Saturday, October 10, 2009

За љубовта.

За љубовта.


Да зборувам на сите човечки
јазици, па дури и на ангелски,
штом љубов немам, ќе бидам
бакар, што ѕвони, или кимвал,
што ѕвечи.
Да имам пророчки дар и да ги
знам сите тајни, да ги имам сите
знаења за сите работи, а и така силна
вера, што и планини да преместувам,
- ако љубов немам, ништо не сум.
И да го раздадам целиот свој
имот, да позволам телото да ми
изгори, - штом љубов немам, ништо
не ми користи.
Љубовта е долготрпелива, полна
со добрина, љубовта не завидува,
љубовта не се превознесува, не се
гордее,
не прави што е непристојно, не
бара свое, не се срди, не мисли зло,
на неправда не се радува, а на
вистина се радува,
се извинува, во се верува, на
се се надева, се претрпува.
Љубовта никогаш не престанува,
а другото, ако се пророштва, ќе
престанат; ако се јазици - ќе исчезнат.
Оти по нешто знаеме и по нешто
пророкуваме;
а кога ќе дојде совршеното, тогаш
ќе исчезне делумното.
Кога бев дете, зборував како
дете, како дете мислев, како дете
размислував; а кога станав маж, го
оставив детинското.
Сега гледам нејасно како во
огледало, а тогаш - лице во лице;
сега знам нешто, а тогаш ќе знам
како што сум познат.
А сега остануваат овие три
работи: верата, надежта и љубовта;
најголема меѓу нив е љубовта.

No comments:

Post a Comment