Friday, October 9, 2009

За Судовите Божји

Некој монах од Скитската пустина, одејки во Александрија за да ѓи продаде своите ракотворби, забележал некој погреб. Бил умрен некој си управител, од градот каде што поминувал, голем паганин, кој ги измачувал многу христијаните, бидејки сето ова се има случено за време на големиот прогон. Бидејки беше убав ден цел град беше излезн на спроводот на погребот.

Додека одел понатака кон Александрија дошол до некој пустиножител кој се хранел со корени, со кого се среќавал кога одел до Александрија, но тој веќе бил растргнат од хиени.

Во тој момент монахот си помислил: со какви се не почести го погребаа управителот кој ѓи гонеше христијаните, додека пак пустиножителот кој цели 60 години му служеше на Бога во молитва и пост, Бог дозволи да го изедат хиени. Какви ли се судовите Божји? Зошто Бог иако предобар допушта да се случат вакви работи?

Тогаш монахот решил да го моли Бога да му покаже какви се неговите судови и зошто така пресудил, бидејки некој кој е грешен и лош човек го погребуваат со сите почести, во животот му оди добро, додека некој праведен и чесен во животот му оди лошо.

Од тој ден монахот почна да го моли Бога да му ѓи покаже судовите негови: “Господе, покажи ми ѓи судовите Твои да не би судел“. Така се молел монахот многу долго.


Еден ден монахот, повторно заминал за Александрија да ѓи продаде своите ракотворби.Штом излегол на една убава пољана среднал друг млад монах.

-Благослови Оче!

-Господ нека те благослови, сине!

-Каде одиш оче!?

-Одам на пазар во Александрија да ги продадам своите ракотворби.

-И јас одам до Александрија.

-Слава Му на Бога што ми даде сопатник да не одам сам.

Бидејки младиот монах го презел товарот на стариот монах, му рекол:

-Оче знаеш што треба да прават монасите кога одат на пат?Треба да се молот, цело време треба разговараат со Бога. Тоа е должност на монасите и на христијаните да се молат кога се на пат.

-Така оче, до Александрија ќе се молиме!

-Да не прозбориме ниту еден збор, туку само да се молиме!Овие три дена додека патуваме ќе видиш многу страшни работи од мене, но да не ми судиш и да не ми преречиш ништо, и да не ја прегазиш својата заклетва.

-Да синко!Ако Бог ми помогне, нема да повеќе да зборувам. – рече старецот.

И така продолжиле по патот, а околу пладе кога сонцето запекло, наидоа на двајца браќа кои им рекоа:

-Оци, од сега па натаму вие не можете да патувате бидејки е многу жешко. Дојдете кај нас да се одморите малку.

Кога разбраа браќата дека монасите се од Скитската пустина, ги примија со уште поголеми почести: им ги измија нозете, им постелија да се одморот, и им поставија маса јадење во сребрен сад кој им бил оставен, и кого го пренесувале од колено на колено. Монасите јадеа, и после вечерата легнаа да се одморат малце.

Пред вечерта, пред да заминат младиот монах го украл сребрениот сад. Стариот монах го забележал ова и во себе си рекол „Види го ова! Не примија, не гоштеваа, ни ги измија нозете, а овој им го украде сребрениот сад!“.

Кога го заминале градчето, преминувајки една река, младиот монах го зел задот го благословил и го фрлил во реката. На ова стариот монах во себе си реко „Зошто сега го фрла? Зошто воопшто го земаше?“. Но бидејки имаше дадено завет да не зборува до Александрија, не му рече ништо.


Доцна вечерта ѓи пречека некој млад брачен пар и исто така со љубов и почит ги примија во нивниот дом, и ги нагостија. Утрото пред да заминат младиот монах, влезе во собата на младенците, и бидејки имаа мало бебе кое им се беше родило пред неколку месеци, младиот монах го уби.

Кога го виде сево ова стариот монах, во себе си рече „Со каков злосторник ли јас тргнав на пат!?“. Но тогаш се присети на зборовите на младиот монах „Од мене ќе видиш многу лоши работи, но немој случајно да прозбориш нешто бидејки ќе ја прекршиш заклетвата!“.


Другиот ден околу пладне поминувајки низ некое село, ѓи сретнал некој домаќин и им рекол „Оци, веќе е пладне и не можете да патувате на горештините, дојдете кај мене и одморете се, а после продолжете го својот пат“. Кога стигнале кај него дома, во дворот имало врзано куче кое ја чувало куќата. Домаќинот ѓи нагостил,и откако заладило времето, тие тргнале да продолжат до Александрија. Младиот монах се привратил кај домаќинот и без да го види, го прекрстил кучето, по што тоа се затрчало и се фрлило во бездна и загинало.

Стариот монах и ова го забележа, но сепак ништо не проговори бидејки имаше дадено завет.

Утредента, патувајки поминале покрај некоја крчма, каде што имало многу пијани. Младиот монах се свртел према крчмата и направил три длабоки поклони. На што стариот монах се зачудил.

На крајот на селото, поминале покрај некоја разрушена црква, при што младиот монах зел три камења, ги благословил и фрлил со нив на црквата кршејки ги прозорите во делот кај олтарот.

Кога го видел сето ова стариот монах рекол во себе:„Овој не е Божји човек, бидејки на крчма се клаља а на црквата со камења фрла!“.


На третиот ден, утрото поминувајки покрај некое село, поминале покрај некоја куќа, покриена со слама, и виделе на тремот пет деца како плачеле. Стариот монах извадил нешто од торбата и им дал на децата, а децата им кажале дека претходниот ден, ја погребале мајка им, а минатата година им починал и таткото.

Само што заминале, стариот монах се вратил и им ја запалил куќата. На ова многу се налутил стариот монах, но сепак морал да се воздржи од коментари поради својот завет.

Вечерта пристигнале во Александрија и на влезот наишле на некоја убава куќа, и младиот монах веднаш се нафрлил на куќата уништувајки ја и кршејки се што може да се скрши.

Неможејки веќе да се воздржи стариот монах, а и веќе биле стигнале во Александрија така што веќе не го кршел заветот, му се свртел на младиот монах и веднаш почнал да го обвинува за неговите злодела:

-Ти да ми кажеш мене, дали си човек или ѓавол.

На ова младиот монах го запрашал:

-Што лошо направив Оче?

-Зошто го украде сребренот сад на браќата кои не примија со големи почести?

-Зар мислиш дека направив лошо? Не! Таму направив три добри дела. Тој сребрен сад беше петолебница, од црквата на тоа село. Ја беше украл нивни прадедо, а браќата не знаеа за тоа. На неа беше напишано на црквено писмо „Ова е дар од таја и таја фамилија, и кој ќе ја отуѓи од црквата, да биде во пеколот додека не ја врати.“. Поради тој сад, девет души се во пеколот, а сега требаше и тие да одат во пеколот бидејки и тие ја користеа. И мене ми беше жал, но и мене не ми беше потребна, па затоа и ја фрлив во водата, а таму се капи црквениот служител, и бидејки тој го познава црквеното писмо, кога ќе ја пронајде ќе прочита и ќе ја однесе кај црковниот свештеник, кој ќе ја врати во олтарот. Со тоа 9 души ќе се избават од пеколот, браќата нема да одат во пеколот, и садот повторно ќе биде во црквата.

-А кога го уби детето и тука ли добро дело направи?

-Да!

-Како, уби дете а велиш дека направи добро дело!?

-Застани, и не суди според разумот! Тоа дете беше зачнато на денот на Христовото Воскресение. Бидејки родителите не се воздржаа на денот на Христовото Воскресение, по Божји суд детето ќе биде разбојник и на својата 20 година ќе ѓи убие своите родители, и многу проблеми ќе прави на светот, бидејки е зачнат на така голем ден. Јас и овдека направив три добри дела, спасувајки ја душата на детето и испраќајки ја чиста на небото, ѓи спасив родителите од убиството од страна на нивното дете, а родителите со плачот за нивното мртво дете ќе им се опрости нивниот грев, кој го направија на денот на Христовото воскресение. И ти ми викаш дека сум направил зло?

-А зошто тогаш го уби кучето на домаќинот?

-И таму направив добро дело.Кучето го чуваше домот на домаќинот, но наредниот ден требаше да побесни и кога домаќинката ќе му носи јадење, кучето требаше да ја касне. И бидејки не примија, зарем требаше да дозволам кучето да ја касне домаќинката?

-А зошто се крстеше и клањаше на крчмата!?

-И таму направив добро дело.Во крчмата се беше собрале, црковниот служител, некој богат кенз, и некој добар домаќин. Тие сакаа да ја возобноват разрушената црква во селото. И во моментот кога поминувавме, рекоа „Помогни ни Господи да ја изградиме црквата! Иако беа во крчма, луѓето сакаа да направат добро дело, па за тоа јас се прекрстив три пати и се поклонав, и реков „Господе помогни им да ја изградат црквата!“.

-А зошто тогаш фрлаше со камења на црквата!?

-Бидејки црквата беше разрушена, на Божјата трпеза, ѓаволи играа и се смееа бидејки беше запустен Божјиот Дом. Јас ги благословив камењата,и не мавав на црквата, туку ги бркав ѓаволите.

-А зошто тогаш им ја запали куќата на сирачињата!?

-Мене ми беше повеќе жал, околку што ти беше тебе! И направив добро дело. Децата останаа сирачиња да живеат во таа колибка, незнаејки дека во тремот на колибката има закопано богатство од нивнот прадедо.Кога ќе почнат да си ја градат куќата, ѓе го најдат богатството, и нема да живеат во сиромаштија. И ти викаш дека направив лошо дело!

-А зошто тогаш ја искрши убавата куќа!?

-Таа куќа беше изградена од крадени пари! И бидејки е изградена со крадени пари Бог заповеда: „Пошто е направена со туѓ труд, во оваа куќа маш и жена да не живеат. Жената која која живее тука треба да умре на пороѓај, така да мажот ќе остане сам.“ А со тоа што јас ја искршив куќата, домаќините ќе си изградат помала куќа со сопствен труд и жената нема да умре на пороѓај!. И ти викаш дека направив лошо дело!?

Тогаш стариот монах го запрашал:

-А сега да ми кажеш што си ти бидејки имаш ваква мудрост, и големи чуда направи?

-Ќе ти кажам ако ми кажеш што бараше од Бога во молитвата твоја?

-Јас веќе неколку години се молам на Бога да ми ѓи покаже неговите судови, бидејки мислам дека Бог допушта големи неправди.

-ДА?Зар не си слушнал од пророкот Исаија? Колку се небесата високи од земјата, и колку е Исток одалечен од Запад, толку се и судовите мои повисоки од судовите ваши, и мислите мои од мислите ваши, синови мои. Како си се осудил ти, еден човек, да ги осознаеш судовите Божји, кои ни архангелите, ни херувимите не ги знаат? Но Бог е добар и не сакаше да те сотре, но ги услиши твоите молитви и ме испрати мене да ти ѓи открие судовите негови. А ти мене ме обвинуваше, и ми судеше, но твоите судови се различни од Божјите. Отсега да не судиш, и што и да видиш речи: Господи, ти се знаеш.Јас не ги познавам судовите твои.

Свети оче, никој човек повеќе да не се осуди да ги испитува судовите Божји. Но бидејки си човек Бог ти прости и те удостои да ги осознаеш судовите негови.

Од оваа приказна гледаме дека сето она што во светот изгледа криво и злобно, за нас за Бога не е така, бидејки не ги знаеме судовите негови.


Не го испутувај неиспитливото, и не го барај да го достигнеш недостижното.

АМИН.

Извадок од книгата: Старец Клеопа, Бог е Голем!

No comments:

Post a Comment