Совршенство на христијанскиот живот е крајното смирение
отец Тадеј
Ние мислиме дека имаме некаква вредност....Ништо не вредиш. Да. Совршенство на христијанскиот живот, така велат Светите Отци, е крајното смирение. Крајното смирение! Таквите се наградени со благодатта Божја. Оној кој е кроток и смирен, тој не се лути. И ако го караш, ти се гневиш, тој те жали што така себеси се мачиш.
Кажете ни за крај дали има некој лек за нас болните и паднатите?
Уште како. Да слушате. Да се смирите и да слушате. Оној кој е кроток, тој и слуша. Народот што вели: „ Кој слуша, полна гуша“. Оној кој слуша, тој е и смирен. А штом се противиме, веднаш ќе забележиш како непријателот ти го сторнира животот. Не оди, па не оди....
Оче, моите се разведени, мајка ми ме воведе во верата...татко ми е против Бога. Кого да слушам?
Па добро, не е твое тоа, дали родителите ти се согласуваат или не се согласуваат, дали се караат, дали се добри или не се добри, за тебе тие мора да бидат светиња. За да ти имаш благослов Божји, за да ти биде добро. Да. Не смееме ниту со мисли да ги вреѓаме родителите. А тие, како се однесуваат со нас, тоа е нивна работа. Има родители кои биле толку драстични, кои ги мачеле своите деца. Така, двајца браќа имале добра мајка, па им велела да го почитуваат татко им (иако тој не бил кон нив како што треба) за да добијат благослов Божји. Сега тие работат во „Л.“ во „П.“, и не даваат никому да каже нешто за нивниот татко. Никој не смее да го вреѓа. Двајцата браќа велат:„ Нашиот татко за нас е светиња“. Тешки денови во животот поминале, таткото немал милост кон нив, но ете гледаш како Бог ги благословил и полни се со живот. Благодарни кон Бога. Бидејќи Господ благоволил преку нашите родители да дојдеме на свет. Какви се тие, тие за тоа ќе одговараат пред Бога, ќе одговараат и за нас. А ние, за нив, нема да одговараме. Ние ќе одговараме за тоа како и дали сме ги почитувале. Духовната состојба на земјата многу е лоша поради тоа што и малите деца до пет години им се противат на родителите. Затоа вака ни оди затоа што никој не ги почитува родителите. На целата планета е иста состојбата...
Оче Тадеј, како да се научиме на послушност и како најбезболно, избегнувајќи ги замките на нашиот сопствен ум, да дојдеме до Христос, ако е тоа некако возможно?
No comments:
Post a Comment