Sunday, July 11, 2010

За Молитвата


За молитвата -

Молитвата е беседа на човечкото срце со Бога низ која, представувајќи Го невидливо Бога пред себе, човекот ги излива чувствата на својата душа пред Него. Таа е издигнување на умот и срцето кон Бога, најсигурен мост за премин преку искушенијата на животот, нескршлива карпа на сите кои што веруваат, мирно пристаниште, божествени алишта што ја облекуваат душата со добрина и убавина. Молитвата е мајка на сите добри дела, чуварка на чистотата на телото, невиноста, сигурен бранител од сите итрини на нашиот вечен непријател – ѓаволот, најсилно оружје за одбрана на Христовото име од Неговите непријатели. Таа е просветување на умот, прочистување на душата и срцето, разбивање на очајот и тагата, раѓање на надежта, ублажување на гневот. Застапник на оние на кои им се суди, радост на оние кои се во темнина, спасение на оние кои гинат.

Нема ништо повредно во човечкот живот од молитвата. Таа и неможното го прави можно, тешкото-лесно, непријатното-пријатно. Таа и е толку потребна на човечката душа колку што му е потребен воздухот на дишењето. Оној кој не се моли, се оддалечува од Бога и станува сличен на суво и неплодно дрво кое се сече и во оган се фрла.

„Молете се постојано“, вели Свети Апостол Павле, а Господ Исус Христос ни заповеда: „Бидете будни и молете се, за да не паднете во искушение“ (Мт.26,41). Постојаната молитва не се состои само во непрекинато изговарање на молитвени зборови, туку и во нашата постојана свесност и чувство дека секогаш стоиме пред Бога, дека Господ Бог ги гледа и ги знае нашите дела, намери, помисли и желби.

„Кога ги насочуваш умот и мислите кон Небото, - вели Свети Макарије Велики, - и сакаш да се соединиш со Господа, тогаш монаштво од зли духови како црн облак се надвиснува над тебе за да ти го попречи патот кон Небесата. Но, како што старите ѕидови на Ерихон паднаа под силата Божја, така и сега карпите на злото, кои што го спречуваат твојот ум, ќе бидат соборени од силата Божја. Кога се молиш, сети се пред Кого стоиш. Биди глув и нем за се што те опкружува, повикувај Го Господа на помош и Тој ќе ти помогне. Искорени го секое чувство на гнев и целосно исчисти го убиственото чувство за телесна желба, кон што и да е таа насочена“.

Да се молиме не само кога чувствуваме расположение за молитва, туку и кога мрзеливоста, сонот, заборавеноста и се друго не оддалечуваат од неа. Да се молиме и кога сме радосни и кога сме во жал, кога сме здрави и кога сме болни, во немаштија и во изобилсвто, кога сме силни и кога сме немоќни, кога примаме и кога даваме. Во таква молитва ѓаволот со голема сила и искушенија ги напаѓа оние кои се молат создавајќи им страв и несигурност. Но тогаш и Божјата благодат се умножува поради духовна помош. Затоа Свети Апостол Павле ќе рече: „Силата Твоја (Боже) во немоќта моја (се покажува)“, како и тоа дека „Господ нема да допушти поголеми искушенија од оние што можеме да ги поднесеме“.

За да се запазиме од расеаност на умот, светите отци препорачуваат разумот да се врзува за зборовите на молитвата. Затоа, подобро е молитвите да се читат и од молитвеникот, а не да се кажуваат напамет. Вака вдлабочениот ум во милитвени зборови не бега така лесно на разни страни.

Во молитвата не треба премногу да се напрегнуваат нервите, ни премногу да се воздивнува и вовлекува воздух, ниту пак главата да се држи премногу исправена. Напротив, треба да се молиме со длабоки, но незабележливи воздишки, со вземи наведната глава, со смирено и повремено фрлање поглед врз светите икони – како оние кои навистина се чувствуваат грешни и недостојни пред Бога.

За човекот нема поголема утеха во тагата, од молитвата. „Се мачи ли некој меѓу вас, нека му се моли на Бога“ (Јк.5,13).

Болестите и несреќите наши се последица на гревот. Гладот, војните, сушите, поројните и прекоумерени дождови, земјотресите и останатите непогоди доаѓаат поради гревот на народот. Коренот на сите несреќи лежи во нас самите. Оттаму се јавува и потребата да Му се молиме на Бога и за простување на гревовите и ослободување и избавување од сите зла. Ако пак некогаш упатените кон Бога молби Бог не ги исполни, тоа е за да го пакажеме нашето трпение, или поради тоа што во молитвата сме барале зло, а не добро за нашите души.

Молитвата кога сме сами, по Божја наредба (Мт.6,16), не смееме да ја сметаме за доволна. Највозвишена и најсилна молитва е заедничкатаsh молитва на Божествената Литургија, кога постигнуваме единство со Бога, според Неговото ветување: „Таму каде што се двајца или тројца собрани во Мое име, таму, помеѓу нив, Сум и Јас“.

Во молитвата не смее да се бара земна слава, материјални богатства, суетни и преодни нешта, туку, како што вели Господ Исус Христос, „Најнапред барајте Го Царството Небесно и Славата Негова, а останатото ќе ви се додаде“.

Внатрешното молитвено чувство го изразуваме осенувајќи се себеси со Крстниот Знак.

Според Светото Предание наследно од Апостолите и Светите Отци, православниот христијан треба да се осенува со знакот на Светиот Крст. Тоа треба да го прави со посебно внимание и правилно на следниот начин: Најпрво, ги составува палецот, показалецот и средниот прст од денста рака, како симбол на Светата Троица. Така составени, ги става на челото, велејќи: „Во името на Отца“, па под градите, изговарајќи ги зборовите „и Сина“, и на крајот на десното и левото рамено, велејќи „и Светиот Дух. Амин“. Потоа, спуштајќи ја раката, благо се поклонува.

Соединетите три прста ја означуваат нашата вера во Пресветата Троица: Бог Отец, Бог Син и Бог Свети Дух, а двата свиткани прста ја означуваат нашата вера во Синот Божји Исус Христос, односно верата во Неговата двојна природа – дека е Он и Бог и Човек, и дека заради нашето спасение слезе од Небесата на земјата.

Крстниот знак го ставаме на челото за да го просвети нашиот ум и да ги освети нашите мисли; на градите – за да ни го освети срцето и ни ги облагороди чувствата; на рамената – за да ни ги зацврсти и освети телесните сили и да го повикаме благословението врз делата на нашите раце.

Крстниот знак го символизира повикувањето на Божјото име и славословувањето на Бога. Затоа тој се извршува секогаш при влегување и излегување од светиот храм; кога свештеникот возгласува: „Благословен е нашоит Бог…“, при секој возглас со кој се оддава слава на Пресвета Троица; при зборовите: „Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух“ и при секој друг почеток на молитва; при зборовите: „Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух“ и при било кое славословие кон крајот на молитвата.

Како што не треба да го повикуваме Божјото име напразно, без неопходност и ненабожност, така и крстниот знак не треба да го правиме често и брзо, и притоа небржно претворајќи го во бессмислено движење на раката.

Невнимателното осенување со крстот Го жалости Господа и грев прави оној кој неправилно се крсти. Таквото крстење не само што нема никаква сила, туку напротив, претставува радост за нечестивиот (ѓаволот), зашто тоа не е веќе оружје против бесовите. Со силата на крстот светителите лекувале болни, воскреснувале мртви, и им помагале на луѓето правејќи секакви чуда.

Црковната песна го восфалува Чесниот Крст со зборовите: „Крстот е чувар на вселената, Крстот е украс на Црквата, Крстот е сила на владетелеите, Крстот е слава на ангелите и пропаст на демоните“.

Со поклоните пак, ја изразуваме нашата набожност и особено стравопочитување кон Бога, како и нашето покајно чувство. Земните поклони, кои често се препорачуваат во деновите на покајание и пост, особено во текот на Велигденскот пост, не е дозволено да се извршуваат во деновите на општа духовна радост, и во неделните денови и Саботите, во големите празници, од Велигден до Духовден и од Божик до Богојавление вклучително. Исто така, и по причестувањето со Светите Христови тајни, тој ден, не треба да се прават земни поклони.

Коленопреклонувањето, т.е. стоењето на колена во храмот се прави при читање на особени коленопреклони молитви.

На почетокот на секо молитвено правило, поклонувајќи се, треба да се изговараат следниве молитви:

Боже, биди милостив кон мене грешниот!

Боже, очисти ги моите гревови и помилуј ме!

Господи, Кој си ме создал, помилуј ме!

Безмерно згрешив, Господи прости ми!

Владичице моја, Пресвета Богородице Дево, спаси ме грешниот!

Sunday, July 4, 2010

Зошто е неопходно да им се попречува влезот на страстите во душата

Лоша, многу лоша работа е да им се предава човек на лошите страсти, па затоа треба на секој начин да ги одбиваме и да им браниме да влезат во нас. Кога страстите ќе ја зафатат душата и ќе почнат да ја владеат, тие, како оган што паѓа врз суви дрва, разгоруваат во неа страшен пламен. Затоа ве молам, употребете сè, за да им го попречите влезот, и не му оставајте простор на никакво зло, смирувајќи си ја совеста со вакво размислување: што има врска ова или она? – кое што е погубно за душата. Зашто токму од таму се раѓаат безброј видови зла. Подмолниот ѓавол употребува големи лукавства, кога треба присилува а кога треба попушта за да го погуби човекот, и своето дејствување го започнува со нешто малечко.

Погледни: тој сакал да го доведе Саул до тоа да отиде да гослуша брборењето на маѓепсницата. Ако тој веднаш почнел да му го сугерира тоа на Саул, Саул не би го послушал. Навистина, како би послушал нешто такво тој што самиот ги истребувал маѓепсништвата? Затоа тој незабележливо и малку по малку го доведува до тоа. Првин, Саул не го послушал Самуила и во негово отсуство се дрзнал да принесе сепаленица, а кога бил обвинет за тоа, одговара дека бил присилен на тоа зашто бил притиснат од непријателите; значи, и тогаш кога би требало да му е жал, останал спокоен, како ништо да не направил. Потоа, Бог заповедал да бидат истребени амаличаните, но тој ни тоа не го исполнил. Понатаму следувале неговите зли намисли кон Давид – па така, незабележливо и малку по малку лизнувајќи се, тој веќе не можел да застане, додека најпосле не пропаднал во бездната на погибелта.

Истото се случило и со Каин. Ѓаволот не го навел одеднаш на тоа да си го убие братот, зашто не би ни успеал даго убеди да го направи тоа, туку првин го наведува на тоа како жртва да го принесе полошото, вложувајќи му во душата чувство дека тоа не е никаков грев. Како второ, разгорува во него омраза и завист, убедувајќи го дека и тоа не е ништо. Како трето, го убедил да си го убие братот и да се затвори пред Бога во гнасното убиство. И не го оставил, сè додека не го довел до крајното зло.

Според тоа, злото треба да го отфрламе уште од почеток. Дури и ако првите престапи не повлекуваат по себе понатамошни престапи, и тогаш тие не треба да се потценуваат, зашто тие доведуваат до поголемо зло кога душата е мрзелива. Значи, неопходно е да се употребуваат сите можни средства за да се истребат пороците уште на самиот почеток. Не гледај на тоа дека гревот сам по себе е малечок, туку памети дека тој станува корен на големо зло, кога не му обрнуваме внимание и не работиме на тоа да се ослободиме од него.

Дали да ти кажам нешто што е навистина зачудувачко? Поголемите гревови не бараат толку грижа и труд колку малечките и незначителните. Самата специфика на гревот нè тера да ги одбегнуваме поголемите гревови, додека малечките, со самото тоа што се малечки, нè расположуваат кон мрзеливост и не ни дозволуваат смело да се зафатиме со тоа да ги истребиме. Затоа тие бргу стануваат големи, ако сме успани. Тоа обично се случува и со телото. Така и кај Јуда се родило она големо зло. Да не мислел дека не е важно што краде од имотот на сиромашните, тој сигурно не би попаднал во гревот
на предавството. Исто така, да не сметале јудејците дека не е важно што се заробеници на суетата, не би дошло до убиството на Христос. Па и секое друго зло обично се извршува на тој начин. Знаеме дека никој не станува нечесен брзо и одеднаш. Несомнено е дека во нашата душа постои некој вроден срам од гревот и почит кон доброто, па душата не може во еден миг да дојде до таква бесрамност да отфрли сè одеднаш. Напротив, до конечната погибел таа слегува незабележливо, малку по малку,
кога ќе стане мрзелива и нема да работи на себе. Така
и идолопоклонството влегло во светот, кога се почнало со тоа прекумерно да се почитуваат луѓе, како живи, така и умрени.
На истиот начин луѓето почнале да им се поклонуваат на извајаните ликови (статуи). Така, најпосле, се засилиле блудот и другите пороци. Забележи исто така: некој се насмеал неумесно, другиот му забележал за тоа; друг го отфрлил стравот, велејќи: тоа не е ништо. Што има врска што се насмеал? Што лошо може да излезе од тоа? Но, од тоа излегуваат празни разговори, од таму излегува срамното зборување, а потоа и срамните постапки.
Некој друг, кога му забележуваат што му се потсмева
на својот ближен, се смее и зборува лошо, го презира тоа и вели дека да се зборува лошо за другиот уште ништо не значи. А всушност, од таму се раѓа неизмерната завист, непомирливото непријателство, бескрајните приговарања; а од приговорите – тепачките; а во тепачките често се доаѓа и до убиство.

И така, оној лукав демон од малечкото го доведува човекот до поголемото, а од поголемото до очајот, изнаоѓајќи така еден друг начин, не помалку погубен. Навистина, не убива, не погубува толку гревот, колку очајот. Оној што згрешил, ако остане енергичен, преку покајание набргу ќе ја поправи својата постапка; а кој очајува и не се кае, останува без поправка токму затоа што не го употребил покајанието како лек.

Најдобро средство за исправање на своите пороци е – да ги испитуваме

Најдобро средство за исправање на своите пороци е – да ги испитуваме







ВЕ МОЛАМ – И НИКОЈ ДА НЕ ГИ ВИДЕЛ НАШИТЕ ДЕЛА, СЕКОЈ ОД
НАС ДА СЕ СВРТИ КОН СВОЈАТА СОВЕСТ, СВОЈОТ РАЗУМ ДА ГО ПОСТАВИ КАКО СУДИЈА НАД СЕБЕ САМИОТ И ДА ГИ ОТКРИЕ ПРЕД НЕГО СВОИТЕ ГРЕВОВИ. ЗАШТО, АКО НЕ САКАМЕ ДА БИДЕМЕ ПОСРАМЕНИ ВО ОНОЈ СТРАШЕН ДЕН, ТОГАШ ДА ГИ ЗАЛЕЧИМЕ НАШИТЕ РАНИ, ДА ГО СТАВИМЕ ВРЗ НИВ ЛЕКОТ НА ПОКАЈАНИЕТО. ЗАШТО Е МОЖНО, НАВИСТИНА Е МОЖНО ЧОВЕК ДА ОЗДРАВИ, ПА И АКО ИМА ИЛЈАДНИЦИ РАНИ: БИДЕЈЌИ,КАЖАНО Е, АКО ИМ ГИ ПРОСТИТЕ НА ЛУЃЕТО ГРЕВОВИТЕ НИВНИ И ВАМ ЌЕ ВИ ГИ ПРОСТИ ВАШИОТ ОТЕЦ НЕБЕСЕН; АКО, ПАК, НЕ ИМ ГИ ПРОСТИТЕ ГРЕВОВИТЕ НА ЛУЃЕТО И ВАШИОТ ОТЕЦ НЕМА ДА ВИ ГИ ПРОСТИ ВАШИТЕ (МАТ. 6: 14-15).
КАКО ШТО СО КРШТАВАЊЕТО ПОТОПЕНИТЕ ВО ВОДА ГРЕВОВИ
ИСЧЕЗНУВААТ, ТАКА И ОВИЕ ЌЕ БИДАТ ПОНИШТЕНИ, АКО ПОСАКАМЕ ДА СЕ ПОКАЕМЕ. А ПОКАЈАНИЕТО СЕ СОСТОИ ОД ТОА – ДА НЕ ГО ПРАВИМЕ ПОВЕЌЕ ИСТОТО. ТОЈ, ПАК, ШТО СЕ ЗАФАЌА СО ПОРАНЕШНИТЕ РАБОТИ ЛИЧИ НА ПЕС КОЈ СЕ ВРАЌА НА СВОЈАТА ПОВРАЌАНИЦА (В. 2. ПЕТР. 2: 22) И НА ЧОВЕК КОЈ, КАКО ШТО ВЕЛИ ПОГОВОРКАТА, ФРЛА БЕНЗИН НА ОГНОТ И ЦРПИ ВОДА СО ЦЕДИЛКА.
ТРЕБА И НА ДЕЛО И СО МИСЛА ДА СЕ ТРГАМЕ ОД СКРИЕНИТЕ ГРЕВОВНИ ЖЕЛБИ. И ТРГАЈЌИ СЕ ОД ОВИЕ, ВРЗ РАНИТЕ ДА СТАВАМЕ МЕЛЕМИ СПРОТИВНИ НА ГРЕВОВИТЕ.
ЌЕ КАЖАМ НЕКОЛКУ ПРИМЕРИ:
КРАДЕЦ СИ И ЛИХВАР? – ОСТАВИ ГО КРАДЕЊЕТО И СТАВИ МИЛОСТИЊА ВРЗ РАНАТА.
СИ БЛУДНИЧЕЛ? – ОСТАВИ ГО БЛУДОТ И ВРЗ ТАА РАНА СТАВИ
ЧЕДНОСТ (ЦЕЛОМУДРИЕ).
СИ РЕКОЛ НЕШТО ЛОШО ЗА БЛИЖНИОТ И СИ МУ НАШТЕТИЛ?
– ПРЕСТАНИ СО ЛОШОТО ЗБОРУВАЊЕ, ДОДАЈ ДРУЖЕЉУБИВОСТ.
ДА ПОЧНЕМЕ ТАКА ДА ПРАВИМЕ СО СЕКОЈ НАШ ГРЕВ И НИТУ ЕДЕН ОД НИВ ДА НЕ ГО ОСТАВАМЕ БЕЗ ВНИМАНИЕ. НАСТАПУВА ВЕЌЕ, НАСТАПУВА ВРЕМЕТО ЗА ОТЧЕТ. ЗАТОА И ПАВЛЕ ГОВОРИ: ГОСПОД Е БЛИЗУ! ЗА НИШТО НЕ ГРИЖЕТЕ СЕ (ФИЛИП. 4: 5-6). НО НИЕ, МОЖЕБИ, ТРЕБА ДА ГО КАЖЕМЕ СПРОТИВНОТО: ГОСПОД Е БЛИЗУ, ГРИЖЕТЕ СЕ. ПРИКЛАДНО БИЛО ДА ИМ СЕ РЕЧЕ НА ФИЛИПЈАНИТЕ: ЗА НИШТО НЕГРИЖЕТЕ СЕ, ЗАШТО ТИЕ БИЛЕ ВО МАКИ, НАПОРИ И ПОДВИЗИ. А НА ТИЕ КОИ ЖИВЕАТ ВО ГРАБЕЖ, СЛАСТОЉУБИЕ, КОИ ЌЕ ТРЕБА ЗА ТОА ДА ДАДАТ ТЕЖОК ОТЧЕТ – ЕВЕ ШТО СО ПРАВО ЌЕ ИМ БИДЕ РЕЧЕНО: ГОСПОД Е БЛИЗУ, ГРИЖЕТЕ СЕ.

НЕ ОСТАНУВА УШТЕ МНОГУ ВРЕМЕ ДО КРАЈОТ, СВЕТОТ ВЕЌЕ СЕ ДВИЖИ КОН СВОЈОТ КРАЈ. ТОА ГО ПОКАЖУВААТ ВОЈНИТЕ, МАКИТЕ, ЗЕМЈОТРЕСИТЕ, ОЛАДУВАЊЕТО НА ЉУБОВТА. КАКО ШТО ТЕЛОТО ПРИ ПОСЛЕДНОТО ИЗДИВНУВАЊЕ, КОГА Е БЛИЗУ ДО СМРТТА, ПАЃА ВО БЕЗБРОЈ БОЛЕСТИ, КАКО ШТО ВО КУЌАТА, ШТО Е ПРЕД УРИВАЊЕ, ОБИЧНО МНОГУ РАБОТИ ПАЃААТ ОД ПОКРИВОТ И ОД ЅИДОВИТЕ, ТАКА Е БЛИЗУ, ПРЕД ВРАТИТЕ Е КРАЈОТ НА ВСЕЛЕНАТА, И ЗАТОА НАСЕКАДЕ СЕ РАСПРОСТРАНУВААТ БЕЗБРОЈ БЕДИ. И АКО ГОСПОД БИЛ БЛИЗУ УШТЕ ТОГАШ, ТОГАШ Е УШТЕ ПОБЛИЗУ СЕГА... НАВИСТИНА, ОД КАДЕ ЗНАЕШ, ЧОВЕКУ, ДЕКА КРАЈОТ НА СВЕТОТ СÈ УШТЕ НЕ Е БЛИЗУ И ДЕКА КАЖАНОТО НЕМА ДА СЕ СЛУЧИ НАБРГУ? НИЕ НЕ ГО НАРЕКУВАМЕ КРАЈ НА ГОДИНАТА САМО НЕЈЗИНИОТ ПОСЛЕДЕН ДЕН, ТУКУ И ПОСЛЕДНИОТ МЕСЕЦ, ИАКО ТОЈ ИМА ТРИЕСЕТ И ЕДЕН ДЕН, ТАКА ШТО ЈАС НЕМА ДА ЗГРЕШАМ АКО, БРОЕЈЌИ ГИ ТАКА ГОДИНИТЕ, ЈА НАРЕЧАМ КРАЈ ЧЕТИРИСТОТАТА ГОДИНА.

НА ИСТ НАЧИН АПОСТОЛОТ УШТЕ ВО СВОЕТО ВРЕМЕ ПРЕТСКАЖУВАЛ ЗА КРАЈОТ. ТУКУ, ДА СЕ СМИРИМЕ И ДА ЖИВЕЕМЕ ВО СТРАВ БОЖЈИ. А АКО ЖИВЕЕМЕ ВО НЕГРИЖА, ВО НЕРАБОТЕЊЕ И НЕ ОЧЕКУВАМЕ НИШТО, ТОГАШ ДОАЃАЊЕТО ЌЕ НАСТАПИ НЕНАДЕЈНО. ОБЈАСНУВАЈЌИ ГО ТОА, ХРИСТОС РЕКОЛ: КАКО ШТО БЕШЕ ВО ДЕНОВИТЕ НА НОЕ, ТАКА ЌЕ БИДЕ И ПРИ ДОАЃАЊЕТО НА СИНОТ ЧОВЕЧКИ (МАТ. 24:37). ИСТОТО ГО ЗАБЕЛЕЖУВА И ПАВЛЕ, КОГА ГОВОРИ: КОГА ЌЕ РЕЧАТ: ‘МИР И БЕЗОПАСНОСТ!’, ТОГАШ НЕНАДЕЈНО ЌЕ ГИ СТИГНЕ ПОГИБЕЛ, КАКО ШТО ЈА НАПАЃААТ РОДИЛНИ МАКИ СЕКОЈА НЕПРАЗНА ЖЕНА, И НЕМА ДА ИЗБЕГНАТ (1. СОЛ. 5:3). ШТО ЗНАЧИ ТОА: КАКО ШТО ЈА НАПАЃААТ РОДИЛНИ МАКИ СЕКОЈА НЕПРАЗНА ЖЕНА? ЧЕСТ СЛУЧАЈ Е БРЕМЕНИТЕ ЖЕНИ ДОДЕКА СЕ ЗАБАВУВААТ, ИЛИ ЗА ВРЕМЕ НА ЈАДЕЊЕ, ИЛИ ДУРИ СЕ НА БАЊА, ИЛИ НА ПЛОШТАД, БЕЗ ДА ОЧЕКУВААТ, НАЕДНАШ ДА ГИ ФАТАТ РОДИЛНИ БОЛКИ. А СО ОГЛЕД НА ТОА ШТО И НАШАТА СОСТОЈБА Е ТАКВА, ДА БИДЕМЕ ПОСТОЈАНО ПОДГОТВЕНИ. ЗАШТО НЕМА ПОСТОЈАНО ДА СЛУШАМЕ ЗА ТОА, НЕМА ПОСТОЈАНО ДА ЈА ИМАМЕ ТАА МОЖНОСТ: ВО ГРОБОТ, ВЕЛИ ПИСМОТО, КОЈ ЌЕ ТЕ СЛАВИ ТЕБЕ (ПСАЛ. 6:6)?

ТУКУ, ДА СЕ ПОКАЕМЕ ОВДЕ, ПА НА ТОЈ НАЧИН ДА ГО СМИЛОСТИВИМЕ БОГА ВО ИДНИОТ ДЕН И ДА ДОБИЕМЕ ОД НЕГО ПРОШКА, ЗА ШТО И ДА СЕ УДОСТОИМЕ СИТЕ НИЕ, ПО БЛАГОДАТТА И ЧОВЕКОЉУБИЕТО НА НАШИОТ ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС, КОМУ СЛАВА И ВЛАСТ ВО ВЕКОВИТЕНА ВЕКОВИТЕ. АМИН.

Св. Николај Охридски- Децата и светителите

Децата и светителите Те држат, Господи, останатите се бунтуваат против Тебе. Децата и светителите се граница помеѓу царството на битието и сенката на небитието.

Старателите се нарекуваат родители и ги фрлаат Твоите деца од високи карпи во бездна. Старателите вообразуваат, дека тие се родители, па управуваат со Твоите деца како со свој имот. Навистина, не управуваат туку криват и рушат.

Туѓи се децата, старатели, кои сте ги присвоиле, и ќе одговарате за кражба и разбојништво. Не е ваш животот ни оној што е во вас, ниту оној, на кого сте му послужиле како канал. Туѓо е се`, освен злото во вас, и ќе одговарате за кражба и разбојништво. Ќе одговарате за кражба, бидејќисте туѓото сте го нарекле свое, и за разбојништво, бидејќи туѓото сте го осакатиле и изрушиле.

Нема родители на земјата. Родителот е на Небото. На земјата се само старатели. Тие, што себе се нарекуваат родители на земјата, се крадци и разбојници. На земјата се само старатели; и тоа е преголема чест. Дадано ви е на чување најдрагоценото благо, што Бог го има. И тоа е преголема чест.

Поблажен е оној, кој никогаш не се родил, и кому никогаш ништо не му е поверено во чување, отколку вие, ако вашето чување е соблазна и умртвување на душата. Зошто се радувате на децата, ако не мислите да бдиете над нив како над небесни ангели? Зошто лелекате за нив, кога вас рано ќе ве остават и ќе побегнат кај ангелите? На туѓо сте се радувале, и за туѓо лелекате.

Не грижете се само за осигурање на телата на вашите деца, бидејќи тоа го прават и лисиците со лисичињата.Туку грижете се за Бога во децата ваши. Согрижениот Бог ќе се погрижи за се` останатоо. И она што со мака го собирате за своите деца, Тој без мака ќе им собере, брзо и лесно.

Не го гонете Бога од вашите деца, бидејќи ќе им го истерате мирот, и среќата, и здравјето, и благосостојбата. И ако сета земја ја оставите оставена од Бога, сте оставиле прегладни, кои ќе изедат се и ќе умрат од глад.

Не осигуравајте им на своите деца парче леб, туку парче душа и совест. И ќе бидат вашите деца осигурани, а вие благословени во двата света. Грижете се за туѓиот имот подбро отколку за својот, и вашата награда ќе биде неизмерна.

Царските деца ви се дадени на чување. Навистина, Царот нема да даде мала награда на оние, кои ќе Му ги сочуваат царчињата, и нема да го избришат името на Родителот од нивното паметење.

Преку децата Царот гледа зачудено во вас, и ги чека вашите одговори. Ако одговорите бидат смртоносни, Царот ќе се повлече од вашите деца, и ви ќе се грижите за лешеви.

Децата и светителите Те држат, Господи мој, останатите се бунтуваат против Тебе. Децата и светителите се Твоето искушување на светот.

Внимавај, душо моја,внимавај и немој да погрешиш.

Преп. Кирил Пејчиновиќ- Против амајлиите и бајачите

Чоек кога дајма спомиња Бога и молит мy ce често, тој имат оружие нa дјавола. A ja гледам у едни луди људи, нe земаат таквоа оружие, токо некаква ствар или хамајлие на капа, на гуша, или за от уроци, или за от надвора се надеа, на ништо, штo ги лаже еќим за пape. Или ако ќе бист и пoп ако ти речет да ти запишем хамајлиа, да не го веруаш. Тој те лажет за пари. Едни гледам и от хоџи писмо узеле, окајание. Тој ли ќе те чува? Тој не можеше ни своата челад да дочува, токо кога им дојде смртта, изумре. Едни гледам ставиле на глава на имање лук, едни зеле от волка зуб, други и срдцето, па го носат како свјатиња. И, сиромаше! Што това неверствие во тебе? Што това многобожие во тебе? Што това безумие на старост? Вук да можел да чува чоека, свакиј во куќата по еден жив ќе ранеше да гo чуват.

Другии гледам праат покуши ѓаолски на сами празници, на бадник, на летник, на Ѓурѓов ден, другии веруат во среќа, кој ќе гo сретет, другии во ден хаирлиа или лош, едни жени држат петок, нe предат и спроти среда, да не им се изгори некое дете – a не го остават аманет на сајбиата што го создал, да го чуат, токо сама сакат сo непредење да го дочуват. Туа види безбожие во христиани! Ја ти ли ќе се чуваш от тога што нe виѓаш, сo неработање, сo зачинуање? Може ли слепец да се чува сам, дур нe ce молит на водјакот да го чуват от дрво, от камен, от зид, от праг, от дупка, от све штo год водјак гo чуват? И мије требет да се фрлимо на баш што ни е ем создател, ем воѓак, ем наставник. Туа види како не смо божии, a причесна сакамо. Това безумие виѓам повише во жени, a пoмалo во мужи. Велаким, имат едни мужи штo прашуат жените како е веков, кое фелат и кое не фелат, и вeлит: „Моата баеѓи признаует от ваквија работи.” Па другиј безумен мy велит: „Елбете, е дал Господ ум, повише запаметила.”

А окајане, запаметила ѓаволското, дали запамету(е) божиото? A ти, безумне, штo веруеш жена ти, ти ќеш како Адам што послуша Ева, па ги испуди Господ от рај. И пак едни христиани не прашуат попот, кои празници се држит, кои се работат, токо тиа го учат попот како да правит и да држит. A слепче слепиј, у тебе очи имат? Tи нe можеш и сам да ходиш, a водјакот ка си гo зел пo себе да го водиш? Koj ќе видит што ќе речет? „Слепец водит водјака .“

Христиани божи, четверци да работите, нема грех, салт недела нека се држи хубаво. Жени спроти среда нека предат, и у петок нека работаат, мужи четверци нека ораат, нека возат. Велаќим, овија грехови што пишет во книга нека ги нe чинат и тија добри работи што са писани во оваја книга нека држат. Ем да веруете ка што ви казахме, зере така зехме от Господа и така даваме вам, ако сакате да прокопсате на овој век, да имате бериќет и рехатлик, и на тој век да најдете царство небесно, и нa овој мал век што ќе векуате – благодат Божија, и милост его да ве дочуват от свако зло, от стрели летјаштија во дни, и от вешти во тме преходјаштија, от стрјашта и беса полуденаго, и от мечтаниј лукавих, молитвами пречистија Богородици, силоју честнаго и животворјаштаго креста, предстателствих честних и безплотних сил, честнаго и славнаго предтечи и креститења Иоанна, свјатих славних и всехвалних апостол, свјатих славних и добропобедних мучеников, преподобних богоносних отец наших, и свјатаго великомученика Димитриа мироточиваго, и Онуфриа великаго, и Нифонта свјатаго, и свјатителеј Симеона, Савви, сербских просветителеј, и всех свјатих, амин.

Извор: Огледало, 1816 г.

Sunday, January 17, 2010

Свето Богојавление. Крштение на Господ Бог и Спасител наш Исус Христос


Тропар, глас 1

Кога во Јордан се крштеваше Господи,/ се покажа Троично поклонение:/ оти, Родителскиот глас Те сведочеше Тебе,/ возљубен Син именувајќи Те,/ и Духот во вид на гулаб/ известуваше потврдување на зборовите./ Тебе Кој се јави Христе Боже// и светот го просвети, слава Ти.

Кондак, глас 4

Се јави денес на вселената,/ и светлината Твоја, Господи, се означи на нас,/ во разумот на тие што Те пеат:/ дојде и се јави,// Светлино Непристапна.

Величание

Те величаме Тебе,/ Животодавецу Христе,/ Кој заради нас сега со плотта се крсти/ од Јован// во Јорданските води.

Крштението на Господ наш Исус Христос – е еден од дванаесетте празници, кој се празнува не помалку торжествено од Рождеството Христово. Може да се каже, дека Рождеството и Крштението, сочинуваат едно торжество – празникот Богојавление. Имено, во единството на овие празници нам ни се јавуваат сите три личности на Пресвета Троица. Заради ова празнично единство, во периодот од Божик до Водокрстот пред Богојавление – не се пости.

Во витлеемската пештера се роди во тело Синот Божји, а при Неговото Крштение, од отвореното небо „Светиот Дух слезе на Него во телесен вид, како гулаб” и бил слушнат гласот на Бог Отецот, „кој вели: Ти си Мојот возљубен Син; во Тебе е Мојата благонаклоност!” Светата Црква на празникот Крштение Господово ја утврдува нашата вера во највисоката, за разумот недостижна Тајна на Трите Личности на Едниот Бог и нè учи рамночестно да ја исповедаме и прославуваме Света Троица – Едносуштна и Неразделна.

Св. Јован Златоуст пишува, дека „не денот, во кој се родил Спасителот, треба да се нарекува јавување, туку оној ден кога Тој беше крстен. Не преку Своето раѓање Тој на сите им стана познат, туку со Крштението, па затоа и Богојавление се нарекува не денот, во кој Тој се роди, туку оној ден, во кој се крсти.”

За настанот на самото Крштение Господово може да се раскаже следното. Господ наш Исус Христос, кога се вратил од Египет по смртта на цар Ирод, растел во малиот град Назарет, кој се наоѓа во Галилеја. Со Пресветата Своја Мајка престојувал во тој град до Својата триесетта година, заработувајќи за Себе и за Пречистата Девојка со занаетот на праведниот Јосиф, кој бил дрводелец. Кога наполнил триесет години во Неговиот живот на земјата, то ест кога ја достигнал возраста, пред која според еврејскиот закон на никого не му било дозволено да поучува во синагогите и да прима свештенички чин – настапило времето за Неговото јавување на Израилскиот народ. Но, пред тој момент, според пророчкиот збор, морало на Израилот да се јави Предтечата, за кого прорекол и пророкот Исаија, а кој имал задача да го приготви народот Израил за примање на Месијата. Свети Јован Претеча одел по целата јорданска земја, „проповедајќи покајно Крштение за проштевање на гревовите” (Лк. 3, 3). Целата јудејска земја и жителите на Ерусалим излегувале за да ја слушнат неговата проповед и се крштевале кај него во водите на реката Јордан, исповедајќи ги своите гревови (Мк. 1,5). Меѓу јудејците, кои доаѓале кај Јован, природно се поајавило прашањето: Не е ли Тој, очекуваниот од сите – Избавителот, Утехата Израилева? Крстителот пак, во одговор рекол: „По мене доаѓа Посилен од мене, на кого сум недостоен да му го одврзам ременот од неговите обувки; јас ве крстив со вода, а Тој ќе ве крсти со Светиот Дух” (Мк. 1, 7-8). И ете, во еден од обичните денови, кога Јован со проповед се обратил кон насобраните јудејци крај Јордан, Тој преку Светиот Дух, го познал меѓу луѓето Оној пред Кого тој триесет години порано затреперил во утробата на својата мајка. Исус дошол од Галилеја на Јордан, за да прими Крштение од Јован заедно со сите други. „Јован пак го задржуваше и му велеше: јас треба да бидам крстен од Тебе, а Ти ли доаѓаш кај мене?” (Мт. 3, 14) Свети Јован кога го видел пред себе Синот Божји кој нема грев, самиот побарал од Него крштевање, како човек кој го наследил гревот на непослушноста, првородниот грев кој преминал од Адам на целиот човечки род. „Но, Исус му одговори: остави сега, зашто така ни приличи да ја исполниме секоја правда” (Мт. 3, 15). Тој немал потреба од тоа крштение како безгрешен и непорочен, како роден од Пречистата Дева Марија и Самиот, според своето Божество – Извор на секоја чистота и светост, но, така како што Тој ги зел на Себе гревовите на целиот свет, така дошол и во Јорданските води, за нив да ги очисти преку Крштението. Тој отишол да се крсти за да ја освети со Себе водната стихија, за и нам да ни ја дарува бањата на светото крштение, која е наречена и бања на повторното настанување. Тој отишол да се крсти уште и затоа, за Јован да го види исполнувањето на Божјиот збор, кој му заповедал да излезе од пустината: „На Кого ќе видиш Духот да слегува и да останува на Него, Тој е којшто крштева со Светиот Дух” (Јн. 1,33).

Во спомен на Крштението, при кое Исус Христос се потопил во Јорданските води, Православната Црква од дамнини во навечерието и на самиот празник извршува големо осветување на водата. Празничното осветување на водата својот почеток го има во традициите на Ерусалимската Црква, каде уште во I век на Христијанството се извршувало празнично излегување кон реката Јордан, за спомен на крштението на Спасителот со правење водосвет. Според древната традиција, на овој ден, по празничната света Литургија, се прават црковни литии на реки, базени и извори каде се врши чинот на големо осветување на водата.

Во древната Црква било обичај огласените т.е. кандидатите за крштевање да се крстат во навечерието на Богојавление, бидејќи Крштението е духовно просветување на луѓето.

Корените на празникот Богојавление водат до апостолските времиња. За него се спомнува во Апостолските установи. Од II век е зачувано сведоштво од св. Климент Александриски за празнувањето на Крштението Господово и за ноќно Бдение што се служело пред овој празник.

Литургическое освещение праздника, История праздника, Текст службы.

Thursday, December 17, 2009

Св Николај Чудотворец архиепископ Мирликиски

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух !

А М И Н !

Возљубени браќа и сестри во Христа!

Денес го славиме споменот на Св.Николај Чудотворец –архиепископ Мирликијски.

Овој славен светител , славен и денес по целиот свет , бил син единец на познати и богати родители , Теофан и Нона, жители на градот Патара, во Ликија . Иако единец син, кој им бил подарен од Бога,

тие пак го посветиле на Бога и со тоа дале на Бога како дар.

На духовен живот св. Николај се научил кај својот стрико,

Николај, епископ Патарски, и се замонашил во манастирот

,, Нов Сион , основан од неговиот стрико. По смрта на родителите, Николај го раздал наследениот имoт на сиромашните, не задржувајќи ништо за себе. Како свештеник во Патар, се прочул со своето милосрдие , иако тој грижливо ги криел своите милосрдни дела, исполнувајќи го зборот Господов: Да не знае твојата лева рака што прави десната

(Mт. 6:3). Кога се предал на самотија и на безмолвие, мислејќи така до смртта да проживее, му дошол глас одозгора : Николај, појди на подвиг во народот, ако сакаш од мене да бидеш овенчан. Веднаш потоа со чудна Божја промисла бил избран за архиепископ на градот Мир во Ликија. Милостив, мудар, бестрашен, св. Николај бил вистински добар пастир на своето стедо. Во времето на гонењето на христијаните под Диоклецијан и Максимијан, бил фрлен во затвор, но и таму ги поучувал луѓето на законот Божји. Присуствувал на Првиот вселенски собор во Никеја и од голема ревност кон вистината со рака го удрил еретикот Ариј. Заради тоа дело бил остранет од соборот и од архијерејската служба се додека на неколкумина први архијереји на Соборот не им се јавиле Господ Исус Христос и Пресвета Богородица, и не им го објавиле Своето благоволение кон Николај. Како заштитник на Божјата вистина, овој прекрасен светител бил секогаш и смел заштитник

На правдата помеѓу луѓето. Двапати спасил по тројца луѓе од незаслужена смртна казна. Милостив, вистинит, правдољубив, тој одел помеѓу луѓето како ангел Божји. Уште за неговиот живот луѓето го сметале за светител и го повикувале на помош во маките и во бедите; и тој се јавувал , во сон и најаве на оние кои го повикувале, подеднакво лесно и брзо во близина и надалеку и им помагал. Од неговото лице сјаела светлина како од лицето на Мојсеј и тој со самата своја појава донесува утеха, тишина и добра волја помаѓу луѓето. Во староста малку боледувал и се упокоил во Господа, трудољубив и многуплоден, вечно да се весели во небесното царство, продолжувајќи со чудата на земјата да им помага на верниците и да го прославува својот Бог. Се упокоил на 6 декември 343 година.

О Боже безгрешен , помогни ни да се сочуваме од гревот и од гревовното гниење. На тебе слава и вечна пофалба.АМИН!