Thursday, October 15, 2009

Како да се однесуваме спрема оние во молитва и како да се однесуваме во Храмот?

Како да се однесуваме спрема оние во молитва и како да се однесуваме во Храмот?


Бидејќи е навистина потребно, би сакал да ти обрнам внимание на следните нешта.

Доколку забележиш човек кој во моментот е во молитва (било каде и да се наоѓа тој локационо) и доколку во моментов добиеш мисла дека имаш нешто навистина многу важно да му кажеш, тоооопло би ти советувал: НЕМОЈ!! Зошто?

Прво: молитвата е разговор на личноста со Бога. Не постои НИШТО, ама БАШ НИШТО на светот што во тој момент е поважно од разговорот на личноста на човекот (созданието) со својот Создател и Отец Небесен. Таков случај Господ со сигурност не би допуштил!

Следно: некогаш е многу, ама МНОГУ тешко да се собере умот и да се насочи кон Бога и кон молитвата. Ако му шепнеш дури и САМО ЕДЕН ЗБОР на оној кој е во молитва можеш да му го урнеш сето она што тој можеби и повеќе од 15 минути се трудел да го изгради. Ако го сакаш твојот ближен и ако му го мислиш доброто, баш заради тоа НЕМОЈ, бидејќи може да се случи да потоа тој во следниот период види сериозна мака за да го собере умот и да го насочи умот кон Бога и да го насочи вниманието кон молитвата!

Следно: немој да правиш непотребни потези со телото освен ако не ти стане НАВИСТИНА ПОТРЕБНО и немој да се движиш низ храмот, освен ако не ти стане НАВИСТИНА ПОТРЕБНО, бидејќи и тоа може да го дефокусира оној кој е во молитва или оној кој се труди да влезе во молитва. Некогаш е ПОТРЕБНО да го ПРИНУДИШ своето тело да се смири, рацете да бидат мирни, нозете да бидат мирни. Тоа е потребно за да не пречиш никому!

И една најголема молба до СИТЕ (и до машките идо женските) особено до припадничките на понежниот пол: влегувајте во Храмот облечени НАЈСКРОМНО и НАЈНЕВПЕЧАТЛИВО и потрудете се, ве молам, да Ви биде ПОКРИЕНО ЦЕЛОТО ТЕЛО, без и најмал откриен дел, освен лицето и дланките (долниот дел на телото пожелно е да го облечете во најскромна и најневпечатлива сукња, која е долга до земја), не ставајте ВООПШТО шминка и доколку можете (без да соблазнувате апсолутно никого) ве молам ПОКРИЈТЕ ЈА ГЛАВАТА! Зошто? Бидејќи машкото око може да биде ставено на голема мака кога пред себе, лево од себе, десно од себе или зад себе ќе забележи дотерана, атрактивна девојка или жена. А и девојка или жена која би забележала друга девојка или жена, која е облечена поатрактивно, може во својот ум да наслушне помисли од типот: “види ја каква е... Во Храм влегла, а се облекла како да искочила во кафуле да ќари дечко“ или “колку се нашминкала како да оди на свадба“ или ред други помисли и умот цело време и на машките/мажите и на женските/жените да им се занимава со прашања од типот “кој(а) како изгледа“ или “како да го/ја ќарам“, наместо нивниот ум да е исполнет со молитва. Храмот е место за молитва, а не за “шмекање“ на дечки и девојки. Храмот не е диско, не е ноќен клуб, не е модна ревија, не е излог на облека! До мажите/машките молба: не облекувајте панталони/фармерки од типот “три четвртини“, не облекувајте бермуди, не облекувајте шорцеви, не облекувајте куси панталони. Ни мажите/машките ни жените/женските: немојте да носите влечки на нозете. Запаметете сите дека од изгледот на Вашата облека се гледа нивото на Вашата сериозност во односот кон Бога.

А до сите Вас машки/мажи и женски/жени: кога сте со намера да влезете во молитва, потоа додека го градите молитвеното расположение на Вашиот сокриен човек, потоа додека влегувате во молитва и конечно - додека сте во молитва, трудете се СВЕСНО и АКТИВНО да го држите умот под контрола, да го држите умот зауздан, насочен кон Бога и кон молитвата. Не му дозволувајте на Вашиот ум да шета било каде, туку Вие СВЕСНО и АКТИВНО определете му ја насоката по која треба да се движи, СВЕСНО и АКТИВНО истрасирајте му го патот по кој треба да оди, СВЕСНО и АКТИВНО држете го умот под контрола. Стегнете го умот! Зауздајте го умот!

И не заборавајте дека во тоа Ви Е Помошник - Самиот Господ, кој многу повеќе посакува и очекува и КОПНЕЕ да му се обратите и да влезе во љубовна заедница со Вас, во однос на тоа колку Вие можете тоа да го замислите и да го направите од своја страна спрема Него. А сето она во кое имате поддршка од Господ (а едно од тие нешта е и молитвата) со сигурност се движи кон успех, бидејќи таму каде што допира (само допира) Божјиот Прст, таму злото не може ниту да се појави, ниту да навлезе, ниту да продре, ниту да вирее, ниту да заживее, ниту за живее, ниту да опстои! А нашата борба, СЕКОЈА НАША БОРБА е борба токму против злото!

Слава на Бога во височините и на земјата мир, меѓу луѓето добра волја!

За крај, еден прекрасен текст на отец Ивица Тодоров на тема: “Како да се однесуваме на богослужбите; дали присуството и учеството на Литургијата е неопходно“. Линкот е: http://preminportal.com.mk/content/view/855/127/

No comments:

Post a Comment