Tuesday, October 6, 2009

ПРАВОСЛАВНО-ХРИСТИЈАНСКИ СОВЕТИ ЗА ДЕЦА ПДФ Печати Е-пошта


1. Верувај цврсто во Бога и исполнувај ги Неговите заповеди. Верата, надежта и љубовта да бидат твоите три најголеми богатства за целиот живот.

2. Придржувај се строго кон Православната вера и Црква. Бегај од секташите, кои не ја почитуваат Пресвета Богородица, Чесниот Крст, светителите, иконите...Најголемиот грев пред Бога е предавството на Православната вера.

3. Моли се и работи! Молитвата и работата ќе го направат твојот живот да биде среќен и вреден.

4. Причестувај се редовно, но секогаш пред причестување да се исповедас кај свештеникот!

Свештеникот ќе ти каже поуки како да се подготвуваш за светата Причест и како да не

ги повторуваш гревовните навики.

5. Создај си благочестива навика, секој ден, редовно да ги читаш вечерните и утринските молитви.

Преку молитвата ти влегуваш во разговор со Бога.

6. Посетувај го често Божјиот храм! Тој е Божји дом на земјата!

Затоа сакај го со сето свое срце и во него наоѓај ја утехата која светот не може да ти ја даде.

Кога минуваш покрај храмот, застани и прекрсти се!

7. Кога ќе влезеш во храмот, запали си една свеќа и речи: "Господи, дај ми да живеам во светлината на Твојата вистина!" Ако имаш можност, запали си повеќе свеќички - една за здрвје на твоите ближни и познати, а една за покој на твоите починати ближни.

8. За време на богослужбите не врти се наоколу, но застани смирено и со страв Божји.

Биди внимателен во молитвата, а посебно внимавај на редот и содржината на божествената служба.

9.Во недела и во празнични денови, до крајот на светат Лиргија, а таа е најважната богослужба, бидејќи тогаш се подготвува светат Причест, ништо немој да јадеш и да пиеш, за да можеш да земеш нафора (благословено и осветено парче пченичен леб, кое се дава на верниците за духовно и телесно здравје).

10. Почитувај го светиот Крст! Не срами се да се прекрстиш!

Напротив, прекрстувај се колку можеш почесто: кога ќе се рабудиш, пред и по учење...

Со тоа ти ќе ја покажеш твојата почит и љубов кон светиот Крст.

Со истата почит однесувај се и кон сите нешта и предмети во храмот.

11. Секогаш со себе на вратот носи си крст. Со себе носи си и мала икона на Господа Исуса Христа, или на Божјата Мајка, или на некој светител. Во собата над постелата каде што спиеш постави си кандилце и труди се постојано да ти свети.

12. Секој ден читај по нешто од светото Евангелие и од Житијата на светителите.

Ако тука нешто не разбираш, прашај ги возрасните - родителите, учителите, свештениците...

13. Однесувај се секогаш со почит кон свештениците, кои се Божји служители,

како и кон сите возрасни луѓе. Кога ќе сретнеш свештеник, посакај благослов и бакни му рака.

14. Навечер, пред да си легнеш, потсети се дали тој ден си ги исполнил ветувањата што си ги дал

во утринската молитва. Беше ли послушен? Беше ли вреден и дома и на училиште?

Направи ли некое добро дело? Ако си го исполнил ова, слаткиот и мирен сон нека ти биде награда.

Ако, пак, си погрешил во нешто, посакај во молитва прошка од Бога и вети дека повеќе нема

да ја повторуваш грешката.

15. Мило дете! Во секоја постапка покажувај се како добро и православно - христијански воспитано дете.

Ако некој те замоли, само со два збора да ја искажеш целата своја Праволсавна вера, тогаш ти него поздрави го со најрадосниот христијански поздра: ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ! Во овие два збора се состои целата наша вера и целата наша вечна и неуништива надеж во безсмртниот живот во воскреснатиот Богочовек.

No comments:

Post a Comment