Tuesday, March 22, 2011

ДАЛИ МОЛИТВИТЕ НА СВЕТАТА ЛИТУРГИЈА ТРЕБА ДА СЕ ЧИТАААТ НА ГЛАС ?


Дали молитвите на светата литургија треба да се читаат на глас ?
Во Епархиите на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија ,вратена е древната пракса да молитвите на светата литургија кои ги изговара свештеникот да се читаат гласно.Ова кај мнозинство верници е прифатено како позитивно , бидејќи конечно и тие можат активно да учествуваат во Литургијата , слушајќи го текстот на молитвата која свештеникот ја изговара . Многу беа збунети и се прашуваа: ”Зошто свештеникот шепоти сам во себе молитви ? “Сакајќи да ги знаат содржините на тие молитви.
Меѓутоа се појавиле неколкумина луѓе кој потикнати од некого или од незнаење го критикуваат ова читање на молитви гласно. Највероватно овде се работи од незнаење и од каректеристиката на македонскиот менталитет “јас најдобро знам како тоа се прави “, па почнале да ги “ учат” и епископите и свештениците што е правилно .Збунувачки е од кого и од што тие ја бранат Црквата . Говорат за некаква “ македонска пракса “ во Литургијата , а се знае да таква пракса ниту постои ниту постоела кај нас . Покасно Литургијата претрпела и руско влијание , како на пример воведувањето на молитви на третиот час во текот на претворувањето на Светите дарови во Тело и Крв Христови .Сето ова нам ни говори дека не постои македонска пракса на служење Литургија , постои само православен светоотечки начин на служење , така да разните “ критичари “, кој не знаат што критикуваат , ниту нив ги ги интересира активното учествување во светата Литургија , која е центар на на христијанскиот живот , затоа што тоа е тајна на соединувањето на сите верни со Христос , потоа со целокупната творение Божјо со Бога . Црквата како заедница на сите верни црпи свој идентитет од Светата Литургија , во која самиот Христос , чија икона е Епископот , односно свештеникот како икона на апостолите , приносите на Бога Отца целата создадена природа под видот на леб и вино ,кои постануваат Негово Тело и Крв.Црквата за темел на своето постоење ја има Евхаристијата – заедницата . Црквата нее собир на индивидуи туку заедница на сите верни .Ние во Евхаристијата со Христос се соединуваме и меѓусебно и преку Евхаристијата добиваме живот вечен .
Каква била праксата на читање на молитвите на Литургијата во
првите векови на христијанството ?
Во првите четири века на на христијанството, додека се уште не бил востановен и формурилан текстот на Литургијата (тоа ке го направат во четвртиот век Свети Јован Затоуст и Василије Велики) , Епископот бил тој кој го составувал текстот на Литургијата , и инпрозвирајќи го. И во текот на извршувањето на светите тајни на Црквата и свештените обреди , молитвите кој ги изнесува свештеникот се читаат гласно за да народот би ги слушнал. Како ако епископите инпровизирале молитви ,како се знаело дека инпрозивирале ако никој не ги слушнал?.Во светото писмо имаме сведоштва дека дури и личните молитви биле читани гласно.Како на пример во Делата апостолски кога ѓаконот Филип ја запрашал владетелката етиопската царица Кондакија : “ Ако веруваш од сето твое срце , можам да те крстам , а таа му одговорила :” Верувам дека Исус Христос е Син на Живиот Бог “ (Дап,8 27-35) Тоа го потврдуваат и многу други извори. Светиот Никита Ремезијански (+после 414) во својот литургиски трактакт “ За полезноста на химната “,го советува своето паство да за време на на бдение треба да го слушаат читањето на Писмото ,и да не одвлекуваат внимание на чтецот и другите луѓе кои дошле ,со мрморење на глас со своите посебни молитви :”Никој не треба да се моли со таа јачина на глас со која би му пречело на чтецот “.Апостол Павле истакнува неопходност да и народот учествува со “умот “во она што се говори,за да биде свесно она негово ,,Амин’’и да се поучува ,, во верата’’и да ја посетува Црквата (1.Кор.14,1-25).Денес во сите ,,одговарања на Литургијата”дека народот кој е во Црквата одговара амин,Господи помилуј,...како народот ке одговара кога никогаш не слушнал молитва , на што ке одговори амин.
Често се среќаваме на жалби дека импрозивираните молитви не биле православни.Иринеј Лионски (+202) во своето дело “Против ересите”1,13:2 строго ја осудува Евхаристиската молитва на еретикот Марко,а Кипријан(+258) “ За единството на Црквата “ зборува на новотарците “да составуваат друга молитва од недозволиви зборови”.Како Иринеј и Кипријан можеле да знаат да тие молитви биле еретички,ако не ги слушнале дека се читаат на глас ?
Литургиските молитви продолжуваат да се читаат на глас ,дури и после појавата на утврдени литургиски формули,(Литургијана Свети јован Златоуст и Василије Велики),кој постануваат широко распространети до крајот на Ivвек,како луѓето во тоа време тоа го правеле ,дури и ако биле сами и читале молитви за себе .Апостолските Дела ,8:27-35 како што и погоре споменавме,наведуваат на пример на таква лична молитва на глас ,а исто така наведува и Августин во своето дело”Исповест”,VIII, 6(15),IX 4(8).Нашата современа пракса на читање на молитвите молчејќи (во себе ),дури и “читајќи со очите”,без изговарање на зборовите на глас и дури без покретување на усните била дури и многу ретка доколку би се случело предизвикувало чудење како што се гледа од Августовата “Исповед”,VI, 3(3).Така да дури и престојателите на Литургијата го читале утврдениот текст,така може да се заклучи дека го читале гласно , затоа што во старо време луѓето тоа така и сами го читале . На основа на гореневаденото може да се заклучи да раните христијани се молеле на глас независно од тоа дали молитвата била лична или литургиска .
Што се случило со оваа традиција на читање на молитвите на глас ?
Некаде отприлика во 6 век, а особено покасно во 8. и 9. Век се читаат тајно.
Во својата 17 Омилија за источно –сириската Анафора ,која се препишува на Нарсај(+502),се кажува:”Свештеникот облечен во светли одежди ,е гласот на црквата кој отворајќи ја својата уста тајно говори со Бога како свој познаник”.Во грчки податоци(извори),пред 600 години ,Јован Мосх во едно свое дело приметува дека “во некои места свештениците имале обичај да на глас ги изговараат евхаристиските молитви’’-имајќи во предвид дека тоа не било обичај (пракса) на сите места.
Реакција на ваков начин на читање молитви нам ни е познат од 137.(174)Јустијанова Новела ,која потекнува уште од 565.година.во која се кажува:”И поред тоа ,ние пропишуваме на сите свештеници и епископи да молитвите кои се користат во Божественото Принесување и на светото Крштение да не ги изговарааат во себе ,туку на глас ,како би верниците би ги слушнале ,и како би тие молитви нивните души би ги потикнале на уште поголемо стравопочитување и славосовување на Господа Бога”..
Понатаму Јустинијан како потврда на своето мислење парафразира 1.Кор 14:15-17, за тоа како може некој да каже “Амин”на вашето благодарење,, ако никој вас не ве слушнал што говорите ,бидејќи вие можете да изговарате благодарења,но тоа не е поучно за другиот.Понатаму во Рим.10:10:”бидејќи со срцето се верува за праведност ,а со устата се исповеда за спасение “,и затоа треба да се знае што се говори за да би во тоа верувале и спасиле .Новелата заклучува:” На основа на тоа следи,да молитвите на Светиот Принос и другите молитви ,епископите и презвитерите треаба да ги изнесуваат на глас кон Гспода наш Исус Христос,наш Бог ,со Отецот и Светиот Дух....”Јусинијан за вршува со предупредување и санкции кон оние кои не го исполнуваат неговиот декрет –тоа докажува дека он се борел со постоечките злоупотреби и укажувал на тоа да се врати тоа што било сметано за вистинкса традиција.Без обзир на Јустинијановата преставка ,византиските литургиски коментари и ракописи од VIII ,сведочат за напуштање на старата традиција .Веќе од најраниот литургиски ракопис ,Берберин бр.336(околу 750 год.)Божествената литурггија имала рубрика која укажувалаа на тоа да молитвите треба да се читаат тајно.Глава 39.на византискиот литургиски коментар ,познат како Протхеориа (1085-10950)потврдува дека не само тоа дека Јустинијовата борба била проиграна ,туку да тивки изговорената анафора изазивала недоумица и незадоволство помеѓу верниците :’’Некои од собраните верници биле збунети и се прашувале “Што се ова значи? Зошто свештеникот шепоти сам за себе?” И тие сакале ја знаат содржината на тие молитви”.
Највероватно од технички или практични причини допринело тоа да литургиските молитви се читаат тајно.Односно,Светата Литургија се служи во светиот олтар ,додека свештеникот со грбот е завртен спрема народот( во старо време свештеникот бил заввртен кон народот),со иконостас веќе бил почнал да се воздигнува,во вакви околности било тешко да се слушнат текстовите кои се читале со обичен тон на читање и уште од луѓето од страна кои несекогаш имале гласовни способности или тие биле старци.Може да се посомнева да во огромните базилики на пост –Константиновиот Исток,кои не биле опремени со современи акустични системи,мнозина присутни во Црквата и можеле воопшто да ја слушнат и разберат Литургијата,дури и ако свештеникот ги извикувал нејзините зборови со сета своја сила на гласните жици.И повеќе од тоа ,уставните рубрики и иконографијата на Византија покажува да свештеникот ги читал молитвите напрегнат, што воопшто не допринесува на разговорно читање.Некаде околу 600 година Јован Мосх (540/50-+619 ) во своето дело зборува за децата кои ги запамтиле зборовите на анафората, бидејќи често ги слушале во Црквата-но додава он , тоа било затоа што “ во тие денови било обичај да детето за време на богослужењето се стави пред светињата “. Тоа остава отвоорено прашање колку анафората можеле да ја слушнат возрасните луѓе кои стоеле во споредните олтари и на галеријата,подалеку од децата кои се собирале во близина на олтарот .Доказ дека овие работи биле причина за тајно читање на молитвите , а не теоретски причини, кои доаѓаат подоцна да го оправдуваат она што веќе се случило,односнотоа што под слични околности и молитвите на вечерната и на утрената , кои се читаат во олтарот , имале иста судбина (односно да се читаат тајно),додека наспроти тоа молитвите на светите тајни како крштението, венчанието кои се читаат надвор од олтарот ,останале да се читаат на глас .И на Литургијата замвоната молитва која се изговара надвор од олтарот (пред амвонот),се чита гласно,додека молитвите на антифоните на почетокот на Литургијата се читаат тајно.
Додека Литургијата била служена на црковнословенски јазик, тогаш било сеедно дали свештеникот ке ги говори гласно или тајно , народот нема ништо да разбере ,а денес бидејќи Литургијата е преведена на македонски јазик, потребно е и народот да ги слушне и да ги разбере и да учествува во молитвата. Бидејќи Литургијата не е нечија приватна своина.Молитвите треба да се читаат без претерана театралност,скромно и со свештено благолепие , и толку гласно колку што е доволно да се слушне , бидејќи сега со акустика во храмовите е многу подобро отколку порано . Денес мнозинство од христијаите се сложува дека Литургијата се служи за сите ,а не само за клирот, сите крстени имаат право да ги слушнат и молитвено да ги повторуваат светите зборови на Литургијата.Таков поглед секако може да предизвика противење од страна на самопрогласените “чувари на тајната”,за кои тајност представува неопходен додаток на таинствената природа на анафората.Таквиот пристап е историски лажен и непостојан од теолошка гледна точка.И после се што сите молитви биле сослушани и изучени ,ишто сите богослови за нив кажале се што можеле ,Боженсвените Тајни останале тајни по самата нивна природа, а не зато што ние се трудиме да ги направиме неразбирливи така што ке ги криеме под велот на тајноста! Дали тоа значи да денес молитвите треба да се читаат на глас ? Секако , но Кои од нив ?Секако, НЕ СИТЕ, бидејќи не треба да се преувелучува принципот кои е сам по себе правилен, а по кој Литургијата се служи за сите и сите крстени имаат право да ги слушнат и молитвено да ги повторуваат зборовите од молитвата.Секако ,не треба сите молитви на Литургијата да се читаат на глас .Некои молитви биле покасно додадени,некои молитви се кои го изразуваат личното стравопочитување на свештенството,кои толку би ја затемниле смислата за служба доколку би се читале на глас .Така на пример ,молитвите на првите три антифони , входот,пред евангелието, “Никој од оние кои се врзани со телесни похоти.....”,се читаат тајно,а гласно се се читаат молитвите од молитвите “Први верни”.( Роберт Тафт, и Јоанис Фундулис, Литургика1).
Свештеникот кој и поред тоа ги чита молитвите тајно , може во себе да се запраша , што е за него Литургијата,зошто воопшто служу Литургија,со кој он тоа се моли,кој ги слуша молитвите ,дали Литургијата за него е приватна молитва или Литургијата е заедничка служба на сите верници,свештеници и епископи?Читањето на молитвите гласно не е глума ,новотарија или нешто измислено на епископите , свештениците ,туку вековна вистинска правилна пракса на Црквата.




( превел и обработил од  српски јазик - протоереј Ненад Ѓорѓески ) 
Наслов на оригиналотДа ли треба да се гласно читају молитве на Светој Литургији?-  од
свештеник Срећко Зечевић   -линк до оригиналниот текст  http://www.pouke.org/news.php?id=60&do=view

No comments:

Post a Comment