Sunday, October 11, 2009

Начин на подготовка на Просфора

Начин на подготовка на Просфора


230px-Prosphora.jpg

Просфората се прави со молитва. За време на правењето на просфората молете се со Исусовата молитва: Господи Исусе Христе помилуј нe, бидејќи на светата Литургија просфората ќе стане Телото на нашиот Господ Исус Христос.

Состав

5 шолји брашно, 2 шолји млака вода, 1 лажичка сол, 1 коцка свеж квасец, печат

Начин на подготовка:

Квасецот растворете го во половина шолја млака вода, на ист начин како при подготовка на обичен леб. Во длабок сад ставете брашно, па во него направете мала вдлабнатина за солта. Убаво измешајте ја со брашното и додадете го растворениот квасец. Полека се долева преостанатата вода, а потоа подолго време месете го тестото пазејќи да биде доволно цврсто.

Начин на обликување:

Тестото се дели на 5 еднакви делови. Од секој дел се прави по една просфора на следниот начин:

IMG_4098.jpg IMG_4107.jpg
Се размесува топката тесто. Се става малку брашно на даската за месење и потоа од тестото со сукање низ дланките се извлекува нагоре. Потоа, на половина од така добената форма, тестото се истенчува на средина, со сукање меѓу малите прсти на двете дланки, при што се добиваат две споени, но посебни половинки. Еден врз друг, во форма на диск се сплеснуваат со внатрешниот дел на дланката, а не со прстите. Се обликува колку што е можно поправилна кружна форма на двата дела заедно. Потоа, просфората се превртува и уште еднаш се измазнува долниот дел. Сега, повторно се става малку брашно на даската за месење и се враќа просфората во претходната положба при што долниот дел лежи во брашното. Горната површина се измазнува со дланката и внимателно се удира печатот. Додека сето ова го правиме, во себе или тивко ја изговараме молитвата, со внимание.

IMG_4111.jpg IMG_4113.jpg
Во плех, посипан со малку брашно се редат просфорите. Се печат во претходно добро загреана рерна, на тивко (150°С), околу еден час.

200px-Covered_Vessels_2.jpg


diskos.jpg

No comments:

Post a Comment