Friday, October 23, 2009

За магијата



За магијата

zlatoust_freska_m.jpg

Свети Јован Златоуст-ЗА МАГИЈАТА

mark.jpgЗа гатачките и вражачките бесмислици

И секој од вас да знае да го пази својот сад во светост и чист, а не во похотна страст, како незнабошците, кои не Го познаваат Бога (1Сол. 4, 4-5). Ова слово, пред се, е наменето за оние кои паднале во преголема негрижа. А ако такви обвинувања им се упатувани на Јудејците, какво простување и какво оправдување би можеле да очекуваме ние кои, по толку благодат која ја примивме, завршуваме во иста духовна беда како и тие? Многумина и денес страдаат од оваа болест и ги разоруваат своите животи. Тие кои се одале на занимавање со гатачките бесмислици, освен што се судираат со Бога, добиваат како плата непотребни жалости и се оддалечуваат од подвигот на добродетелта. Со тоа ѓаволот ги убедил оние најнеразумните дека не зависат од нив самите делата на добродетелта или гревот, ниту дека се удостоени на било каква слободна волја, настојувајќи така да постигне две работи, кои всушност, и се најпагубни: и да ги одврати од вложување на труд во стекнувањето на добродетелта и да ги лиши од предрагоцениот дар на слободата.

Оваа страшна болест нашиот непреијател ја воведува во човекот некој пат низ вражањето, некогаш низ гатањето по знаци, низ суеверното разликување на деновите, низ злото учење за судбината и на многу други начини, доведувајќи ги сите во потполно растројство (На Исаија, ПГ 56, 35).

mark.jpgЧовечките жртви. За мртовците кои говорат (т.е. за спиритизмот)

“А што би можел да кажам”, ќе праша некој, “за тоа што некои жреци ги грабаат децата, ги колат и се користат со нив при извршувањето на магијските обреди?” што има тука да се каже? За тоа дека овие ги колат децата, навистина, сведочат многумина. Туку кажи ми ти мене, од каде ти е помислата дека дуШите на заколените им помагаат во нивните магијски дела? “Се случува”, велиш, “опседнатите од ѓаволот да викаат: ùЈас сум душата на закланиот!ù” Но и тоа е само измислица и лага на ѓаволот. Па, не е душата на умрениот таа која се јавува, туку демонот кој и подражава за да ги излаже оние кои го слушаат, бидејќи кога душата би можела да влезе во демонската ипостас, дотолку попрво би можела да влезе во сопственото тело. Инаку не би можело логично да се објасни тоа дека недолжно постраданата душа соработува со оној кој и нанел неправда, ниту тоа дека човек може да ја преобрази бестелесната сила во некој друг начин на постоење. Поради тоа, доколку на телата тоа не им е можно и ако никој не може да го преобрази човечкото тело во тело на магаре, дотолку повеЌе не може тоа да се случи со невидливата душа. Никој неа не може да ја преобрази во демонско битие.

Затоа, тоа се бладања на пијаните вештерки и приказни за мали деца (На Матеј, ПГ 57, 353).

mark.jpgХристијаните со светото крштевање се одрекуваат од сатаната

Говори ги непрекинато следните зборови: “Се одрекувам од тебе, сатано”. Ништо нема поголема сила од овие зборови, доколку и на дело ги оствариме.

Научете ги вие на кои ви претстои крштевање. Овие зборови се потврда на согласноста со Господа. Токму слично на она што ние го правиме, кога купуваме на пазар слуги, па најпрво ги прашуваме нив кои се изложени на продажба дали сакаат да ни слугуваат, и Христос ни го прави тоа нас. Кога ќе дојде моментот да те земе во служба Своја, претходно те прашува дали сакаш да го оставиш суровиот и немилосрден тиранин и прима од тебе согласност. Значи, Неговата власт не е присилна.

А погледни само колку е големо Неговото човекољубие. Ние, пред да ја извршиме купувачката, најпрво ги прашуваме тие кои се продаваат, а кога ќе добиеме потврда, дури тогаш даваме пари. Но Христос не го прави тоа - Самиот сите не купил со Својата крв. Затоа вели: Скапо сте платени (1Кор. 7, 23). Меѓутоа, Тој ни со тоа не не присилува да Му послужиме, туку вели дека, ако тоа не ни претставува радост и не сакаме Неговата власт сами и од своја волја да ја примиме, Тој на тоа не ќе не принудува.

А ние, ете, никогаш не ќе се реиме да купиме лоши слуги, а ако и се решиме, ќе го направиме тоа свесно, но ни цената тогаш неќе биде иста. Но Христос, купувајќи неблагодарни и беззакони слуги, за сите ја платил првата цена, или, подобро речено, највисоката и тоа толку висока, што ни словото ни разумот не можат да ја претстават нејзината величина. Тој за тоа не ја даде небесата или земјата или морето, туку понуди цена поголема од се - Својата крв - и со неа не купи. И потоа, не бараше сведоци ниту пишани потврди, туку се задоволи со едноставните зборови: “Се одрекувам од тебе, сатано, од тебе и од твојата нечестивост”. Со овие Свои зборови ги опфатил сите.

Значи, да ги изговориме зборовите “се одрекувам од тебе, сатано”, бидејЌи тоа Ќе се бара од нас во оној ден, па да ги сочуваме за да го предадеме залогот недопрен.

mark.jpgСатанското служење и знаците

Сатанско служење е секое разликување на деновите, гатањето и читањето на знаци. А што се знаците?

Се случува, често, некој излегувајќи од куќата и здогледувајќи некого без око или без нога, да го протолкува тоа како некаков знак. Тоа е сатанско служење. Не го прави денот лош средбата со некој човек, туку живеењето во гревови. Затоа, кога излегуваш од куќата, чувај се само од едно - гревот да не го сретнеш. Тоа е она што не соборува, а без тоа ни ѓаволот не може да ни наштети. А ти, ете, ќе видиш човек, па ќе помислиш дека тоа е лош знак, а не ја гледаШ замката ѓаволска, која те свртува против другиот човек кој никакво зло не ти нанесол и го озлобува братот твој без никаква причина. Бог ни заповедил и непријателите да ги љубиме, а ти се отклонуваш од оној кој ништо не ти направил и кого за ништо не можеш да го обвиниш. Не го гледаш ли тоа како непријателот наш со тебе се потсмева, како тоа не е само срамно, туку и пагубно?

Еве уште жалосни примери. Иако црвенеам од срам, ќе го кажам и ова заради ваше спасение. Ако сретнеме некоја девојка, велиш, денот ќе ни биде успешен; ако пак, сретнеме блудница, ќе ни биде успешен и не чека голема добивка. Го покриваш лицето, се удираш по челото и се поклонуваш до земја, но не го правиш тоа сега, бидејќи се срамиш од разобличување, туку кога ќе ти се случи ова што ти го реков.

Значи, погледни како и тука ѓаволот ни подготвил замка - од целомудрената да се отклонуваме, а да се радуваме на бесрамната. Знаејќи дека Христос вели: Секој што ќе погледне на жена со желба, тој веќе извршил прељуба со неа во срцето свое (Мат. 5, 28) и гледајќи како многумина успеваат да устојат пред развратот, а сакајќи, повторно, поинаку да ги фрли во грев, непријателот со ова лукавство постигнал некои со радост да гледаат дали ќе сретнат блудна жена.

А што, повторно, да се каже за оние кои користат бајалици и амајлии и кои главата и нозете ги украсуваат со бакарници со ликот на Александар Македонски? Па тоа ли е нашата надеж, па зарем по Крстот и смртта на Господа надежта во спасението свое да ја полагаме во ликот не некој хеленски крал?

mark.jpgХристовиот крст е наша надеж

Зар не знаеш што се направи Крстот Христов? Ја уништи смртта, го затре гревот, го обесмисли адот, му ја одзеде моќта на ѓаволот, а зар телото да не ти го исцели? Целата вселена ја воскресна, а ти не Му веруваш. На какво оправдание ќе се удостоиш?

mark.jpg“Христијанката е жена...”

Не само што користиш амајлии и бајалици, туку во куќата воведуваш и пијани вештерки на кои не може да им се следи мислата и не црвенееш од срам што после толку мудрољубие на тоа се приклонуваш. Најпагубната последица на оваа лага е тоа што кога ти советуваме и бараме да се истргнеш од тоа, ти како оправдување велиш: “Таа жена е христијанка и, баејќи, ништо друго не говори освен името Божјо”. Па токму затоа и не ја сакам и се одвратувам од неа што името Божјо го користи за да му се потсмее, бидејќи, говореќи дека е христијанка, го прави тоа што и идолопоклониците. И демоните го изговарале името Божјо и го говореле и она: Те знам Кој си Ти, Светец Божји! (Марко 1, 24), а биле демони - па Господ ги осудил и избркал.

Ве молам затоа да останете чисти од оваа лага и до ова мое слово неотстапно да се држите... Покрај тоа, осенувајте се често со крсниот знак, бидејќи така не само човекот, туку ни Ѓаволот не Ќе може да ви наштети во ништо, гледајќи како никаде без тоа оружје не се појавувате (Прва катехеза, ЕПЕ 30, 570-576).

mark.jpgНајлошото суеверие

(...)Некогаш и свештеникот на некои од сопствениот, човечки, род, олеле, им се присторува поужасен и од самата треска и поомразен и од смртта. Затоа се чини дека поголема причина за очај е појавата на свештеникот отколку на зборовите на лекарот кои ја расеале надежта во оној живот, ако се верува дека оној кој е претпоставка на вечниот живот е - предзнак на смртта (Девета катихеза, ЕПЕ 30, 522).

mark.jpgДемоните не лечат

Чекаш ли бесовите да те исцелат? Кога Христос им дозволил да влезат во свињите, тие веднаш ги фрлиле во морето не сожалувајќи ги, а ќе се сожалат ли на човечките тела? Каква среќа би било тоа да не убиваат, да не му сакаат зло на човекот! Те изгониле од рајот, те лишиле од небесната чест, а ќе ти го исцелат ли телото? Каква жалосна заблуда. Демоните знаат само како да прават зло, да нанесуваат штета, а не знаат да исцелуваат. Не ја жалат душата, а мислиш ли дека телото ќе го пожалат? Со сите сили настојуваат да го оддалечат човекот од Царството небесно, а зарем ќе сакаат да го ослободат од болеста? Не си го слушнал ли пророкот или, подобро, Самиот Бог низ пророкот, како говори дека не можат да чинат ни добро ни зло? А и кога би можеле да ги исцелат сите и кога би сакале, што е неможно, не би требало ова што го имаш да го менуваш за прелестната убавина на незначајната и пропадлива добивка, а непропадлива и вечна штета. ќе го исцелиш ли телото за да ја загубиш душата? Лош ти е пазарот. Се гневиш на Бога, Кој го создал телото, а на помош го викаш ѓаволот, кој ти сака зло, за да те исцели? Па како тогаш со лекарската вештина да не те соблазни лесно некој човек кој се поклонува на паганските богови, кога тие често ги лечеле болестите и го воспоставувале здравјето на болните? Поради тоа ли треба да се приопштиш на нечестивоста? Далеку од тоа! Слушни што им вели Мојсеј на Јудејците: Ако меѓу вас дојде лажен пророк или човек кој гледа во соништа и ги толкува и ви вели дека Ќе ви даде некој знак или дека некое чудо ќе направи, па макар и да го оствари тоа што ви го ветил, а потоа ви вели ùајде да се поклониме на други боговиù, кои не ги знаеја наШите татковци - не верувајте им на зборовите на оној пророк или човек кој гледа во соништа. Тоа значи следното: се појави ли некој пророк и направи ли некој знак - ако воскресне мртовец или очисти лепрозен или исцели сакат - а по чудодејството ве повика на злочествување, не верувајте му на исходот на чудото. Тоа Господ Бог твој те искушува да види дали Го љубиш со сето срце свое и со сета душа своја.

Значи, јасно е дека демоните не лечат. Меѓутоа, по Божјо допуштање и тоа по некој пат се случува за ти да бидеш искушан, но не затоа што тоа Бог не го знае, но за ти да се научиш да не отстапуваш пред демоните, макар тие и да лечат. А зошто говорам за лечење на телото? Ако некој ти се заканува со геена - значи, да се одречеш од Христа - не примај го. Ако ти вети царство, а да се оддалечиш од Единородниот Син Божји, одврати се од него, замрази го и стани ученик на Павле, па ревносно повторувај ги оние зборови кои неговата блажена и благородна дуШа ги проповедала: Уверен сум дека ни смртта, ни животот, ни ангелите, ни поглаварствата, ни силите, ни сегашноста, ни иднината, ни височината, ни длабочината, ниту било која друга твар не ќе може да не одвои од љубовта Божја, која е во Христа Исуса нашиот Господ.

Него не го разделуваат од љубовта Христова ни ангелите ни силите ни сегашноста ни иднината ниту било каква друга творба, а тебе од Него да те оддалечи ли лечењето на телото? Какво простување би можеле за тоа да добиеме? Значи, Христос за нас треба да биде и од геената пострашен и од царската власт попосакуван. А ако и се случи да се разболиме, подобро е болни и да останеме отколку да паднеме во нечестивост под изговор на слабоста. Затоа, ако и не исцелил демонот, повеќе ни наштетил отколку што ни користел. Навистина, му користел на телото кое, уште малку, па ќе умре и изгние, но и наштетил на бесмртната душа. И токму како што трговците со робови ги соблазнуваат дечињата со играчки и слатки, па им ја одземаат слободата, така и демоните - ветувајќи исцеление на некој дел од телото, го упропастуваат самото спасение на душата.

Туку ние, љубени мои, да не го допуштиме тоа, туку да се погрижиме на секој начин да се избавиме од нечестивоста. Зар и Јов не можеше да потклекне пред убедувањата на својата жена, да похули на Бога и да се избави од бедата во која се најде? Таа му рече: Навреди Го Бога и умри (Јов 2, 9). Но тој повеќе сакаше да потрпи и да се истоштува и да ја поднесува маката на претешката беда во која се најде, отколку да похули на Бога и да се избави. Нему подражавај му. Ако ѓаволот и ти вети избавување од бедите кои те снашле, не верувај му и не отстапувај му, како што ни праведниот Јов не поверува на зборовите на жената своја, туку повеќе сакаше да ја претрпи слабоста отколку да ја изгуби верата и спасението на душата своја. Не те остава Бог тогаш кога допушта да те снајдат слабости, туку го прави тоа за повеќе да те прослави. Значи, потрпи со мажественост, за и ти да слушнеш: Мојот суд ли сакаш да го собориш, да Ме обвиниш, а себеси да се оправдаШ (Јов 40, 3) (Против Јудејците, ПГ 48, 854-855).

mark.jpgПодобра е смртта отколку исцелување од демоните

Се викаме и сме Христијани, затоа што сме во послушание на Христа, а не на неговите непријатели. А ако некој, повторно, ти даде некои примери на исцелување и ти каже дека ти гарантира успех и дека затоа и самиот оди кај нив, разобличи ја прелеста негова, неговите бајалици, амајлии и волШепство. Не само што не е можно вражачите да лечат некако поинаку, туку тие не ни лечат вистински - далеку било! Туку јас одам и во друга крајност, па велам дека, дури и кога вистински би лечеле, подобро би ми било да умрам, отколку да прибегнам на непријателите Божји и така да се исцелам. Па каква е користа од телесното исцелување кога душата се губи? Каква е добивката во овој живот да добиеме некакво олеснување, кога ни претстои да бидеме предадени на неугасливиот оган? (...)

За оној кој љуби особено е да не го остава оној кој го љуби, макар и тие кои настојуваат да ги раздвојат, мртви да воскреснуваат. Па ако Господ тоа им го говорел на Јудејците, колку повеќе истото се однесува на нас кои не вовел во возвишена философија која ни ја раширила вратата на воскресението и која не учи да се воздржуваме од занимавање со сегашното, полагајќи ја целата надеж во идниот живот?

mark.jpgТе притиска ли телесна слабост, сети се на Јов

Што говориш? Те мачи и притиска слабоста на телото? Па ти ни блиску не си пострадал толку колку блажениот Јов, ни најмалиот дел од неговите маки не си го претрпел. Тој, губејќи ги стадата овци и говеда и се друго, во еден час ги изгубил и сите свои деца. И се тоа му се случило во еден ден, така што не само природата на искушенијата е таа која го совладала страдалникот, туку и нивната последователност. По се тоа, кога телото му се посипело со лута рана, гледал, седејќи гол во пепелта, како по телото му врват црви, постанувајќи му на светот пример на несреќа - тој, праведник вистински и благочестив, тој кој се воздржувал од секое зло дело. Но бедите ни тука не се запреа, туку го обзедоа и ужасни деноноќни болови и чудна, необична глад. Говорел: До она до кое душата моја не сакаше да се допре, тоа ми е сега храна во болеста (Јов 6, 7), додека секојдневно трпел осуда и потсмевање. Но жената го поттикнувала од се тоа да се избави, говорејќи: Навреди Го Бога и умри (Јов 2, 9). Похули на Бога, му рекла, и ќе се избавиш од своите маки. Го послушал ли светецот тој совет? Се случило токму спротивното. Тоа му дало уште повеќе сила, па ја прекорил жената. Повеќе сакал да ги поднесува и трпи маките без крај, отколку од нив да се избави, хулејќи на Бога.

mark.jpgСети се на одземениот и на Лазар

Така правеше и оној кој триесет и осум години помина во болест и кој секоја година лежешШе во бањата, не наоѓајќ исцелување. Ги гледаше другите како се исцелуваат, бидејќи имаа многумина да им помогнат, а самиот еднакво остануваше одземен, немајќи никој. Но затоа не одеше кај волшебници ниту кај погодувачи ниту земае амајлии, туку чекаше помош од Господа. Поради тоа на крајот и беше благословен со чудесно и нечуено исцеление.

Лазар, повторно, целиот живот се бореше со гладот, болеста и самотијата - не само триесет и осум години, туку целиот живот. Таков и умре пред капијата на богатиот - презрен, исмеан, гладен, фрлен за храна на кучињата. Телото до таа мера му се одзеде, што немаше сила ни да ги истера кучињата кои доаѓаа и му ги лижеа раните. Но ни тој не побарал жреци, не земал амајлии, не се затрчувал да оди кај погодувачи, ниту повикал волшебници, не правел ништо неблагословено, туку повеќе сакал да умре среде тоа зло, отколку макар најмалку да ја предаде благочестивоста.

А каков изговор би можеле ние да најдеме, ако, имајќи ги пред очи примерите на оние, кои силно пострадале, а покажале трпение, поради обична треска или повреда итаме во синагогите или во своите домови повикуваме жреци и волшебници? Не знаеш ли што вели Писмото: Синко мој, ако сакаш да Му служиш на Господа, приготви ја душата своја за искушение. Управи го твоето срце и биди цврст; не збунувај се кога ќе бидеш посетен од Бога. Прилепи се до Него и не отстапувај, за да бидеш прославен во последниот ден. Примај со радост се што и да ти се случи; биди трпелив и во промените на твоето понижување, зашто, како што златото се испитува во оган, така Божјите избраници се проверуваат во фурната на понижувањето (Сир. 2, 1-5). Ако ти го камшикуваш својот слуга, а тој тогаш, примајќи триесет или педесет ударци, побара слобода и посака да се ослободи од твоето господарење, па замине кај другите кои те мразат, па ги крене против тебе - зарем тој ќе може да најде простување кај тебе? ќе се најде ли некој кој таков Ќе го оправда? Никако. А зошто? Не само затоа што господарот треба да го казнува својот слуга, туку и затоа што, ако веќе овој има каде да оди, не треба да оди кај непријателите и кај оние кои го мразат неговиот господар, туку кај оние кои му се наклонети и му посакуваат добро.

mark.jpgКога Бог те испитува, не оди кај неговите непријатели

Значи, кога гледаш дека Бог те казнува, не оди кај Јудејците, непријателите Негови, за да не Го разгневиш повеќе, туку оди кај Неговите пријатели, мачениците, светите, оние кои Му угодиле и кои пред Него имаат голема слобода. А зошто говорам за слугите и господарите? Ни синот не би можел така да постапи откако татко му го истепал, ниту би можел да го одрече сродството со него (...) Ако и плаче и рида синот затоа што е истепан, сите му велат вака: “Татко ти е тој кој те натепа, а господар е, па има власт да прави што сака, а твое се да поднесуваш без мрморење”. Затоа и ги трпат слугите господарите и децата родителите, кои често и неправедно ги казнуваат - а зарем ти не можеш да го потрпиш Бога Кој те воспитува и Кој е над сите господари и те љуби повеЌе отколку твоите родители и не прави ништо од гнев, туку се промислува и прави на твоја корист? Ти, ако ти се случи некаква безначајна болест, веднаш бегаш од Неговата власт и им прибегнуваш на демоните и отстапниците во синагогата. Како ќе се оправдаш? Како повторно ќе можеш да Му се обратиш со молитва? Тешко дека некој друг ќе може, макар и да ја има слободата на Мојсеј, да Го умоли за тебе. Не си ли слушнал што Му рече Бог на Јеремија за Јудејците: Да беа застанале пред лицето Мое дури и Мојсеј и Самуил, дуШата моја пак немаше да се приклони кон тој народ (Јер. 15, 1). Значи, постојат гревови кои го надминуваат секое простување и за кои нема оправдување. Затоа, да не го повикуваме на себе тој силен гнев.

mark.jpgАко треската и попушти, неиздржливо е мачењето на совеста

Иако некои мислат дека треската може да попушти благодарение на бајалиците, тоа во суштина не е така. Тие твојата совест ќе ја запалат со друга, уште пострашна, треска - секојдневно да те раскинува размислување и да те камшикува совеста, говорејќи ти: “Си чинел зло, си беззаконствувал, си го нарушил мирот со Христа. Поради безначајна слабост си ја издал благочестивоста”. Зарем само ти страдаш? Ете, никој друг не се осмелил да направи нешто такво, а ти, несреќнику, сопствената душа на мамон на жртва си ја принел. Како ќе се оправдаш пред Христа? Како ќе го повикаш во молитва? Со каква совест повторно ќе стапиш во храмот, со какви очи ќе го погледнеш свештеникот? Со каква рака ќе се допреш до Трпезата? Со какви уши ќе го слушаш читањето на Светото Писмо?

Со тоа совеста секојдневно ќе те раскинува и таа помисла постојано ќе те притиска. Па какво здравје е тогаш тоа, кога во нас постојано престојуваат и нашите тужители? А ако уште малку потрпиш и ги презреш оние кои сакаат да ти прочитаат некакви бајачки или на телото да ти закачат некоја амајлија и ако ги избркаш од својот дом праведнички гневејќи се, веднаш и совеста твоја ќе се успокои. А ако треската и еднакво те жари, твојата душа ќе стекне мир подобар и покорисен од секакво освежување и олеснување, бидејќи, примиш ли бајачка, па макар и да оздравиш, ќе ти биде полошо отколку на оние кои ја трпат треската, затоа што ќе ја обременуваш својата совест со непрекинато размислување за гревот. Ако и страдаш од некој вид на неволја, се одвратиш ли од таквите злосторници, ќе се најдеш во состојба која е подобра од секое здравје, бидејќи, ако расудуваш, ќе ја препознаеш својата гордост, душата твоја ќе се израдува, а совеста ќе те пофали и ќе ти даде признание: “Нека ти е на чест, слуго Христов, верни човеку, подвижнику на благочестивоста”. Ти, кој повеќе сакаше во страдања да умреш, отколку да ја предадеш благочестивоста која си ја имал, ќе се најдеш меѓу мачениците во оној ден. Како што и тие повеќе сакаа да бидат камшикувани и истјазувани за да бидат прославени, така и ти денес. Повеќе сакаше да те камшикуваат и да те мачи треската и раните, отколку да прибегнеш на бајачки, злочестивост и амајлии. А хранет со тие надежи, нема ни да ја почувствуваш маката која се тоа ти го прави. Па и ако во смрт не те одведе оваа треска, Ќе те одведе некоја друга, а ако не умреме сега, ќе умреме подоцна.

На нас ни е дадено распадливо тело, но не затоа поради неговите страдања да прибегнуваме на бесчесност, туку тие страдања да не приведат кон благочестивост. Кога би биле помудри, распадливоста и смртноста на телото би ни постанале причина за радост и би ни дале многу смелост во оној ден и не само во оној ден, туку и во сегашниот живот. Затоа, кога со гнев ќе ги избркаш од својот дом жреците, ќе те пофалат сите кои тоа ќе го слушнат, ќе се восхитат и ќе кажат: “Овој човек, иако болест трпеше и иако непрекинато го наговараа и го советуваа да прими бајачки, одби, велејќи им: ùПодобро вака да умрам, отколку да ја предадам благоверностаù”. А оние кои ќе те слушнат, восхитени, ќе го прослават Бога.

Колку тоа ќе биде подостојно од споменик, пославно од икона, поторжествено од почест? Сите ќе те пофалат и ќе те наречат блажен, сите ќе те овенчаат и, стекнувајќи и самите повторно ревност, ќе и подражуваат на твојата мажественост. А ако и некој друг го направи истото, ти ќе добиеш плата како оној кој прв поттикнал на ревност. И не ќе бидат само пофалени твоите подвизи, туку набрзо, и не се сомневај во тоа, ќе ти следи и избавување од болеста. Ова твое мажествено решение и Господа ќе го направи поблагонаклонет и сите свети, чувствувајќи радост поради твојата решеност, ќе се помолат со сето срце за тебе.

mark.jpgПомисли на идната награда

Ако овдешните награди се толку големи, помисли колку се поголеми венците кои ќе ги примиш таму, кога со ангелите и сите архангели ќе дојде Христос и ќе те прими, ќе те постави пред Себе и пред сите ќе каже: “Овој човек, кој еднаш беше совладан од болест и кога многумина го советуваа да се избави од неа, заради Моето име и Мене почитувајќи ме, ги изгони и ги презре сите оние кои му ветуваа дека ќе се исцели така - тој повеќе сакаше да умре во болеста, отколку да ја предаде љубовта спрема Мене”. Ако ги одведе оние кои Го напоија и го облекоа и го нахранија во Својата ложница, уште повеќе ќе ги однесе оние кои Него ради повеќе сакаа да претрпат некоја мака. Не е исто ако некој пружи леб и облека и ако некој трпи долготрајна слабост, туку ова другото е многу поважно. А колку е поголема болката, толку е поголем и венецот.

Да мислиме на тоа и кога сме здрави и кога сме болни и да им го кажеме тоа и на другите. Се случи ли некогаш да не обземе неиздржлива мака, да си ги кажеме себе овие зборови.

Ако некогаш не обвинат и не поведат на суд, па не обесат и почнат да ни ги раскинуваат членовите од телото, зар сеедно не ќе мораме да трпиме и без плата и без никаква награда? Да размислиме за тоа и сега. Во трпението нека биде назначена и платата која има сила да го подигне паднатиот по дух.

mark.jpgСети се колку праведните трпеле

Но треската е страшна, ќе кажеш? Спореди ја со геенскиот оган, кој секако ќе го одбегнеш, доколку повеќе сакаш треската трпеливо да ја поднесеш. Сети се колку трпеле Апостолите. Сети се на праведните кои постојано пребивале во маки. Сети се на блажениот Тимотеј кој никогаш немал олеснување од своето страдање и не се одвојувал од својата другарка болеста. А за тоа да го покаже, Павле рече: Употребувај по малку и вино, поради стомакот и честите боледувања (1Тим. 5, 23). Ако тој светител и праведник, на кого му е доверена заштитата на целата вселена и кој воскреснувал мртви, изгонувал демони и исцелувал туѓи неизбројни несреќи, толку страшно страдал, какво оправдување би можел да најдеш ти кој се онеспокојуваш и збунуваш поради минливите слабости?

mark.jpgСакаш ли вистинско мачеништво?

Не си ли слушнал како Светото Писмо вели: Кого Господ го сака, него и го кара, како и таткото синот свој, што го љуби (Изрек. 3, 12). Колкумина само сакале да примат маченички венец? А овој венец е навистина маченички. Не го прави некого маченик само одбивањето да принесе жртва на идолите и тоа што порадо ја одбира смртта отколку да го направи ова, туку и Христа ради самото воздржување од се што би можело да одведе во смрт е вистинско мачеништво.

А за да се увериш во тоа, сети се како умрел Јован и зошто, сети се и на Авел. Ниеден од нив не кадел пред идолски олтар или незнабожечки идол ниту им е наложено да принесат жртва на демоните, туку на првиот, само затоа што го изобличил Ирод, му е отсечена главата, а другиот, принесувајќи Му на Бога чест со жртва поголема од онаа на брат му, беше заклан. Па зарем тие се лишени од маченички венец? Кој би смеел да го каже тоа? Па и самиот начин на кој завршиле доволен е да ги увери сите дека тие се вброени меѓу првомачениците. А ако бараш да го видиш и Божјиот суд за нив, слушни што вели Павле, бидејќи јасно е дека е тоа од Духот - а мислам дека и јас имам, вели, Дух Божји (1Кор. 7, 40). Значи, еве што вели тој: почнал од Авел и рекол дека Авел на Бога му принел жртва подобра отколку брат му Каин, па затоа и умрел, а доаѓајќи до пророкот и говорејЌи за Јован, вели дека од меч умреа некои за кои светот не беше достоен, па додава: Затоа и ние, имајќи толку многу сведоци, да отфрлиме од себеси секакво бреме и грев, што лесно не окружува, и со трпеливост да побрзаме кон престојната борба (Евр. 12, 1). Гледаш ли како тој и Авел и Ное и Авраам и Исак и Јаков ги нарекува маченици и тоа затоа што, како што вели, како и тој секој ден умирале за Бога (1Кор. 15, 31), а самиот, иако и не умирал, подготвено ја чекал смртта.

Така и ти, доколку ги отфрлиш вражачките и волшепствата и умреш трпејЌи ја својата болест, вистински маченик си, бидејќи си ја претпоставил смртта на злочестивоста.

mark.jpgѓаволот е човекоубиец

Се ова го говорев обрнувајќи се на оние кои се фалат, тврдејќи како демоните лечат. Слушни го она што за ѓаволот го вели Самиот Христос: тој е човекоубиец од почетокот (Јов. 8, 44). Самиот Бог вели дека овој е човекоубиец, а ти му прибегнуваш како на лекар? Па како ќе се браниШ кога ќе те обвини тоа што сметаш дека бесовеските вражачки се посигурен лек од оној кој Бог го препишал? Кога Бог вели дека овој е човекоубиец, а некои, повторно, ти велат дека тој може да лечи болести и ти тоа го примаш, со тоа покажуваш дека на непријателот повеЌе му веруваш отколку на Господа, а да не мораш тоа ни јавно да го исповедаш. Ако ѓаволот е човекоубиец, јасно е дека тоа се и демоните кои му служат. Тоа и Господ го покажал: кога им дозволил да влезат во стадото свињи, тие ги фрлиле од стрмната карпа (Мат. 8, 28-34). Ако Господ само им дозволеше, истото би можеле да го направат и со човекот. Но сега ги задржал и не им дал да направат ништо слично, а тие, ако не ги пожалиле свињите, уште повеќе не ќе не пожалат и нас.

mark.jpgУтврди се во стравот Божји

Не соблазнувај се, љубен мој, од лагите нивни, туку приљуби се кон стравот Божји. Како ќе влезеш во синагогата? Ако се осениш со крсниот знак, веднаш ќе побегне лукавата сила која во синагогата престојува, а ако не, ако уште пред врата си го фрлил своето оружје, таа, фаќајќи те гол и ненаоружан, ќе те предаде на безброј несреќи.

И зошто го говарам се ова? Затоа што и самиот си свесен дека е голем грев да се влезе на тоа зло место, што се гледа по тоа како ти го правиш тоа. Се мислиш како тајно да влезеш таму и да им говориш на своите слуги, пријатели и соседи да не те предадат на свеШтениците, а, ако тоа некој сепак го направи, се гневиш (...)

Туку кажи ми: навистина ли се неподносливи тие твои маки? Кога би требало да поминеш низ безбројни смрти и да пострадаш од неисцеливи зла, не би ли било подобро сепак да ги поднесеш сите тие ужаси, отколку да ти се потсмевнат бесовите и вечно да престојуваш во маката на совеста? Ова го говорам не само затоа ти да слушнеш, туку и да ги исцелиш оние кои страдаат од такви страшни болести... (Против Јудејците, ПГ 48, 935-940).

Болните, кои не ќе се обратат на волшебници, примаат венци како маченици

Си паднал во страшна болест и многумина доаѓаат со желба со вражачки на злото да му застанат на патот? Ако се си поднел крепко и мажествено заради стравот Божји, повеќе сакајќи било што да претрпиш отколку да направиш некакво идолопоклонство, ќе бидеш даруван со маченички венец. Не сомневај се во тоа. Како што оној човек поднесува истјазување одбивајќи да се поклони на идолот, така и ти ги поднесуваш маките на болестите за да не ја исполниш волјата на ѓаволот. А пострашни ли се оние маки? Твоите траат подолго, а исходот ќе биде еднаков. А некој пат и овие се посилни. Нема ли затоа со слава маченичка да се овенча оној кој тоа ќе го поднесе?

Истото се случува и со оној кој ќе го изгуби имотот, а ќе го прослави Бога

Некој изгубил се што имал? Го советуваат да оди кај погодувачи? А тој, заради стравот Божји, повеќе сака ништо да не му се врати, отколку да го заборави словото Божјо? Навистина ти велам, ќе има иста плата како и оној кој се што имал им дал на сиромашните, само ако Му заблагодарил на Бога, иако можел и поинаку да постапи. Како што оној заради стравот Божји раздал се на сиромашните, така и овој заради стравот Божји ништо не зел назад (...)

Не си похулил заради стравот Божји? Не си се посоветувал со погодувачите? Си заблагодарил за злото кое те постигнало? Сличен си на оној кој го презрел богатството, бидејќи, претходно да не си го направел тоа, ни сега вака не би постапил. А не е исто да се стекнува многу години, па да се презре стекнатото, и во еден час да се претрпи губиток. Така си добил повеќе отколку што си изгубил, а изгубил само ѓаволот (...)

mark.jpgКако губитокот станува добивка

Те нажалостил ли ѓаволот што си го изгубил имотот? Нажалости го и ти него - не благодари му. Ако одиш кај погодувачи, си му заблагодарил. А ако си му заблагодарил на Бога, на ѓаволот си му задал смртен удар. И ете што се случува. Не само што имотот не ќе го пронајдеш ако одиш кај погодувачите, бидејќи не е нивно да знаат - макар некој пат случајно и да погодат - туку и душата ја губиш, а луѓето ќе ти се потсмевнат. Во секој случај губиш. А ѓаволот, знаејќи дека не си во состојба да изгубиш, туку дека поради пари си подготвен и од Бога да се одречеш, повторно ќе ти го даде за пак да може да те излаже и да те оддалечи од Господа.

Ако некој пат се случи погодувачите нешто и да кажат, не чудете се. ѓаволот е бестелесен и тој е оној кој овие злосторници ги наоружува, бидејќи тоа не се случува без него. А ако им дава оружје, знае и каде е тоа што го бараат. Не ќе ги одбие тој слугите свои. Тоа и не е необично. Ако види дека те растројува губитокот, тој Ќе уреди да ти се случи и друг губиток. Ако види дека не му придаваш значење и дека го презираш, ќе отстапи од тебе. Така и ние - ако на непријателите им го приредиме она што мислиме дека ќе им принесе жалост, а гледаме дека тие не се жалостат, веднаш отстапуваме. Така постапува и ѓаволот.

И зарем бродоломниците се грижат за својот имот, зарем не завршува се во морето? Човек кој живее на копно и не ги познава опасностите на морето би рекол: “што зборуваш, човеку? И помагаш на бурата ли и на бродоломот? Пред бранот да го зграпчи твоето богатство, ти самиот му го даваш со сопствените раце? Зошто пред бродоломот сам себе си устројуваш бродолом?” Но морнарот, кој добро знае кога морето ќе биде мирно, а кога опасно, ќе му се насмее - тој се и фрла токму затоа до таа неволја да не дојде.

Така прави и оној кој го познава животот и неговите опасности - кога Ќе види дека претстои бура и дека лукавите сили сакаат да предизвикаат опасност, го фрла и остатокот од својот имот. Се случила ли кражба? А ти направи милосрдие и олесни го бродот. Те ограбиле ли злосторници? А ти и остатокот подај му го на Христа. Така Ќе го ублажиш и туѓото сиромаштво. Олесни го бродот и не задржувај ништо за да не го потопиш (На првото послание до Солунјаните, ПГ 62, 413-414).

mark.jpgЗошто се отстварува она што го прорекуваат погодувачите

Знаеме за геената, за Царството Небесно, за Судот. Да не веруваме во бесмислици, а тоа е се што е во врска со волшепството.

А зошто тоа има и потврда, прашуваш, зошто се отстваруваат такви работи? Колку повеќе веруваш, толку повеќе и ќе се обистинат. Те заробил непријателот, господар е на твојот живот, се уредува по своја волја.

Кажи ми: би можел ли некој разбојнички водач, кој во свои раце и власт го има синот на царот, кој му прибегнал со желба заедно да се побунат, да му каже на царот дали син му умрел или е жив? Се разбира, да. А зошто? Не затоа што ја гледа иднината, туку затоа што е господар на обата и што има власт и да го убие и да го спаси детето кое го направило свој господар. Би можел да го убие и да го пушти да живее, како му се сака, бидејќи овој е под негова власт. А најмногу луѓе во светот се предале во рацете на ѓаволот.

Освен тоа, кога човек ќе продолжи да верува - и тоа многу им помага на оние измамници. Затоа никој не забележува кога ќе промашат во предвидувањето, но ако некаде се случи претскажувањето да се обистини - тоа го забележуваат сите.

Ако имаат некоја провидувачка сила, доведи го кај мене верниот. Не го кажувам тоа фалејќи се, бидејќи да се избавиш од нив не е причина за фалење - и самиот сум полн со гревови и поради тоа немам причина за гордост. Со благодатта Божја јас го правам тоа и успевам да им се потсмевнам. Доведи ми човек вражач, кој умее да претскажува, па мене нека ми каже што ќе ми се случи, што ќе ми донесе утрешнината. Но тој не ќе може да го стори тоа - јас сум под власт на Царот и не сум кај него во послушност. Далеку сум јас од него, јас сум војник на Царот.

mark.jpgАко нешто знаат, зошто себе не си помогнат?

“Но”, велиш, “тој навистина го откри крадецот”. Тоа е обична лага, бидејќи тие ништо не знаат. А ако и знаат, многу би им било подобро да откријат кој нив ги поткраднува, како им ги украле приносите идолски, каде им се изгубило силното злато. Зошто тоа не им го откриле на своите свештеници? Значи, ништо не знаат. За ништо не можеле да кажат - ни кога гореа нивните идолопоклонички храмови и кога многумина загинаа во нив. Зошто не гледаат да ги спасуваат своите? Неразумните го сметаат за посебна мудрост тоа што понекогаш нешто прорекле и погодиле. А нашите, христијански, пророци никогаш не грешат - во се свое се вистинити. Тоа е знак на вистинско пророштво.

mark.jpgДоказ за маловерност и невера

Те преколнувам, веруваш ли во Христа, запри го ова безумство. А ако не веруваш, зошто самиот себе се понижуваш, зошто се залажуваш? До кога со обете нозе свои ќе куцаш? Па зошто тогаш одиш, зошто прашуваш? штом си дошол,штом си прашал, си се направил себе роб. Затоа и го прашуваш вражачот на кого му веруваш. Велиш дека божем не веруваш дека е вистина тоа што тој го говори, туку дека прашуваш само за да го испиташ. Но ако го испитуваш некого, тоа не покажува дека си уверен дека те лажат, туку дека си барем дводушен. Зошто тогаш го прашуваш што ќе се случи? Значи, откако ќе ти каже што ќе се случи, што да правиш а од што да бегаш, нема ли твојата послушност да претставува срамно идолопоклонство? И ако ја прорекуваат иднината, ништо не добиваш ти кој тоа го слушаш, освен поголема жалост - макар и да не се случи тоа што го прорекле, грижата цело време морала да те раскинува. Да ни е тоа на корист, Бог не би ни го скратил. Не би одбил да ни го каже тоа Оној Кој не дарувал со небесното и кој рекол: Не ве наречувам веќе слуги... туку ве нареков пријатели, оти ви кажав се што сум чул од Мојот Отец (Јов. 15, 15).

Зошто тогаш не ни го објавил и ова? Затоа што не сака со тоа воопшто да се занимаваме. Тоа не ни го сокрил затоа што ни позавидел - сети се дека на нашите отци често им објавувал, затоа што духовно биле како момчиња. А бидејќи не сакал и ние да се занимаваме со тоа, не ни кажал за тоа ни збор, ниту се потрудил со тоа да не запознае. Но што дознавме затоа? Она што нашите древни не го знаеле и во споредба со што секој нивен дар е безначаен: дека ќе воскреснеме, дека сме бесмртни, непропадливи, дека животот е бесконечен, дека се ќе помине, дека ќе бидеме понесени меѓу облаците, дека злите ќе бидат казнети и уште многу - а нелажен е нашиот Господ.

Не е ли многу подобро да го знаеш тоа, отколку што магарето ти е пронајдено? Ете, си го добил, си го нашол. Каква добивка е тоа? Нема ли повторно да го загубиш на некој друг начин? Бидејќи ако тој не те остави тебе, ти ќе го оставиш кога ќе умреш. А тие работи кои ги спомнав, ако сакаме да ги задржиме, засекогаш ќе бидат во наша власт.

Кон она стремиме, тоа го следиме, што останува, што е сигурно. Да не ги слушаме погодувачите, вештерите и измамниците, туку Бога Кој се совршено познава и Кој има знаење за се. Така ќе дознаеме се што треба да знаеме и ќе стекнеме секое добро (На второто послание до Тимотеј, ПГ 62, 648-650).

mark.jpgЛукавствата на ѓаволот кои ја убиваат душата

Луѓе и жени, бегајте како што знаете од погодувачи и погодувања. Се тоа се бесмислици на идолопоклониците и на оние кои, прелестени, суеверно го испитуваат гракањето на гавраните и цивкањето на глувците и гледаат дали ќе сретнат одвратни луѓе, а бегаат од оние кои живеат добродетелно и благочестиво, сметајќи го тоа за предзнак на несреќа.

Не мислете дека тоа е безначајно - доволно е тоа да ти ја земе душата и да ја фрли на дното на пеколот (Прва катихеза, ЕПЕ 30, 352-354).

“Јас сум душата на оној...”

Би сакал душата ваша да ја избавам од една болест: многумина неразумно сметаат дека душите на оние кои ќе умрат со насилна смрт постануваат демони. Тоа не е можно, не е така. Не постануваат бесови душите на оние кои умираат насилно, туку на оние кои живеат во гревови, не затоа што се менува нивната природа, туку бидејќи нивното настроение се уподобило на нивната злоба (...)

А зошто ѓаволот го создал тоа зло верување? За да ја помрачи маченичката слава. Но намерата не му се остварила, бидејќи мачениците Христови еднакво блескаат во вселената. Тогаш смислил нешпто пострашно, убедувајќи ги волшебниците кои му служат да ги убиваат телата на наивните деца со надеж дека од нив ќе постанат бесови кои ќе ја зголемат неговата војска. Но не се случува тоа, не се случува.

Туку ги има такви кои велат - а што е со тоа што демоните викаат: “Јас сум душата на тој и тој монах”? Па токму затоа и не верувам, бидејќи тоа го говорат демоните - тие тоа и го прават за да ги излажат тие кои ги слушаат. Затоа и Павле, макар и вистина да говорат, ги замолчил за да не ги збунуваат луѓето, вистината да не се меша со лагата, а тие да бидат земани за мера на вистинитоста.

Кога рекле: Овие луѓе се слуги на Севишниот Бог, што ви го соопштуваат патот на спасението, се возбудил духот на Павле и, осудувајќи го духот, му наредил да излезе (Дела 16, 17). Но бидејќи многумина меѓу најпростите не знаеле секогаш да размислат за она што го говорат бесовите, Павле еднаш засекогаш ги заколнал да останат верни и да се приљубат на учењето на Светото Писмо. Им забранувал на демоните да говорат и да соопштуваат, нарекувајќи го тоа апостолски повик, на кој тие се удостоени. Така направил и Христос. Кога демонот Му рекол: Те знам кој си Ти (Марко 1, 24), строго му забранил, учејќи не на тој начин во ништо да не ги слушаме бесовите, макар и тоа што тие го говорат да е точно.

Значи, знаејќи го ова, воопшто не треба да го слушаме демонот, макар и нешто вистински да каже, треба да бегаме и да се одвраќаме од него, бидејќи на исправна и спасоносна наука не можат да не научат демоните, туку Божественото Писмо.

Дека дуата, која Ќе излезе од телото, не може да биде потчинета на демоните, слушни што вели Павле: кој умрел, се ослободил од гревот (Рим. 6, 7), не греши повеќе. Значи, затоа ѓаволот не може на сила да ја оствари власта над душата, која престојува во телото, а уште повеќе не може да успее во тоа кога таа ќе го напушти телото. А како тогаш грешат кога не се принудени, се прашуваш. Преку желбата и решението свое, слободно предавајќи се, а не по неопходност, ниту под негова принуда. Тоа го покажувале сите оние кои се издигнале над лукавствата на непријателот. На пример, Јов, колку и да го збркувал, не можел да го убеди да изрече ни еден збор на хула.

Оттука е јасно дека од нас зависи дали Ќе ги послушаме или не нивните наговорувања, дека никој на тоа не не присилува и дека Христовиот војник не е потчинет на сатанската тиранија (За сиромавиот Лазар, ПГ 48, 983-984).




No comments:

Post a Comment