Saturday, October 24, 2009

ШТО Е ТОА ИСПОВЕД

ШТО Е ТОА ИСПОВЕД Испечати Е-пошта

brojanica.kluch.jpg


ШТО Е ТОА ИСПОВЕД
(Врз основа на делата на о. Александар Јелчанинов)

Oбично луѓето што немаат искуство во духовниот живот не ги гледаат повеќето свои гревови.
„Не направив ништо особено", „Грешев како и сите", „Направив само ситни гревови - не украдов, не убив", повеќето луѓе обично на тој начин ја почнуваат својата исповед.

А самољубието, нетрпењето на прекор, суровоста, човекоугодништвото, слабоста на верата и љубовта, малодушноста, духовната леност - зар тие се неважни гревови? Зар можеме да тврдиме дека доволно го сакаме Бога, дека нашата вера е дејствителна и огнена? Дека секој човек го сакаме како брат во Христа? Дека достигнавме кротост, мир и смирение?

Ако не е така, во што се состои нашето христијанство? Со што да ја објасниме нашата самоувереност на исповедта, освен со „рамнодушната нечувствителност", „мртвилото на срцето" и душевната смрт што и претходи на телесната?

Затоа светите отци што ни оставија покајнички молитви се сметале себеси за први грешиици и со искрена увереност се молеле кон Најслаткиот Исус: „Од памтивек никој не згрешил на земјата како што згре-шив јас, проклетиот и блудниот", а ние сме убедени дека кај нас се е во ред?

Што посилно светлоста Христова го осветлува срцето тоа појасно се гледаат сите мани (недостатоци), чирови и рани. И обратно, луѓето што се длабоко во гревовниот мрак ништо не гледаат во своето срце, а ако и видат не ги опфаќа ужас зашто немаат со што да го споредат тоа.

Заради тоа директен пат кон согледување на своите гревови е приближувањето кон Светлината и молитвата за онаа Светлина Која е суд за светот и за се „светско" во нас самите (Јн. 3, 19). А додека нема таква блискост со Христос, која ја следи покајничко чувство што станала наша вообичаена состојба, подготвувајќи се за исповед, треба да ја проверуваме својата совест согласно заповедите, некои молитви (на пример, 3 вечерна, 4 пред светата причест), според некои места од Евангелијата и посланијата (на пример, Мт. 5, Рим. 4, Јаков 3).

Кога ја испитуваме својата душа, треба да се погрижиме да ги разликуваме основните гревови од второстепените и сиптомите од подлабоки причини.
На пример, многу се важни расејаноста на молитвата, дремењето и невниманието во црквата, отсуство на интерес за читање на Светото писмо. Но, зар овие гревови не настануваат поради маловерието и слабата љубов кон Бога? Мораме во себе да ја воочиме себичноста, непослушноста, самооправдувањето, нетрпе-њето на прекор, непопуштливост и тврдоглавост, но уште поважно е да ја откриеме нивната врска со самољубието и гордоста.

Ако забележуваме желба постојано да бидеме во друштво, многу да зборуваме, желба да бидеме духовити, претерана грижа за својата надворешност, и не само за својата, туку и за своите блиски, треба внимателно да испитаме дали е тоа еден од видовите на изразување на „разнообразната суета".

Доколку премногу ги примаме на срце неуспесите од секојдневниот живот, ако тешко ја поднесуваме разделбата со некого, ако неутешно патиме заради умрените, зар ова, освен за силата на нашите чувства, не сведочи и за неверието во промислата Божја?
Постои уште едно средство што може да ни помогне да ги согледаме своите гревови - треба да се сетиме на она за што обично другите луѓе не обвинуваат, наши непријатели, а особено луѓето што живеат со нас, нашите ближни: нивните обвинувања, прекори и напади, речиси, секогаш се основани. Дури можеме да го победиме самољубието и отворено да ги прашаме за тоа - од страна подобро се гледа.
При таквото испитување на срцето мораме да внимаваме да не паднеме во преголемо сомневање и ситничарење кон секое движење на срцето зашто, кога човекот ќе тргне по тој пат, може да го изгуби чувството за важно и неважно и да се изгуби во ситници.
Во такви случаи истражувањето на својата душа треба да го оставиме некое време настрана и со молитва и добри дела да ја избистриме својата душа.

Работата не е во тоа што е можно повеќе да се сетиме, дури и да ги запишеме своите гревови, туку во тоа да стигнеме до состојба на сосредоточеност, сериозност и молитва, преку кои нашите гревови стануваат јасни како на светлина.
Меѓутоа, да ги знаеш своите гревови се уште не значи и да се каеш за нив. Вистина е дека Господ ја прима исповедта, искрена и совесна, дури и кога таа не е проследена со силно чувство на каење.

Сепак „скрушеноста на срцето", односно жалењето заради нашите гревови е она најважното што можеме да го донесеме на исповедта. Но, што да правиме, ако „ни солзи, ни покајание немаме, ниту умиление"? Што да правиме ако нашето срце „исушено од гревовниот пламен" не го оросуваат животворните води на солзите? Што ако „душевната болест и телесната немоќ" се толку големи што не сме способни за искрено покајание?
Тоа, сепак, не е причина да ја одложуваме исповедта - Бог може да се допре до нашето срце во текот на самата исповед: самоисповедувањето, нарекувањето на гревот може да го омекне нашето покајничко срце и да го изостри нашиот духовен вид, да направи да станеме почувствителни. Во совладувањето на нашата духовна тромост како подготовка за исповедта најмногу служи постот, кој, исцрпувајќи го нашето тело, го нарушува нашето телесно и душевно самозадоволство, што е погубно за духовниот живот. За ова, исто така, служат: молитвата, иоќните мисли за смртта, читањето на Евангелието, житијата на светиите, делата на светите отци, засилената борба против својата огревовеност, добрите дела.
Нашата нечувствителност на исповедта, обично, потекнува од отсуството на Божји страв и скриеното неверие. Кон ова треба да бидат насочени нашите напори.

Најважно е да постигнеме искрено покајание и, ако е можно - солзи, но за да се појавуваат често потребен е подетален и конкретен разговор.
Токму затоа солзите се толку важни на исповедта, тие ја омекнуваат нашата нечувствителност, не потресуваат „од главата до петиците", упростуваат, ни овозможуваат благодатен самозаборав, ја отстрануваат главната пречка за покајанието - нашата „себичност". Гордите и самољубивите не плачат. Ако си заплакал, тоа значи дека си омекнал, дека си се смирил.
Значи, заради тоа, после таквите солзи, настапуваат кротоста, мирот, благоста, умилението и мирот во душата кај оние на кои Господ им испратил „радостотворен плач". Не треба да се срамиме од солзите на исповед, треба да ги пуштиме слободно да течат и да ја чистат нашата нечистотија. „Давај ми потоци од солзи секој ден во постот за да ја исплачам и да ја измијам нечистотијата од страстите и да се појавам очистен пред Тебе" (1 недела од Великиот пост, понеделник на вече-рна).

Трет момент на исповедта е исповедувањето на гревовите со зборови. Не треба да чекаме прашања, треба сами да направиме напор. Исповедта е подвиг и самопринуда. Треба точно да зборуваме, да не го криеме ужасот на гревот со воопштени изрази (на пример: „грешен сум против 7. заповед"). Кога се исповедуваме, многу е тешко да ги избегнеме соблазната на самооправдувањето, обидите да му ги објасниме на духовникот „олеснителните околности", повикувањето на трети лица што не навеле на грев. Сите тие се особини на самољубието, отсуство на длабоко покајание, длабока навлезеност во гревот што и понатаму трае.
Исповедта не е беседа за своите недостатоци и сомнежи, тоа не е запознавање на духовникот со себе, а најмалку од се е „религиозен обичај". Исповедта е огнено покајание на срцето, копнеж за очистување. Тие произлегуваат од чувствувањето на светињите, умирањето за гревот и оживувањето за светоста...

Во луѓето што доаѓаат на исповед забележувам желба преку исповедта да поминат безболно. Тие или се извлекуваат со воопштени фрази, или зборуваат за ситници, премолчувајќи го она што навистина би требало да ја оптоварува совеста. Овде постои и лажен срам пред духовникот и воопшто нерешителност, како пред секоја важна работа - малодушен страв од сериозно претресување на својот живот, кој е полн со ситни слабости на кои човекот се навикнал. Вистинската ис-повед е како благ потрес на душата, таа заплашува со својата решителност, потребата нешто да се промени или едноставно човекот да се замисли над себе.

Понекогаш луѓето на исповед се повикуваат на слабото памтење што наводно не спречува да се сетиме на сите гревови. Навистина, често се случува лесно да ги забораваме своите гревови, но дали тоа се случу-ва само поради заборавањето?
Заборавањето на исповедта не е оправдување. Заборавањето потекнува од невниманието, несериозноста и бездушноста. Настаните што особено го повредиле нашето самољубие, или обратно, што многу и поласкале на нашата суета, на своите успеси и на пофалбите упатени на наша адреса се сеќаваме долги години. Се што остава силен впечаток на нас го паметиме долго и јасно, и ако ги забораваме своите гревови, зар тоа не значи дека едноставно не им придаваме се-риозно значење?

Знак дека настапило покајание е чувството на леснотија, чистота, неискажлива радост, кога гревот ни изгледа исто толку тежок и невозможен колку што, малку пред тоа, ни изгледала далечна оваа радост.
Нашето покајание нема да биде потполно,ако каејќи се, во себе не донесеме цврста одлука повеќе да не се враќаме на исповедуваниот грев.
Меѓутоа, велат, како е тоа можно? Како можам да си ветам себеси и на својот духовник дека нема да го повторам својот грев? Зар нема да биде поблиску до вистината токму спротивното - увереноста дека гревот ќе се повтори? Зашто секој на основа на искуството знае дека човекот, после некое време, неизбежно се враќа на истите гревови. Следејќи се себеси, од година во година не забележувам никакво подобрување, потскокнувам и повторно останувам на истото место.

Би било ужасно кога би било така. За среќа, не е така. Нема случај во душата да не се случат благодатни промени со добра желба човекот да стане подобар, со исповед и свето причестување што и следат.
Меѓутоа, работата е во тоа, пред се, ние да не сме судии сами на себе. Човекот не може правилно да суди за себе и за тоа дали станал подобар или полош затоа што и оној што суди и она за што се суди се со променлива големина.
Зголемената строгост кон себе, изострениот духовен вид и зголемениот страв од гревот можат да создадат илузија дека гревовите се умножиле и се зголемиле: тие останале исти, можеби, дури и ослабнале, но ние порано толку не сме ги забележувале.
Освен тоа, Бог, според Својата особена Промисла, често ни ги затвора очите за нашите успеси за да не заштити од најлошиот грев - суетата и гордоста. Често се случува гревот да останал, но честите исповедувања и причестувањето со светите тајни ги размрдале и ги ослабеле неговите корени, па и самата борба со гревот, патењето заради гревот - зар тоа не е добивка?
„Не плаши се", вели свети Јован Лествичник, „макар и да паѓаш секој ден, и не скршнувај од Божјите патишта. Стој храбро и ангелот-чувар ќе го почитува твоето трпение".

Ако нема чувство на олеснување и препород, човек треба да има сили повторно да се врати на исповедта, својата душа докрај да ја ослободи од нечистотијата, со солзи да ја измие од црнилата и нечистотијата. Оној што се стреми кон тоа, секогаш ќе го постигне она што го бара.
Само немојте на себе да ги припишуваме своите успеси, да не сметаме на своите сили, да не се надеваме на своите напори - тоа би значело уништување на се што е стекнато.

„Мојот расејан ум собери го, Господи, и скаменетото мое срце очисти го: дај ми покајание како на Петар, како на цариникот - воздишки, и како на блудницата - солзи."

А еве го советот на архиепископот Арсениј (Чудовски) за подготовката за исповед:
- На исповед доаѓаме со намера да добиеме простување на гревовите од Господа Бога преку свештеникот. Значи, знај дека твојата исповед е јалова, некорисна, неважечка и, дури, навредлива за Господа, ако одиш на исповед без никаква подготовка, не испитувајќи ја својата совест, ако заради срам или друга причина ги криеш своите гревови, се исповедуваш без скрушеност и умиление, формално, ладно, механички, немајќи цврста намера во иднина да се поправиш.

Луѓето често доаѓаат на исповед не подготвувајќи се. А што значи да се подготвиш? Тоа значи внимателно да ја испиташ својата совест, да се сетиш и со сето срце да ги почуствуваш своите гревови, да се решиш сите, без никакво криење, да ги исповедуваш пред духовникот, за нив да се покаеме, и не само да се покаеме, туку во иднина да ги избегнуваме. А бидејќи сеќавањето често не изневерува, добро прават оние што на хартија ги запишуваат гревовите на кои се сетиле. И немој да се грижиш дека нема да ти бидат простени оние гревови на кои, и покрај сета желба, не можеш да се сетиш. Само имај искрена решеност за се да се покаеш и со солзи моли го Господа да ти ги прости сите твои гревови, и оние на кои се сеќаваш и оние на кои не се сеќаваш.

На исповедта зборувај за се она што те вознемирува, што те боли, немој да се срамиш уште еднаш да ги повториш своите поранешни гревови. Тоа е добро, тоа ќе сведочи дека постојано ја чувствуваш својата гревовност и дека го победуваш секој срам од откривањето на своите гревовни рани.
Постојат таканаречени неисповедувани гревови со кои многумина живеат во текот на многу години, а можеби и сиот свој живот. Човекот понекогаш би посакал да му ги открие на духовникот, но премногу му е срам да зборува за нив и така поминуваат година по година. Меѓутоа, тие постојано ја оптоваруваат душата и и подготвуваат вечна осуда. Некои од овие луѓе имаат среќа, настапува време кога Господ им испраќа духовник, им ги отвора устите и срцата на овие непокајани и тие ги исповедуваат сите свои гревови. Така пука гнојниот чир и овие луѓе добиваат духовно олеснување и оздравување. Сепак, треба да се плашиме од непокајаните гревови!

Неисповедуваните гревови се еден вид наш долг што постојано го чувствуваме и кој постојано не оптоварува. Најдобро е кога човекот ќе го плати долгот -тогаш мир ја обзема неговата душа. Истото е и со гревовите - овие наши духовни долгови: ги исповедуваш пред духовникот и на срцето ти станува многу лесно. Покајанието на исповедта е победа над самиот себеси, тоа е победнички трофеј затоа што оној што се покајал е достоен за секакво почитување и чест.

Подготовка за исповед
Како добар пример за одредување на својата внатрешна духовна состојба и за откривање на своите гревови може да се земе „Исповед" од свети Игнатиј Брјанчанинов, нешто изменета во склад со современите услови.
Јас многугрешниот (кажи го своето име) му ги исповедувам на Господа Бога и Спасителот наш Исус Христос и тебе, чесен оче, сите мои гревови и сите мои зли дела што сум ги направил во сите денови на мојот живот и што сум ги помислил до денес.
Згрешив: затоа што заветите на светото крштавање не ги исполнив, монашкиот завет не го сочував, туку во се излажив и станав омразен пред Лицето Божјо.
Прости ни , Милостив Господи (за народ).
Прости ми, чесен оче (за поединци).
Згрешив: пред Господа со маловерието и со попуттањето пред помислите, што непријателот ги сее против верата и светата Црква, со неблагодарноста за сите Негови големи и непрестани добротворства, со изговарањето на Името Божјо без потреба, залудно.
Прости ми, чесен оче.
Згрешив: затоа што немав љубов кон Господа, ниту страв; не ја извршував Неговата света волја и светите заповеди, невнимателно се крстев, немајќи стравопочитување кон светите икони, не носев крст, се срамев да го исповедувам Господа.
Прости ми, чесен оче.
Згрешив: не ја зачував љубовта кон ближниот, не ги хранев „гладните и жедните, не ги облекував голите, не ги посетував болните и заточените во темница", не се учев на законот Божји и на преданието на светите отци поради мрзливост и негрижа.
Прости ми, чесен оче.
Згрешив: со неисполнувањето на црковното и келијното правило, одев во храмот Божји без ревност, со мрза и невнимание, не ги исполнував утринските, вечерните и другите молитви, за време на службите во црквата грешев со празнословие, смеење, дремење, невнимание кон она што се чита и пее, со расејаност на умот, излегување од храмот за време на службата, не одев во храмот Божји поради мрзливост и негрижа.
Згрешив: дрзнувајќи се нечист да одам во храмот Божји и да допирам секаква светиња.
Прости ми, чесен оче.
Згрешив: со непочитувањето на празниците Божји, нарушувањето на светите постови и непридржувањето на посните денови - среда и петок, со неумереноста во јадењето и пиењето, прејадувањето, тајното јадење, разновидното јадење, пијанството, незадоволството од храната и пиењето, облеката, чекањето се на готово, исполнувањето на својата волја и разум, со самоволието, самовластието и самооправдувањето, немањето на должна почит кон родителите, невоспитувањето на своите деца во православната вера, проколнувањето на своите деца и блиските.
Прости ми, чесен оче.
Згрешив: со неверието, суеверието, сомнежот, очајанието, сквернавењето на светиите, лажното колнење во Бога, играњето, пушењето, играњето карти, сплетките, со споменувањето на живите за покој на душите, јадењето на крв од животните.
Прости ми, чесно оче.
Згрешив: со обраќањето за помош на посредниците на демонските сили - окултистите: биоенергетичарите, екстрасенсите, неконтактните масери, хипнотизерите, „народните" исцелители, волшебниците, гледачите, надрилекарите, гатачите, астролозите, парапсихолозите, со учествувањето во сеансите за „кодирање", за отстранување на „уроци", спиритизмот, „контактирањето" со НЛО (летечки чинии) и „вишиот разум", со приклучувањето на „космичката енергија".
Прости ми, чесен оче.
Згрешив: со гледањето и слушањето на телевизиските и радиоемисиите во кои учествуваа биоенергетичари, исцелители, астролози, гатач и надрилекари.
Прости ми, чесен оче.
Згрешив: изучувајќи ги различните окултни учења, теософијата, источните култови, учењето „Жива етика", занимавајќи се со јога, медитација...
Прости ми, чесен оче.
Згрешив: со читањето и чувањето на окултна литература.
Прости ми, чесен оче.
Згрешив: посетувајќи ги настапите на протестантските проповедници, учествувајќи на собирите на баптистите, „Јеховините сведоци", адвентистите, „Богородичниот центар", „белото братство" и другите секти, примајќи еретичко „крштавање", паѓајќи во ерес и сектантско учење.
Прости ми, чесен оче.
Згрешив: со гордоста, вообразеноста, самољубието, надменоста, честољубието, зависта, раздразливоста, фалењето.
Прости ми, чесен оче.
Згрешив: со осудувањето на сите луѓе - живи и мртви, со клеветата и гневот, злопамтењето, омразата, враќањето на зло со зло, со правењето сплетки, прекорувањето, лукавството, мрзливоста, измамата, лицемерието, озборувањето, расправањето, тврдоглавоста, не сакајќи да попуштам и да му послужам на ближниот, згрешив со радувањето на злото, злобата, лошите совети, навредувањето, потсмевањето, посрамувањето и човекоугодувањето.
Прости ми, чесен оче.
Згрешив: со неумереноста на духовните и телесните чувства, со душевната и телесната нечистота, со насладувањето и задржувањето на нечистите помисли, пристрасноста, сладострасноста, нескромното гледање на жените и момчињата, со блудното сквернавење во сонот, неумереноста во брачниот живот.
Прости ми, чесен оче.
Згрешив: со невниманието кон советите на својата совест, со негрижата, мрзливоста во читањето на зборовите Божји и негрижата да ја стекнам Исусовата молитва. Згрешив со лакомоста, среброљубието, неправедното стекнување, одземањето, крадењето, скржавоста, страсната поврзаност за разни работи и луѓе.
Прости ми, чесен оче.
Згрешив: со осудувањето на архијереите и свештениците, со непослушанието на духовните отци, со роптањето и озлобеноста против нив и со неисповедувањето на своите гревови пред нив поради заборавеноста, негрижата и лажниот срам.
Згрешив: со затвореноста, презирањето и осудувањето на сиромашните, одев во храмот Божји без страв и стравопочитување.
Прости ми, чесен оче.
Згрешив: со мрзливоста, разгаленоста, љубовта кон телесното спокојство, долгото спиење, сладострасните мечтаења, страсните движења на телото, допирите, блудот, прељубата, одземањето на невиноста, онанијата, невенчаните бракови (тешко згрешиле оние што вршеле абортуси на себе или на други или наговарале некого на овој голем грев на чедоморство).
Прости ми, чесен оче.
Згрешив: со јаловото и празно минување на времето во празни разговори и во неумерено гледање на телевизија.
Згрешив: со малодушноста, нестрпливоста, роптањето, немањето на надеж за спасение и на милоста Божја, со нечувствителноста, незнаењето, безобразлукот и бесрамноста.
Прости ми, чесен оче.
Згрешив: со клеветењето на ближниот, со гневот, навредата, раздразливоста и потсмевањето, непомирливоста, непријателството и омразата, пркосење-то, тајното гледање на туѓите гревови и слушањето на туѓите разговори.
Прости ми, чесен оче.
Згрешив: со ладнотијата и нечувствителноста на исповедта, смалувањето на гревовите, обвинувањето на ближните и неосудувањето себеси.
Прости ми, чесен оче.
Згрешив: против животворните и свети тајни Христови, пристапувајќи им должната подготовка, без скрушеност и страв Божји.
Прости ми, чесен оче.
Згрешив: со збор, мисла и со сите мои чула: видот, слухот, мирисот, вкусот и допирот, волно или неволно, во знаење или незнаење, свесно или несвесно, и не можат да се набројат сите мои гревови поради нивното мноштво. Но, за сите овие, како и за оние што не ги споменав поради заборавеноста, се каам и жалам и ветувам дека во иднина ќе се чувам од нив со Божја помош.
А ти, чесен оче, прости ми и разреши ме од сево ова и помоли се за мене грешниот, а во судниот ден посведочи пред Бога за гревовите што ги исповедував. Амин.

Заедничка исповед
Како што е познато, во црквата не се практику-ва само посебна, туку и таканаречена „заедничка исповед" во која свештеникот ги отпушта гревовите, без да ги сослуша од сите оние што се каат.
До замена на посебната исповед со заедничка дошло поради тоа што свештеникот често нема можност да ја прими исповедта од сите што тоа го сакаат. Сепак е неоспорно дека таквата замена е крајно непожелна и дека не можат сите и секогаш да учествуваат во заедничката исповед и после неа да пристапат кон светата причест.
Во заедничката исповед човекот нема прилика да ја открива гнасотијата на својата духовна одежда, не мора да се срами поради неа пред свештеникот и нема да биде допрена неговата гордост, самољубие и суета. Вака нема да има казна за гревот што заедно со нашето покајание би направила да добиеме милост Божја.
Како второ, во заедничката исповед се крие опасност на светата причест да му пристапи грешник на кого во поединечната исповед свештеникот не би му дозволил да пристапи.
Многу сериозни гревови бараат сериозно и долго покајание. И тогаш свештеникот му забранува на човекот да се причести некое одредено време и му дава епитимија (покајнички молитви, метании, воздржува-ње од нешто). Во други случаи свештеникот мора да добие ветување од покајникот дека тој повеќе нема да го повторува гревот и дури тогаш му допушта да се причести.

Поради тоа не смее да се пристапува кон заедничка исповед во следниве случаи:
1) кога човекот долго - неколку години или многу месеци не бил на поединечна исповед;
2) човек што на душата има смртен грев или грев што многу ја вознемирува и ја мачи неговата совест.

Во такви случаи оној што се исповедува мора да му пристапи на свештеникот после сите учесенци во исповедта и да му ги исповедува гревовите што лежат на неговата совест.

Може да се смета дозволено (во случај на потреба) учествувањето во заедничка исповед само за оние што многу често се исповедуваат и се причестуваат и се проверуваат себеси, повремено, на поединечна исповед и што се сигурни дека оние гревови што ги кажуваат на исповедта, нема да послужат како повод да им се забрани да пристапуваат кон светата причест.
Притоа, исто така, неопходно е да учествуваме на заедничка исповед или кај својот духовен отец или кај свештеник што добро не познава.

Исповед кај старецот Зосим
За тоа дека во некои случаи е можна нема (т.е. без зборови) исповед и за тоа како треба да се подготвуваме за неа, зборува следнава случка од биографијата на старецот Зосим од Троице-Сергиевата лавра.
„Со две дами се случи следнава случка. Одат тие кај старецот во келијата и едната од нив целиот пат се кае поради своите гревови: „Господи, колку сум грешна, еве тоа и тоа не го направив како што треба, овој го осудив итн. ... прости ми, Господи". ... И срцето и умот како да паѓаат пред нозете на Господа. „Прости ми, Господи, и дај ми сили повеќе да не те навредувам така".
Се трудела да се сети на сите свои гревови и непрестано се каела во текот на патот.

А другата мирно одела кај старецот. „Ќе дојдам, ќе се исповедувам, ќе речам дека во се сум грешна, а утре ќе се причестам". А потоа размислува: „Каков материјал да купам за фустан за ќерка ми, каков крој да изберам за да и одговара на лицето..." и на тоа слични светски мисли го окупирале срцето и умот на другата дама.

Двете заедно влегоа во келијата кај старецот Зосим. Обраќајќи и се на првата, старецот рече: „Клекни на колена да ти ги отпуштам гревовите". „Како, старче, уште ништо не сум ви рекла?" „Не треба да зборуваш, цело време му ги кажуваше на Господа, целиот пат му се молеше на Бога така што сега ќе ти дадам разрешување, а утре ќе те благословам да се причестиш... „А ти," и се обрати на другата дама, „ти оди и купи материјал за фустанот на својата ќерка, избери крој и сошиј што си смислила. Кога твојата душа ќе дојде до покајание, дојди на исповед. А сега нема да те исповедам".

За епитимиите
Во некои случаи свештеникот, на оној што се кае, може да му даде епитимија. Тоа се духовни вежби што се одредуваат за да се искоренат гревовните навики. Во склад со оваа цел се одредуваат и подвизи на молитви и добри дела, кои мораат да бидат во директна спротивност со гревот за кој се одредени. На пример, на среброљубецот му се одредуваат дела на милосрдие, на блудниот - пост, на маловерниот - молитви со метании итн. Понекогаш, поради упорното непокајание на оној што се исповедува поради некој грев, духовникот може за некое време да му забрани да учествува во светата тајна причест. Кон ептимијата треба да се однесуваме како кон Божја волја, која преку свештеникот е изречена на оној што се кае и таа мора да се прифати и задолжително да се исполни. Во случај човекот, поради некои причини, да не може да Ја исполни епитимијата, за разрешување на настанатите тешкотии треба да се обрати кај свештеникот што ја одредил.

За времето на извршување на светата тајна исповед
Во постоечката црковна практика, светата тајна исповед се извршува во храмовите, наутро, на денот кога се служи божествена Литургија. Во некои цркви исповедта може да се извршува и навечер, спроти тој ден. Во храмовите каде што Литургија се служи секој ден исповедта е секојдневна. Човекот во никој случај не смее да доцни на почетокот на исповедта зашто светата тајна почнува со читање на молитвите пред исповед, во кои молитвено мора да учествува секој што сака да се исповедува.
Завршни работи на исповедта: после исповедувањето на гревовите и кога свештеникот ќе ја прочита молитвата за разрешување на гревовите, покајникот ги целива крстот и Евангелието што лежат на аналојот и зема благослов од духовникот.

Врската помеѓу светата тајна елеоосветување и простувањето на гревовите
И молитвата со вера ќе Го исцели болниот,... и Гревови, ако направил, ќе му се простат (Јак. 5, 15).
Колку внимателно да се трудиме да ги запаметиме и да ги запишеме своите гревови, може да се случи голем дел од нив да не бидат кажани на исповед, некои ќе ги заборавиме, а некои, едноставно, нема да ги воочиме и забележиме поради духовното слепило.
Во тој случај, Црквата му доаѓа на помош на покајникот со светата тајна елеоосветување или, како што често се нарекува, „помазание". Оваа света тајна е основана по советите на апостол Јаков - главата на првата Ерусалимска црква.
Болен ли е некој меѓу вас, нека Ги повика свештениците црковни, та да се помолат над него, и нека Го помажат со елеј во името Господово. И молитвата со вера ќе го исцели болниот, и Господ ќе Го крене; и Гревови, ако направил, ќе му се простат (Јак. 5, 14-15).
Така, во светата тајна елеоосветување ни се простуваат гревовите што не сме ги кажале на исповед поради незнаење или заборавеност. А бидејќи болестите се последица на нашата гревовна состојба, ослободувањето од гревовите често води и кон исцелување на телото.

Некои неревносни христијани ги занемаруваат светите тајни на Црквата и по неколку, па дури и многу години не пристапуваат кон исповедта. И кога ќе станат свесни дека таа е неопходна и кога ќе дојдат на исповед, секако дека им е тешко да се сетат на сите гревови што ги направиле во текот на многу години. Во ваквите случаи оптинските старци, на овие христијани што се покајале, секогаш им советувале веднаш да учествуваат во три свети тајни: исповед, елеоосветување и причестување со светите тајни.
Некои старци сметаат дека во светата тајна елеоосветување луѓето можат да учествуваат еднаш во неколку години, и тоа не само тешко болни, туку и сите оние што се грижат за спасението на душата.

Исто така, треба да кажеме дека на христијаните, што не ја занемарувале долго време светата тајна исповед, оптинските старци не им советувале да бидат миропомазани, доколку не постоела сериозна болест.
Во современата црковна практика светата тајна елеоосветување, во храмовите, се извршува секоја година за време на Великиот пост.
Христијаните, што поради некоја причина не се во можност да учествуваат во светата тајна елеоосветување, не смеат да ги заборават советите на старците Варсануфиј и Јован, на кои им било поставено прашањето: „Заборавот го брише сеќавањето на многу гревови - што да правам?"
Одговорот бил ваков:
- Можеш ли да најдеш посигурен заемодавател од Бога, Кој го знае и она што се уште не се случило? Значи, препушти Му го товарот на гревовите што си ги заборавил и речи:
„Владико, бидејќи е грев да ги заборавиш своите гревови, јас во се Ти згрепшв Тебе, Единствениот Поз-навач на срцата. Прости ми за се по Своето човеко-љубие зашто токму во тоа се покажува големината на Твојата слава, кога Ти не им враќаш на грешниците според нивните гревови, зашто Ти си препрославен во сите векови. Амин".

Friday, October 23, 2009

ВОСПИТУВАЊЕ НА ДУШАТА

ВОСПИТУВАЊЕ НА ДУШАТА

Совевиден систем на внатрешна контрола, на детето може да му помогне да ги сочува телесното п духовното здравје во светот на машините, телевизорите и компјутерите. Неговото создавање треба да постане главна задача на денешните родители кои му посакуваат добро на своето дете.
Пред се, нивна света обврска е да му даваат правилен животен патоказ. Тогаш никакви телевизиски јунаци нема да станат негови идоли и штетните влијанија на паднатиот свет нема да бидат во состојба непречено да се поигруваат со неговата душа.

За православните луѓе, за верниците, таков ориентир, едниствен што не подлежи на никаков сомнеж, претставуваат Христовите заповеди. Само потпирајќи се на нив, човекот може да даде исправна духовна оценка на се она што се случува со него. Во спротивно, повлечен од брановите на сопствените страсти, не согледувајќи во својот живот никаква виша смисла, тој потонува во морето на секојдневниот живот, се повеќе нурнувајќи во морската ширина на гревот.

Правилното христијанско воспитување и за душата полезните влијанија, детето треба да ги добива во рамките на побожното и сложно семејство, а пред се во Црквата. Овде постојат значајни моменти: правилен и благовремен избор на духовник за детето, проблемот на постовите и многу други. Ќе се задржиме на некои од нив.
На пример, како да му се направи животот на детето занимлив, исполнет и радосен, без телевизор, без компјутерски „игри“, без „сони плејстејшн“, без „Мек Доналдс“ и без „кока-кола?“ Како да се исполни духовната содржина, притоа не скратувајќи му ја играта на детето и утехите што како на дете му припаѓаат?

Од родителите зависи како ќе му покажат на детето (не со зборови, туку со дело), како може да се радува на животот и притоа да биде православен. Ученикот во ниските одделенија треба да има веќе нешто интересно да им се спротивстави на забавите на своите врсници, не завидувајќи им на оние кои веќе ги виделе сите „цртани филмови“ и „игри“. Добро е ако, разговарајќи со другарите за вчерашниот неделен ден, тој може да каже: „А ние, пак, вчера бевме таму и таму и го видовме тоа и тоа“. Тоа може да биде, на пример, манастир, излетничко место, посета на семејните пријатели...
Навлегувајќи во адолесцентско доба, детето неизбежно ќе се судри со искушенијата на лесен и пријатен живот „според страстите“; врз него ќе надојде порој на пропаганда за удобен жи¬вот, распуштеност и разврат. Затоа, добро би било, неговата душа однапред де се зацврсти со претставата за подруг животен пат, за што е речено: А тесни се вратите и тесен е патот што водат кон животот, и малцина го наоѓаат (Мт. 7:14).
За православното дете многу е полезно да ја познава, не само својата парохија и својот свештеник, туку некое време и да престојува во манастирите што сега се препородуваат во градовите и во селата. Тоа нема само да ги прошири неговите видици, туку ќе придонесе и за неговиот духовен напредок.

Влегувајќи низ манастирските порти, детето преминува одредена граница. Посебно јасно тоа се чувствува во градските манастири: пред малку бевте на шумната улица што остава впечаток на масовно лудило, а сега пред вас е поинаков свет кој живее според подруги закони. На свој начин - жива икона на небесното Царство. Покажете му ја тогаш на детето таа икона.
Да се воведе детето внатре, во тој подруг, „поинаков“ манастирски свет, објаснувајќи му ги претходно правилата на однесување во манастирот, покажувајќи му ги монасите во текот на богослужението и извршувањето на послушноста, да го одведеш кај јеромонахот по благослов - сето тоа може да се направи и кога детето е се уште сосема мало.

Попатно, мајката или таткото, ќе му раскажат дека монасите уште се викаат „иноци“ зара¬ди тоа што тие се „ини“, т.е. поинакви, а тоа значи дека тие не живеат како другите луѓе, бидејќи се оддалечиле од светот за да Му служат исклучиво на Бога и за да се молат за спасението на луѓето...
Повозрасните деца ќе ги заинтересира историјата на манастирот; нив можете да ги одведете на екскурзија. Често екскурзиите во православните манастири ги организираат училиштата по веронаука при храмовите. Нашите предци многу го сакале таквиот вид на благочестив семеен одмор (од секојдневниот метеж), како што е поклоничкото одење во далечен манастир. Најчесто ги посетувале: Троица - Сергеевата лавра, Оптинскиот манастир, Дивјеево.

За децата тоа претставува уште и забавно патување со подготовка, со пакување, со радост заради претстојниот пат. Многумина ги паметат таквите поклонички патувања преку целиот живот. Природно, од низа причини, тие не можат да се преземаат често, ама со тоа, за нив, ќе биде посериозна и поинтересна подготовката, така што тие длабоко ќе се задржат во сеќавањето на детето.

Најдобро е да се помине некое време во манастирот, да се вклучи во манастирскиот живот. Поедини неделни училишта, за учениците организираат своевидни детски летни одморалишта при познатите манастири, каде што децата за време на распустот можат и да посетуваат богослужби, и да се капат во реката, и да шетаат, и да ги извршуваат послушанијата поврзани за одржувањето на храмот или на манастирската порта, како и во манастирската бавча, во полето или во шумата...

Во многу манастири има бесплатни конаци за поклониците, каде што може да се спие по неколку дена и да се работи за доброто на манастирот. Возрасните заправо можат да се упатат таму со децата од адолесцентска возраст.
Градските манастири, обично надвор од градот, имаат свои испоснички ќелии, помошни стопанства, каде што, исто така, со задоволство ќе примат поклоници - помошници.

Православните руски манастири со нивните светињи, со чудотворните извори, со своето славно историско минато, исто така, се слика на вистинската, жива татковина.
Манастирот - тоа е место каде што се чувствува струењето на новиот живот. Истото тоа, макар што на малку подруг начин, може да му се пружи на детето, да го осети на православните гробишта...
Ние веќе говоревме за тоа дека, благодарејќи на „масовната култура“, во детската свест се всадува претстава за животот и за смртта што е повеќе лекомислена и сосема туѓа на православното сфаќање на светот. Како да се воспита детето да нема ни паничен ужас од смртта, ни навики за смртта, која ја всадуваат во неговата душа современите погледи?

Во тоа од голема помош ќе биде таквото благочестиво и полезно дело, како што е посетувањето на гробиштата. За ползата од посети на гробиштата пишувале светите Отци. Современите православни педагози во потполност го делат тоа мислење и во поглед на децата: за нив, исто така, е многу полезно да престојуваат на гробиштата. Пред се, покрај гробовите на своите ближни.

Да му се зборува на детето за смртта е најдобро овде, во мирот и во тишината, меѓу брегчињата на гробовите, оградите, крстовите. Сите размислувања за минливоста на овоземните задоволства што се изречени во обична ситуација, помалку отуѓено, овде се доживуваат подруго, подлабоко, поинтензивно. На гробиштата, на посебен начин се чувствува единственоста и неповторливоста на секоја човечка личност и вредноста на животот што ни го дарувал Бог.

Добро ќе биде ако децата и помогнат на мајката да ги исчисти гробовите на роднините, напролет да посади цвеќе, да запали свеќа под крстот и, што е најважно, ако децата навреме се навикнат да се молат за покој на душите на починатите роднини, како и за другите православни христијани кои се таму сохранети.

Постои благочестив обичај - да се дојде заради молитва на гробот на праведникот, кого Црквата уште не го канонизирала, ама кој ужива спонтано почитување од црковниот свет.

На гробиштата живо е присутен вечниот живот. Гробиштата се такво место што посебно упатува на духовни разговори и размислувања. На гробиштата се зацврстуваат семејните врски, со воспоставува жива врска меѓу времињата и поколенијата.
Говорејќи за семејното четиво, за крај, го оставивме најважното: читање на евангелието на децата, тој убав и духовно полезен обичај, без што е незамисливо правилното христијанско воспитување. Тој обичај постоел секогаш и сега постои во многу православни семејства.
Денешните родители, најчесто, на своите деца им читаат евангелие додека се тие болни или пред спиење, кога детската душа е најприемлива и кога е помалку зафатена со секојдневните грижи. Телесниот принцип на личноста за време на болеста стивнува, се смирува; пред спиење, кога детето веќе лежи во креветот, кога дневниот метеж се повлекува и детето има поголема потреба од мајка и од татко.

Искуството покажува дека треба што е можно порано да се започне со читање на вистински текстови од Новиот завет заедно со децата. За тоа, во книгата „Кога децата се болни“ пишува свештеникот Алексеј Грачов. „Понекогаш, вели тој, родителите не можат да се одлучат да почнат да им читаат на децата вистинско евангелие - им читаат „Детска Библија“. Веќе од седмата - година може да се чита вистинско Свето Писмо за детето да би се навикнувало на духов¬ната храна со вистинска вредност. Не треба да се одгледува со вештачка храна, туку со мајчинско млеко“.
До тој ист заклучок доаѓаат многу православни родители врз основа на сопственото искуство. Мајката на две мали деца ни ги соопштува своите забелешки. Таа била вчудовидена од огромниот впечаток, што вистинското (а не прилагоденото за деца), Слово Божјо го остава врз децата од 8 и од 5 години: тие ги доживуваат Божјите заповеди преку читање на „вистинско“ евангелие „како непосреден повик што им е упатен на нив“.
Таа, мајка им, ги советува сите родители: евангелие (вистинското, не прераскажано) може селективно да му се чита на дете од околу четири години. Ако добро се познава Новиот завет, не е тешко да се пронајде помал извадок што би претходел на доаѓањето на некој празник. Тоа четиво е посебно важно, бидејќи на тој начин почнува христијанскиот живот, кој не се одделува од „Библијата“.

Психолозите велат дека времето пред спиење, кога детето веќе лежи во постела, е најповолно за доверливи разговори. Поедини родители, по краткотрајното читање, сакаат да разговараат со децата; забележано е, на пример, дека малите деца со задоволство одговараат на прашањата во врска со прочитаното четиво, споредувајќи го со она што го слушнале во сопствениот живот.

Бигорски манастир - сведоштво за нашите падови, но и за нашите воскресенија

Бигорски манастир - сведоштво за нашите падови, но и за нашите воскресенија

'Затоа радувајте се, макар сега да сте малку во скрб – ако е потребно – во различни искушенија, та вашата вера испитана, да излезе подрагоцена од нетрајното злато, па било тоа да е испитано и преку оган, за пофалба, чест и слава, кога ќе се појави Исус Христос..."

Овие прекрасни зборови на светиот Апостол Петар кои тој преку своето послание ги упатува до верните, се вистинска утеха и мелем за нашите нажалени срца. Гледајќи ја потресната глетка на пеплосаниот конак, Бигорското братство не можеше а да не воздивне од тага, бидејќи крстот е голем и тежок, но сепак охрабрени и молитвено поткрепени од својот старец, тие полека се подигнаа под тежината на крстот и решени смирено да го носат до крај, веднаш започнаа со расчистување и заштита на она што можеше да се спаси. И веќе атмосферата е поинаква. Пораката што од овде излегува веќе не е онаа на болка и пустош, туку просто зрачи од надеж, надеж дека ова е еден нов почеток, дека по милоста Божја и по молитвите на Св. Јован, овде набрзо повторно ќе никне конак.

А Господ се радува на овој прекрасен пример на трпение во искушението, на незгасната ревност, на силна вера и ги прегрнува своите чеда, кои сега, во искушението, Му се најблиску. И со мали знаци веќе го најавува славното воскресение. Во најкритичниот дел, каде до последно се интервенираше, каде одново и одново ке вивнеше пламен, сега сме сведоци на едно чудо: по само три дена нова млада пченица се пробива низ пеплосаните греди и како да сведочи дека подобно на Јона во китот и на тридневното воскресение на преблагиот наш Господ, и овој конак, што беше погребан во огнот како пченично зрно, ке воскресне во полн сјај од својата пепел.

И сестрите во манастирот на Св. Георгиј Победоносец, кои во секое време ги делеа радостите и тагите на Бигорските браќа, ги соединија со нив своите молитви кон Пресветата Владичица да го покрие нашиот народ со својот свет покров, да ги растопи и смилостиви скаменетите срца, да ги разбуди заспаните души за покајание и сите заедно да Му принесеме на Господа духовна жртва - покајни солзи за народните гревови, како што Бигорскиот игумен, Архимандрит Партениј нагласи во својата порака до верниците:

'Ова е повик од Господ да ја обновиме светињата во голем сјај. Ова Тој го бара од сите нас, овие млади генерации, да го обновиме Бигорски, да го вратиме и да му го подариме на Господ и да се молиме Господ да го прими сето тоа од нашите раце. Ова што се случи за нас е една голема трагедија, тагата е неопислива, но за христијаните нема очајание. Не смееме да очајуваме и ако плачеме, плачеме за нашите народни гревови и за возобновување, а никако во очај, бидејќи низ историјата сме имале огромни искушенија, но нашите татковци ни во најтешките периоди никогаш не очајувале. Тие имале силна вера во Крстот Господов и во Воскресението и од пеплиштата повторно се подигале и верно Му служеле на Бога. Нашите татковци направиле многу, ќе продолжиме и ние. Ќе продолжиме со добри македонски верници, кои се живата Црква, бидејќи Господ ја љуби живата Црква. На Господ, пред се, најмили му се чистите срца, молитвите и нашите покајнички солзи, а другото ќе ни го врати во голем сјај. Ве замолувам да не очајуваме туку да плачеме за нашите гревови, бидејќи, навистина, ова е можеби една опомена од Господ дека сме паднале, зашто Бигорски низ историјата бил сведоштво за нашите падови, но и за нашите воскресенија. Се надевам дека од сега па натаму ќе има воскресение. Дека ќе се покаеме,... сите ќе се обединиме. Ќе ја обновиме светињата и целата наша татковина. Господ ни дава таква можност, за благослов на сите нас, да се вградиме во една голема историска светиња и така повторно да ја докажеме нашата силна вера во Бога.

Ги благословувам сите оние кои се добронамерни кон светињата и кои сакаат да ја помогнат. "

За молитвата


  • За молитвата

    Молитвата е беседа на човечкото срце со Бога низ која, представувајќи Го невидливо Бога пред себе, човекот ги излива чувствата на својата душа пред Него. Таа е издигнување на умот и срцето кон Бога, најсигурен мост за премин преку искушенијата на животот, нескршлива карпа на сите кои што веруваат, мирно пристаниште, божествени алишта што ја облекуваат душата со добрина и убавина. Молитвата е мајка на сите добри дела, чуварка на чистотата на телото, невиноста, сигурен бранител од сите итрини на нашиот вечен непријател – ѓаволот, најсилно оружје за одбрана на Христовото име од Неговите непријатели. Таа е просветување на умот, прочистување на душата и срцето, разбивање на очајот и тагата, раѓање на надежта, ублажување на гневот. Застапник на оние на кои им се суди, радост на оние кои се во темнина, спасение на оние кои гинат.

    Нема ништо повредно во човечкот живот од молитвата. Таа и неможното го прави можно, тешкото-лесно, непријатното-пријатно. Таа и е толку потребна на човечката душа колку што му е потребен воздухот на дишењето. Оној кој не се моли, се оддалечува од Бога и станува сличен на суво и неплодно дрво кое се сече и во оган се фрла.

    „Молете се постојано“, вели Свети Апостол Павле, а Господ Исус Христос ни заповеда: „Бидете будни и молете се, за да не паднете во искушение“ (Мт.26,41). Постојаната молитва не се состои само во непрекинато изговарање на молитвени зборови, туку и во нашата постојана свесност и чувство дека секогаш стоиме пред Бога, дека Господ Бог ги гледа и ги знае нашите дела, намери, помисли и желби.

    „Кога ги насочуваш умот и мислите кон Небото, - вели Свети Макарије Велики, - и сакаш да се соединиш со Господа, тогаш монаштво од зли духови како црн облак се надвиснува над тебе за да ти го попречи патот кон Небесата. Но, како што старите ѕидови на Ерихон паднаа под силата Божја, така и сега карпите на злото, кои што го спречуваат твојот ум, ќе бидат соборени од силата Божја. Кога се молиш, сети се пред Кого стоиш. Биди глув и нем за се што те опкружува, повикувај Го Господа на помош и Тој ќе ти помогне. Искорени го секое чувство на гнев и целосно исчисти го убиственото чувство за телесна желба, кон што и да е таа насочена“.

    Да се молиме не само кога чувствуваме расположение за молитва, туку и кога мрзеливоста, сонот, заборавеноста и се друго не оддалечуваат од неа. Да се молиме и кога сме радосни и кога сме во жал, кога сме здрави и кога сме болни, во немаштија и во изобилсвто, кога сме силни и кога сме немоќни, кога примаме и кога даваме. Во таква молитва ѓаволот со голема сила и искушенија ги напаѓа оние кои се молат создавајќи им страв и несигурност. Но тогаш и Божјата благодат се умножува поради духовна помош. Затоа Свети Апостол Павле ќе рече: „Силата Твоја (Боже) во немоќта моја (се покажува)“, како и тоа дека „Господ нема да допушти поголеми искушенија од оние што можеме да ги поднесеме“.

    За да се запазиме од расеаност на умот, светите отци препорачуваат разумот да се врзува за зборовите на молитвата. Затоа, подобро е молитвите да се читат и од молитвеникот, а не да се кажуваат напамет. Вака вдлабочениот ум во милитвени зборови не бега така лесно на разни страни.

    Во молитвата не треба премногу да се напрегнуваат нервите, ни премногу да се воздивнува и вовлекува воздух, ниту пак главата да се држи премногу исправена. Напротив, треба да се молиме со длабоки, но незабележливи воздишки, со вземи наведната глава, со смирено и повремено фрлање поглед врз светите икони – како оние кои навистина се чувствуваат грешни и недостојни пред Бога.

    За човекот нема поголема утеха во тагата, од молитвата. „Се мачи ли некој меѓу вас, нека му се моли на Бога“ (Јк.5,13).

    Болестите и несреќите наши се последица на гревот. Гладот, војните, сушите, поројните и прекоумерени дождови, земјотресите и останатите непогоди доаѓаат поради гревот на народот. Коренот на сите несреќи лежи во нас самите. Оттаму се јавува и потребата да Му се молиме на Бога и за простување на гревовите и ослободување и избавување од сите зла. Ако пак некогаш упатените кон Бога молби Бог не ги исполни, тоа е за да го пакажеме нашето трпение, или поради тоа што во молитвата сме барале зло, а не добро за нашите души.

    Молитвата кога сме сами, по Божја наредба (Мт.6,16), не смееме да ја сметаме за доволна. Највозвишена и најсилна молитва е заедничкатаsh молитва на Божествената Литургија, кога постигнуваме единство со Бога, според Неговото ветување: „Таму каде што се двајца или тројца собрани во Мое име, таму, помеѓу нив, Сум и Јас“.

    Во молитвата не смее да се бара земна слава, материјални богатства, суетни и преодни нешта, туку, како што вели Господ Исус Христос, „Најнапред барајте Го Царството Небесно и Славата Негова, а останатото ќе ви се додаде“.

    Внатрешното молитвено чувство го изразуваме осенувајќи се себеси со Крстниот Знак.

    Според Светото Предание наследно од Апостолите и Светите Отци, православниот христијан треба да се осенува со знакот на Светиот Крст. Тоа треба да го прави со посебно внимание и правилно на следниот начин: Најпрво, ги составува палецот, показалецот и средниот прст од денста рака, како симбол на Светата Троица. Така составени, ги става на челото, велејќи: „Во името на Отца“, па под градите, изговарајќи ги зборовите „и Сина“, и на крајот на десното и левото рамено, велејќи „и Светиот Дух. Амин“. Потоа, спуштајќи ја раката, благо се поклонува.

    Соединетите три прста ја означуваат нашата вера во Пресветата Троица: Бог Отец, Бог Син и Бог Свети Дух, а двата свиткани прста ја означуваат нашата вера во Синот Божји Исус Христос, односно верата во Неговата двојна природа – дека е Он и Бог и Човек, и дека заради нашето спасение слезе од Небесата на земјата.

    Крстниот знак го ставаме на челото за да го просвети нашиот ум и да ги освети нашите мисли; на градите – за да ни го освети срцето и ни ги облагороди чувствата; на рамената – за да ни ги зацврсти и освети телесните сили и да го повикаме благословението врз делата на нашите раце.

    Крстниот знак го символизира повикувањето на Божјото име и славословувањето на Бога. Затоа тој се извршува секогаш при влегување и излегување од светиот храм; кога свештеникот возгласува: „Благословен е нашоит Бог…“, при секој возглас со кој се оддава слава на Пресвета Троица; при зборовите: „Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух“ и при секој друг почеток на молитва; при зборовите: „Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух“ и при било кое славословие кон крајот на молитвата.

    Како што не треба да го повикуваме Божјото име напразно, без неопходност и ненабожност, така и крстниот знак не треба да го правиме често и брзо, и притоа небржно претворајќи го во бессмислено движење на раката.

    Невнимателното осенување со крстот Го жалости Господа и грев прави оној кој неправилно се крсти. Таквото крстење не само што нема никаква сила, туку напротив, претставува радост за нечестивиот (ѓаволот), зашто тоа не е веќе оружје против бесовите. Со силата на крстот светителите лекувале болни, воскреснувале мртви, и им помагале на луѓето правејќи секакви чуда.

    Црковната песна го восфалува Чесниот Крст со зборовите: „Крстот е чувар на вселената, Крстот е украс на Црквата, Крстот е сила на владетелеите, Крстот е слава на ангелите и пропаст на демоните“.

    Со поклоните пак, ја изразуваме нашата набожност и особено стравопочитување кон Бога, како и нашето покајно чувство. Земните поклони, кои често се препорачуваат во деновите на покајание и пост, особено во текот на Велигденскот пост, не е дозволено да се извршуваат во деновите на општа духовна радост, и во неделните денови и Саботите, во големите празници, од Велигден до Духовден и од Божик до Богојавление вклучително. Исто така, и по причестувањето со Светите Христови тајни, тој ден, не треба да се прават земни поклони.

    Коленопреклонувањето, т.е. стоењето на колена во храмот се прави при читање на особени коленопреклони молитви.

    На почетокот на секо молитвено правило, поклонувајќи се, треба да се изговараат следниве молитви:

    Боже, биди милостив кон мене грешниот!

    Боже, очисти ги моите гревови и помилуј ме!

    Господи, Кој си ме создал, помилуј ме!

    Безмерно згрешив, Господи прости ми!

    Владичице моја, Пресвета Богородице Дево, спаси ме грешниот!

АСТРОЛОГИЈАТА И МАГИЈАТА ВО СВЕТЛИНАТА НА ПРАВОСЛАВНОТО УЧЕЊЕ

АСТРОЛОГИЈАТА И МАГИЈАТА ВО СВЕТЛИНАТА НА ПРАВОСЛАВНОТО УЧЕЊЕ

Астрологијата и магијата во светлината на Православното учење

свештеник Родион Петроградски

1. ВОВЕД


Кога верата исчезнува, нејзиното место го зазема суеверието. Во тој поглед, човечката душа не ја поднесува празнината. Човекот е создаден според образот Божји (Бит.1,27), и од почетокот е насочен кон својот Творец. Но, кога ќе го загуби Бога во своето срце, настанатиот вакум бара да биде пополнет со нешто, а човекот ги прифаќа оние сурогати кои му ги нуди светот што го опкружува.


Заради тоа во ова наше безверно и еклектично време толку широко се распростанети некои, ако би можеле да кажеме некогаш одамна заборавените струи на окултните учења. Астрологија, хиромантија, магија, НЛО-феномени, екстрасенси, далеку источни култови, сето ова ги окупира умовите на милиони луѓе. Отсуството на цврста христијанска вера, отсуството на познавањето и поимањето на суштината на окултизмот и далеку источните религии, а исто така и активната пропаганда од најшироки размери од страна на некои одредени сили во светот го овозможуваат успехот на окултизмот во современото општество.


Особено силното интересирање во денешно време кај луѓето го буди таквиот вид на окултни науки, како на пример, астрологијата. Обвиткана со ореолот на таинственоста, басновидноста, таа го мами човекот со можноста да ја познае својата судбина, да се запознае со себе, но и да погледне во иднината. малку кој се занимава со нејзиното потекло и суштина, сето тоа исчезнува во сенката пред блесокот, како што се вели, на древната мудрост која овозможува да се предвидува иднината. Но, како што е познато, за да се препознае плодот треба да се направи осврт на дрвото кој го носи, бидејќи однадвор примамливиот плод често се покажува како отровен.

Descenting_to_hell_miniatura_Trapezundskoe_Evangelie_vizantija_kr10v.jpg

2. ШТО ВЕЛИ НАУКАТА ЗА АСТРОЛОГИЈАТА


Во речникот на Брокхауз и Ефрон, читаме: “Астрологијата-квазинаука, која се обидува да ја предвиди иднината на поединечни личности и човештвото врз основа на набљудувањето и положбата на ѕвездите на небото (најчесто неуспешно – автор. заб.). Се дели на природна и јудицијарна астрологија. Природната астрологија се занимава со делувањето на ѕвездите врз животинскиот и растителниот свет… Јудицијарната астрологија се обидува да ја предвиди, според меѓусебениот распоред на ѕвездите, судбината на народот, но и на поединците… Разновидни во дамнешните времиња, постоечки и идолопоклонички култови на планентите кои се сметани за моќни личносни битија, верата во непроменливата предодреденост на судбината, фатума, која владеела во тогашните религиозни струења, давале поткрепа на јудицијарната астрологија”.


Како што понатаму читаме во овој речник, “во минатото, астрологијата, алхемијата и магијата биле тесно поврзани”. Во древниот свет магот, жрецот и волшебникот обично биле задолжени и за работите на астрологот, врачот и толкувачот на соништата. Така според зборовите на Херодот, магот Остан, кој го придружувал Ксеркс во неговите походи над грчките полиси, ги раширил астролошките знаења и меѓу нивните жители. Жрецот на Ваал, Берозос бил толку популарен во Атина, што дури му е подигнат и споменик на кој е претставен со златен јазик како особено драгоцен претскажувач. Потврдата на фактот за неодвоивост на магијата од астрологијата исто така наоѓаме и во книгата на светиот пророк Данил (Дан.2,27), како и во многу други извори. На ваков начин можеме да го извлечеме прелиминарниот заклучок за тесната поврзаност на астрологијата со магијата и другите видови на окултизам, а исто така и веројатно, за истиот извор од кој настанале. Фактичката потврда на овој заклучок ќе биде изнесена подоцна.

slizane_v_ada_12v_Lavra_sv_Atanasij_Mt_Athos.jpg

3. ИСТОРИЈА И ПОТЕКЛО НА МАГИЈАТА И АСТРОЛОГИЈАТА


Корените на магијата и на сите окултни учења се наоѓаат уште во древните времиња. Времето на нивното потекло тече паралелно со периодот од животот на Kаин и неговите потомци. По братоубиството, бидејќи Бог го проколна (Бит. 4.8-16), “И си отиде каин од пред лицето на Господа… потоа соѕида град…”, “негови потомци биле “…Јувал, од него се народија гуслари и свирачи…. Товел кој беше ковач на секакви работи од бакар и железо”. (Бит. 4.21-22). “А луѓето кога почнаа да се множат на земјата, и ќерки им се народија, тогаш синовите Божји, гледајќи ги ќерките човечки дека се убави, ги земаа кои што ги сакаа, за жени”(Бит. 6.1-2).


Според едно од толкувањата на тоа место, а кое го споделувале и многу отци и учители на Црквата , а исто така и според апокрифната книга на Енох, “синовите Божји” – тоа се духовни битија кои влегле во грешен сојуз со жените земни кои ги научиле на волшебништво и клетви. По ова кога “лошотиите на луѓето на земјата се големи” (Бит.6. 5-6). Како што бракот во Библијата не ретко означува соединување со Бога, истото во бракот на духовите со луѓето можеме да видиме симбол на новонастанатото многубожечко паганство (назнабоштво) со неговото поклонување на демоните, паганските богови, магија, астрологија и други видови на волшебништва. Тука падниот човек се обидува да проникне во тајните на светот независно од волјата на својот Творец, да стане бог без Бога. Тука се јавува и повторува истото искушение кое го имала Ева во Едем, кога Сатаната и се јавува во вид на змија ја соблазни да вкуси од забранетиот плод, ветувајќи & дека по тоа таа и Адам ќе бидат како богови, кои го познаваат доброто и злото (Бит. 3,45). Но, нашите прародители наместо да станат “како богови”, едноставно виделе дека се голи и се изложиле на големи несреќи заради предаството кон Бога и сојузот со Сатаната. Така било и во овој случај: добивајќи од забранетото (неблагословено) знаење, кое им го пренеле паднатите ангели од повисоките сфери, луѓето се повеќе потпаднале под влијание на Сатаната и уште повеќе се оддалечувале од Бога.


Бидејќи, на луѓето тајните Божји им се откриваат според мерата на нивната духовна просветленост или кажано на друг начин, според мерата од здобивањето на Светиот Дух. Колку човекот повеќе се отвора и предава на Бога, толку повеќе започнува да живее со животот Христов, размислува, чувствува и твори подобно на Христа. како што е речено во Светото Евангелие според Јован “Ако некој Ме љуби Мене, ќе го пази словото Мое и Мојот Отец ќе го возљуби и ќе дојдеме при него и пребивалиште во него ќе направиме… за да бидат сите едно како што си Ти Оче, во Мене, и јас во Тебе, па така и тие да бидат во Нас” (Јн. 14,23: 17,21). Соединувајќи се со Бога, со Светиот Дух, со тој ист Дух човекот ги познава тајните Божји, ги прима силите и даровите со кои се користи само за добри дела во согласност со волјата Божја.


Паднатите ангели, врз основа на својата некогашна припадност на рзните чинови на Ангелската хиерархија, во овој или оној степен биле посветени во тајните на битието. Овие познавања тие ги зачувале и по своето отпаѓање. Во согласност со ова демоните се обидуваат да го потчинат човекот под себе и да го врзат неговото внимание и интерес за себе (за демоните), откривајќи му на човекот некои “тајни” знаења и дарувајќи ги своите следбеници со натприродни способности. Совладувајќи ги тајните на магиските знаења, човекот станува способен да делува на луѓето кои го опкружуваат и на природните стихии, но притоа тој во потполност останува роб на нечистите духови од кои ги примил тие знаења. Во своето отпаѓање од Бога, демонските сили не можат ништо да создаваат, туку само да разурнуваат. Затоа и нивните следбеници во светот внесуваат разурнувачка и деструктивна сила, нанесувајќи на зло врз луѓето кои ги опкружуваат и погубно делуваат на материјалниот свет. Еве како за тоа сведочи книгата Битие: “И виде Господ Бог дека лошотиите меѓу луѓето на замјата се големи, и дека сите мисли и помисли во срцата нивни беа зли во секое време. И се покаја Бог што го беше создал човекот на земјата, па се огорчи во срцето Свое. И рече Господ: Ќе ги истребам луѓето што сум ги создал” (Бит.6. 5-7).


Ова се случило затоа што човекот во тоа општење со нечистите духови и користењето на нивните “дарови” (магијата, гатањето, астрологијата и др.) конечно паднал во разврат односно до крај отпаднал од Бога и се покажал неспособен да ја исполнува својата смисла и цел заради која беше создаден, не можел себе веќе да се реализира во доброто, љубовта и вистината, искачувајќи се по скалилата на духовниот развој кон конечно уподобување на Бога. Неговото понатамошно постоење станало – бесмислено.


Затоа Бог најпрво ги скратува деновите на човечкиот живот на 120 години (Бит. 6,3), а потоа, со понатамошното умножување на беззаконието го уништува и целото човештво кое било паднато во разврат, оставајќи ги само неговите најдобри претставници во ликот на праведниот Ное и неговите синови со жените нивни (Бит. 6,10).


Како што може да се види од горенаведеното, магијата, астрологијата и другите “дарови” на демоните, не само што допринеле за процвет на човештвото и среќа на земјата, туку напротив, ја преумножиле омразата, безбожништвото, развратот и сe' што довело до пропаѓање на сиот древен свет.


По Потопот “тајните” на магиските и астролошките знаења не престануваат. По многуте сведоштва на старите, тие знаења биле грижливо скриени, а по Потопот повторно се понудени на човештвото кое се развивало. Ако ја разгледаме историјата на човечкиот род по Ное, можеме да видиме дека оние стари цивилизации, кај кои магијата, астрологијата и другите “тајни знаења” постигнуваат најголема распространетост и влегуваат во општествените структури, пропаѓаат и исчезнуваат од лицето на земјата, штом окултизмот го достигнал својот врв.


Со посебно внимание ќе се задржиме на историјата на Вавилон. Во текстовита испишани со клинесто писмо кои потекнуваат од него, а во светските музеи ги има околу половина миллион, постојат сведоштва, дека вавилонските жреци ги наследиле овие знаења (особено во областа на астрологијата и поредокот на вселената) од некои луѓе-џинови кои се спасиле од катастрофа.Вавилонскиот историчар и жрец Берос (ИИИ век пр. Хр.) исто така сведочи за тоа дека магиските знаења биле сочувани по Потопот. Конечно, сеќавањето на народот донесува сведоштва за првите творци на вавилонската традиција – народот Халдејски – кои завладеале со културата на некое вонземско знаење и биле први математичари, астролози, алхемичари, теозофи на земскиот свет, извршувајќи ја службата на волшебници, гатачи, и толкувачи на сонови при кралските дворови на древните владетели. Стародревното халдејско предание упорно тврди дека нивните први десет цареви биле дојдени од небото.


Исто така, познато е дека ниневејските цареви никогаш не започнувале некоја важна работа без да се советуваат со ѕвездите. Тие крај себе имале астролози кои го набљудувале небото и го објаснувале движењето на планетите како што често за тоа сведочат записите. Оде ден споменик дознаваме дека Сенехериб отстапил од походот само заради тоа што положбата на ѕвездите се покажала неповолна за него. (11) Занимавањето со астрологија во Вавилон било толку распространето, што кај античките писатели самото име “халдеец” означувало токму “астролог”. На сите позната ни е судбината на Вавилонското царство, кое претрпело стравично пропаѓање. На ист начин биле осудени на пропаѓање и Асирското и Персиското царство.

pascha_palehskie_pisma_kr19v.jpg

4. ЦРКВАТА И АСТРОЛОГИЈАТА

Да го разгледаме сега односот на старозаветната и новозаветната Црква кон астрологијата. Во великите кодекси на Мојсеј ќе прочитаме за забрана со казна смрт за вршење на било каков вид на магесништво. “Не одете по оние што повикуваат духови на мртви, и до маѓесници не доближувајте се, и не дозволувајте да ве осквернат. Јас сум Господ, Бог ваш.” (Левит 19,31) “И ако некоја душа тргне по оние што гатаат на животински црева, и по магесници, за да го следат нивното блудство, Јас ќе го свртам лицето Мое против таа душа и ќе ја истребам од народот нејзин”(Левит 20,6).


Во книгата Повторени Закони исто така читаме за строго предупредување од Господа против вршењето и занимавањето со било кој вид на волшебство и магесништво, кое во суштина претставува сојуз со демоните, и Бог ги протерува тие народи од нивната земја и ги определува за пропаст, а таа земја ја дава на Израилот кој Му е верен. “Кога ќе влезеш во земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава, да не свикнеш да правиш гнасотии, какви што вршеле тие народи; да не се најде пред тебе човек што го тера синот свој или ќерката своја преку оган, заради очистување, или да претскажува, да гата, или како маѓепсник, чародеец, ни гледач на утробата, ниту, пак, што гледа по знаци, ни таков што повикува мртви; зашто, секој, што го прави тоа, е гнасен пред Господа, и токму поради тие гнасотии Господ, твојот Бог, ги изгонува од пред тебе. Биди непорочен пред Господа, твојот Бог; зашто тие народи, што ти ги наследуваш, ги слушаат гатачите и претскажувачите, а тоа Господ, твојот Бог, не ти го дал. Господ, твојот Бог, ќе ти дигне пророк од браќата твои, како мене, - Него слушајте Го.” (Повтор. Закони 18,9-15). Светиот пророк Исаија, пророкувајќи го пропаѓањетро на Вавилон заради неговото безбожништво и погубното занимавање со магија и астрологија, во името Господово со иронија вели: “Стој си, пак, со твоите маѓии и со многуте баења, со кои си се занимавала од млади години: можеби - ќе си помогнеш, можеби – страв ќе предизвикаш. Ти си уморна од многу совети; нека излезат оние, што го набљудуваат небото, ѕвездобројачите и претскажувачите по новомесечјата, нека те спасат од она што треба да ти се случи. Ете тие се како слама: оган ќе ги изгори; на ја спасија душата своја од пламенот; не остана јаглен да се погрее некој, ниту оган, за да се поседи крај него.”(Исаија 47,12-14).


Овде недвосмислено се укажува на немоќтан а сите облици на магесништво пред Вилјата и Силата Божја и неодминливата казна за оние кои се занимаваат со магија и астрологија или прибегнуваат кон помош од окултисти. Во судирот на маговите и магесниците со пророците и другите духоносни мажи, синовите на темнината претрпуваат пораз. Така, во книгата Исход (7,9) читаме како магесниците (мудреците египетски) и волшебниците, противејќи се на Мојсеја, и правејќи мнгу чудеса пред фараонот со помош на волшебства, но не успеале да се спротистават на на силата Божја и на крајот од краиштата биле принудени да признаат дека Мојсеј ги поразил.


Во книгата Битие (41), се зборува за триумфот на праведниот Јосиф над жреците и мудреците (магесниците) Египетски кои не успеале со помош на своите магиски вештини да го протолкуваат сонот на фараонот. Направедниот пророк Валаам, подмитен од идолопоклониците за дам у наштети на Израилот, под Божја интервенција е принуден дам у служи на еврејскиот народ (22,24). Светиот пророк Даниил исто така многупати ги посрамил халдејските мудреци и жреци (Дан. 25).


Сето ова се објаснува со тоа дека чудата и пророштвата на синовите на светлината се вршат со Силата Божја, Светиот Дух, а жреците, магесниците и астролозите кои им се спротиставуваат се користат со волшебничка вештина преку која делуваат демонските сили, и природно е тие да претрпат пораз заради нивното спротиставување на Бога. Во Новиот Завет, исто како и во Стариот, можеме да го видиме истиот и непомирлив став кон сите видови на маги, како и постојаната победа на силата Божја во судирот со волшебништвото. Така, светиот апостол Павле го изгони демонот кој пророкуваше од слугинката што ја претскажуваше иднината (Дела Ап. 16-18), иако таа ја објавуваше вистината кога одеше зад апостолате и кога говореше “Овие луѓе се слуги на Севишниот Бог! Тие го навестуваат патот на спасението.” Но, Апостолот не ја сакаше ниту вистината од нечистите усти на демоните, давајќи пример за односот кон демоните дури и кога тие привремено ја објавуваат вистината. Бидејќи, зад сето тоа (што го прават демоните) стои само една желба – да го вовлечат човекот во општење со нив, за да ја добијат неговата доверба и тогаш да го погубат. Истиот тој апостол Павле со слепило го казнува Елим-маѓесникот кој се спротиставува на евангелската проповед и се обидувал да ги одврати луѓето од вистинската вера (Дела Ап. 13,8-11). И на крајот од книгата Дела Апостолски дознаваме дека под влијание на апостолската проповед “многумина од оние, кои правеа маги, собирајќи ги книгите свои, ги гореа пред сите”(Дела Ап. 19,19). На овој начин тие се одрекле од сојузот со демоните и посведочиле за непомирливоста помеѓу верата во Христа и магијата.


Во Номоканонот (Зборникот на црковни правила и одредби) е кажано сосема јасно: “Оние кои одат кај магесници или сами гатаат или ѕвездословат (т.е. се занимаваат со астрологија – заб. на автор.) шест години да не се причестуваат според првото праволо на Трулскиот собор и според осумдесетото на свети Василиј Велики, а свештеникот кој го прави истото, да се расчини”.


Тука се среќаваме со очигледното укажување на свеста на Црквата за демонското потекло на сите видови на волшебништво, магесништво, вклучувајќи ја и астрологијата, како и на недопуштањето за општење на верните христијани со оние кои се занимавале со тоа, како и строги педагошки мерки за сите кои од било какви причини одлучиле да стапат во сојуз со бесовите. Светите Отци на Црквата во текот на целата нејзина историја исто така посветувале големо внимание на борбата со гатањето и астрологијата. Заради недостаток на простор ќе си дозволам себе да се задржам само на некои дела на Светите Отци и Учители на Црквата. Така, Тертулијан во своето дело “За идолите” пишува: “Меѓу различните човечки занимања и не треба да се заобиколат некои вештини или професии, блиски на идолопоклонството. За ѕвездословите (астролозите) не треба дури ни да се зборува, но откако еден од нив науми да се оправда себе си за тоа што и понатаму продолжува да се занимава со оваа професија, имам да кажам неколку зборови по тој повод. Јас нема да кажам, дека сместувањето на имињата на лажните богови на небо, и припишувањето ним некоја наводна семоќ, и одвраќањето на луѓето од принесување на молитви кон Бога со тоа што се наведуваат да веруваат дека нивната судбина е непроменливо определена од ѕвездите, дека сето ова е рамно и еднакво на поклонувањето на лажните богови. Но, јас тврдам дека ѕвездословецот во таков случај се уподобува на паднатите ангели, отпаднати од Бога заради опрелестување на човечкиот род… Ако магијата е казнива, а астрологијата е еден нејзин подвид, тогаш заедно со својот вид, на осуда подлежат и подвидовите на таа дејност. Така, од времето на објавувањето на Евангелието, софистите од секој вид, ѕвездословците, волшебниците, магесниците и бајачите треба да бидат неизоставно казнети”.


Татијан во “Беседа против Елините”, пишува: “Демоните ги направија луѓето жртви на своето отадништво. Тие, покажувајќи им го на луѓето распоредот на ѕвездите, како и оние кои фрлаат коцка, ја воведоа судбината која е туѓа на правдата, бидејќи ако некој е обвинител или обвинет, тоа наводно настанало според предодредувањето на судбината…. демоните ја измислија судбината. Како основа за тоа им послужило сместувањето на животните на небото. Бидејќи, тие ги удостоија со небеска чест ѕверовите со кои живееја откако беа симнати од небото, влекачи, водоземци, четвороношци кои живеат во шумите, и заради тоа, се мисли дека тие пребиваат на небесата и дека со посредство на распоредот на ѕвездите да ги убедат луѓето дека животот на земјата е далечен на разумот, и во согласност со разумот, на тој начин, тоа што некој е гневлив или трпелив, воздржан или невоздржан, богат или сиромав се случува според назначувањето на оние кои располагаат со раѓањето. Бидејќи, распоредот на Зодијакот е дело на боговите. Ако светлината на еден од нив е посилна, како што велат тие, тогаш тој ја одзема славата на другите, а кој сега е победен, може повторно да биде победник. Тие со задоволство се забавуваат со овие планети, како играчи со “коцка”. Но, ние сме над судбината и наместо заблудените демони знаеме за еден непроменлив Господ, не се потчинуваме на судбината и ги отфрламе нејзините законотворци”.


Свети Јован Дамаскин во своето прочуено дело “Точно изложување на православната вера”, цитирајќи го свети Василиј Велики, ја дава следнава карактеристика на астрологијата: “Елините /незанбошците/ зборуваат дека излегувањето, заоѓањето и приближувањето на ѕвездите, а исто така, и на сонцето и месечината управуваат со наште дела, и со тоа се занимава астрологијата. Ние, пак напротив, тврдиме дека со нивна помош може да се има предзнаци за дождови и суши, за влажно или суво време време, а исто така и за ветровите и водата, но да бидат претскажувачи на нашето делување тоа никаки не може да се случи. Всушност, ние сме создадени од Творецот како слободни и самите сме господари на своето делување. Кога с# што чиниме, би правеле под влијание на ѕвездите, тогаш што и да правиме би правеле по нужност. А, тоа што се прави по нужност не е ниту добредетел ниту порок. Ако пак, не би имале ниту добредетел ниту порок би биле недостојни било за награда било за казна, а согласно на тоа и Бог би бил неправеден, бидејќи на едните им дарува благост, а на другите маки. Дури и повеќе од тоа: ако сe' се движи и раководи според нужноста тогаш не би имало ниту Божјо управување во светот, ниту Божја грижа за созданијата. На крајот од краиштата тогаш не би ни бил потребен ниту разумот ако не сме господари на своето делување, и не би имале потреба да размислуваме за ништо. Меѓутоа, разумот несомнено ни е даден да размислуваме за нашето делување заради што и секое разумно битие во истиот момент е и слободно битие. Заради тоа тврдиме дека ѕвездите не се причина за ништо што се одвива во светот, ниту за настанувањето на она што настанува, ниту за пропаѓањето на она што пропаѓа, туку служат како предзнаци за дождовите и промените во воздухот. Некои можеби ќе кажат дека ѕвездите ако не се причина, тогаш знаците на војните и квалитетот на воздухот кој зависи од сонцето, месечината и ѕвездите на различни начини произведуваат различни темпераменти, навики и расположенија; но, навиките се производ на она што се наоѓа во власта на нашата волја, бидејќи тие се потчинуваат на разумот и се менуваат под негово раководство”.


Минукиј Феликс во своето дело “Окатавијан”, зборувајќи за римските гатања и претскажувања, пишува дека во ретки случаи овие претсакжувања станале реални т.е. се овистиниле, а може да се објасни тоа “што меѓу изобилните лажни претскажувања има и онакви кои случајно биле паралелни со вистината”, и дека волшебниците и ѕвездословците “на само што ги познаваат демоните, туку и со нивна помош ги вршат овие прелести кои наликуваат на чуда: под нивно влијание и дејствување тие и ги предводат своите магесништва и ги наведуваат луѓето во нив да видат она што вистински го нема, или спротивно, да не го видат она што постои. Првиот од таквите магови по своите дела и зборови е Состен (Остан)….”, односно истиот оној кој како што веќе видовме се јавил како еден од првите распространувачи на свездословието во Елада”.


Свети Јован Златоуст во својата поука “За оние кои од болест се лечат со врачање” строго им напоменува дека не треба да одат кај Божјите непријатели, врачи и волшебници, бидејќи подобро е и да се умре отколку да се оди кај Божјите непријатели. И дека оние кои ги користат нивните услуги умираат пред време и заминуваат во вечна мака. Бидејќи, оној кој оди кај астролог “самиот себе се лишил од Божјата помош и занемарувајќи ја, се оддалечил себе од Промислата Божја, (заради што) ѓаволот како што сака управува и располага со (неговите) дела”.


Преподобен Максим Грк кој целиот свој живот се посветил низ трудовите за разобличување на астрологијата во еден од нив запишал: “Лажливото и безбожното учење на ѕвездословците и претскажувачите на човечката судбина според деновите на раѓање не е одозгора и не е со благодат на Светиот Утешител откриено на Халдејците, Хелените и Египќаните, туку (е откриено) од страна на најлукавите и полни со омраза кон човекот демони, за пропаст на оние кои ним им веруваат”. Понатаму, зборувајќи за причините за поклопување на некои од претскажувањата на астролозите со реалноста. Максим Гркот ги цитира зборовите на Августин Ипониски: “… тоа се случува не толку заради небесните знаци, отколку заради тајното влијание на сатаната на кого понекогаш незабележително му се потчинуваат човечките умови, односно тие претскажувања се исполнуваат со содејство на ѓаволот”. Според мислењето на преподобен Максим: “Со тоа блажениот отец (Августин) јасно покажал од каде потекнува ова демонско учење, и дека ѓаволот им открива на следбениците на вештината на ѕвездочитачите она што понекогаш се исполнува како вистинско претскажување, но под влијание на демоните. Кој од христијаните кои вистински и нелицемерно веруваат ќе се согласи да стекне знаење со таа сатанска прелест и да стапи во разговор со демоните? Зар тоа нема да биде само оној кој животот со бесовите си го претпоставил како вечен живот? Претскажуваат демоните, предвидувајќи го понекогаш и она што треба да се случи во далечната иднина, но во поголемиот број случаи тие лажат и заради тоа не треба да им се верува, дури понекогаш и да се исполнат нивните претскажувања”. За причините кои ги побудуваат демоните да стапат во општење со луѓето преку посредство на астрологијата, овој светител зборува: “…. знае селукавиот дека со посредство на прелеста од претскажувањето може лесно да не одвлече од Бога кон себе, чинејќи да веруваме дека ѕвездите владеат со нашето делување и расудување, а кога таа вера ќе ја прифатиме ние веќе нималку ќе занемаруваме или сосема малку ќе занемаруваме за своите прегрешенија оправдувајќи се со неизбежноста од влијанието на ѕвездите. Кога ќе надојдат неволји за тоа ќе го обвинуваме Бога, како создател на злото. Постапувајќи така ние неминовно ќе се лишиме од заштитата Божја, а тогаш на непријателот ќе му биде лесно со нас да завледее и да н# приведе до дното на адот”.

И така, гледаме дека светите Отци на Црквата еднодушно истапуваат против астрологијата разобличувајќи ја како подвид на магијата, како средство за општење со демоните, а астролозите ги споредуваат со “паднатите ангели и опрелестувачите на човечкиот род”, и строго забрануваат општење со “Божјите непријатели”. Особено внимание заслужува кажувањето на Татијан бидејќи тој го покажал безумството на астролозите кои на соѕвездијата им ставиле имиња на животни, на планетите имиња на лажни богови, а потоа од карактерите на овие последните почнале да ја изведуваат судбината на човекот или државите во зависност од распоредот на “небесните тела”. Особено убедливо звучат доказите на Минукиј Феликс кој покажал дека некои претскажувања се овистинуваат од две причини:


1. заради случајно поклопување;
2. во текот на магиското делување на гатачите кои во низа случаи можат да ги сознаатидните случувања од демоните кои виделе или сознале нешто за тие случувања, или пак самите земале непосредно учество во нивната подготовка.


Сосема јасно свети Јован Дамаскин покажува дека преку небесните светила се даваат предзнаци само за временскте прилики, додека за човекот обдарен со слободна волја и разум, ѕвездите и планетите не можат да бидат чинители за предодредување на судбината.


И конечно, подвелкувајќи го сето тоа што е горенаведено, трудовите на преподобен Максим Грк во кои е истакнато искуството на светите Отци во борбата со астрологијата, покажуваат како со помош на астрологијата лукавиот демон се обидува да нe' оттргне “од Бога кон себе”, за да може со нас полесно да завладее и “да нe' приведе кон дното од адот”.

Resurrection_Panselinos_Protaton_1300.jpg

5. ПРИЧНИ ЗА ПОКЛОПУВАЊЕ НА НЕКОИ АСТРОЛОШКИ ПРЕДВИДУВАЊА СО РЕАЛНОСТА

Освен горнаведените кажувања на светите Отци и Учители на Црквата за причините за поклопувањето на некои од астролошките хороскопи со реалноста, би сакале да наведеме уште еден фактор кој ја објаснува суштината на ова поклопување.


Според законите дадени од Бога во свтот се одвива взаемно дејство на материјалните објекти. Конкретно, дејствувањето на сонцето, месечината и другите небесни тела и планети на живата и неживата материјална природа на земјата. Човекот како своевиден микрокосмос кој во себе ги соединува духовните и материјалните начела, природно го чувствува тоа делување на себе. Така на пример, професорот Чижевски во своите трудови покажал зависност на епидемијата на колера и некои други заболувања во зависност од нивото на сончевата активност (турбуленции, експлозии на сонцето). Познато е влијанието на промените и циклусите на месечината врз психичката состојба на одреден број на луѓе (појавата на т.н. “месечарење” при полна месечина). Според оваа аналогија можно е да се говори и за делувањето на другите небесни тела на физичката и психичката состојба на човекот дури и во одреден степен и на формирањето на неговиот карактер, како и на индивидуалните физички и психички особености.


Веројатно овие знаења на астролозите исто така им биле дадени од паднатите духови. При познавањето на одредени физички и психички особини на човекот, а исто така и на можните последици од влијанието кои на на него имаат и космичките зрачења во одреден врменски период, можно е да се претпостави за оваа или онаа постапка на човекот и одредена негова физичка и психичка состојба. Освен тоа, според признанието на самите астролози, успешноста во составувањето на хороскопот најчесто зависи од интуицијата на самиот астролог, т.е. од оние информации кои ги добива прку одреден космички агенс. Така, една од блиските соработнички на познатиот астролог Павел Глоб, Светлана (презимето во написот не е наведено) изјавила дека тој всушност благодарение на контактот со небесниот “учител на светот” Аштар “и неговите информации ги изработува хороскопите како никој друг во светот”, односно, овде отворено се покажува директен контакт со паднат дух кој на астрологот му помага во составувањето на хороскопот. На ѓаволот многу добро му е позната состојбата на светот во даден момент. Тоа е јасно воочливо од содржината на книгата Јов. Злиот дух, обиколувајќи ја цета земја и набљудувајќи ги луѓето, зборува за тоа на Бога и Господ не ги отфрла неговите зборови како лажни (Јов. 22). На Сатаната и е познато нешто од иднината што произлегува од некои утврдени и неизменливи причини. Исто така, идните збиднувања им се познати и од Откровението Божјо (3 Цар. 22,22) и од набљудувањето на карактерот на луѓето. Паднатите духови се обидуваат да организираат многу од она што се случува во светот и природно знаат и за целта кон која се стремат. Оттука се и некои од поклопувањето меѓу претскажувањето на хороскопот и реалноста.


Но, карактеристично е и тоа дека повеќето претскажувања на астролозите не се остваруваат. Тоа се објаснува со фактот дека освен астрономскиот фактор, индивидуалните психо-физички особености на човекот, ги одредува и наследството, географското место на раѓање, воспитувањето, исхраната и многу второстепени причини. Што се однесува до судбината на човекот, неговиот живот или смрт, на сите горенаведени фактори се додава уште еден, кој се јавува како главна и пресудна Промисла Божја за човекот. Особено за човекот кој верува, христијанинот, кој се предава на Волјата Божја и постојано ја бара. Таквиот човек се наоѓа под лично ракводство на Самиот Господ. Како што е кажано во Евангелието според Матеј, “Не се продаваат ли две врапчиња за еден денар? И ни едно од нив нема да падне на земја без волјата на вашиот Отец. А вам и влаканата на главата ви се изброени” (Матеј. 10,29-30).


Нехристијаните (како и номиналните христијани, традиционалисти н.з.), пак заради оддалечувањето од вистинскиот Бог, во одреден степен се предадени на волјата на случајноста и нивниот животен пат се состои од многу чинители, меѓу кои се физичките и психички законитости, а исто така и космичкото делување на небесните тела играат многу голема улога.

Slizane_ada_Michael_Eu.thycios_Perivlepta_Ohrid.jpg


6. МАГИТЕ И ХРИСТОВОТО РОЖДЕСТВО (МУДРЕЦИТЕ)

Кај некои постои едно недоразирање во поглед на прашањето: ако астрологијата има демонски карактер и ако нејзината употреба се смета за грев, како тогаш магите го дознале времето на Христовото Раѓање со помош на астрологијата? На ова прашање постојат два одговора, кои не си противречат, но се надополнуваат еден со друг.


Првиот одговор. Причината заради која магите ја очекувале таа ѕвезда на Истокот и го следеле нејзиното појавување, е поврзано со пророштвата во Стариот Завет. Во книгата Броеви, читаме: “Го гледам, но не е тоа сега, го набљудувам, но не одблиску. Ѕвезда од јаков се издига и жезол од Израил”(ИВ Мој. 24,17). Кај светиот пророк Исаија е кажано: “Дигни се, заблескај… зашто дојде твојата светлина, и славата Господова изгреа над тебе… И народите ќе дојдат кон твоето видело…. кон светлината што изгрева над тебе… сите тие ќе дојдат од Сева, ќе донесат злато и темјан и ќе ја објавуваат славата Господова” (Исаија 60,1-6). Во 71 псалм ќе прочитаме: “царевите на Тарсис и островјаните дарови нека му принесуваат;и царевите на Сава и од Сева дарови нека му донесуваат”(Пс.71,10). Светиот пророк Даниил кој во вавилонското ропство бил определен за началник на вавилонските советници /жреци/ (Дан.2,48) секако дека ги знаел овие претскажувања и не ги криел. Освен тоа, лично нему му припаѓаат пророштвата за времето на Раѓањето на Богомладенецот (Дан. 9,25). Овие податоци кои се однесувале на настан од неспоредливо значење (времето, местото и причините за Христовото Раѓање), и биле утврдени и грижливо чувани од страна на таа школа на жреците на чие чело бил, по сила на настаните кој ги изнесувал пророкот се пренесувале од колено на колено.


Според податоците на набожниот астроном Кеплер (ЏВИИ) потврдени и со современите астрономски факти, магите можеле да го видат поклопувањето на планетите Јупитер, Сатурн и Марс со некоја сеуште непозната ѕвезда, и таа навистина се појавила на исток, три и половона часот пред изгрејсонце. Ако тие тогаш тргнале на пат и тогаш според мислењето на Алфорд, веројатно за пет месеци стигнале во Ерусалим (Ездра патувал 4 месеци од Вавилон во Ерусалим- Ездра 7,9); според ова, ако вечерта тргнале од Ерусалим за Витлеем, тогаш повторно го виделе поклопувањето на планетите во правец на Витлеем.


Вториот одговор. Премудроста Божја, која ја обратила човечката злоба во средство кое го носи Јосиф во Египет и допуштила вавилонскиот владетел со посредништво на идолопоклоничките претскажувања и со фрлање на жреб да се одлучи на војна со Ерусалим (Езекил 21,21), исто така можела да даде на астрологијата можност да ги приведе магите кон Христа. Исто така, веројатно е дека Бог им се открил на магите уште пред тие да ја видат ѕвездата, како што Он го направил и после тоа (Матеј 2,12). Бидејќи, познато е дека “Бог сака сите луќе да се спасат и да ја познаат вистината”(Тим. 2,4), сите без исклучок. И се грижи секого да спаси само на Него единствениот познат, и тој човек да го упати на најпримерните патишта.


Од досега изнесеното за магите кои дошле да му се поклонат на Христа, можно е да се изведе заклучокот, дека тие не го дознале времето и местото на Христовото Раѓање со помош на магијата и астрологијата, туку дека со Божја помош, бидејќи Самиот Господ им го открил оној пат кој за нив и за нивното спасение се мсетал за најпогоден! Затоа, астрологијата нема никакви заслуги за доаѓањето на магите на местото од Христовото Раѓање. Небото и ѕвездите се творби, созданија на раката Божја која на сите им е видлива. заради тоа, во одредени случаи Господ со нивно посредство дава знаци кои најавуваат важни случувања за човештвото. Така, за време на крсните маки на Спасителот, пред самата Негова смрт, “околу шестиот час настана мрак по целата земја до деветиот час; и сонцето се помрачи” (Лк.23,44-45). На луѓето им се објавувало дека од човечки раце е убиен Оној Кој дошол да го спаси човечкиот род и да го објави и открие патот кон спасението, кон Царството Небесно. Се случила привремена “победа” на темнината, се извршило делото на беззаконието, а во знак на тоа земјата била покриена со мрак. Умрел Исус Христос-Сонцето на Правдата, Изворот кој на луѓето им дарува живот вечен, и затоа се помрачи созданието Негово, сонцето како извор на материјалниот живот. Во Еванглието читаме за тоа дека пред крајот на времето, пред Второто Христово Доаѓање ќе има “знаци на сонцето и на месечината и на ѕвездите…. стратни појави и големи знаци на небото” (Лк.21,25; 11) кои заедно со другите пророчки објавени случки и знаци нема да остават сомнеж дека се приближило времето на Второто Христово Пришествие и крајот на светот кој постои. На тој начин, за разбирањето на знаците на небото испратени од Господа, не е потребно познавање на астрологијата или толкување на астролозите: секој кој го проучувал Светото Писмо, нема да се двоуми во разбирањето на она што се случува.

7. АСТРОЛОГИЈАТА И СОВРЕМЕНОСТА

Сега, кога врз основа на с# она што претходно го истакнавме, можеме да изведеме заклучок за демонското потекло на магијата и астрологијата, и за погубното влијание кое тие го имаат врз цивилизациите што ги прифаќаат, како и за недвослмислениот негативен став што го има христијанската Црква кон сите видови на окултизам, да ја видиме современата слика на развитокот на астрологијата во нашата земја (во Русија, заб. прев.). Тука пред се, неопходно е да се осврнеме на познатите и популарни астролози, какви што се брачниот пар Глобови. Тие често настапуваат на радио и телевизија со предавања за астрологијата и нашироко ја популаризираат таа тема во печатот и ја испреплетоа скоро целата земја со мрежата на астролошката школа. Кој се всушност тие и какви се нивните задачи? Најнапред да им дадеме збор ним самите.


Во списанието “Работничка”, во написот “Со кого разговараат ѕвездите”, читаме: “Предците на Павле по страната на мајката се Персијанци од родот Хебров во Иран. Уште од минатото го посветувале својот живот на астрологијата. Дедото исто така го поучувал Павле во астрологијата, а пред својата смрт му ја предал на својот внук формулата која на ученикот му го отвора пристапот кон учителите, големите астролози… и му дал завет да ги бара во Индија”. кога Павле пораснал отишол во Индија и еве што кажува тој за тоа патување: “Јас сам ги пронајдов… Учителите ми дадоа признание, во тоа ми помогнаа зборовите на заветот, формулата. Ми дозволија пристап во учењето кое најскриено се предава илјадници години од колено на колено, ми дадоа книги… ме научија како да ја најдам жена и додадоа, дека кога нашите животи ќе се соединат треба и неа да ја посветам во она што го научив, како и дека нам ќе ни биде определена голема мисија”. Како што гледаме од она што го изнел Павле Глоб, тој постапно ги поминал низ сите степени на ритуалното магиско посветување во “тајната на знаењето”.


Прво: предците Персијанци, наследни астролози кај кои тајната на знаењето по пат на обука и посветување се предава од колено на колено. Дедо му, пред својата смрт му предава завет (а, исто така очигледно и бес, демон – помошник), кој му го отвора патот кон “учителите” односно магите со висок степен на посветеност, кај кои астрологот-почетник е должен да помине соодветна обука.


Второ: Павле заминува во Индија, го исполнува заветот од дедо му, му се јавуваат “учителите” и тоа го поминува новиот курс на магиско обучување, добива висок степен на посветување, се снабдува со неопходната литература и тогаш е пратен во “голема мисија” во земјата каде што не е развиена астрологијата. За да може полесно да го исполни замисленото, за него со помош на одредени сили, му наоѓаат и жена која тој е должен да ја “посвети во она што самиот го владее”. А, тогаш следува најстрашното. За Глобови со задоволство се отвораат страниците на списанијата и весниците, на телевизијата се во постојаната рубрика “Школа за астрологија” која тие ја водат и со тоа се спроведува масовно распространување и пропаганда со астролошките идеи, земјата се прекрива со мрежи од школи во кои луѓето со голем ентузијазам ги слушаат примамливите приказни на астрологот Павле Глоб, а потоа активно со занмавање со астрологија ги вовлекуваат и своите роднини и пријатели. Таа магиска зараза, заради која во многу пропаднал и светот пред потопот, се повеќе ги зафаќа умовите и срцата на милиони луѓе формирајќи ја нивната свест и стилот на однесување во општеството.


Во 1991 година излезе и првиот постреволуционерен астролошки зборник под наслов “Тамара” со тираж од половина милион примероци. Тамара – е името на сопругата на Павле Глоб, која е и автор на зборникот. Да го разгледаме оттаму преземениот напис со наслов “Авестиската школа на астрологијата”. Во овој текст Тамара нагласува дека нејзината астролошка школа се заснова на авестиската астролошка традиција, чиј чувар бил зороастризам. Во истиот напис Тамара неколку пати го цитира Евангелието и укажува на исказите на црковниот деец од ЏВИИ век, Симеон Полоцки, така на тој начин кај неискусниот читател може да разбуди илузии за согласност на нејзиното учење со учењето Христово. Но, тоа е само идеолошки мамец кој со авторитетот на христијанството сакаат да го отстранат сомнежот на читателите во однос на учењето на астрологијата. Во сета оваа работа, од почетокот до крајот, содржината на написот на Тамара Глоб не само што не одговара на евангелското учење, туку и директно му се спротиставува.


Така, Тамара според нејзините зборови, тргнува од основниот закон на авестиското учење “… законот на кармата…, кругот на овоплотувањето, односно повеќекратното раѓање на човечките битија… и стои на позицијата на реинкарнацијата – преовоплотување и еволуција – од минералите, растенијата, животните, човекот се до повозвишените битија”. Сe ова наведено претставува очигледна ерес, осудена на христијанските Вселенски Собори. Христијанството учи дека дека животот на човекот е даден само еднаш и дека од начинот на кој го живее тој живот зависи неговиот удел во вечноста. До Страшниот Суд, состојбата на душите преку молитвите на Црквата и ближните може да се промени, а потоа е неизменливо: или Рај, или пекол, средна состојба нема. Исто така, во својот текст Т. Глоб констатира дека “авестиското учење е наше традиционално учење. Во Русија долго го пренесувале паганските жреци, од татко на син, врачевите геижливо го чувале со векови”. Не сакам да се задржувам на неточноста на овој исказ. Тука интерсно е нешто друго, повик за врќање во паганство, “религијата на нашите предци”. А, тоа во суштина значи – “доле Христијанството, да го отфрлиме Христа, назад кон идолите, врачевите, магесниците, волшебството односно општењето со демоните”!


И на крајот за такви “сјајни” предлози зборува Т. Глоб: “… Ако упорно го следиме овој пат, почнуваат да се случуваат промени во психата, духот и телото, кои не може да ги објасни ниту еден специјалист на современиот научен свет. Се случува темелно алхемиско преобразување на телото, се менува погледот кон светот и реалноста”. Овде Тамара е сосема во право. При општењето со демоните навистина човекот се менува во целост. Нечистите духови сосема ја заробуваат душата кој им се предала. Затоа, пишува Т. Глоб “Луѓето ќе бидат еднакви на боговите”, зборува Авеста… “Сите способности кои сега се реткост ќе станат вообичаени појави за луѓето. Ќе се комуницира на ниво на потсвест, а зборот ќе стане магиски симбол, како што било случај со магите во древните времиња”. Всушност, со такви дарови како порано што било покажано “ги наградувале” демоните ним одданите волшебници, ѕвездословци и врчеви во замена за бесмртност на душата, кои овие им ја подарувале за чинењето зло во светот.


Својата задача Тамара Глоб ја гледа во тоа да им помогне на луѓето “да ја подготват свеста за промените што ќе настапат, за да може што повеќе луѓе да успеат да го достигнат нивото… заради примањето на новиот месија кој ќе се јави во Русија”. Овој нејзин исказ го потврдува Тимур свиридов, еден од извонредните претставници на школата на Глобови. Во написот “Што ни подготвува Водолијата”, тој објавува: “Денес на нашата планета се формира нов тип на луѓе, нова раса, која ќе ги владее за нас непознатите способности на окултната природа… За нас е неопходно кај луѓето да развиеме силно астролошко мислење”. И понатаму: “Павле Глоб претскажува дека 1999 година ќе дојде “месија”, што значи Христос, Помазаник, кој наводно ќе се роди во Русија, и ќе даде на новата епоха на Водолијата свој поглед на светот, нов тип на религија”.


Од сето ова што погоре го изнесовме гледаме дека пропагандата на астрологијата и магијата во нашата земја игра строго одредена улога и ја следи својата цел – астрологијата и магијата треба да бидат уште едно средство за формирање на луѓето но нехристијански и демонски дух. Настапува инвазија на окултизмот врз современиот свет, жестока борба за окупација на умовите и човечките срца, која се одвива на од порано пдготвената подлога на безбожништвото. Најнапред непријателите Христови од човечките души свесно и намерно го оттргнале христа, ги прогонувале, протерувале и казнувале православните ( и другите) христијани заради нивната вера. Верата ја исмејувале, храмовите ги рушеле, христијанските книги ги спалувале. создадениот вакуум во душата настојувале да го пополнат со атеистичките идеи и метеријалистичките будалаштини. И многу под притисок на своето воспитување го примиле сето тоа и почнале со него да живеат. Сега безумството на овие идеи станало очигледно за сите. Современиот човек посегнал за духовниот живот и истите тие непријатели веќе на големо му предлагаат нова духовна храна – окултизмот. Ненаоружан со православната вера, со познавањето на Светото Писмо и пророштвата на обожените за иднината на светот и доаѓањето на Антихристот, современиот човек не е во состојба правилно да ги процени окултните учења кој му се нудат. Гладен за духовна храна, тој ќе го проголта секој мистички отров кој му го сервираат одредени сили. Со тоа се користат и ловците на душите каков што е Т. Свиридов, кои често и не ги кријат своите намери. Ним им е потребно да ги воспитаат новиот тип на луѓе “со окултните способности”. Неопходно е да се воспитаат луѓето во тој дух кој ќе овозможи доаѓање на лажниот “месија”, Антихристот, кој ќе се обиде како што е проречено во Откровението на Светиот апостол Јован, да го уништи Христијанството и да востанови “нов тип на религија” кој а ќе се состои во поклонение не него, Антихристот.