Thursday, October 15, 2009

Крај на Дарвинизмот

Крај на Дарвинизмот


mark.jpgmark.jpgmark.jpg

"Свеста кај човекот дека е круна на божјото создание само го возвишува, а ако некој сака да смета дека човекот потекнува од мајмунот, нека си мисли така, но да не го наметнува својот став на другите од словото на Рускиот Патријарх Алексеј II" на XVМеѓународни Божиќни образовни излагања, одржани од 29.01 до 03.02 2007 г. во Москва.

Текстот што следува од авторот Владимир Губанов, е преземен од "Ortodox russia", официјален црковно-општествен весник на руската Православна Задгранична црква, издание на манастирот Света троица во Jordanville, New Yourk, USA.

mark.jpgmark.jpgmark.jpg

Кој прв рече еволуција?

Дарвинизмот-тоа е научен мит. Во него се е лажно, почнувајки од називот на таа хипотетична теорија па заклучно со неговите науколики докази.

Се смета дека Чарлс Дарвин (1809-1882) е основоположникот на теоријата на еволуцијата. Но тоа не е вистина. Еволуционизмот постоеше пред Дарвин; на пример, еволуционист беше Ламарк91744-1829). Дури самиот збор еволуција во биологијата, самиот термин за прв пат го воведе швајцарскиот научник Шарл Боне во 1762 г., што значи неколку децении пред раѓањето на Дарвин.

Теоријата на премин од еден организам во науката е позната одамна, тоа е таканаречениот трансформизам(од латинскиот збор transformo-претворам, преобразам). Претставници на трансформизмот се: Т.Р. Гук, П.Мопертјуи, Ж. Ламетри, Ј.В. Гете и други. Сите тие се претходници на Ч. Дарвин.

Но трансформизмот, ламаркизмот, дарвинизмот- сите овие еволуционистички теории се научно неосновани. Прво секоја теорија е само теорија, а не закон на природата. Второ, научниците од областа на палеонтологијата и генетиката целосно го срушија учењето на Дарвин и неговите предходници и следбеници. Трето, постојат други теории, посовремени и научно основани. И, најважно: описот на постепеното,т.е. степенестото појавување на се посложени форми на живот, еволуционистите го зедоа од Библијата.

Во Библијата, во првите глави на Битието се раскажува како Создателот, Господ Бог, ја создавал и устроил вселената. Отпрвин се појавила допланетарната состојба на материјата- "на првите прашинки на вселената"(Изрек.8,26).Потоа, по завршувањето на астрономскиот период(1и2ден на создавањето).Потоа- биолошкиот период(3,5 и 6 ден на создавањето), тој започнува со создавање на најпростото зеленило,трева и дрвја,и, послесоздавањето на животните, се посложени, завршува со создавањето на човекот. А еволуционистите, ништо не додавајки и на таа условно наречена, еволуционистичка последователност, од еволуцијата на создаднитео го изоставија спомнувањето за создателот и со тоа го претворија разумното идобро создание во мит- во слеп, жесток, неразумен случај.

Значи, ако сакате да примите, еволуцијата е опишана во Библијата, три илјади и петстотини години пред сегашните еволуционисти (види Библија, Битие, глави 1-2)

Повикувајки се на наводни археолошки пронајдоци, еволуционистите исто така тврдат дека демек тие ја откриле појавата на трансформација на едни видови животни во други. на пример, водните животни постепено излегле од вода на суво и станале земни животни. А, пак, некои земни животни постепено преминале на живеење во вода и станале водни животни. Но и тоа веќе беше симболично опишано во Библијата: "Зашто земните животни во водни се претворија, а оние што пливаа во водите- на суво излегуваа"(Прем.Сол. 19,18). Значи, и овде измамниците (т.н научници) не измислија ништо ново. Само заборавија од каде го украдоа тоа што го подметнуваат како свое.

mark.jpgmark.jpgmark.jpg

Еволуцијата е од Бога

Еволуција во превод значиразвој, одмотување(како кај клопче). Човечкото тело се зародоува од одвај видлива жива капка, така што во старецот одвај ли ке го препознаеш детето,каков што бил. што е тоа, еволуција на човекот?- Да, тоа е делумно развој, но делумно стареење, како последица на падот во грев, а дарвинизмот нема никаков однос кон тоа. А развојот на човековиот ум- од скоро несвесна способност до богопросветен разум- зарем тоа не е веолуција?- Да, но дарвинизмот нема никаков однос ни кон тоа. Очигледно е дека таа еволуција(восовршување) е заложена од Бога во човекот при неговото создавање. Ако кај човекот или во околната природа има добар развој(еволуција), тој несомнено е од Бога создателот.

mark.jpgmark.jpgmark.jpg

Православието и дарвинизмот. Крај на еволуционистичкиот мит

Значи, еволуцијата што е од Бог треба да се разликува од митската еволуција, наречена дарвинизам. Еволуционистите биолози, кои од Библијата ја позајмија идејата за еволуцијата, ја искривоколчија истата. така постапуваат еретиците: земаат од Писмото мисли или догма и ги изобличуваат со погрешно толкување. Исто како и атеистите: ја читаат Библијата за да докажат дека Бог не постои. Евангелието го читаат со цел да докажат дека Исус христос никогаш не постоел, или во крајна мера, за да докажат дека христос не е Син Божји. Не чуди што тоа се случи со еволуционизмот: сакаа со наука да ја заменат религијата. Атеистичките режими наметнуваа за докажано дека верата и знаењето, науката и религијата не одат заедно. затоа дарвинизмот требаше да го замени библиското кажување за создавањето на човекот и сета природа од Бог.

А како се однесува Православието кон дарвинизмот?- Никако. Со топ ли да пукаме по врапчиња. според зборовите на св. Василиј Велики, да ги оставиме надворешните мудреци едни со други да се побиваат. Да им оставиме на научниците да ги рушат застарените научни теории.

Дарвинизмот не е закон на природата, туку теорија, и притоа хипотетична. Теории и хипотези има многу во науката. Може да се наведат десетина теории и концепции посовремени, научно поосновани од дарвинизмот. Во многу земји мнозинството сериозни научници не веруваа и не веруваат во дарвинизмот, така што дури еден научник- атеист го нарече тоа дарвинофобија. Во атеистичкате средини, секако , боледуваа од дарвинофилија. Сакаа да докажат дека нема Бог, нема душа, и човекот настанал од мајмун. Од каков? Научниците велеа: од шимпанзото, горилото или орангутанот. А сега научниците докажуваат дека човекот не можел да настане од мајмунот, туку настанал од некаков непронајден вид, но ова не им пречи на квази-научмиците: тие веруваат во еволуционизмот. А размислете самите: според логиката на научниците, претците на тие горила и шимпанза мора да биле уште попримитивни. Односно, не би можеле да се исправат на две нозе. но да настане од попримитивните видови, за човекот е уште потешко, уште поневозможно- тоа е уште поголемо чудо за науката.

За да ја докаже својата бесмислена хипотеза, научниците го нарекуваат мајмунот човеколик, небаре мајмунот и човекот имаат еден лик, една суштина. А човекот го нарекуваат животно. Ако и натаму така се одвиваат работите, тогаш наскоро ке докажат дека човеколиките мајмуни произлегле од животното по име човек. Тоа не е шега, слична хипотеза веке е искажана од научниците: демек сегашните мајмуни се дегенерирана слепа гранка на еволуцијата. Штета што мајмуните не ги читаат научните книги- ке се посмееја.

А колку јасно е напишано во Библијата: "и го создаде Бог човекот...според образ Божји го создаде"( а не според мајмунски)... Впрочем, правото да го избереме роднината се уште е пред нас. Ние или ќе Го признаеме Господ бог за Свој Отец, или, некои- сатаната, или-мајмунот што е предок на орангутанот.

mark.jpgmark.jpgmark.jpg

Научно побивање на митот

Познато е дека дарвинизмот претрпе пораз од генетичарите и палеонтолозите: никакви преодни степени, никакви преодни видовиво природата (во жив облик или како ископина) не се пронајдени, никаков бавен и постепен развој за којшто зборуваше Дарвин научниците не најдоа во природата.Напротив, секој нов вид животно или растение се појавувал одеднаш, ни од што, на празно место, без свој предходник. Еволуционизмот не можеше тоа да го објасни. Затоа, со цел да го објасни ова чудо, создадоа теории за ненадејни мутации, скокови(научно,салтации), при што овие скокови и мутации имаат строго насочен карактер! Ново чудо.

Мутациите се промени во генетскиот материја, по правило секогаш деструктивни. На една позитивна( надградувачка)мутација, милони се негативни(деструктивни). Веројатноста за настанување на нов вид преку мутација е еднаков на веројатноста за појавување наСветото Писмо како резултат на експлозија во печатницата-како што рече некој. доколку во окото еден елемент, една честичка, се промени преку мутација(еве нека е и на подобро, иако факт е дека мутациите се погубни), окото во секој случај ке ослепи. Потребно е сите елементи на окото да се изменат моментално и притоа во нужната насока: само таквата намерна промено промислена мутација би била полезна и прифатлива. Потребно е целото око да се измени моментално и тоа кон подобро- но ова чудо е возможно само за Бог, само за Тој што го создаде окото. Колку убаво вели Светиото Писмо: "Оној што го создаде окото, зарем не гледа?".

Но, еве, да дозволиме дека е можно она што е неверојатно за научниците дека окото при мутација се претворило во друго око, подобро поголемо. А кај човекот големите очи се сметаат за знак на квалитет. Но тогаш, за да се избегне деформитетот на различни очи, потребно е и другото око да се претвори во подобро, поголемо и притоа тоа да биде во ист момент. А ова веке е второ чудо. освен тоа, за наследно да се пренесат добрите својства на новото око, потребно е ова чудо да се случи и со сопругот(сопругата), да се појават и кај партнерот нови(исти такви компатибилни) очи, инаку добрите добрите својства на новото око нема да се пренесат на потомството, зашто ке се разградат во следните поколенија.

Понатаму, нели е потребно ни другите органи да не заостанат воразвојот? Нели е потребно овие новопојавени очи да не испаѓаат од очните дупки?-Да. А тоа значи дека е потребно да се измени лицето, челото,главата. A ако главата стане малку поголема одошто била, за да ја носи главата треба да се измени вратот, па и целото тело? А ако преку мутација едната рака израсне половина метар поголема од другата? Тоа е веке дегенерација. Треба и другата рака исто така да порасне за половина метар. И еве пораснаа рацете и виста до земја. Теко ке може да се кренат нагоре-треба нозете соодветно на рацете да пораснат, па и целото тело. Чудо? -Да. Но, најчудесното е дека тие карактеристики нема да се предадат наследно, туку ке ослабуваат со секое поколение, се додека потполно не се изградат. Односно, потребно е таквиот мутант да има пар- исто таков мутант но од спротивниот пол. А, пак случајната појава на друг мутант е уште помалку веројатна отколку првата на првиот. Општо земено, теоријата на мутации и скокови е невозможна без Бог. неопходно е развојот да се движи во вистинска насока инаку ке застрани. зашто дегенерацијата е поверојатна отколку восовршувањето (ако нема помош од горе, од Бог)

Строго насочениот развој- научно, ортогенеза е- гроб на дарвинизмот. Но кој ли ги насочил овие паметни салтации(така научниците ги нарекуваат ненадејните скокови во природата)? Кој им ја дал насоката т.е. законот на развој? Самите да не се насочија! одговорот е јасен: ако и постопи ортогенеза на мутациите и скоковите, тогаш со тоа некој управува т.е. управува Бог Создателот. Мртвата материја не може да се сампуправува, не може да создаде свои закони; мртвата материја не можела да создаде жива природа, како што ни мртва жена не може да роди живо дете.

Значи, сите постулати на Дарвин се покажаа лажни.

1Дарвин сметаше дека стекнатите карактеристики се пренесуваат наследно. Но, тие не се предаваат наследно. На пример, тоа што вие сте научиле да шиете чевли, не значи дека и вашиот син ке се роди со иста таа вештина. Односно, приспособувачките карактеристики не се умножуваат од поколение во поколение. И така, генетичарите го срушија дарвинизмот.

2 Тој сметаше дека новите видови растенија и животни настануваат со бавно и постепено умножување на стекнатите карактеристики, преку природна селекција. Но тие не настануваат така. тие се појавуваат одеднаш(затоа наместо теорија на еволуцијата се појави спротивна теорија-онаа на мутацијата). А природната селекција(и би додале дури и вештачко вкрстување на растенијата и животните!) не создава нов генетски материјал, туку само ја запазуварамнотежата во природата( во популацијата0. сите хибриди добиени со вкрстување се дегенерирани изроди: тие се недолговечни или бесплодни(овде станува збор не за подобрување на видот, туку токму за создавање на нов вид), и притоа хибридите не се нови видови бидејки во нив нема нов генетски материјал.

3 Сметаше тој дека современите палентеолози ке најдат во земјата останки од преодните алки и дека синџирот на постепената и бавна еволуција ке биде составен и дека ќе стане очигледно претворањето од еден вид во друг. Излезе сосема спротивното: во земјата е најдено дури и мноштво нови видови, а, пак од преодните ни трага. И така, паленонтолозите го срушија дарвинизмот. Во заклучокот треба да се каже дека дарвинизмот, еволуцијата без Бога, во атеистичките системи се распространи не заради својата научност туку затоа што безбожната власт бараше оправдание за својата безбожност.

mark.jpgmark.jpgmark.jpg

Дополнение

"Ernst Heinrich Haeckel"(1834-1919) е истакнат биолог еволуционист, претставник на природно-научниот материјализам, поборник и пропагатор на дарвиновото учење". кон овие штури редови издавачот на речникот ќе треба да даде уште два-три збора:"измамник, ги фалсификувал резултатите од истражувањето".

Хекеловите скици на ембриони на човек, зајак, птица, гуштер и риба, кои се прикажани еден до друг, им се познати на четири генерации ученици и студенти "како неспорни сведоштва за виситнитоста на еволуцијата". Излезе дека за да се побијат не мора да се прибегне кон философски и богословски аргументи(иако тоа не би пречело), треба само внимателно да се погледне под микроскоп, што и направи д-р Ричардсон од клиниката St. George во Лондон. тој врз основа на темелно истражување откри очигледни разлики меѓу "неспорните" сликички и реалноста. Д-р ричардсон дојде до поразувачки заклучоци за угледниот материјалист.

Не напразно пишуваат дека Хекел и неговите истомисленици ги положија темелите не само на еволуционизмот, туку и на севкупната(псевдо) научна идеологија...

No comments:

Post a Comment