Најлошо е да даваш и да сакаш клетва - и во двата случаи ја навредуваш правдата. Собирај богатство за вечениот век, зашто сегашниот век мизерува и е пред својот крај. Не се приврзувај кон среќата што се урива од времето. Она што времето го гради, времето и го урива. Непристојно е за жената да пројавува машки карактер; за жена со благ карактер најголема пристојност е срамежливоста. Зборовите на неразумниот маж се како пенлив бран - се удира од брегот, но не ги напојува растенијата на брегот. Богатството е најревносен додоворувач кон зло, зашто при зајакнување најзгоно е да направиш зло. Ниту една придобивка не е подобра од пријател - меѓутоа никогаш не придобивај за пријател лош човек. Секогаш грижи се за вечната слава, зашто земната слава секојдневно измамува. Кога златото говори, тогаш сите други зборови се невистински - тоа умее да убедува, иако нема јазик! (Свети Григориј Богослов) |
No comments:
Post a Comment