Tuesday, November 3, 2009

ПОВЕЌЕ СЕ ПЛАШИМЕ ОД ЛУЃЕТО ОТКОЛКУ ОД БОГА

ПОВЕЌЕ СЕ ПЛАШИМЕ ОД ЛУЃЕТО ОТКОЛКУ ОД БОГА



Не треба да се грижиме за надворешната слава, туку своите погледи да ги управуваме кон Единствениот Бог. Бидејќи не само што на нас погледнуваат ангелите, туку уште пред нив Оној Кој ни ги заповедал подвизите не погледнува. Оние кои се подвизуваат во очите на Бога, а потоа бараат слава од луѓето, оставајќи го она поголемото, се трудат да стекнат помалку и со тоа си навлекуваат голема казна. Се е испревртено од причина што се што правиме го сообразуваме со луѓето; од оваа причина завладеал хаос со целата вселена; во добрите дела Божјото благоволение не го сметаме за ништо, туку сакаме поддршка од луѓето слични на нас, како што и во лошите дела, исто така, не Го гледаме Него, туку се боиме од луѓето. А тие луѓе, заедно со нас, ќе излезат на Суд и никако не ќе можат да ни помогнат; Бог, на Кого сега не му обрнуваме внимание, ќе ни изрече пресуда. Пред очите на луѓето никој нема да се осмели да прави прељуба зашто, колку силно и да се разгори похотта, силата на страстите се победува со срамот пред луѓето; а пред Божјите очи, не само што се блудничи и се прави прељуба, туку луѓето се осудуваат да прават уште потешки гревови. Ние им се потчинуваме на луѓето и нив ги правиме свои господари; и многу од она што на тие владетели им се чини лошо, иако во самата работа не е лошо, ги избегнуваме од таа причина. Така, на пример, живеењето во сиромаштво на многумина им се чини срамно, така што ние го избегнуваме сиромаштвото, не од причина што сами сме во тоа уверени, туку затоа што на нашите господари тоа им се чини срамно, а ние од нив се плашиме. Да бидеш богат, прочу-ен, славен и почитуван ни се чини вредно, а ние се трудиме тоа да го постигнеме, повторно не навлегувајќи во суштината на работата - дали тоа навистина е добро туку покорувајќи се на мислењето на нашите господари. Луѓето се наши господари; народот е наш строг управител и суров тиран. Нему не треба да му се наредува ние да го слушаме: за нас е доволно да знаеме што сака тој и ние веднаш му се умилкуваме. Бог секојдневно испраќа закани и вразумувања, но ние не го слушаме. Како да се избавам, ќе си речеш, од овие свои господари? Така што ќе постапуваш побла-горазумно од нив, што ќе продираш во суштината на работата, што нема да обраќаш внимание на мислењето на луѓето, што пред се, ќе се научиш дека во делата што се навистина срамни да не се плашиш од луѓето, туку везден да бидеш со будно око, и што во добрите дела, исто така, ќе очекуваш венци од Него. Но како ова да се постигне? - ќе речеш. Размисли што е човекот, а што е Бог, кого го оставаш и кон Кого прибегнуваш - и набрзо ќе постигнеш се. Човекот заедно со тебе е потчинет на ист грев, на ист суд и на иста казна: „Човекот е како здив; дните негови одминуваат како сенка" (Пс. 143:4), неговите судови не се сигурни туку му е потребно повозвишено раководство; човекот е „земја и пепел" (I Мој. 18:27), и кога ќе почне да фали, честопати тоа не го прави искрено и вистински туку воден од угодувањето, или од омразата, и кога ќе почне да обвинува и да куди, и тоа га прави од исти побуди. Но, Бог не прави така; напротив, Неговата пресуда е нелицемерна и Неговото просудување е чисто. Зошто тогаш Го оставаме единиот вистински Наградодавач? Човечката пофалба нема да ни донесе никаква полза, а ако на Бога му бидат угодни нашите дела, Он нас и овде ќе не прослави и во денот што доаѓа ќе не удостои со неизречиви добра.


No comments:

Post a Comment