Sunday, July 11, 2010

Свети Апостоли Петар и Павле



СВЕТИТЕ АПОСТОЛИ ПЕТАР И ПАВЛЕ
Во името на Оца и Сина и Св Дух
Амин
Возљубени браќа и сестри во Христа!
Светата Православна Црква на 12 јули истовремено ги празнува двајцата велики апостоли Петар и Павле кои таа воедно ги нарекува и првоврховни, првопрестолници и вселенски учители. Овие апостоли многу се потрудиле за распространувањето на Словото Божјо во светот, претрпеле многу страдања и гоненија и во своите посланија ги поставиле основните начела на христијанската вера и на христијанскиот живот. За животот и духовната историја на апостолите Петар и Павле се опишува во книгата Дела апостолски, за апостол Петар пишува и во Евангелието, а за животот на апостол Павле во голема мера пишува во неговите посланија.
Апостолите Петар и Павле слободно можеме да кажеме се основа и темел на науката Христова. Самиот нивни живот ни сведочи и како отворена книга ни зборува за смислата на боговоплотувањето Христово, за создавањето и ширењето на Црквата и за Тајната на спасението на човечкиот род. Нивните животи и нивната вера, нивниот жар и увереност во вистината се аголниот камен врз кој и ден денес се потпираат христијаните. Тие се спој помеѓу старото и новото, помеѓу сомнежот и верата и помеѓу Христос и Црквата.
Она што им е заедничко на Петар и Павле е чудесното избирање и повикување на служба од страна на Господа Исуса Христа. Тие, и двајцата биле големи проповедници и мисионери на христијанството меѓу паганите и меѓу еврејската дијаспора. И двајцата, со целосна предаденост го сведочеле Словото Божјо и воскреснатиот Спасител и двајцата со темперамент и божествена ревност ги трпеле понижувањата и исмејувањата на оние кои не ја разбирале „апсурдноста“ на верата и на крајот и двајцата, скоро во исто време, маченички пострадале во престолнината на Римското Царство, свесни дека со својата крв ќе придонесат за раѓање, за никнување и за ширење на Црквата Божја.
Читајќи го житието на апостол Петар се прашуваме која е таа сила што од еден обичен човек, од еден обичен рибар, направила огнен проповедник и сведок на Божјото Царство. Тој, обичниот и едноставниот рибар, со силата на својата проповед успеал да го преобрази светот и да ја христијанизира тогашната славна и величествена Римска империја. Таа сила е силата на Светиот Дух, силата на Словото Божјо, односно силата на Исуса Христа, Кој при нивното среќавање го повикал да ги остави рибарските мрежи и да престане да ја лови земната храна и да продолжи да „лови луѓе“ дарувајќи им ја многу понужната и попотребната небеска храна и питие. Апостол Петар послушно покорувајќи се на зборовите Христови напуштил сè што дотогаш било вредно во неговиот живот и пошол по стапките Христови со целосна увереност дека чекори на вистинскиот пат и дека го следи долгоочекуваниот Месија.
Петар бил присутен на најважните настани од животот Христов, тој, бил присутен при воскресението на Јаировата ќерка, бил присутен кога Христос се преобразил во слава на гората Тавор, тој бил првиот од апостолите кому Марија Магдалина му ја соопштила веста за воскресението Христово, па заедно со неа поитал кон Господовиот гроб и го видел празен итн. Петар, честопати, заради својот темперамент, зборувал од името на сите апостоли. Тој бил првиот кој правилно ја исповедал верата во Исуса, нарекувајќи го Христос, Син на живиот Бог. Господ одговорил дека неговите цврсти зборови и неговата вера се аналогни на неговото име „Петар“ што значи камен и врз таа карпа ќе ја изгради Црквата и дека вратите на пеколот нема да ја надвладеат. Во исто време Господ ветил дека нему ќе му ги даде клучевите од рајот, алудирајќи на неговата цврста вера како камен и на сите оние кои таа вера ќе ја живеат. Петар е апостолот кој го одржал говорот на Педесетница и заради кој поверувале неколку илјади луѓе во Господа Исуса Христа и со тоа се поставил почетокот на развојот на Црквата. Апостол Петар го завршил својот свет живот маченички. Тој пострадал во Рим во 67-та г. по Христа, бил распнат со главата надолу.
За разлика од Петар, апостол Павле, потекнувал од богато и образовано семејство. Тој како млад се школувал кај познатиот во тоа време учител Гамалиил и станал фарисеј, односно оној кој го познава и толкува Законот и Писмото. Во прво време бил жесток гонител на христијаните, но при едно такво гонение, близу Сириската престолнина Дамаск, на чудесен начин имал видение и разговор со Господа Исуса Христа и по овој настан, сменувајќи го името од Савле во Павле, станал најголемиот мисионер и проповедник на христијанството. Павле е заслужен за формирањето на првите црковни заедници во Мала Азија, на Балканот, меѓу кои и во Македонија, потоа на островот Крит, во престолнината Рим итн. Токму заради ова апостол Павле е познат во историјата на Црквата како „апостол на незнабожците“. Неговите четиринаесет Посланија до разните Цркви во светот се влезени во новозаветниот канон на Светото Писмо и од нив Црквата сè уште широко се подучува. Апостол Павле за време на својот живот направил три мисионерски патувања, каде соочувајќи се со разни неволји и искушенија сепак успеал да ја утврди Црквата.
Апостолите Петар и Павле се можеби најзначајните личности во историјата на Црквата. Од искуство знаеме дека најтешко, при секоја работа, при секој наш потфат во животот, е да се постават темели, да се воспостави базата, основата. Овие апостоли се луѓето кои ја организирале Црквата. Ним Црквата им го должи својот развој, им го должи своето учење и се разбира им должи за можноста за напредување и достигнување на небесните височини. Ним им прилега слава на Оца и Сина и Св Дух! Амин

1 comment:

  1. Ова сведоштво го споделувам со партнерите кои страдаат во нивните врски бидејќи постои трајно решение. Мојот сопруг ме остави мене и нашите две деца за друга жена три години. Се обидов да бидам силна само за моите деца, но не можев да ја контролирам болката што го мачеше моето срце. Бев повреден и збунет. Ми требаше помош, па истражував на интернет и наидов на една страница каде што видов дека д-р Елен, која работи на правопис, може да помогне да се вратат саканите. Ја контактирав и таа ми направи посебна молитва и магии. На мое изненадување, мојот сопруг повторно се врати дома по 2 дена. Така се обединивме и имаше многу љубов, радост и мир во семејството. Можете исто така да контактирате со д-р Елен, моќен магија за решенија
    1) Врати се дечко
    2) Повторно обединете маж или жена
    3) Ако имате кошмари
    4) Исцелување на ХИВ и рак
    5) Моќен магичен прстен
    6) Магија за среќа
    7) Раскинување на опсесијата
    8) Проблеми со породувањето и бременоста
    9) среќен лотарски број
    Контакт преку е-пошта: ellenspellcaster@gmail.com Можете исто така да го Whatsapp +2349074881619

    ReplyDelete