Tuesday, November 3, 2009

Пеколот - состојба на нељубов!

Пеколот - состојба на нељубов!


Фјодор М. Достоевски

Отци и учители, јас мислам: “Што е пеколот?” Судам вака: “Пеколот, тоа е страдање и товар кога веќе не можеш да љубиш”.

Еднаш, во бесконечното битисување, кое не може да се измери ни со времето, ни сo просторот, на некое духовно битие , кога се појавило на земјата, му била дадена способност да си каже само на себе: “Јас постојам и јас љубам”. Еднаш, само еднаш, даден му беше миг љубов дејствувачка и жива, и со тоа земен живот, а со него времиња и рокови.

Па што се случило? Тоа среќно битие го отфрли тој неоценив дар, не го оцени, не го засака, го погледна навредливо и остана без чувства! И кога таков отишол од земјата, го видел лоното Авраамово, и беседел со Авраам, како што нам ни е кажано во приказната за богатиот и Лазар; го набљудувал рајот, и можел да оди кон Господа; но баш со тоа и семачел, што до Господа отишол без љубов, и што дошол во допир со оние кои го љубеле, а тој не ја прифатил нивната љубов. Тогаш видел јасно, и си рече: “Сега имам знаење, ама колку силно и да љубам, во љубовта моја не може да биде никаков подвиг, ниту било какво пожртвување,бидејќи довршен е земниот живот ; и нема да дојде Авраам макар со капка жива вода (то ест, повторување на дарот на земниот живот, претходниот и дејствениот) да го разлади пламенот на мојот копнеж за љубов, со кој сега горам, а сум го презрел и одбивал на земјата; нема повеќе живо, ниту веќе ќе има време! Иако сега би бил готов и животот свој да го дадам за другите, сега веќе не е можно, бидејќи помина оној живот кој можеше во љубов на жртва да се принесе, и сега е бездна меѓу оние со живот и ова битие”.

Се говори за материјален пеколен пламен: не ја испитувам оваа тајна, ама мислам: кога и би постоел материјален пламен, со него навистина би можеле да се зарадуваат бидејќи, така мислам, во материјалното мачење макар на еден миг би можеле да ја заборават пострашната духовна мака. А да се одземе духовната мака, не е можно , бидејќи тоа мачење не надворешно, туку внатрешно. А кога би се можело да се одземе, мислам дека мачениот би станал уште понесреќен. Бидејќи, ако праведниците од рајот, гледајќи ги нивните маки, би им простил и би ги повикале кај себе, љубејќи ги неизмерно, со тоа би им ги зголемиле маките, бидејќи уште посилно би го разбудиле во нив пламенот на копнежот за дејствувачка и благородна љубов, која сега за нив е веќе неможна, во стравот на своето срце јас меѓутоа мислам дека баш свесноста за таа неможност најпосле би им послужила како олеснување; бидејќи, примајќи ја љубовта на праведните а не можејќи да одговорат на неа, тие, во покорност на неа, и во дејство на нејзината смиреност, би ја нашле најпосле како некој образец онаа делатна љубов која фа занемариле додека биле на земјата, и како некое дејство на неа слично…

Жалам, браќа и другари мои, што не умеам да го кажам, ова јасно. Но тешко на оние кои самите себе се уништиле на земјата, тешко на самоубијците! Мислaм дека од нив никој не може да биде понесреќен. Грев е, ќе ни се рече, за таквите да му се молиме на Бога; и Црквата наизглед нив ги отфрла, но јас мислам во тајноста на мојата душа: дека би требало, и дека може да се помолиме на Бога и за нив! Па нема Христос да се разлути на љубов! За таквите јас во себе целиот мој живот сум се молел, а и сега секој ден се молам.

О, ги има оние кои и во пеколот остануваат горди и свирепи, покрај сто неоспорно знаење и набљудување на неотсапливата и неизбежна вистина; ги има и страшни, кои сосема се здружиле со сатаната и со неговиот горд дух. За нив пеколот е нешто доброволно и ненаситно; тоа се доброволни маченици. Бидејќи тие сами себе се проколнале, проколнувајќи го Бога и животот. Се хранат со својата злобна гордост, како кога гладен во пустина би почнал да ја цица од телото својата сопствена крв. Но, вековечно ненаситни, тие и простувањето го одбиваат; Бог кој ги повикува,го проколнуваат, на Бога живиот не може да гледаат без омраза, и бараат да го нема живиот Бог, Бог да се уништи Себе и сите Свои творби. Тие вечно ќе горат во огнот на својот гнев, копнеејќи за смрт и небитие. Но, нема да добијат смрт…

No comments:

Post a Comment