Saturday, October 10, 2009

За молчењето и зборувањето.

Подобро е човекот да молчи и да биде [христијанин], отколку да зборува, и да не е. Добро е да се зборува, доколку тој кој говори, делува исто така. Тогаш, постои само Еден Учител, Кој проговори и Кој стори; и сите Негови дела кои ги стори во молк се достојни на Отецот. Оној кој го има во себе Словото Христово, е вистински способен да го чуе дури и Неговиот молк, дека може да биде совршен, и дека може да делува како што зборува, и да биде познат по неговиот молк. Не постои ништо скриено од Бога, напротив - нашите тајни се близу Него. Затоа, да ги правиме сите работи како оние во кои Тој пребива, за да можеме да бидеме Негови храмови (1 Кор. 6,19) и за да може Тој да биде во нас како наш Бог, што и Е, и да се појави пред нашите лица. Поради тоа праведно Го љубиме.

Подобро е човекот да молчи и да биде [христијанин], отколку да зборува, и да не е. „ Зашто царството Божјо не е со зборови, туку со сила.“ (1 Кор. 4,20) Луѓето „веруваат со срцето, и исповедуваат со устата“, едното „за оправдание“, а другото „за спасение.“ (Рим. 10,10) Добро е да се поучува, доколку тој кој говори, делува исто така. Оти, оној кој ќе „ги исполни и поучи, тој голем ќе се нарече во царството небесно.“ (Матеј 5,19)

Нашиот Господ и Бог, Исус Христос, Синот на живиот Бог, прво делуваше, а потоа поучуваше, како што сведочи и Лука. Не постои ништо скриено од Бога, напротив - нашите тајни се близу Него. Нека Христос говори во нас, како што стори со Павле. Нека Светиот Дух не’ научи да зборуваме за Христа на начинот на кој Тој говореше

No comments:

Post a Comment