце , можам да те крстам , а таа му одговорила :” Верувам дека Исус Христос е Син на Живиот Бог “ (Дап,8 27-35) Тоа го потврдуваат и многу други извори. Светиот Никита Ремезијански (+после 414) во својот литургиски трактакт “ За полезноста на химната “,го советува своето паство да за време на на бдение треба да го слушаат читањето на Писмото ,и да не одвлекуваат внимание на чтецот и другите луѓе кои дошле ,со мрморење на глас со своите посебни молитви :”Никој не треба да се моли со таа јачина на глас со која би му пречело на чтецот “.Апостол Павле истакнува неопходност да и народот учествува со “умот “во она што се говори,за да биде свесно она негово ,,Амин’’и да се поучува ,, во верата’’и да ја посетува Црквата (1.Кор.14,1-25).Денес во сите ,,одговарања на Литургијата”дека народот кој е во Црквата одговара амин,Господи помилуј,...како народот ке одговара кога никогаш не слушнал молитва , на што ке одговори амин.
Често се среќаваме на жалби дека импрозивираните молитви не биле православни.Иринеј Лионски (+202) во своето дело “Против ересите”1,13:2 строго ја осудува Евхаристиската молитва на еретикот Марко,а Кипријан(+258) “ За единството на Црквата “ зборува на новотарците “да составуваат друга молитва од недозволиви зборови”.Како Иринеј и Кипријан можеле да знаат да тие молитви биле еретички,ако не ги слушнале дека се читаат на глас ?
Литургиските молитви продолжуваат да се читаат на глас ,дури и после појавата на утврдени литургиски формули,(Литургијана Свети јован Златоуст и Василије Велики),кој постануваат широко распространети до крајот на Ivвек,како луѓето во тоа време тоа го правеле ,дури и ако биле сами и читале молитви за себе .Апостолските Дела ,8:27-35 како што и погоре споменавме,наведуваат на пример на таква лична молитва на глас ,а исто така наведува и Августин во своето дело”Исповест”,VIII, 6(15),IX 4(8).Нашата современа пракса на читање на молитвите молчејќи (во себе ),дури и “читајќи со очите”,без изговарање на зборовите на глас и дури без покретување на усните била дури и многу ретка доколку би се случело предизвикувало чудење како што се гледа од Августовата “Исповед”,VI, 3(3).Така да дури и престојателите на Литургијата го читале утврдениот текст,така може да се заклучи дека го читале гласно , затоа што во старо време луѓето тоа така и сами го читале . На основа на гореневаденото може да се заклучи да раните христијани се молеле на глас независно од тоа дали молитвата била лична или литургиска .
Што се случило со оваа традиција на читање на молитвите на глас ?
Некаде отприлика во 6 век, а особено покасно во 8. и 9. Век се читаат тајно.
Во својата 17 Омилија за источно –сириската Анафора ,која се препишува на Нарсај(+502),се кажува:”Свештеникот облечен во светли одежди ,е гласот на црквата кој отворајќи ја својата уста тајно говори со Бога како свој познаник”.Во грчки податоци(извори),пред 600 години ,Јован Мосх во едно свое дело приметува дека “во некои места свештениците имале обичај да на глас ги изговараат евхаристиските молитви’’-имајќи во предвид дека тоа не било обичај (пракса) на сите места.
Реакција на ваков начин на читање молитви нам ни е познат од 137.(174)Јустијанова Новела ,која потекнува уште од 565.година.во која се кажува:”И поред тоа ,ние пропишуваме на сите свештеници и епископи да молитвите кои се користат во Божественото Принесување и на светото Крштение да не ги изговарааат во себе ,туку на глас ,како би верниците би ги слушнале ,и како би тие молитви нивните души би ги потикнале на уште поголемо стравопочитување и славосовување на Господа Бога”..
Понатаму Јустинијан како потврда на своето мислење парафразира 1.Кор 14:15-17, за тоа како може некој да каже “Амин”на вашето благодарење,, ако никој вас не ве слушнал што говорите ,бидејќи вие можете да изговарате благодарења,но тоа не е поучно за другиот.Понатаму во Рим.10:10:”бидејќи со срцето се верува за праведност ,а со устата се исповеда за спасение “,и затоа треба да се знае што се говори за да би во тоа верувале и спасиле .Новелата заклучува:” На основа на тоа следи,да молитвите на Светиот Принос и другите молитви ,епископите и презвитерите треаба да ги изнесуваат на глас кон Гспода наш Исус Христос,наш Бог ,со Отецот и Светиот Дух....”Јусинијан за вршува со предупредување и санкции кон оние кои не го исполнуваат неговиот декрет –тоа докажува дека он се борел со постоечките злоупотреби и укажувал на тоа да се врати тоа што било сметано за вистинкса традиција.Без обзир на Јустинијановата преставка ,византиските литургиски коментари и ракописи од VIII ,сведочат за напуштање на старата традиција .Веќе од најраниот литургиски ракопис ,Берберин бр.336(околу 750 год.)Божествената литурггија имала рубрика која укажувалаа на тоа да молитвите треба да се читаат тајно.Глава 39.на византискиот литургиски коментар ,познат како Протхеориа (1085-10950)потврдува дека не само тоа дека Јустинијовата борба била проиграна ,туку да тивки изговорената анафора изазивала недоумица и незадоволство помеѓу верниците :’’Некои од собраните верници биле збунети и се прашувале “Што се ова значи? Зошто свештеникот шепоти сам за себе?” И тие сакале ја знаат содржината на тие молитви”.
Највероватно од технички или практични причини допринело тоа да литургиските молитви се читаат тајно.Односно,Светата Литургија се служи во светиот олтар ,додека свештеникот со грбот е завртен спрема народот( во старо време свештеникот бил заввртен кон народот),со иконостас веќе бил почнал да се воздигнува,во вакви околности било тешко да се слушнат текстовите кои се читале со обичен тон на читање и уште од луѓето од страна кои несекогаш имале гласовни способности или тие биле старци.Може да се посомнева да во огромните базилики на пост –Константиновиот Исток,кои не биле опремени со современи акустични системи,мнозина присутни во Црквата и можеле воопшто да ја слушнат и разберат Литургијата,дури и ако свештеникот ги извикувал нејзините зборови со сета своја сила на гласните жици.И повеќе од тоа ,уставните рубрики и иконографијата на Византија покажува да свештеникот ги читал молитвите напрегнат, што воопшто не допринесува на разговорно читање.Некаде околу 600 година Јован Мосх (540/50-+619 ) во своето дело зборува за децата кои ги запамтиле зборовите на анафората, бидејќи често ги слушале во Црквата-но додава он , тоа било затоа што “ во тие денови било обичај да детето за време на богослужењето се стави пред светињата “. Тоа остава отвоорено прашање колку анафората можеле да ја слушнат возрасните луѓе кои стоеле во споредните олтари и на галеријата,подалеку од децата кои се собирале во близина на олтарот .Доказ дека овие работи биле причина за тајно читање на молитвите , а не теоретски причини, кои доаѓаат подоцна да го оправдуваат она што веќе се случило,односнотоа што под слични околности и молитвите на вечерната и на утрената , кои се читаат во олтарот , имале иста судбина (односно да се читаат тајно),додека наспроти тоа молитвите на светите тајни како крштението, венчанието кои се читаат надвор од олтарот ,останале да се читаат на глас .И на Литургијата замвоната молитва која се изговара надвор од олтарот (пред амвонот),се чита гласно,додека молитвите на антифоните на почетокот на Литургијата се читаат тајно.
Додека Литургијата била служена на црковнословенски јазик, тогаш било сеедно дали свештеникот ке ги говори гласно или тајно , народот нема ништо да разбере ,а денес бидејќи Литургијата е преведена на македонски јазик, потребно е и народот да ги слушне и да ги разбере и да учествува во молитвата. Бидејќи Литургијата не е нечија приватна своина.Молитвите треба да се читаат без претерана театралност,скромно и со свештено благолепие , и толку гласно колку што е доволно да се слушне , бидејќи сега со акустика во храмовите е многу подобро отколку порано . Денес мнозинство од христијаите се сложува дека Литургијата се служи за сите ,а не само за клирот, сите крстени имаат право да ги слушнат и молитвено да ги повторуваат светите зборови на Литургијата.Таков поглед секако може да предизвика противење од страна на самопрогласените “чувари на тајната”,за кои тајност представува неопходен додаток на таинствената природа на анафората.Таквиот пристап е историски лажен и непостојан од теолошка гледна точка.И после се што сите молитви биле сослушани и изучени ,ишто сите богослови за нив кажале се што можеле ,Боженсвените Тајни останале тајни по самата нивна природа, а не зато што ние се трудиме да ги направиме неразбирливи така што ке ги криеме под велот на тајноста! Дали тоа значи да денес молитвите треба да се читаат на глас ? Секако , но Кои од нив ?Секако, НЕ СИТЕ, бидејќи не треба да се преувелучува принципот кои е сам по себе правилен, а по кој Литургијата се служи за сите и сите крстени имаат право да ги слушнат и молитвено да ги повторуваат зборовите од молитвата.Секако ,не треба сите молитви на Литургијата да се читаат на глас .Некои молитви биле покасно додадени,некои молитви се кои го изразуваат личното стравопочитување на свештенството,кои толку би ја затемниле смислата за служба доколку би се читале на глас .Така на пример ,молитвите на првите три антифони , входот,пред евангелието, “Никој од оние кои се врзани со телесни похоти.....”,се читаат тајно,а гласно се се читаат молитвите од молитвите “Први верни”.( Роберт Тафт, и Јоанис Фундулис, Литургика1).
Свештеникот кој и поред тоа ги чита молитвите тајно , може во себе да се запраша , што е за него Литургијата,зошто воопшто служу Литургија,со кој он тоа се моли,кој ги слуша молитвите ,дали Литургијата за него е приватна молитва или Литургијата е заедничка служба на сите верници,свештеници и епископи?Читањето на молитвите гласно не е глума ,новотарија или нешто измислено на епископите , свештениците ,туку вековна вистинска правилна пракса на Црквата.




( превел и обработил од  српски јазик - протоереј Ненад Ѓорѓески ) 
Наслов на оригиналотДа ли треба да се гласно читају молитве на Светој Литургији?-  од
свештеник Срећко Зечевић   -линк до оригиналниот текст  http://www.pouke.org/news.php?id=60&do=view

Улогата на жената во православното христијанството

Улогата на жената во православното христијанството

Прашањето за улогата и поставеноста на жената, било актуелно низ историјата како во различните култури, и општествени уредувања, така и во различните религиозни и философски правци.Ова прашање произлегува веројатно од различните природни дарови кој им се дадени на мажот и жената, кој се две половини и кој надополнувајќи се во заедницата на бракот стануваат една целина, едно битие. За жал во текот на историјата жената и нејзината непроценлива вредност, како мајка, сопруга, столб на семејството, била потенувана и често жената била подложена на малтретирања. Истото се случува и денес кога жената е подложувана на семејно насилство. Во времето пред доаѓањето на нашиот Спасител Господ Исус Христос, постоело убедување дека жената по природа е послаба и помалку вредна од мажот, па поради тоа мора да му биде потчинета. Во Стариот Завет, нејзината улога во семејството и друштвениот живот била без никаква вредност. Жената била оставана од мажот поради разни ситници, како на пример невкусен ручек, или доколку тој најде подобра. Не е нималку чудно зошто фарисеите Го прашувале Христос: „ Може ли човек да ја остави жената своја за каква и да било причина? “ Христос тогаш им одговорил дека тоа им било допуштено заради нивното жестоко срце. Бог не бил така немилостив за да им даде таков закон, туку така допуштил поради нивната жестокосрдечност. Бог познавајќи ја бесчовечноста, дека мажот кој што не си ја сакал жената, лесно можел да ја убие или да изврши јавна прељуба, допуштил, а не заповедал, таквиот маж да ја остави својата жена. Овој недостаток бил многу жален и кобен, па затоа во Стариот Завет, доаѓа до уште еден плод на машкото сладострастие - полигамијата, која никогаш во природата на човекот, особено во природата на жената не била пофалувана и сметана како нешто добро. Во неа, жената претставува предмет кој на мажот му служи за наслада, предмет кој по значење е еднаков со неговиот имот, предмет кој се спушта на овосветовните желби, се сведува на особа која ги задоволува исклучиво животинските инстинкти на мажот. Во неа таа била третирана како робинка меѓу останатите робинки, кои на мажот му претставувале имот чуван во некој харем под стража. Тука, нема ниту збор за искрената брачна љубов, каква што е во христијанството, туку во најмала рака, само љубоморни испади од страна на угнетуваните и обезвреднетите жени.

Но тука сме да го чуеме ставот на православното христијанство во врска со жената.

Троичниот Бог го создал целиот свет, сета видлива и невидлива природа и човекот како круна на сето свое создание. Човекот е создаден како единствено интегрално битие од душа и тело. Човекот е создаден според образот и подобието Божјо, со цел да биде во заедница со Бога и да се радува на таа заедница. Првиот човек е Адам а, од неговото ребро е создадена жената за да му биде помошница во се. Самиот збор пол означува една половина која има свои лични особености,а, која за цел го има соединувањето со другата половина во рамките на полнотата на брачната заедница. Така мажот и жената еден со друг треба да се надополнуваат. Но Бог не сакал човекот да биде роб, туку слободен налик на својот Создател. За да можат првите луѓе прародителите Адам и Ева да се вежбаат во својата слободна љубов кон Бога, Бог им дал заповед од секое дрво и растение во рајската градина да јадат освен од дрвото за познавање на доброто и злото да не јадат зошто во оној ден кога од него ќе вкусат ќе умрат. Пред да го создаде материјалниот видливиот Бог го создал невидливиот свет,односно ангелите, но дел од нив се погордеале и отпаднале од Бога и постанале демони. Така демонот користејќи ја змијата ја наговорил Ева да јаде а, потоа таа му дала и на мажа си Адама и двајцата јаделе од забранетото дрво. Со тоа слободно избрале да бидат без Бог, односно покажале дека нивната љубов кон Бога е недоволна. Како последица на нивниот слободен избор, благодатта Божја се повлекла од нив и смртта и болестите влегле во човековата природа. Прво духовната смрт која се состои во прекинот на заедницата со Бога а, потоа и телесната која подразбира разделба на душата од телото. Во овој конекст Ева тоест жената е таа која што прва ја прекршува Божјата заповед, но Бог кој е премудар во се онака како што гревот влезе преку жената и спасението дојде преку жена. Односно Синот Божји второто лице на Пресвета Троица се воплоти тоест прими човечка природа од девојката и вечно Дева Марија и од Светиот Дух. Оваа голема тајна на спасението се случи токму преку жената, и оттука веќе може да се види ставот на Православното христијанство кон жената. Жената за православното христијанство не е воопшто понизена зошто преку неа се случува спасението, најважниот настан во човековата историја. Потоа жените мироносици биле тие што Христа Бога го следеле во моментите на неговото распнување, како и први кој ја пренеле веста за Христовото Воскресение на апостолите и на светот.

Светата Православна Црква се удостоила со мноштво жени светителки и маченички. Меѓу светителките да ја спомнеме света Петка, а меѓу маченичките да ги споменеме светите маченички Варвара, Јулијана, Анастасија, светата Лидија Македонска, света Злата Мегленска и мноштво други. Тие со својот живот, вера и храброст, ја покажаа својата верност и одданост кон Христа Бога и верата и на тој начин покажаа дека жената има голем потенцијал кога станува збор за практицирањето и живеењето според евангелските начела на православната христијанска вера. Светитеклите и маченичките достоинството на жената го извишија на највисок пиедестал. Оттука значењето на жената за православната вера е непроценливо важна.

Но која е денес улогота на жената во Црквата, во семејството во бракот, кој се нејзините етички и морални задолженија?

Жената како и мажот е рамноправен член на Црквата. Таа има право да доаѓа на светите Богослуженија, да се причестува со светите тајни Христови, да склопува црковен брак, да помага во православните храмови, и се разбира да се подвизува живеејќи подвижнички живот на Црквата, да се замонаши итн.. Единствената разлика кога станува збор за разликата меѓу членстото на мажот и членството на жената во Црквата е тоа што жените не можат да бидат членови на клирот на Православната Црква. Тоа е од причина што свештенството е поврзано со татковството, свештеникот е духовен татко, а таткото е маж, и затоа што таква била волјата Божја, апостолите биле мажи. Каков треба да биде карактерот на жената за тоа ни зборува светиот апостол Павле, кој вели дека карактерот треба да биде сообразен со нејзината природа и дарови од Бога. Односно жената треба да има блага нарав, да биде скромна и како вели апостолот да обрнува пред се внимане на нејзината внатрешна убавина. Убавината ваша да биде во скромниот и тих дух во побожноста ваша, а не во плетењето коси и украсувањето со злато. Се разбира Православната Црква нема ништо против тоа жената да води грижа за својата убавина, но да не се става акцентот на тоа туку на внатрешното украсување со добродетели, и дотерувањето да не биде нападно, да не води во неморал и во соблазна туку да биде скромно и достоинствено.

Семејството според Православната Црква е мала Црква, а во неа местото на жената е особено значајно. Ако мажот е надарен со дарот на татковство жената е надарена со специфичниот дар на мајчинство. Во утробата на жената се случува една голема тајна, се зачнува еден нов живот. Потоа се раѓа еден нов живот. Улогата на жената во семејството како мала Црква е особено голема, бидејќи нејзината нежност игра голема улога во воспитувањето на децата. Жената треба да ги воспитува децата во духот на евангелските заповеди, да се грижи да ги научи на љубов и кон Бога и кон своите ближни. Не случајно во нашите стари семејства жената била столб и стожер на чистотата на православната вера.

Жената како сопруга во христијанскиот брак кој што е светиња, со својата љубов го поткрепува мажот да живее според Божествените начела.

Есхатолошката песпектива е подеднакво отворена и за мажот и за жената. Христос дојде во овој свет да ги повика сите луѓе кон подвиг кој ќе води до Царството Небесно. Затоа апостолот Павле ни порачува дека во Христа нема ниту машки нити женски пол туку сите се едно во него. Оние украси со кој се вреднувала жената во стариот незнабожечки свет како што се убавината, китењето со украси и слично во новиот завет се заменети со вистински добродетели како што се верата љубовта надежта, скромноста и чистотата. Оттука гледаме дека жената и мажот се рамноправни , но иако Црквата ја потврдува нивната рамноправност сепак не ја порекнува различноста на природата на мажот и жената, но не со цел да ја понижи жената, туку токму различноста на нејзината природа ја покажува нејзината оргиналност. Ние веќе кажавме дека жената во Христијанството е еднаква со мажот во областа на нејзиниот духовен повик, во тоа дека и таа е подеднакво личност, како што е и тој. Но, ние не можеме да порекнеме дека таа воедно е и различна од мажот, но различна во нејзините особини како жена. Денеска во контекстот на модерното феминистичко движење, постои борба за еднаквост меѓу половите. Таа борба, како што веќе претходно објаснивме, си има своја историја, свое објаснување во тоа дека жената била разбрана како инфериорно, потчинето суштество во однос на мажот. Низ историјата таа живеела еден паразитски живот, а била многу сиромашно образована. Толпа од жени останувале надвор од културата, медицината, политиката и социјалниот живот, сé со цел да се истакне дистанцата и разликата помеѓу мажот и жената. Многумина се згадувале од нејзината положба, бидејќи била третирана само како декорација, како предмет, кој на мажот му е за еднострана употреба, предмет за кој што не постојат никакви свети чувства, предмет, кој само предизвикува ниско задоволство. Но, што се случува: жената, разбрана како роб, прави погрешен чекор, таа сега започнува да му се осветува на мажот – својот господар, таа станува против него, се бори против него, ги присвојува мажествените карактеристики, борбеност,тонови на агресивност итн. Тие карактеристики сé повеќе ја привлекуваат современата жена, чија цел е да се претвори во маж, притоа губејќи ги нејзините вистински вредности, нејзините женствени црти како нежноста, чувствителноста, природното барање на потпора во нејзиниот живот, чистотата, саможртвувањето, заштитата на слабиот и секако мајчинството. Ваквата освета во борбата за еднаквост ја прави жената агресивна и ја поставува како соперник на мажот. Таа станува еднаква но, нејзината чувствителност се истрошува, а како последица од тоа е губењето на својата личност и на своето вистинско достоинство. Еве на пример, денешната економска еволуција го прифаќа дивиот брак, кој е без никакви обврски, брак кој е разбран само како социјална положба. Жената е способна да го сопре ваквото гледиште и разбирање на бракот, но може и да направи погрешен чекор односно да го прифати. Имено, двојката живее во хотел, а децата сместени во интернатски училишта се препуштени на морална сиромаштија. И што потоа? Современиот и динамичниот живот ги зема своите жртви. Родителите добиваат деца, кои се духовно сиромашни и кои незнаат да се соочат со тешкотиите во животот, па често и подлегнуваат на нив.

Осиромашена во своето вистинско достоинство, жената иако присутна, не придонесува за културата, политиката, медицината и социјалните прашања со женственоста, притоа давајќи живост и живот. Не зборуваме за тоа дека жената треба да остане само дома, грижејќи се само за домашните обврски, дека не треба да биде образована и да работи на својата личност и позиција, туку да го осмисли нејзиното присуство во сите тие сфери на живеењето, да го скроти, да му даде духовен тон. Можеби повеќе несвесно, отколку намерно, таа го потиснала својот сопствен призив, а тој е: секаде каде што е, да го заштитува светот на луѓето како мајка, да го спасува како девојка, притоа давајќи му ја својата сопствена душа.

Најчудното откритие е фактот дека мажот не го поседува татковскиот инстикт на ист начин како што жената го поседува мајчинскиот. Иако е маж според карактеристиките, тој не е мајчински по својата суштина. Ова пак, значи, дека меѓу човечките суштества религиозниот, духовниот принцип е изразен кај жената. Нежноста на мајчинството, ги совладува и најцврстите нешта и токму поради ова Христос рекол да се биде кроток и смирен по срце, а да се отфрли насилството и мечот. За мажот да се живее, значи да се освојува, да се бори, а за жената, тоа значи да се раѓа, да се храни и да се пренесува животот преку предавање на себеси.

Но, денеска, многу жени како да заборавиле на духовните вредности, приврзани се за земните нешта, заборавиле на нивните духовни капацитети. Заборавиле, дека на Бога Му е потребна една многу мала но, од дното на срцето свое жртва...тоа е молитвата за помалите и послабите, милостината, нежноста, сочувството за оној што страда. Во времето, кога Христос беше воден на Распетие, кога висеше на Крстот и ги поднесуваше страдањата, постои еден детал, кој длабоко нé погодува сите: верноста, со која само малкумина можеа да се пофалат пред Бога, верата на оние, кои останаа до крај со нашиот Спасител...меѓу нив повеќето беа жени. Тие стоеја под Крстот затоа што Го сакаа, стоеја од љубов, затоа што сострадуваа со Него. Тие не Го оставиле Неговото мртво Тело, туку го извршија сé она што отсекогаш го правела и прави љубовта. Он не барал ништо од нив, а тие Му останале верни по својата простодушна човечка љубов. Учениците Христови, потресени од настаните се разбегале наоколу и Го напуштиле својот Учител. Поминала саботата после Распетието, и први на гробот пристигнале жените мироносици, за да Го помазат Пречистото Тело Христово....сите знаеме дека тоа Тело не беше таму, а дека Воскресна. Оваа вест за Воскресението први ја примиле жените. Христос најнапред нив им се јавува и ги поздравува со зборовите кои засекогаш и за сите времиња станале суштина на христијанската сила: „ РАДУВАЈТЕ СЕ! “ Гледајте, таа љубов и верност прва дознала дека не треба повеќе да се плаче и да се тагува, прва дознала за промените на личноста, прва дознала за победата Христова!

Што сакам да кажам со ова...ми се чини дека во денешно време особено е потребно да се присетиме на таа љубов и на таа едноставна човечка верност, бидејќи живееме во време во кое постои погрешно учење за човекот и неговите вредности. Живееме во време во кое се дискредитира таа љубов и таа верност. Денеска потребно е ние да ја побараме топлината и светлоста на оваа љубов. Љубовта не го прашува човекот за теоријата и идеологијата, таа му се обраќа на човечкото срце. Човечката историја течела, се раѓале и рушеле цели царства, беснееле војни но, за сето тоа време постојано блеска ликот на жените – мироносици. Познато е дека низ историјата најстрашните прогони се одигрувале заради развратните жени. Но, наспроти ваквите жени постоеле онакви, кои само со еден збор, со својата вистинска женска нежност и чувствителност, со својата вера и љубов кон светото, ги совладувале најтврдокорните срца, најцврстите вериги, најсилните мечови и ѕверови! Жената низ сите времиња била чувар на моралот и на религиозните вредности. Таа е таа која отсекогаш го спасувала и продолжува да го спасува светот. Но, го спасува не со зборови и идеи, туку со нејзиното молчење и грижливото присуство на љубовта, како сопруга, мајка. Жената е најзаслужна за тоа што – без оглед на сето зло кое господари во светот – во истиот тој свет, никогаш не престанува мајчинството, кој е празник на животот, бидејќи во него се наоѓа постојан извор на радост и светлост. Низ нејзината религиозна структура таа го претставува целомудрието, кое е единствено способно да го запре започнатото разорување и дехуманизирање, кое е присутно во мажествениот дух на светот. Мажественоста, пак, на светот не е поради природата на мажот, туку светот таков постанал заради агресивноста на луѓето, која е предизвикана од животот без Бога. Мажот, кој Го сака Бога ги истакнува неговите природни особини, а тоа се праведност, стабилност, цврстина и свештениот призив кој на дар му е даден. Оној, пак, кој Го нема Бога во својот живот, кој се бори против Него, без оглед на тоа дали е маж или жена станува агресивен и егоистичен. Светот без Бога неможе да биде осмислен. Затоа е толку тешко да се живее. Многу луѓе се обидуваат да побегнат од лагата на тој безрадосен живот, преку разни девијантни појави, со лажење на себеси и преку најниска животна среќа. Но, сето тоа, порано или подоцна се покажува како ќорсокак, во кој безизлезот при секое отрезнување и враќање во реалноста е уште пострашен. Не е нималку чудно тоа што секоја област во животот на човекот претставува „ проблем “: проблемот на жената, проблем на работното место, проблем во образованието, во семејството, проблемот околу плодноста итн. Сé стана проблем но, одговорите и правилата кои ни ги дадоа разните безбожнички пропаганди, одамна престанаа да бидат одговори бидејќи самата стварност ги претстави во нивната лажна светлост. Луѓето незнаат каде и како да ги бараат тие одговори, па затоа во нив настанува цинизам и празнина, од која сите безуспешно се обидуваат да избегаат.

Но, вистинските одговори, се невозможни доколку луѓето не разберат дека потребно е одвнатре да се променат, да ја вратат својата вера во Бога. Но, и во Бога може да се верува на разни начини, бидејќи верата може да биде како некоја врста на бегство од реалноста, како некоја психолошка опијанетост т. е. лажна вера. Затоа и во името на Бога, можат да се вршат разни зла, да се руши наместо да се гради. Вистинскиот, пак, одговор е дека потребно е да имаме вистинска вера, како таа на мироносиците, која ќе нé води низ животот, која ќе го осмислува секој наш потег, секое наше дејствување и градење, вера, која нема да дозволи да ја изгубиме својата личност и достоинство. Таа вера овозможува да се отворат нашите внатрешни очи, и тука се појавува ликот на Пресветата Богородица, која преку раѓањето, неразделно е поврзана со Ликот Христов.

Но, во што се состои помошта и ликот на Мајката Божја? Одговорот е дека таа го носи ликот на жената. Првиот Христов дар, првото и најдлабокото откритие на Неговото учење и призив им е дарувано на луѓето во ликот на жената. Малку претходно напоменав дека во овој царува гордост, агресивност, во него сé се сведува на власт и владеење, на производство на оружје, на соперништво и насилство. Свет во кој никој не сака да му прости на другиот, никој не сака да се смири, да замолчи и да се нурне во пријатната тишина на животот. Сето ова, со самото свое присуство го променува Божјата Мајка, Ликот на бескрајното спасение, ликот на убавината, ликот на силата и смирението, ликот на чистотата и љубовта и победата на таа љубов. Богородица, во која нема ниту трага од сензуалност или засладена сентименталност ни го претставува најсовршениот човечки религиозен лик, совршеното мајчинство, преку кое што дошло спасението на светот.