Tuesday, October 13, 2009

Демонски напади

Демонски напади


„болни лекувајте, лепрозни очистувајте,
мртви воскреснувајте, демони изгонувајте!
Бесплатно добивте, бесплатно давајте!„
Матеј 10:8

Речиси и не постои човек кој некогаш не бил жртва на демонски напад. За современиот човек ова изгледа чудно, неверојатно, а можеби и смешно, гледано од денешна гледна точка, кога светот е претежно атеистички и за се (скоро се) има рационално објаснување. Непријатните соништа брзо ги забораваме. Но нека секој се преиспита себе си и најверојатно ќе се сети на некоја епизода од својот живот.

Овие напади се предизвикани од натприродни зли духови – демони, кои доаѓаат во домовите на луѓето. Овие демони се вистински и активни. Крајната цел секогаш им е иста: уништување на човекот и неговата душа.
Во Светото писмо на неколку места се споменува дека човекот има и дух и тело. „Духот е силен, но телото е слабо“ вели Исус (Мт. 26:41; Мк. 14:38). Истото го вели и светиот апостол Павле и тоа на повеќе места. Токму затоа телото е цел на овие напади. Медицински е докажано дека телото реагира на сексуални дразби иако тоа не е по волја на човекот. Тоа го користат овие демони и напаѓаат, исклучиво ноќе.
Овие зли духови се слаби, од низок ранг. Човекот, сам по себе е беспомошен при контакт со демон па макар и од најнизок ранг. Но демонот не може да му наштети на човекот доколку на некој начин Божјата заштита не биде отповикана или кога овие зли духови ќе бидат „поканети“ во домот преку разни „врати“ или „влезови“. Тогаш многу е тешко да се истераат бидејќи тие му даваат еден вид „задоволство“ на телото од своите жртви. Доколку не се елиминира причината поради која се појавил ваков демон истиот е речиси невозможно да се истера.

paleface.jpg

На почеток ваквиот демон нуди задоволство се додека жртвата не се навлече и стане зависна. Потоа жртвата нема сила да се спротистави и трагичен крај е неминовен. Затоа секој кој би се нашол во ваква ситуација треба да вложи максимален напор и да најде помош пред да биде доцна! (Интересен пример е расказот „Пајак“ на Ханс Еверс).

Има неколку видови на ноќни напади. Во првата група спаѓаат т.н. кошмари или ноќни мори. Вториот тип напади се сврзани со условно кажано физичко присуство на демонот. Чести се комбинации на овие два типови.

Првиот облик се случува кога жртвата е во длабок сон. Нападите почнуваат со сонување на некој сон кој има бизарна содржина. Сонот е со сексуален карактер но постои извесна доза на страв. Жртвата е свесна за сонот и сака да се разбуди, но не може. Првата ноќ сништата се во поскриена форма, завиени, страв речиси и да нема. Потоа како се повторуваат од ноќ во ноќ стануваат пострашни. Сексуалноста во сонот добива демонски-ѕверски карактер. На крај силниот страв го прекинува сонот.

dr.jpg

Сонот ја исцрпува жртвата и психички и физички. Таа другиот ден се буди изморена и неспособна за секојдневна активност. Доколку ваквите соништа се повторуваат, тоа го онеспособува човекот и тој бара начин да се ослободи од овие кошмари. Директна опасност нема. Но ако жртвата наредниот ден треба да донесе некаква важна одлука или пак да вози моторно возило, ноќната мора може да заврши фатално.
Кај некои поединци се јавува задоволство од сонот. Наредниот ден тие се возбудени и мислите ги насочуваат кон содржината на сонот. Најчесто станува збор за помлади лица. Следната ноќ ќе се повтори нешто слично. После неколку ноќи, почнува да се гледа промена кај човекот. Тој губи интерес за семејството, работата и се друго. Карактерно се менува, а промените не се бавни и постепени. Напротив, сите околу жртвата приметуваат дека нешто чудно се случува. Потоа жртвата станува зависна од демоните и веќе нема сила самата да се ослободи. Последиците се страшни.
Најпрво се распаѓа социјалниот статус на човекот. Го губи семејството, пријателите, работата, студирањето и сл. Паралелно се нарушува и здравјето. Најпрво страда нервниот систем, а потоа се јавува анемија, малаксалост, слабеење и постепено исцрпување на жртвата. Подоцна се појавуваат разни хронични и неизлечливи болести, рак и сл. Во терминалниот стадиум жртвата изгледа како долгогодишен наркоман.
Децата се жртви исто така. Во овој случај нема сексуална компонента, само страв. Детето обично е престрашено и вика, понекогаш се буди но понекогаш не. Бара да спие со возрасен, да има запалено светло и сл. Ова ги исцрпува и родителите и децата. На прашањето од што се исплашило, детето вообичаено одговара дека се среќава со некои темни облици, сенки со неодреден изглед. Мисли дека тие сенки се во неговата соба и се движат околу него. Доколку во овие случаи родителите реагираат нервозно и без разбирање, му нанесуваат тешки психолошки трауми на детето.
И вториот тип на напади се случува ноќе. Жртвата е често свесна но е во еден вид хипнотичка состојба и мисли дека сонува.

image.jpeg

Жртва може да биде секој, возрасен човек или дете. Доколку жртва е маж, демонот се нарекува succubus, а ако жртвата е жена, тогаш демонот е incubus.

Демоните се зли духови и како такви немаат пол, за разлика од луѓето. Но тие по потреба може да попримат машки или женски појавен облик. Succubus-от е демон со женски облик а ги напаѓа жртвите од машки пол кои се заспани. Демонот чека момент кога човекот ќе заспие. Тогаш одбрамбените механизми на свеста се исклучени и демонот напаѓа. Доаѓа до заспаниот човек, кој сонува како му приоѓа жена со некоја морничава убавина. Разумот се повлекува од страв, но телото се возбудува. Доколку стравот преовлада, човекот се буди и се спасува. Ако не, тогаш демонот го прекрива во целост. Делимично материјализиран, тој го оневозможува дишењето на заспаната жртва. Во најголем број на случаи жртвата се буди со чувство дека не може да дише. Телото е парализирано. Во затемнетата просторија се гледа некој амебовиден облик во форма на сенка. Борбата за живот е посилна од се и жртвата се буди од хипнотичката состојба. Во будна состојба помислува дека тоа е уште еден кошмар и таа помисла носи извесно спокојство. Доколку не успее да се извлече, човекот умира. Лекарите ќе констатираат нешто како изненадна смрт, инфаркт во сон или нешто слично.
Посебно се осетливи новороденчињата. Постојат случаи на т.н. „синдром на изненадна смрт кај бебињата“. За ова современата медицина сеуште нема одговор.

Кај жените настаните се исти со тоа што демонот incubus се појавува во облик на некое неприродно суштество, некакво животно а поретко во облик на човек.

Incubus1.jpg

Причини и поводи

Доколку во некое семејство се појават вакви проблеми, најлоша одлука би била игнорирање на истите. Овие појави сами по себе нема да исчезнат а може да водат до трагедии. Затоа е неопходно да се превземат ефикасни мерки.
Оној кој е жртва на ваков напад пред се треба да го испита својот живот од христијанска гледна точка. Тоа ќе овозможи да се види која „врата“ е отворена за да навлезат ѓаволите. Најчесто станува збор за сексуални перверзии, порнографија, мастурбација, сексуални аберации и сл. Понекогаш кај особи склони кон мечтаење моќе да влијае и некој ТВ-филм, книга, обичен настан од секојдневјето. Таквото однесување го жалости Светиот Дух кој се повлекува, а ѓаволите навлегуваат. Ваквата личност мора веднаш да престане со таквиот живот и да се покае. Христијанинот кој направил прељуба мора да го исповеди гревот и да побара прошка од Бог.
Доколку станува збор за адолесцент, работите можат да се посериозни. Причините може да се исти како и погоре (најчесто развратен начин на живот), но може да биде и далеку посериозно. Доколку адолесцентот на некој начин општел со демони (посета на спиритистички сеанси, играње со УИЈА-табли, членување во некоја далекуисточна или сатанистичка верска секта, учество во сатанистички ритуали и сл.) тогаш демонските напади се неминовни а жртви има низ целото семејство. Потребно е превземање на драстични мерки. Покрај другите мерки, неопходно е да се побара совет од искусен свештеник кој ќе каже што да се прави понатаму.
Среќни поединци или семејства, кои водат богоугоден живот може да станат жртва на вакви напади и тоа најчесто кај најмладите членови. Обично ваквите напади се краткотрајни и безуспешни.
Вакви напади може да се насочувани и водени од поединци. Понекогаш таквиот поединец од чиста злоба и завист може да напакости. За нив се вели дека се урокливи, а карактеристична е еден вид симбиотска врска меѓу таков човек и демон. Кај таквиот човек постои свест дека може да им напакости на другите луѓе.
Постојат и особи кои свесно општат со демоните и ги користат за секави цели, а и демоните имаат корист од нив. Порано таквите биле нарекувани вештер(к)и, а денес имаат „покултурни“ називи: магови, јасновидци, биоенергетичари и сл. Ваквата личност може да насочи демон кон човек или семејство. Но, ништо не им може на христијани кои водат богоугоден живот.
Многу е занимлив фактот што современата наука не дава прецизно објаснување за причините на овие појави. Не дава објаснување ни за т.н. „синдром на изненадна смрт кај бебињата“. Не постои и објаснување за многу случаи на изненадна смрт кај млади тинејџери. И конечно, современата наука не го кажува лекот.
Како да се одбраниме од вакви напади?
Не постои народ кој во своите писмени или усни традиции не споменува вакви работи. Без да се навлегува во деталите, може да се нагласи дека на сите континенти сите народи наведуваат вакви појави, ги нарекуваат со прецизни поими и сите наведуваат дека станува збор за демони.
Гатачите, вештерките, магови и практиканти на источни религии обилно се користат со насочување на демони заради разни причини. Истите се често и цел на такви напади од страна на други слични на нив особи. За да се заштитат, практикуваат една цела низа пагански обреди, додека спијат се чувани од дузина свои ученици, но сето тоа не е ефикасно. При судирот на два магови кои си прават црна магија еден на друг, едниот обавезно страда (на пр. познатата вештерка Дион Фочун).
Постои една мала брошура од Ерика Џозеф Шеферд, со наслов “Sex with demons - Nightmares, Incubus and Succubus”. Жената е од протестантска заедница со титула senior pastor и во своите кругови е позната како exorcist. Оваа брошура вреди да се прочита и покрај тоа што сметам дека користење егзорцизам онаму каде не постои запоседнување е претерано.

Терапија

Додека трае нападот, човекот се бори за воздух. Бидејќи телото му е наполно парализирано, но умот е слободен и единствено што помага е повикот кон Исус на помош. Најмоќна е Исусовата молитвакоја гласи:
Господи, Исусе Христе, Сине Божји, смилувај се на мене, грешниот.
И самото спомнување на светото име Исус е доволно. Нападнатиот е ослободен, се буди од хипнотичката состојба и гладно го вдишува воздухот.
Молитвата пред спиење е одлична. Ја смирува душата и го повикува Бог на помош. Таа може да биде Господовата молитва („Оче наш“) или некој псалм (на пример Псалм 91, еден од најубавите).
Се пали половинка или едно цело од оние самогоречки јагленчиња кои се во форма на таблета. Откако ќе се создаде жар се ставаат две-три зрнца темјан. Се што треба е да се овозможи мирисот на темјанот да навлезе во сите простории, посебно во спалните соби. Не е битна количината на дим затоа што неговото дејство не се заснова на концентрацијата. Доволно е само да се помине во секоја просторија. Злите духови нема да можат таа вечер да дојдат. Темјан може да се набави во секоја православна црква.
Светата водичка е исто така ефикасна, особено кај помалите деца. Тие се сеуште мали и не знаат да се молат. Затоа е доволно да им се измие лицето со света водичка пред спиење и тоа е доволно. Ова може да се користи и против уроци. И пиењето на света водичка е препорачливо.
Горенаведените постапки ги спречуваат и елиминираат нападите, но не и причините. За конечен спас од ова зло мора да се затворат каналите кои ги користат овие зли духови. Да не заборавиме дека компромис со злото нема.

No comments:

Post a Comment