Sunday, July 4, 2010

Најдобро средство за исправање на своите пороци е – да ги испитуваме

Најдобро средство за исправање на своите пороци е – да ги испитуваме







ВЕ МОЛАМ – И НИКОЈ ДА НЕ ГИ ВИДЕЛ НАШИТЕ ДЕЛА, СЕКОЈ ОД
НАС ДА СЕ СВРТИ КОН СВОЈАТА СОВЕСТ, СВОЈОТ РАЗУМ ДА ГО ПОСТАВИ КАКО СУДИЈА НАД СЕБЕ САМИОТ И ДА ГИ ОТКРИЕ ПРЕД НЕГО СВОИТЕ ГРЕВОВИ. ЗАШТО, АКО НЕ САКАМЕ ДА БИДЕМЕ ПОСРАМЕНИ ВО ОНОЈ СТРАШЕН ДЕН, ТОГАШ ДА ГИ ЗАЛЕЧИМЕ НАШИТЕ РАНИ, ДА ГО СТАВИМЕ ВРЗ НИВ ЛЕКОТ НА ПОКАЈАНИЕТО. ЗАШТО Е МОЖНО, НАВИСТИНА Е МОЖНО ЧОВЕК ДА ОЗДРАВИ, ПА И АКО ИМА ИЛЈАДНИЦИ РАНИ: БИДЕЈЌИ,КАЖАНО Е, АКО ИМ ГИ ПРОСТИТЕ НА ЛУЃЕТО ГРЕВОВИТЕ НИВНИ И ВАМ ЌЕ ВИ ГИ ПРОСТИ ВАШИОТ ОТЕЦ НЕБЕСЕН; АКО, ПАК, НЕ ИМ ГИ ПРОСТИТЕ ГРЕВОВИТЕ НА ЛУЃЕТО И ВАШИОТ ОТЕЦ НЕМА ДА ВИ ГИ ПРОСТИ ВАШИТЕ (МАТ. 6: 14-15).
КАКО ШТО СО КРШТАВАЊЕТО ПОТОПЕНИТЕ ВО ВОДА ГРЕВОВИ
ИСЧЕЗНУВААТ, ТАКА И ОВИЕ ЌЕ БИДАТ ПОНИШТЕНИ, АКО ПОСАКАМЕ ДА СЕ ПОКАЕМЕ. А ПОКАЈАНИЕТО СЕ СОСТОИ ОД ТОА – ДА НЕ ГО ПРАВИМЕ ПОВЕЌЕ ИСТОТО. ТОЈ, ПАК, ШТО СЕ ЗАФАЌА СО ПОРАНЕШНИТЕ РАБОТИ ЛИЧИ НА ПЕС КОЈ СЕ ВРАЌА НА СВОЈАТА ПОВРАЌАНИЦА (В. 2. ПЕТР. 2: 22) И НА ЧОВЕК КОЈ, КАКО ШТО ВЕЛИ ПОГОВОРКАТА, ФРЛА БЕНЗИН НА ОГНОТ И ЦРПИ ВОДА СО ЦЕДИЛКА.
ТРЕБА И НА ДЕЛО И СО МИСЛА ДА СЕ ТРГАМЕ ОД СКРИЕНИТЕ ГРЕВОВНИ ЖЕЛБИ. И ТРГАЈЌИ СЕ ОД ОВИЕ, ВРЗ РАНИТЕ ДА СТАВАМЕ МЕЛЕМИ СПРОТИВНИ НА ГРЕВОВИТЕ.
ЌЕ КАЖАМ НЕКОЛКУ ПРИМЕРИ:
КРАДЕЦ СИ И ЛИХВАР? – ОСТАВИ ГО КРАДЕЊЕТО И СТАВИ МИЛОСТИЊА ВРЗ РАНАТА.
СИ БЛУДНИЧЕЛ? – ОСТАВИ ГО БЛУДОТ И ВРЗ ТАА РАНА СТАВИ
ЧЕДНОСТ (ЦЕЛОМУДРИЕ).
СИ РЕКОЛ НЕШТО ЛОШО ЗА БЛИЖНИОТ И СИ МУ НАШТЕТИЛ?
– ПРЕСТАНИ СО ЛОШОТО ЗБОРУВАЊЕ, ДОДАЈ ДРУЖЕЉУБИВОСТ.
ДА ПОЧНЕМЕ ТАКА ДА ПРАВИМЕ СО СЕКОЈ НАШ ГРЕВ И НИТУ ЕДЕН ОД НИВ ДА НЕ ГО ОСТАВАМЕ БЕЗ ВНИМАНИЕ. НАСТАПУВА ВЕЌЕ, НАСТАПУВА ВРЕМЕТО ЗА ОТЧЕТ. ЗАТОА И ПАВЛЕ ГОВОРИ: ГОСПОД Е БЛИЗУ! ЗА НИШТО НЕ ГРИЖЕТЕ СЕ (ФИЛИП. 4: 5-6). НО НИЕ, МОЖЕБИ, ТРЕБА ДА ГО КАЖЕМЕ СПРОТИВНОТО: ГОСПОД Е БЛИЗУ, ГРИЖЕТЕ СЕ. ПРИКЛАДНО БИЛО ДА ИМ СЕ РЕЧЕ НА ФИЛИПЈАНИТЕ: ЗА НИШТО НЕГРИЖЕТЕ СЕ, ЗАШТО ТИЕ БИЛЕ ВО МАКИ, НАПОРИ И ПОДВИЗИ. А НА ТИЕ КОИ ЖИВЕАТ ВО ГРАБЕЖ, СЛАСТОЉУБИЕ, КОИ ЌЕ ТРЕБА ЗА ТОА ДА ДАДАТ ТЕЖОК ОТЧЕТ – ЕВЕ ШТО СО ПРАВО ЌЕ ИМ БИДЕ РЕЧЕНО: ГОСПОД Е БЛИЗУ, ГРИЖЕТЕ СЕ.

НЕ ОСТАНУВА УШТЕ МНОГУ ВРЕМЕ ДО КРАЈОТ, СВЕТОТ ВЕЌЕ СЕ ДВИЖИ КОН СВОЈОТ КРАЈ. ТОА ГО ПОКАЖУВААТ ВОЈНИТЕ, МАКИТЕ, ЗЕМЈОТРЕСИТЕ, ОЛАДУВАЊЕТО НА ЉУБОВТА. КАКО ШТО ТЕЛОТО ПРИ ПОСЛЕДНОТО ИЗДИВНУВАЊЕ, КОГА Е БЛИЗУ ДО СМРТТА, ПАЃА ВО БЕЗБРОЈ БОЛЕСТИ, КАКО ШТО ВО КУЌАТА, ШТО Е ПРЕД УРИВАЊЕ, ОБИЧНО МНОГУ РАБОТИ ПАЃААТ ОД ПОКРИВОТ И ОД ЅИДОВИТЕ, ТАКА Е БЛИЗУ, ПРЕД ВРАТИТЕ Е КРАЈОТ НА ВСЕЛЕНАТА, И ЗАТОА НАСЕКАДЕ СЕ РАСПРОСТРАНУВААТ БЕЗБРОЈ БЕДИ. И АКО ГОСПОД БИЛ БЛИЗУ УШТЕ ТОГАШ, ТОГАШ Е УШТЕ ПОБЛИЗУ СЕГА... НАВИСТИНА, ОД КАДЕ ЗНАЕШ, ЧОВЕКУ, ДЕКА КРАЈОТ НА СВЕТОТ СÈ УШТЕ НЕ Е БЛИЗУ И ДЕКА КАЖАНОТО НЕМА ДА СЕ СЛУЧИ НАБРГУ? НИЕ НЕ ГО НАРЕКУВАМЕ КРАЈ НА ГОДИНАТА САМО НЕЈЗИНИОТ ПОСЛЕДЕН ДЕН, ТУКУ И ПОСЛЕДНИОТ МЕСЕЦ, ИАКО ТОЈ ИМА ТРИЕСЕТ И ЕДЕН ДЕН, ТАКА ШТО ЈАС НЕМА ДА ЗГРЕШАМ АКО, БРОЕЈЌИ ГИ ТАКА ГОДИНИТЕ, ЈА НАРЕЧАМ КРАЈ ЧЕТИРИСТОТАТА ГОДИНА.

НА ИСТ НАЧИН АПОСТОЛОТ УШТЕ ВО СВОЕТО ВРЕМЕ ПРЕТСКАЖУВАЛ ЗА КРАЈОТ. ТУКУ, ДА СЕ СМИРИМЕ И ДА ЖИВЕЕМЕ ВО СТРАВ БОЖЈИ. А АКО ЖИВЕЕМЕ ВО НЕГРИЖА, ВО НЕРАБОТЕЊЕ И НЕ ОЧЕКУВАМЕ НИШТО, ТОГАШ ДОАЃАЊЕТО ЌЕ НАСТАПИ НЕНАДЕЈНО. ОБЈАСНУВАЈЌИ ГО ТОА, ХРИСТОС РЕКОЛ: КАКО ШТО БЕШЕ ВО ДЕНОВИТЕ НА НОЕ, ТАКА ЌЕ БИДЕ И ПРИ ДОАЃАЊЕТО НА СИНОТ ЧОВЕЧКИ (МАТ. 24:37). ИСТОТО ГО ЗАБЕЛЕЖУВА И ПАВЛЕ, КОГА ГОВОРИ: КОГА ЌЕ РЕЧАТ: ‘МИР И БЕЗОПАСНОСТ!’, ТОГАШ НЕНАДЕЈНО ЌЕ ГИ СТИГНЕ ПОГИБЕЛ, КАКО ШТО ЈА НАПАЃААТ РОДИЛНИ МАКИ СЕКОЈА НЕПРАЗНА ЖЕНА, И НЕМА ДА ИЗБЕГНАТ (1. СОЛ. 5:3). ШТО ЗНАЧИ ТОА: КАКО ШТО ЈА НАПАЃААТ РОДИЛНИ МАКИ СЕКОЈА НЕПРАЗНА ЖЕНА? ЧЕСТ СЛУЧАЈ Е БРЕМЕНИТЕ ЖЕНИ ДОДЕКА СЕ ЗАБАВУВААТ, ИЛИ ЗА ВРЕМЕ НА ЈАДЕЊЕ, ИЛИ ДУРИ СЕ НА БАЊА, ИЛИ НА ПЛОШТАД, БЕЗ ДА ОЧЕКУВААТ, НАЕДНАШ ДА ГИ ФАТАТ РОДИЛНИ БОЛКИ. А СО ОГЛЕД НА ТОА ШТО И НАШАТА СОСТОЈБА Е ТАКВА, ДА БИДЕМЕ ПОСТОЈАНО ПОДГОТВЕНИ. ЗАШТО НЕМА ПОСТОЈАНО ДА СЛУШАМЕ ЗА ТОА, НЕМА ПОСТОЈАНО ДА ЈА ИМАМЕ ТАА МОЖНОСТ: ВО ГРОБОТ, ВЕЛИ ПИСМОТО, КОЈ ЌЕ ТЕ СЛАВИ ТЕБЕ (ПСАЛ. 6:6)?

ТУКУ, ДА СЕ ПОКАЕМЕ ОВДЕ, ПА НА ТОЈ НАЧИН ДА ГО СМИЛОСТИВИМЕ БОГА ВО ИДНИОТ ДЕН И ДА ДОБИЕМЕ ОД НЕГО ПРОШКА, ЗА ШТО И ДА СЕ УДОСТОИМЕ СИТЕ НИЕ, ПО БЛАГОДАТТА И ЧОВЕКОЉУБИЕТО НА НАШИОТ ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС, КОМУ СЛАВА И ВЛАСТ ВО ВЕКОВИТЕНА ВЕКОВИТЕ. АМИН.

No comments:

Post a Comment