Tuesday, October 6, 2009


ПДФ Печати Е-пошта

ЗА СВЕТАТА ЛИТУРГИЈА ПДФ Печати Е-пошта

Светата Литургија е централен дел на христијанското богослужење, врв и средиште на религиозниот живот на христијанинот. Светата Литургија е постојана новозаветна жртва, во која Господ Исус Христос, во вид на леб и вино, на бескрвен начин, се жртвува од рацете на свештенослужителите на небесниот Отец, како што некогаш се жртвувал на Крстот. По својата суштина, светата Литургија е иста жртва како и онаа која Христос ја принесол на Крстот, зашто и тука се жртвува еден и ист дар, Самиот Господ Исус Христос, со една и иста цел, прошка на гревовите на светот. - ЗбороT "ЛИТУРГИЈА" значи благодарност, зашто оваа Тајна е востановена од Господ Исус Христос, како вистинска благодарност за сеќавањето на љубовта и Неговите безгранични заслуги за целиот човечки род. Светата Литургија по своја суштина е жртва на целосно почитување, помирување, молба и благодарност, зошто луѓето не можат на подобар начин да ја искажат својата благодарност кон Бога, освен преку светата Литургија. На светата Литургија Спасителот им се покажува на верниците на реален начин, но се прикажува и целото дело на Божјото воплотување, страдањата, смртта, воскресението и вознесението на небо.

No comments:

Post a Comment