Thursday, December 17, 2009

Св Николај Чудотворец архиепископ Мирликиски

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух !

А М И Н !

Возљубени браќа и сестри во Христа!

Денес го славиме споменот на Св.Николај Чудотворец –архиепископ Мирликијски.

Овој славен светител , славен и денес по целиот свет , бил син единец на познати и богати родители , Теофан и Нона, жители на градот Патара, во Ликија . Иако единец син, кој им бил подарен од Бога,

тие пак го посветиле на Бога и со тоа дале на Бога како дар.

На духовен живот св. Николај се научил кај својот стрико,

Николај, епископ Патарски, и се замонашил во манастирот

,, Нов Сион , основан од неговиот стрико. По смрта на родителите, Николај го раздал наследениот имoт на сиромашните, не задржувајќи ништо за себе. Како свештеник во Патар, се прочул со своето милосрдие , иако тој грижливо ги криел своите милосрдни дела, исполнувајќи го зборот Господов: Да не знае твојата лева рака што прави десната

(Mт. 6:3). Кога се предал на самотија и на безмолвие, мислејќи така до смртта да проживее, му дошол глас одозгора : Николај, појди на подвиг во народот, ако сакаш од мене да бидеш овенчан. Веднаш потоа со чудна Божја промисла бил избран за архиепископ на градот Мир во Ликија. Милостив, мудар, бестрашен, св. Николај бил вистински добар пастир на своето стедо. Во времето на гонењето на христијаните под Диоклецијан и Максимијан, бил фрлен во затвор, но и таму ги поучувал луѓето на законот Божји. Присуствувал на Првиот вселенски собор во Никеја и од голема ревност кон вистината со рака го удрил еретикот Ариј. Заради тоа дело бил остранет од соборот и од архијерејската служба се додека на неколкумина први архијереји на Соборот не им се јавиле Господ Исус Христос и Пресвета Богородица, и не им го објавиле Своето благоволение кон Николај. Како заштитник на Божјата вистина, овој прекрасен светител бил секогаш и смел заштитник

На правдата помеѓу луѓето. Двапати спасил по тројца луѓе од незаслужена смртна казна. Милостив, вистинит, правдољубив, тој одел помеѓу луѓето како ангел Божји. Уште за неговиот живот луѓето го сметале за светител и го повикувале на помош во маките и во бедите; и тој се јавувал , во сон и најаве на оние кои го повикувале, подеднакво лесно и брзо во близина и надалеку и им помагал. Од неговото лице сјаела светлина како од лицето на Мојсеј и тој со самата своја појава донесува утеха, тишина и добра волја помаѓу луѓето. Во староста малку боледувал и се упокоил во Господа, трудољубив и многуплоден, вечно да се весели во небесното царство, продолжувајќи со чудата на земјата да им помага на верниците и да го прославува својот Бог. Се упокоил на 6 декември 343 година.

О Боже безгрешен , помогни ни да се сочуваме од гревот и од гревовното гниење. На тебе слава и вечна пофалба.АМИН!