Monday, February 3, 2014

СВЕТИ НИКОДИМ СВЕТОГОРЕЦ ЗА ПРИЧЕСТУВАЊЕТО НА КЛИРОТ И ЛАИЦИТЕ

        СВЕТИ НИКОДИМ СВЕТОГОРЕЦ ЗА ПРИЧЕСТУВАЊЕТО НА КЛИРОТ И ЛАИЦИТЕ







Постојат некои луѓе со големо стравопочитување , кои непознавајќи го Писмото ,кога ке видат некој христијанин кој редовно се причестува ,почнуваат да го укоруваат(криткикуваат), говеорејќи дека само свештениците тоа можат да го прават.
Ако ти сакаш редовно да се причестуваш ,тогаш ти кажуваат постани и ти свештеник.На таквите луѓе ние не им одговараме со нашите сопствени зборови ,туку со зборови од Светото Писмо,светите Собори , Светителите, и учителите на Црквата.
Ние кажуваме дека свештеничкото служење се состои во тоа да тие принесуваат Боженствени Дарови и дека со нивно посредство,како органи на Светиот Дух ,со неговото симнивање се извршува осветување на тие Дарови.А тие исто така го застапуваат народот  пред Бога и исполнуваат други свештенодејствија , кој не може друг да ги извршува кој не е посветен во свештенички чин.Кога ке дојде време за Причест и тие самите се подготвуваат да се причестат,и тогаш во ништо не се разликуваат од мирјаните или монасите ,освен тоа што свештениците ја предаваат Тајната ,а мирјаните ги  примаат,а разликата е е и во тоа што свештениците се причестуват во олтар и тоа непосредно,без света лажичка ,а мирјаните и монасите –надвор од  олтарот и тоа со света лажичка.Дека навистина тоа е така и дека во текот на Причестувањето свештениците во ништо не се разликуваат од мирјаните  ,го посвеедочува и боженствениот Златоуст говорејќи:”Еден Отец нас не родил .Сите ние сме Негови страдални деца “,т.с. сите ние сме родени од една мајка – Светото Крштение. Една иста Храна на сите се дава “,т.с Крвта Господова е дадена на сите :  на свештениците ,и мирјаните . И не само што ни се дава една иста Храна ,туку и ни се дава и од една иста Чаша.Бидејќи Отецот ,сакајќи да не приведе со нежна љубов и  промислил тоа сите ние да пиеме од една иста Чаша ,која,која претставува симбол на безгранична љубов “.И на друго место светиот Златоуст кажува: Свештеникот во некои работи во ништо не се разликува од мирјаните .Кога на пример следува Причестувањето со Светите Тајни ,сите ние се удостојуваме од едниот ист,а не како во Стариот Завет : едно јадел свештеникот , а различно –непосветеното лице. Законот не дозволувал народот да го јаде тоа што го јадел свештеникот .Денес тоа не е така ,туку едно Тело и една Чаша се нуди на сите .Со други зборови ,денес по благодатта на Евангелието за се наоѓа  подготвено на Светиот Престол едно Тело и една иста таа Чаша .Симеон Солунски пишува :”Сите верни треба да се причестуваат.Тоа не е само служење на архиерејот ,туку е служење во тоа да се свештенодејствува Сесветото Тело и Крв Христово и да се даваат на сите верни на Причест,бидејќи единствено поради тоа тие се предодредени”.                                                                                                                                 Јов Арматол во книгата За Тајните пишува :” Сето совршенство цел и дело на Литургијата се состојат во Причестувањето со животворните и страшни Тајни на Светињата.Затоа најпрвин се даваат на свештениците во олтарот ,а потоа на народот кој се подготвил и кој се наоѓа  надвор од олтарот “.                                                                           Од ова безусловно следува  да  од принесените Дарови први треба да се Причестат свештениците ,а потоа –целиот нарро ,согласно   свештеномаченикот Климент кој кажува : “Да се причести епископот ,потоа презвитерите ,ѓаконите,ипоѓаконите,чтеците, певците,подвижниците,а од жените –ѓакониците ,девиците,вдовиците,потоа децата и потоа целиот останат народ по чин,со стравопочит и без врева”.
Претходно споменатиот Јов уште кажува да оној  човек кој е достоен може да се причестува секој ден ,и тоа на иист начин како тоа го прават и свештениците,и тоа без разлика –она што важи за свештениците важи и за мирјаните ,мажите,жените,децата и старците-или просто кажано за сите христијани без обзир на возрастаи чинот.                   Тие свештеници,не ги причестуваат христијаните кои со стравопочитување и вера  пристапуваат кон Боженствената Причест,Бог нив ги осудува како убијци,согласно напишаното од пророкот Осиј:” Како разбојници го дочекуваат човека така ,здружени свештеници убиваат по патот за Сихем и вршат лоши работи”.Со други зборови свештениците кои го сокриле патот,волјата,и заповедта Божја ,и не ја објавиле  убиле во Сихем и направиле безаконија во народот Мој.                                                                                Јас само се чудам и незнам дали постојат такви свештеници кои ги оодалечуваат оние кои пристапуваат кон Тајните. Бидејќи тие не се ни замислиле  за тоа дека зборовите кои тие  сами ги кажуваат се – лага .Бидејќи самите тие на крајот од Литургијата гласно ги повикуваат сите верни ,говорејќи :” Со страв Божји ,вера и љубов пристапете”, т.с пристапете кон Тајните и Причестувајте се , а потоа самите тие се одрекуваат од своите зборови и ги одалечуваат тие кои пристапуваат.Јас не знам како би можело да се нарече ова лошо дело .



Превод од српски јазик
Протоереј Ненад Ѓорѓески

Линк кон оригиналниот  извор- текст
Извор: Радио Света гора 



Tuesday, March 22, 2011

ДАЛИ МОЛИТВИТЕ НА СВЕТАТА ЛИТУРГИЈА ТРЕБА ДА СЕ ЧИТАААТ НА ГЛАС ?


Дали молитвите на светата литургија треба да се читаат на глас ?
Во Епархиите на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија ,вратена е древната пракса да молитвите на светата литургија кои ги изговара свештеникот да се читаат гласно.Ова кај мнозинство верници е прифатено како позитивно , бидејќи конечно и тие можат активно да учествуваат во Литургијата , слушајќи го текстот на молитвата која свештеникот ја изговара . Многу беа збунети и се прашуваа: ”Зошто свештеникот шепоти сам во себе молитви ? “Сакајќи да ги знаат содржините на тие молитви.
Меѓутоа се појавиле неколкумина луѓе кој потикнати од некого или од незнаење го критикуваат ова читање на молитви гласно. Највероватно овде се работи од незнаење и од каректеристиката на македонскиот менталитет “јас најдобро знам како тоа се прави “, па почнале да ги “ учат” и епископите и свештениците што е правилно .Збунувачки е од кого и од што тие ја бранат Црквата . Говорат за некаква “ македонска пракса “ во Литургијата , а се знае да таква пракса ниту постои ниту постоела кај нас . Покасно Литургијата претрпела и руско влијание , како на пример воведувањето на молитви на третиот час во текот на претворувањето на Светите дарови во Тело и Крв Христови .Сето ова нам ни говори дека не постои македонска пракса на служење Литургија , постои само православен светоотечки начин на служење , така да разните “ критичари “, кој не знаат што критикуваат , ниту нив ги ги интересира активното учествување во светата Литургија , која е центар на на христијанскиот живот , затоа што тоа е тајна на соединувањето на сите верни со Христос , потоа со целокупната творение Божјо со Бога . Црквата како заедница на сите верни црпи свој идентитет од Светата Литургија , во која самиот Христос , чија икона е Епископот , односно свештеникот како икона на апостолите , приносите на Бога Отца целата создадена природа под видот на леб и вино ,кои постануваат Негово Тело и Крв.Црквата за темел на своето постоење ја има Евхаристијата – заедницата . Црквата нее собир на индивидуи туку заедница на сите верни .Ние во Евхаристијата со Христос се соединуваме и меѓусебно и преку Евхаристијата добиваме живот вечен .
Каква била праксата на читање на молитвите на Литургијата во
првите векови на христијанството ?
Во првите четири века на на христијанството, додека се уште не бил востановен и формурилан текстот на Литургијата (тоа ке го направат во четвртиот век Свети Јован Затоуст и Василије Велики) , Епископот бил тој кој го составувал текстот на Литургијата , и инпрозвирајќи го. И во текот на извршувањето на светите тајни на Црквата и свештените обреди , молитвите кој ги изнесува свештеникот се читаат гласно за да народот би ги слушнал. Како ако епископите инпровизирале молитви ,како се знаело дека инпрозивирале ако никој не ги слушнал?.Во светото писмо имаме сведоштва дека дури и личните молитви биле читани гласно.Како на пример во Делата апостолски кога ѓаконот Филип ја запрашал владетелката етиопската царица Кондакија : “ Ако веруваш од сето твое срце , можам да те крстам , а таа му одговорила :” Верувам дека Исус Христос е Син на Живиот Бог “ (Дап,8 27-35) Тоа го потврдуваат и многу други извори. Светиот Никита Ремезијански (+после 414) во својот литургиски трактакт “ За полезноста на химната “,го советува своето паство да за време на на бдение треба да го слушаат читањето на Писмото ,и да не одвлекуваат внимание на чтецот и другите луѓе кои дошле ,со мрморење на глас со своите посебни молитви :”Никој не треба да се моли со таа јачина на глас со која би му пречело на чтецот “.Апостол Павле истакнува неопходност да и народот учествува со “умот “во она што се говори,за да биде свесно она негово ,,Амин’’и да се поучува ,, во верата’’и да ја посетува Црквата (1.Кор.14,1-25).Денес во сите ,,одговарања на Литургијата”дека народот кој е во Црквата одговара амин,Господи помилуј,...како народот ке одговара кога никогаш не слушнал молитва , на што ке одговори амин.
Често се среќаваме на жалби дека импрозивираните молитви не биле православни.Иринеј Лионски (+202) во своето дело “Против ересите”1,13:2 строго ја осудува Евхаристиската молитва на еретикот Марко,а Кипријан(+258) “ За единството на Црквата “ зборува на новотарците “да составуваат друга молитва од недозволиви зборови”.Како Иринеј и Кипријан можеле да знаат да тие молитви биле еретички,ако не ги слушнале дека се читаат на глас ?
Литургиските молитви продолжуваат да се читаат на глас ,дури и после појавата на утврдени литургиски формули,(Литургијана Свети јован Златоуст и Василије Велики),кој постануваат широко распространети до крајот на Ivвек,како луѓето во тоа време тоа го правеле ,дури и ако биле сами и читале молитви за себе .Апостолските Дела ,8:27-35 како што и погоре споменавме,наведуваат на пример на таква лична молитва на глас ,а исто така наведува и Августин во своето дело”Исповест”,VIII, 6(15),IX 4(8).Нашата современа пракса на читање на молитвите молчејќи (во себе ),дури и “читајќи со очите”,без изговарање на зборовите на глас и дури без покретување на усните била дури и многу ретка доколку би се случело предизвикувало чудење како што се гледа од Августовата “Исповед”,VI, 3(3).Така да дури и престојателите на Литургијата го читале утврдениот текст,така може да се заклучи дека го читале гласно , затоа што во старо време луѓето тоа така и сами го читале . На основа на гореневаденото може да се заклучи да раните христијани се молеле на глас независно од тоа дали молитвата била лична или литургиска .
Што се случило со оваа традиција на читање на молитвите на глас ?
Некаде отприлика во 6 век, а особено покасно во 8. и 9. Век се читаат тајно.
Во својата 17 Омилија за источно –сириската Анафора ,која се препишува на Нарсај(+502),се кажува:”Свештеникот облечен во светли одежди ,е гласот на црквата кој отворајќи ја својата уста тајно говори со Бога како свој познаник”.Во грчки податоци(извори),пред 600 години ,Јован Мосх во едно свое дело приметува дека “во некои места свештениците имале обичај да на глас ги изговараат евхаристиските молитви’’-имајќи во предвид дека тоа не било обичај (пракса) на сите места.
Реакција на ваков начин на читање молитви нам ни е познат од 137.(174)Јустијанова Новела ,која потекнува уште од 565.година.во која се кажува:”И поред тоа ,ние пропишуваме на сите свештеници и епископи да молитвите кои се користат во Божественото Принесување и на светото Крштение да не ги изговарааат во себе ,туку на глас ,како би верниците би ги слушнале ,и како би тие молитви нивните души би ги потикнале на уште поголемо стравопочитување и славосовување на Господа Бога”..
Понатаму Јустинијан како потврда на своето мислење парафразира 1.Кор 14:15-17, за тоа како може некој да каже “Амин”на вашето благодарење,, ако никој вас не ве слушнал што говорите ,бидејќи вие можете да изговарате благодарења,но тоа не е поучно за другиот.Понатаму во Рим.10:10:”бидејќи со срцето се верува за праведност ,а со устата се исповеда за спасение “,и затоа треба да се знае што се говори за да би во тоа верувале и спасиле .Новелата заклучува:” На основа на тоа следи,да молитвите на Светиот Принос и другите молитви ,епископите и презвитерите треаба да ги изнесуваат на глас кон Гспода наш Исус Христос,наш Бог ,со Отецот и Светиот Дух....”Јусинијан за вршува со предупредување и санкции кон оние кои не го исполнуваат неговиот декрет –тоа докажува дека он се борел со постоечките злоупотреби и укажувал на тоа да се врати тоа што било сметано за вистинкса традиција.Без обзир на Јустинијановата преставка ,византиските литургиски коментари и ракописи од VIII ,сведочат за напуштање на старата традиција .Веќе од најраниот литургиски ракопис ,Берберин бр.336(околу 750 год.)Божествената литурггија имала рубрика која укажувалаа на тоа да молитвите треба да се читаат тајно.Глава 39.на византискиот литургиски коментар ,познат како Протхеориа (1085-10950)потврдува дека не само тоа дека Јустинијовата борба била проиграна ,туку да тивки изговорената анафора изазивала недоумица и незадоволство помеѓу верниците :’’Некои од собраните верници биле збунети и се прашувале “Што се ова значи? Зошто свештеникот шепоти сам за себе?” И тие сакале ја знаат содржината на тие молитви”.
Највероватно од технички или практични причини допринело тоа да литургиските молитви се читаат тајно.Односно,Светата Литургија се служи во светиот олтар ,додека свештеникот со грбот е завртен спрема народот( во старо време свештеникот бил заввртен кон народот),со иконостас веќе бил почнал да се воздигнува,во вакви околности било тешко да се слушнат текстовите кои се читале со обичен тон на читање и уште од луѓето од страна кои несекогаш имале гласовни способности или тие биле старци.Може да се посомнева да во огромните базилики на пост –Константиновиот Исток,кои не биле опремени со современи акустични системи,мнозина присутни во Црквата и можеле воопшто да ја слушнат и разберат Литургијата,дури и ако свештеникот ги извикувал нејзините зборови со сета своја сила на гласните жици.И повеќе од тоа ,уставните рубрики и иконографијата на Византија покажува да свештеникот ги читал молитвите напрегнат, што воопшто не допринесува на разговорно читање.Некаде околу 600 година Јован Мосх (540/50-+619 ) во своето дело зборува за децата кои ги запамтиле зборовите на анафората, бидејќи често ги слушале во Црквата-но додава он , тоа било затоа што “ во тие денови било обичај да детето за време на богослужењето се стави пред светињата “. Тоа остава отвоорено прашање колку анафората можеле да ја слушнат возрасните луѓе кои стоеле во споредните олтари и на галеријата,подалеку од децата кои се собирале во близина на олтарот .Доказ дека овие работи биле причина за тајно читање на молитвите , а не теоретски причини, кои доаѓаат подоцна да го оправдуваат она што веќе се случило,односнотоа што под слични околности и молитвите на вечерната и на утрената , кои се читаат во олтарот , имале иста судбина (односно да се читаат тајно),додека наспроти тоа молитвите на светите тајни како крштението, венчанието кои се читаат надвор од олтарот ,останале да се читаат на глас .И на Литургијата замвоната молитва која се изговара надвор од олтарот (пред амвонот),се чита гласно,додека молитвите на антифоните на почетокот на Литургијата се читаат тајно.
Додека Литургијата била служена на црковнословенски јазик, тогаш било сеедно дали свештеникот ке ги говори гласно или тајно , народот нема ништо да разбере ,а денес бидејќи Литургијата е преведена на македонски јазик, потребно е и народот да ги слушне и да ги разбере и да учествува во молитвата. Бидејќи Литургијата не е нечија приватна своина.Молитвите треба да се читаат без претерана театралност,скромно и со свештено благолепие , и толку гласно колку што е доволно да се слушне , бидејќи сега со акустика во храмовите е многу подобро отколку порано . Денес мнозинство од христијаите се сложува дека Литургијата се служи за сите ,а не само за клирот, сите крстени имаат право да ги слушнат и молитвено да ги повторуваат светите зборови на Литургијата.Таков поглед секако може да предизвика противење од страна на самопрогласените “чувари на тајната”,за кои тајност представува неопходен додаток на таинствената природа на анафората.Таквиот пристап е историски лажен и непостојан од теолошка гледна точка.И после се што сите молитви биле сослушани и изучени ,ишто сите богослови за нив кажале се што можеле ,Боженсвените Тајни останале тајни по самата нивна природа, а не зато што ние се трудиме да ги направиме неразбирливи така што ке ги криеме под велот на тајноста! Дали тоа значи да денес молитвите треба да се читаат на глас ? Секако , но Кои од нив ?Секако, НЕ СИТЕ, бидејќи не треба да се преувелучува принципот кои е сам по себе правилен, а по кој Литургијата се служи за сите и сите крстени имаат право да ги слушнат и молитвено да ги повторуваат зборовите од молитвата.Секако ,не треба сите молитви на Литургијата да се читаат на глас .Некои молитви биле покасно додадени,некои молитви се кои го изразуваат личното стравопочитување на свештенството,кои толку би ја затемниле смислата за служба доколку би се читале на глас .Така на пример ,молитвите на првите три антифони , входот,пред евангелието, “Никој од оние кои се врзани со телесни похоти.....”,се читаат тајно,а гласно се се читаат молитвите од молитвите “Први верни”.( Роберт Тафт, и Јоанис Фундулис, Литургика1).
Свештеникот кој и поред тоа ги чита молитвите тајно , може во себе да се запраша , што е за него Литургијата,зошто воопшто служу Литургија,со кој он тоа се моли,кој ги слуша молитвите ,дали Литургијата за него е приватна молитва или Литургијата е заедничка служба на сите верници,свештеници и епископи?Читањето на молитвите гласно не е глума ,новотарија или нешто измислено на епископите , свештениците ,туку вековна вистинска правилна пракса на Црквата.




( превел и обработил од  српски јазик - протоереј Ненад Ѓорѓески ) 
Наслов на оригиналотДа ли треба да се гласно читају молитве на Светој Литургији?-  од
свештеник Срећко Зечевић   -линк до оригиналниот текст  http://www.pouke.org/news.php?id=60&do=view

Улогата на жената во православното христијанството

Улогата на жената во православното христијанството

Прашањето за улогата и поставеноста на жената, било актуелно низ историјата како во различните култури, и општествени уредувања, така и во различните религиозни и философски правци.Ова прашање произлегува веројатно од различните природни дарови кој им се дадени на мажот и жената, кој се две половини и кој надополнувајќи се во заедницата на бракот стануваат една целина, едно битие. За жал во текот на историјата жената и нејзината непроценлива вредност, како мајка, сопруга, столб на семејството, била потенувана и често жената била подложена на малтретирања. Истото се случува и денес кога жената е подложувана на семејно насилство. Во времето пред доаѓањето на нашиот Спасител Господ Исус Христос, постоело убедување дека жената по природа е послаба и помалку вредна од мажот, па поради тоа мора да му биде потчинета. Во Стариот Завет, нејзината улога во семејството и друштвениот живот била без никаква вредност. Жената била оставана од мажот поради разни ситници, како на пример невкусен ручек, или доколку тој најде подобра. Не е нималку чудно зошто фарисеите Го прашувале Христос: „ Може ли човек да ја остави жената своја за каква и да било причина? “ Христос тогаш им одговорил дека тоа им било допуштено заради нивното жестоко срце. Бог не бил така немилостив за да им даде таков закон, туку така допуштил поради нивната жестокосрдечност. Бог познавајќи ја бесчовечноста, дека мажот кој што не си ја сакал жената, лесно можел да ја убие или да изврши јавна прељуба, допуштил, а не заповедал, таквиот маж да ја остави својата жена. Овој недостаток бил многу жален и кобен, па затоа во Стариот Завет, доаѓа до уште еден плод на машкото сладострастие - полигамијата, која никогаш во природата на човекот, особено во природата на жената не била пофалувана и сметана како нешто добро. Во неа, жената претставува предмет кој на мажот му служи за наслада, предмет кој по значење е еднаков со неговиот имот, предмет кој се спушта на овосветовните желби, се сведува на особа која ги задоволува исклучиво животинските инстинкти на мажот. Во неа таа била третирана како робинка меѓу останатите робинки, кои на мажот му претставувале имот чуван во некој харем под стража. Тука, нема ниту збор за искрената брачна љубов, каква што е во христијанството, туку во најмала рака, само љубоморни испади од страна на угнетуваните и обезвреднетите жени.

Но тука сме да го чуеме ставот на православното христијанство во врска со жената.

Троичниот Бог го создал целиот свет, сета видлива и невидлива природа и човекот како круна на сето свое создание. Човекот е создаден како единствено интегрално битие од душа и тело. Човекот е создаден според образот и подобието Божјо, со цел да биде во заедница со Бога и да се радува на таа заедница. Првиот човек е Адам а, од неговото ребро е создадена жената за да му биде помошница во се. Самиот збор пол означува една половина која има свои лични особености,а, која за цел го има соединувањето со другата половина во рамките на полнотата на брачната заедница. Така мажот и жената еден со друг треба да се надополнуваат. Но Бог не сакал човекот да биде роб, туку слободен налик на својот Создател. За да можат првите луѓе прародителите Адам и Ева да се вежбаат во својата слободна љубов кон Бога, Бог им дал заповед од секое дрво и растение во рајската градина да јадат освен од дрвото за познавање на доброто и злото да не јадат зошто во оној ден кога од него ќе вкусат ќе умрат. Пред да го создаде материјалниот видливиот Бог го создал невидливиот свет,односно ангелите, но дел од нив се погордеале и отпаднале од Бога и постанале демони. Така демонот користејќи ја змијата ја наговорил Ева да јаде а, потоа таа му дала и на мажа си Адама и двајцата јаделе од забранетото дрво. Со тоа слободно избрале да бидат без Бог, односно покажале дека нивната љубов кон Бога е недоволна. Како последица на нивниот слободен избор, благодатта Божја се повлекла од нив и смртта и болестите влегле во човековата природа. Прво духовната смрт која се состои во прекинот на заедницата со Бога а, потоа и телесната која подразбира разделба на душата од телото. Во овој конекст Ева тоест жената е таа која што прва ја прекршува Божјата заповед, но Бог кој е премудар во се онака како што гревот влезе преку жената и спасението дојде преку жена. Односно Синот Божји второто лице на Пресвета Троица се воплоти тоест прими човечка природа од девојката и вечно Дева Марија и од Светиот Дух. Оваа голема тајна на спасението се случи токму преку жената, и оттука веќе може да се види ставот на Православното христијанство кон жената. Жената за православното христијанство не е воопшто понизена зошто преку неа се случува спасението, најважниот настан во човековата историја. Потоа жените мироносици биле тие што Христа Бога го следеле во моментите на неговото распнување, како и први кој ја пренеле веста за Христовото Воскресение на апостолите и на светот.

Светата Православна Црква се удостоила со мноштво жени светителки и маченички. Меѓу светителките да ја спомнеме света Петка, а меѓу маченичките да ги споменеме светите маченички Варвара, Јулијана, Анастасија, светата Лидија Македонска, света Злата Мегленска и мноштво други. Тие со својот живот, вера и храброст, ја покажаа својата верност и одданост кон Христа Бога и верата и на тој начин покажаа дека жената има голем потенцијал кога станува збор за практицирањето и живеењето според евангелските начела на православната христијанска вера. Светитеклите и маченичките достоинството на жената го извишија на највисок пиедестал. Оттука значењето на жената за православната вера е непроценливо важна.

Но која е денес улогота на жената во Црквата, во семејството во бракот, кој се нејзините етички и морални задолженија?

Жената како и мажот е рамноправен член на Црквата. Таа има право да доаѓа на светите Богослуженија, да се причестува со светите тајни Христови, да склопува црковен брак, да помага во православните храмови, и се разбира да се подвизува живеејќи подвижнички живот на Црквата, да се замонаши итн.. Единствената разлика кога станува збор за разликата меѓу членстото на мажот и членството на жената во Црквата е тоа што жените не можат да бидат членови на клирот на Православната Црква. Тоа е од причина што свештенството е поврзано со татковството, свештеникот е духовен татко, а таткото е маж, и затоа што таква била волјата Божја, апостолите биле мажи. Каков треба да биде карактерот на жената за тоа ни зборува светиот апостол Павле, кој вели дека карактерот треба да биде сообразен со нејзината природа и дарови од Бога. Односно жената треба да има блага нарав, да биде скромна и како вели апостолот да обрнува пред се внимане на нејзината внатрешна убавина. Убавината ваша да биде во скромниот и тих дух во побожноста ваша, а не во плетењето коси и украсувањето со злато. Се разбира Православната Црква нема ништо против тоа жената да води грижа за својата убавина, но да не се става акцентот на тоа туку на внатрешното украсување со добродетели, и дотерувањето да не биде нападно, да не води во неморал и во соблазна туку да биде скромно и достоинствено.

Семејството според Православната Црква е мала Црква, а во неа местото на жената е особено значајно. Ако мажот е надарен со дарот на татковство жената е надарена со специфичниот дар на мајчинство. Во утробата на жената се случува една голема тајна, се зачнува еден нов живот. Потоа се раѓа еден нов живот. Улогата на жената во семејството како мала Црква е особено голема, бидејќи нејзината нежност игра голема улога во воспитувањето на децата. Жената треба да ги воспитува децата во духот на евангелските заповеди, да се грижи да ги научи на љубов и кон Бога и кон своите ближни. Не случајно во нашите стари семејства жената била столб и стожер на чистотата на православната вера.

Жената како сопруга во христијанскиот брак кој што е светиња, со својата љубов го поткрепува мажот да живее според Божествените начела.

Есхатолошката песпектива е подеднакво отворена и за мажот и за жената. Христос дојде во овој свет да ги повика сите луѓе кон подвиг кој ќе води до Царството Небесно. Затоа апостолот Павле ни порачува дека во Христа нема ниту машки нити женски пол туку сите се едно во него. Оние украси со кој се вреднувала жената во стариот незнабожечки свет како што се убавината, китењето со украси и слично во новиот завет се заменети со вистински добродетели како што се верата љубовта надежта, скромноста и чистотата. Оттука гледаме дека жената и мажот се рамноправни , но иако Црквата ја потврдува нивната рамноправност сепак не ја порекнува различноста на природата на мажот и жената, но не со цел да ја понижи жената, туку токму различноста на нејзината природа ја покажува нејзината оргиналност. Ние веќе кажавме дека жената во Христијанството е еднаква со мажот во областа на нејзиниот духовен повик, во тоа дека и таа е подеднакво личност, како што е и тој. Но, ние не можеме да порекнеме дека таа воедно е и различна од мажот, но различна во нејзините особини како жена. Денеска во контекстот на модерното феминистичко движење, постои борба за еднаквост меѓу половите. Таа борба, како што веќе претходно објаснивме, си има своја историја, свое објаснување во тоа дека жената била разбрана како инфериорно, потчинето суштество во однос на мажот. Низ историјата таа живеела еден паразитски живот, а била многу сиромашно образована. Толпа од жени останувале надвор од културата, медицината, политиката и социјалниот живот, сé со цел да се истакне дистанцата и разликата помеѓу мажот и жената. Многумина се згадувале од нејзината положба, бидејќи била третирана само како декорација, како предмет, кој на мажот му е за еднострана употреба, предмет за кој што не постојат никакви свети чувства, предмет, кој само предизвикува ниско задоволство. Но, што се случува: жената, разбрана како роб, прави погрешен чекор, таа сега започнува да му се осветува на мажот – својот господар, таа станува против него, се бори против него, ги присвојува мажествените карактеристики, борбеност,тонови на агресивност итн. Тие карактеристики сé повеќе ја привлекуваат современата жена, чија цел е да се претвори во маж, притоа губејќи ги нејзините вистински вредности, нејзините женствени црти како нежноста, чувствителноста, природното барање на потпора во нејзиниот живот, чистотата, саможртвувањето, заштитата на слабиот и секако мајчинството. Ваквата освета во борбата за еднаквост ја прави жената агресивна и ја поставува како соперник на мажот. Таа станува еднаква но, нејзината чувствителност се истрошува, а како последица од тоа е губењето на својата личност и на своето вистинско достоинство. Еве на пример, денешната економска еволуција го прифаќа дивиот брак, кој е без никакви обврски, брак кој е разбран само како социјална положба. Жената е способна да го сопре ваквото гледиште и разбирање на бракот, но може и да направи погрешен чекор односно да го прифати. Имено, двојката живее во хотел, а децата сместени во интернатски училишта се препуштени на морална сиромаштија. И што потоа? Современиот и динамичниот живот ги зема своите жртви. Родителите добиваат деца, кои се духовно сиромашни и кои незнаат да се соочат со тешкотиите во животот, па често и подлегнуваат на нив.

Осиромашена во своето вистинско достоинство, жената иако присутна, не придонесува за културата, политиката, медицината и социјалните прашања со женственоста, притоа давајќи живост и живот. Не зборуваме за тоа дека жената треба да остане само дома, грижејќи се само за домашните обврски, дека не треба да биде образована и да работи на својата личност и позиција, туку да го осмисли нејзиното присуство во сите тие сфери на живеењето, да го скроти, да му даде духовен тон. Можеби повеќе несвесно, отколку намерно, таа го потиснала својот сопствен призив, а тој е: секаде каде што е, да го заштитува светот на луѓето како мајка, да го спасува како девојка, притоа давајќи му ја својата сопствена душа.

Најчудното откритие е фактот дека мажот не го поседува татковскиот инстикт на ист начин како што жената го поседува мајчинскиот. Иако е маж според карактеристиките, тој не е мајчински по својата суштина. Ова пак, значи, дека меѓу човечките суштества религиозниот, духовниот принцип е изразен кај жената. Нежноста на мајчинството, ги совладува и најцврстите нешта и токму поради ова Христос рекол да се биде кроток и смирен по срце, а да се отфрли насилството и мечот. За мажот да се живее, значи да се освојува, да се бори, а за жената, тоа значи да се раѓа, да се храни и да се пренесува животот преку предавање на себеси.

Но, денеска, многу жени како да заборавиле на духовните вредности, приврзани се за земните нешта, заборавиле на нивните духовни капацитети. Заборавиле, дека на Бога Му е потребна една многу мала но, од дното на срцето свое жртва...тоа е молитвата за помалите и послабите, милостината, нежноста, сочувството за оној што страда. Во времето, кога Христос беше воден на Распетие, кога висеше на Крстот и ги поднесуваше страдањата, постои еден детал, кој длабоко нé погодува сите: верноста, со која само малкумина можеа да се пофалат пред Бога, верата на оние, кои останаа до крај со нашиот Спасител...меѓу нив повеќето беа жени. Тие стоеја под Крстот затоа што Го сакаа, стоеја од љубов, затоа што сострадуваа со Него. Тие не Го оставиле Неговото мртво Тело, туку го извршија сé она што отсекогаш го правела и прави љубовта. Он не барал ништо од нив, а тие Му останале верни по својата простодушна човечка љубов. Учениците Христови, потресени од настаните се разбегале наоколу и Го напуштиле својот Учител. Поминала саботата после Распетието, и први на гробот пристигнале жените мироносици, за да Го помазат Пречистото Тело Христово....сите знаеме дека тоа Тело не беше таму, а дека Воскресна. Оваа вест за Воскресението први ја примиле жените. Христос најнапред нив им се јавува и ги поздравува со зборовите кои засекогаш и за сите времиња станале суштина на христијанската сила: „ РАДУВАЈТЕ СЕ! “ Гледајте, таа љубов и верност прва дознала дека не треба повеќе да се плаче и да се тагува, прва дознала за промените на личноста, прва дознала за победата Христова!

Што сакам да кажам со ова...ми се чини дека во денешно време особено е потребно да се присетиме на таа љубов и на таа едноставна човечка верност, бидејќи живееме во време во кое постои погрешно учење за човекот и неговите вредности. Живееме во време во кое се дискредитира таа љубов и таа верност. Денеска потребно е ние да ја побараме топлината и светлоста на оваа љубов. Љубовта не го прашува човекот за теоријата и идеологијата, таа му се обраќа на човечкото срце. Човечката историја течела, се раѓале и рушеле цели царства, беснееле војни но, за сето тоа време постојано блеска ликот на жените – мироносици. Познато е дека низ историјата најстрашните прогони се одигрувале заради развратните жени. Но, наспроти ваквите жени постоеле онакви, кои само со еден збор, со својата вистинска женска нежност и чувствителност, со својата вера и љубов кон светото, ги совладувале најтврдокорните срца, најцврстите вериги, најсилните мечови и ѕверови! Жената низ сите времиња била чувар на моралот и на религиозните вредности. Таа е таа која отсекогаш го спасувала и продолжува да го спасува светот. Но, го спасува не со зборови и идеи, туку со нејзиното молчење и грижливото присуство на љубовта, како сопруга, мајка. Жената е најзаслужна за тоа што – без оглед на сето зло кое господари во светот – во истиот тој свет, никогаш не престанува мајчинството, кој е празник на животот, бидејќи во него се наоѓа постојан извор на радост и светлост. Низ нејзината религиозна структура таа го претставува целомудрието, кое е единствено способно да го запре започнатото разорување и дехуманизирање, кое е присутно во мажествениот дух на светот. Мажественоста, пак, на светот не е поради природата на мажот, туку светот таков постанал заради агресивноста на луѓето, која е предизвикана од животот без Бога. Мажот, кој Го сака Бога ги истакнува неговите природни особини, а тоа се праведност, стабилност, цврстина и свештениот призив кој на дар му е даден. Оној, пак, кој Го нема Бога во својот живот, кој се бори против Него, без оглед на тоа дали е маж или жена станува агресивен и егоистичен. Светот без Бога неможе да биде осмислен. Затоа е толку тешко да се живее. Многу луѓе се обидуваат да побегнат од лагата на тој безрадосен живот, преку разни девијантни појави, со лажење на себеси и преку најниска животна среќа. Но, сето тоа, порано или подоцна се покажува како ќорсокак, во кој безизлезот при секое отрезнување и враќање во реалноста е уште пострашен. Не е нималку чудно тоа што секоја област во животот на човекот претставува „ проблем “: проблемот на жената, проблем на работното место, проблем во образованието, во семејството, проблемот околу плодноста итн. Сé стана проблем но, одговорите и правилата кои ни ги дадоа разните безбожнички пропаганди, одамна престанаа да бидат одговори бидејќи самата стварност ги претстави во нивната лажна светлост. Луѓето незнаат каде и како да ги бараат тие одговори, па затоа во нив настанува цинизам и празнина, од која сите безуспешно се обидуваат да избегаат.

Но, вистинските одговори, се невозможни доколку луѓето не разберат дека потребно е одвнатре да се променат, да ја вратат својата вера во Бога. Но, и во Бога може да се верува на разни начини, бидејќи верата може да биде како некоја врста на бегство од реалноста, како некоја психолошка опијанетост т. е. лажна вера. Затоа и во името на Бога, можат да се вршат разни зла, да се руши наместо да се гради. Вистинскиот, пак, одговор е дека потребно е да имаме вистинска вера, како таа на мироносиците, која ќе нé води низ животот, која ќе го осмислува секој наш потег, секое наше дејствување и градење, вера, која нема да дозволи да ја изгубиме својата личност и достоинство. Таа вера овозможува да се отворат нашите внатрешни очи, и тука се појавува ликот на Пресветата Богородица, која преку раѓањето, неразделно е поврзана со Ликот Христов.

Но, во што се состои помошта и ликот на Мајката Божја? Одговорот е дека таа го носи ликот на жената. Првиот Христов дар, првото и најдлабокото откритие на Неговото учење и призив им е дарувано на луѓето во ликот на жената. Малку претходно напоменав дека во овој царува гордост, агресивност, во него сé се сведува на власт и владеење, на производство на оружје, на соперништво и насилство. Свет во кој никој не сака да му прости на другиот, никој не сака да се смири, да замолчи и да се нурне во пријатната тишина на животот. Сето ова, со самото свое присуство го променува Божјата Мајка, Ликот на бескрајното спасение, ликот на убавината, ликот на силата и смирението, ликот на чистотата и љубовта и победата на таа љубов. Богородица, во која нема ниту трага од сензуалност или засладена сентименталност ни го претставува најсовршениот човечки религиозен лик, совршеното мајчинство, преку кое што дошло спасението на светот.

Monday, November 8, 2010

"БОГОЛИКОС НА ЧОВЕКОВОТО БИТИЕ "




" БОГОЛИКОС НА ЧОВЕКОВОТО БИТИЕ "


Човечкиот род на замјата не е ништо друго до најраскошен иконостас Божји.овој свет , оваа вселена :се е величествен храм Божји.А луѓето-иконостас на тој храм. Бидејќи секој човек е посебна икона Божја,слика Божја,обличје Божјо.сите ние сме икона на Словата Божја,како што вели Св.Ап.Павлево посланието до колосјаните.Ние сме створени по слика и прилика Божја,како што читаме во првите страници на Светото Писмо(Библијата) и затоа ние православните Христијани на опело пееме: “ Икона сум на неизречивата твоја слава”. Затоа Православната Црква не учи дека ние луѓето сме сворени да личиме на Господ Исус Христос,и ние личиме во тој случај ако живееме по Евангелието,по Правилата на Светата Православна Црква.
Кога не створил Бог на секого од нас во душата и во срцето втиснал свој лик,и знаете ли што сме ние Христијаните ? Ние сме Икони кои одат.Немаме само икони на иконостастуку имаме икони и во нашите души.Се поставува прашање дали нашата икона е јасна,дали е чиста,или во неа одвај се распознава нејзиниот лик.
Од тука е Божанската смисла и целта на човековот битие :таа Боголокост да се развие и усоврши до најголемо совршенство.Очигледно човекот е створен како потенцијален Богочовек .Боголикоста на човековото битие е во самата неуништивост и со ништо незаменливото човечовото битие.Затоа човекот е видливо обличје, видлив лик,видлива икона на невидливиот Бог .А ние знаеме дека тајната на човечкиот живот е Божанска и Света.
На човекот му е даден животот да потполного обоголичи,да постане совршена Света икона Божја. Да постане потполно боголик, потполно христолик да целосно се охристоличи себеси. На таа боголикост, таа првосоздадена христолокост постанала изнакажана во човекот. Со што? Со гревот. А XX век ни открил и покажал нешто ново , а тоа е козметиката . Што е тоа козметика ? Тоа е женска душегубна стрст , која се претвора во сласт, а за која ние го жртвуваме ликот Божји во нас, потоа доаѓа до кавга, до разрушување на фамилијата до унистување на бракот. Без сомневање ѓаволот е главен пронаоѓач и творец и зачетник на козметиката . И тој со сите сили се труди да ги оѓаволичи жените нивните лица ја потисне боголикоста. А таа боголокост е : I) човеково чуствување за Бога , II) човековасовет за Бога, III) човеково чезнење за Бога, IV) човековоа огромна слобода, V) човеков вечен живот и VI) човеково неумно одење кон се што е вечно . И навистина Боголикоста е суштина неуништива и бесмртна. И така секоја жена која ја употребува најсовршената и најубитачна шминка, се прави себеси икона на ѓаволот, слика на ѓаволот ( Изглед на денешната жена ). И кажете ми на што личи жената која ја скратила својата коса, па ја обоила (плаво) плава, црна, црвена, зелена, и уште уште ги оскубала своите веѓи, ставила очите капки – црна шминка, темно зелена. И трепките ги обоила црно, а на своето лице изнаставала се што ѓаволот и ставил пехар со идолопоклоничка материја. Својата уста ја обоила црвена, сина,бела итн., околу вратот ставила камења, рогови, дрва, клучеви, кожа, жилети, упалјачи. Пуштиле нокти како мачки и ги обоиле црвено, црно, сино, жолто.
Сте ги избричиле нозете и сте ги оставиле своите нокти да растат како кај стоката.Но пак видете чудо-стоката не ги маникира своите копита,а вие тоа го правите,значи сте паднале дури и испод животните .И сега ви оставам на вас да кажете и на вашата совест да и одговорите,ако тоа го правете што сте? Сигурно би рекле дека сте слика на ѓаволот.Значи нашата икона не е јасна и чиста,не се гледа ликот на нејзиниот Створител.Нема сомневање дека секоја жена која ја употребува козметиката постанала ѓаволосна на свој начин.Вие со разнообразните гревови сте убиле во себе се што е Боголико,Богочезнивои својата душа сте ја исполниле со ѓаволокост,ѓаволочезнивост. Аова сте го постигнале преку науката, филозофијата, преку музиката, преку спортови, диско клубови , кафани-кафиќи, преку корзо, преку разноврсна забава и итн.
Сета стратегија на сатаната е овој грев да го направи што задоволив за жените преку најсовршената козметика, кој може да го измисли совршениот во злото – сатаната .Жените непрестајно се мобилизираат од љубов спрема тој грев, постојано се маскираат,се разубавуваат, сатанизираат, ѓаволоизираат, за да би се направиле привлечни за луѓето и во таков изглед да останат на оваа земја , бидејќи тие во стварност не сакаат да патуваат од овој свет во оној. Се она што е свето и чисто го погазиле .Сакале да се изнауживаат,изнасладат, сакаат даги окусат само земните сласти , а никако небесните радости.
Сте ги надминале незнабожечките мани и со право може да се каже дека сте идолопоклоници и дека сте надминати до ден денес, а точно е тоа дека Содомските и Гоморските жени сте ги оставиле зад себе и дека сте први на победничкиот пиедистал . Бидејќи со овој “културен”грев сте се вратиле во древноста,во древното многубоштво и древното идолопоклонство,бидејќи сте го отфрлиле од себе и од вашиот ум ,од вашата фамилија Единиот Господ и наш Спасител Исус Христос .Која вас христијански ве излажал и ве натерал да ја употребувате козметиката – сигурно нејзиниот творец и пронаоѓач – ѓаволот.Козметичарки откако сте ја изнакажале боголикоста дали сте задоволни и дали сте среќни? Ако не сте тогаш речете што сакате уште,ѓаволот и тоа ќе ви го даде.
Илјада книги се издаваат за употреба на козметиката и ѓаволот се смее,а Ангелите и Светителите плачат,а и како да не плачат.Денес во целиот свет козметиката е озогласена моќна агитација.илјада навики излегуваат,како и на кој начинможе подобро и подлабоко се унакажи ликот .Човековата пакост и човековата памет склопија брак. Козметикатаи модата склопиле брак.Овие бракови се сатански.жените ги потпишалеовие бракови.Со козметиката жените се послепи од браманките , китијанките , и арапите.Затоа Азијанките и Африканките ги нарекуваат Европјанките бели демони,оти имаат бела кожа,а црна душа.вие козметичарки со овој модерен грев сте се повампириле.Вие живеете со зачаран ум,со пронаоѓањето на најновата козметика,која е така силно објавувана.Често пати тој грев толку ги смалува умните видици да овие и не гледаат во Светот и бога ни ѓаволот,туку само себе си !Тоа е нова врста на демонизам која жената го прифатила.Во стварност тоа е нова врста идолопоклонство – женопоклонство.Затоа за вас козметичарки со право може да се рече дека сте гревољубиви и тоа упорни преку саканата козметика.
Ова наше одење низ земјата да го погледнеме преку учењето на Црквата,громогласно црквата ја забранува козметикатаи преку Вселенските Собири и преку Евангелието Христово.Драги сестри повторно Црквата ве буди од тешкиот гревовен соне ве опоменува. Зошто се смеете?и уште изигрувате и се противите на црквеното учење за козметиката.Пораката на Православната Црква е да се погрижиме да повторно во нас засветли ликот на Царот , Бог ,Створител и Создател.
Иако целокупното православно стадо во
овој богоборечки век сепак Вселенската Православна Црква го победува духот на ова време и духот на посветување е секуларизмот , на Христовата Црква. Соборна Првославна Црква не може да греши и да се излаже, или да искаже лага наместо вистина, бидејќи Светиот Дух кој секогaш дејствува преку Отците и учителите кои верни и служат ,ја чуваатод заблуди и погречки,па ги чува и сега во овој козметички период своите верници и ги опоменува да не употребуваат козметика.
Но за некои настанува прашање “Да се употребува козметика тоа не е ништо и никому не му штетии тоа не е голем грев.Нема сомневањр дека тоа е јавен и отворен бунт против целокупното учење на Црквата.
Да тоа е војна против Господа Исуса Христа. Како да Бог по нивната логика и памет не можел ,или не знаел или немал сили да ги створи жените со кафеави,црвени плавинокти.Но запамтете го ова драги сестри : Бог не се молел кога не створил и немојте да фрлате вина на Бога.Самиот факт дека сте – дека сме бесмртни е необориво факт .
Жените тврдат дека шминкањето е логичко природно и потребно , и уште тврдат дека не се противи на ниту една Божја заповед , и наведуваат логички докази , докази на разумот и во прилог на тоа .
А да се применува и одобрува и порачува та (на) најсовршена козметика , значи да се стане против ЛОГОСОТ Божји кој примил човечко тело од Пресвета Богородица . Оти како што вели блажено починатиот Отец Јустин “ Човекот е видлива проекција на невидливиот лик Божји “. Зар таа видлива проекција на човекот треба да се менува.ни во никој случај .а секој обид да се менува со помош на козметиката не е ништо друго до унакажување на своето физичко тело-да се деформира уште овде на замјата, но како тоа ќе изгледа во вечноста,бидејќи сама си го унакажала своето сопствено тело со еден најсовршен и најпримамлив грев и затоа тие се наоѓаат во предворието на пеколот.
Обожувајќи ја таа козметика како најсовршен идол секоја жена постепено Своето тело го претворува во идолослужилиште и безумно го унакажала живиот иконостас Божји.
Многу жени (дури христјанки ) се правдаат со својот ум и ја бранат козметиката – тој Антихристовски предизвик и претеча и ствараат цели филозофии на лагата. Скоро сите жени ја примиле таа најградиозна обмана и лага и се заробени со тој сеубсвен и најстрашен порок. Таа козметика не е ништо друго до чиста обмана. Во сето тоа Бог не прави никакво насилије над нивната слобода. Он им препушта на желбите на своите срца. Во сварност тоа е најезив пад на човечкото суштество. Неговиот боголик ум створен да верува во вечна вистина, во Бога и да живее во Него, тој верува во лагата, со неа живее, ја проведува и ја смета за своје вечно царство, своја вистина. А таа лага секогаш го носи во прегратката на отецот на лагата – ѓаволот. Тие постанале непријатели Божји со разумот, а тоа е отворено и јавно газење на Христовата заповед. “Отуѓени” со разумот од Бога и светот Божји, жените постанале непријатели на Бога и своето безбожништво го изразуваат го изразуваат во лошите дела, бидејчи безбожништвото и неработењето секогас одат заедно. Затоа тие козметиката ја сметаат за неопходност на животоот. Во тоа е нивната суштина, низобоштво, безбожство и идолопоклонство. Во таа апологоја на злато во тоа е нивното оправдување. Вие сте го избрале злозо за божество и сте постанале апологијатина козметиката. И покрај сета одбрана за козметиката дефиницијата не би се изменила : Ѓаволот е единствен пронаоѓач и творец на таа козметика. Иколку жените тоа да гонегираат и оправдуваат и колку ние би воделе полемика околу таа козметика сепак копромиз не може да се најде, да тоа го дозволува Црквата и дека тоа е потребно за секоја жена. Тоа е апсолутно погрешка. Онаа жена штоја употребува таа козметика таа соработува со сатаната. Затоа нејзиниот ум ќе биде работилница сатаната, нејзината совест – работилница, затоа и сите мисли ќе бидат сатонски, сите чуствивања сатонски и сите дела сатонски. Каква е таа Христијанска (богомолка) која секој ден со часови остануваа-се клања пред огледалото шминкајчи се. Кога таа би стоела секој ден пред иконата на Св. Богородица таа жива би отишла на небо како Св. Пророк Илија. Вие козметичарки со своите недела пукате на Бога. Погледајте ги вашите тела и погледајте се добро. Сте сакале да се деформирате и сите успеале што сакате уште, речете. Сакате да кажете дека вашите внатрешни органи се здрави. Сте ги убиле вашите деца во утробата, и речете сега што сакате уште. Сакате да кажете дека мозокот ви е здрав. Кој ова два грева имате. Тоа е јасно дека немате ни разум ни совест, пред себе, пред Бога. Со вашето гревољубије, гордољубие, самољубије, телољубије. Тие мислат до одржување на линија на телото, држење на дијета, малку јадење итн. А од друга страна домоспиење, неработа, немање на Бог, не причестување, да со тие нивни богоугодни подвизи, испосништво да им користи на спасение, меѓутоа тоа е се: “Не погибал, но оној кој го прави тоа”. Или како вели Владика Николај:. Во сварноста тоа мачење не ни за рај земни ни за рај небесни, туку за уништување на животот. Бидејќи тие нивни подвизи немаат ни Божанска вистина да би се спасиле од злато од гревот. Тоа е најголема мака, најголем ужас. Сеот тоа во крајна линија е идолопоконество. Нема сомневање тоа е најново лудило на чулниот разум човечки. Акаква корисст имаме од тие подвизи кога не се спасуваат од робување на гревот. Ова е нов начин на идолослужење. Сега можете да видите јасно дека ѓаволот игра глупава игра со секое човечко телокое го почитува створеното, а не го почитува Творецот. Служат на творевината,го отфрлаат Створителот, а со тоа докажуваат и покажуваат дека се телопоклоници , бидејќи телото и козметиката го избрале за божество и постанале служители на лажни богови , оти нивниот чулен разум е се и се . Гинат и се убиваат себеси со својата сопствена обмана , залудно се гордеат со умот на своето тело . Затоа своето тело го претвориле во “ ајдучка пештера” во која ајдукуваат лошите мисли,чуства,лошо дело . А со тоа е разрушен храмот Божји – телото е храм на Светиот Дух.Во стварност е уништен иконостасот Божји , како што вели Св.Ап.Павле во посланието до Коринтјаните
“Се прекинало убавото богослужење и почнало ѓаволослужение и затоа ајдукува сатаната”. Тој им оставил на жените располагање сиот свој арсенал богоборен , сето оружје против Бога ,во тоа сеоружје негово спаѓа и козметиката.На сета оваа соблазнива и страшна дејност на козметика носени од сатаната,кој има успех едино “ меѓу оние кои гинат”.Кој гинатво маловерие , во невреме , во безверие ,во нечистотија, во блуд , во расипаност ,во богоборство.Гинат во не евангелискиот живот иако околу себе и пред во текот на човечката историја имаат безброј сведоци за Христа како себлаг и самостив Бог и Спасител на човечкиот род. За спасоносноста на Неговото Евангелие, за светоста на Неговите следбеници, за неговото безмерно човечкољубије, сеопростување, семилост. За чудесната праведност и Светост, милостивост и жалостивост на неговите Свети угодници. Гинат доброволно не избирајќи Христа Господа, туку Антихристот и неговата филозофија. Најстрашните и најбогоборните демони го учат сиот млад свет, посебно девојчињата да ја стават таа горчина, таа идолопоклоничка материја – шминка – на своето лице. Но и денес има многу девојчиња кои не сакаат да ја ставаат шминката, но нивните мајки се упорни, најзината ќерка мора да стават, тоа е совет, правило и закон. Ете војна помеѓу мајката и ќерката. Не е пропуште ниеден начин на лага и насилие од страна на мајката како да успее ќерката да става шминка. Мајката ја издава својата ќерка – нарушен е природниот закон. Тоа не го прави ниедно животно. Само мајката го вперила својот гнев против ќерката. Но вие храбри млади христијанки бидете верни на Св. Богородица, иако непрестојно трпите напади, сепак сте победнички однапред. Иако сте подложни на интриги сосем е сигурно дека ќе ги надвладеете, знајте дека маката за Христа секогаш е лесна и на крај донесува голема радост кој никој не може да ви ја одземе. Ишто да вашата мајка измислува, знајте дака вашијот живот е во Божји раце.
Безумијето на некои мајки е полош, но залудно е. Јас вас ве прашувам козметичарки дека сте размислувале дека козметиката е катастрофа за вашето тело. Вие знаете дека од употребата на козметиката вашиот лик се брзо и брзо старее и дека во обој модерен век вашиот живот е се пократок. Иако вие со големо надевање ја објевувате “таа блкага весат” за нештедливоста на козметиката, сепак вашето лице докажува спротивно. Бесбројни се непрестојни вдшки поради раната употреба, оти нивниот лик е извештачен. Козметиката е дијагноза за вашата женска болест, преставување на употреба пак е лек. Вие козметичарки сте објавиле војна против Христа против Црквата, против Св. Богородица, Св. Апостоли, исповедници, маченици. Значи сте решиле да ја рушите Христовата Црква. Но, слишнете – речено е – кој ја руши Црквата Христова ќе го сруши него Бог. Запамтете еднаш засекогаш дека Црквата не може да се искорени од земјата. Полесно е да се угасне сонцето отколку учењето на Црквата да биде уништување. Колку биле до сега царица, принцеза кои ја бранеле, но и ја употребувале политичарки и обични жени. Се тоа се предадени зборови, што ќе остане од вас? Вашите дела треба да се вклопуваат со примери од житија на Светите. Блажени Августун пишува: “Овој свет ќе помине”. А јас продолжувам ќе поминете и вие. Ќе помине вашата тажна и болна историја. Само што во Црквовната историја ќе биде запишано: во XX век. Ве прашувам што останало од вас? Од вашите дела. Во оваа тажна историја која вие сте ја пишувале, ќе ја читаат и паметат идните поколенија, само ако се врата при Христа. Ќе паметат колку сте биле обременети, натоватрени, ослепени. Бидејќи како се прави греф – од душа преку тело во дело, исто од козметиката низ мода во блуд. Човекот со грвот лудува затоа сегашноста покажува сдно раздражливо и хистеричко младо поколеније кое од 45 години, се такмичи во порок, а во 18 години се чуствува потполно зрело и старо и способно да врши убиство и самоубиство. На вас жените останува да доброволно се определите за козметиката или за Христа? За едно или друго. Победа? Несомнено на страна на богочовекот – Господ Исус Христос.

Wednesday, July 14, 2010

Ангели


"АНГЕЛИ"
Бог ги создал и ги створил и ангелите , со дух и со нематеријален оган им го дал постоењето од непостоење , според образот на Својата бестелесна природа , вид духили нематеријален оган , како што вели божествениот Давид: Ветровите ги правиш Свои гласници (ангелите), а слугите Свои огнен пламен, опишувајки ја така нивната бестелесност и огненост, вдахновеност и топлина и проникливост , како и силниот стремеж да Му служат на Бога , устремени угоре и ослободени од секаква мисла за материјалното.

Со други зборови, ангелите имаат умствена суштина, вечно движечка, со слободна волја, бестелесна, која Му служи на Бога, и имаат бесмртна природа по благодат: карактерот и ограниченоста на таа суштина ги познава само Творецот. А бестелесна и нематеријална се нарекува во однос на нас , но во споредба со неспоредливиот Бог се изгледа грубо и материјално, бидејки само Тој навистина е нематеријален и бестелесен.
Ангелите , значи, имаат словесна, умствена природа, слободна волја и желба за промена, односно променливи се по своја волја. Се што е создадено е и променливо, а непроменливо е само она што е несоздадено. А се што е словесно има слободна волја. Бидејки природата на ангелите од една страна , е словесна и умствена , таа има слободна волја , а бидејки е создадена , таа е и променлива, и има власт да остане постојана и да напредува во доброто, но и да се сврти во погрешна насока.
Ангелите не можат да се покајат, зошто се бестелесни; зошто, човекот ја добил можноста да се покае поради својата телесна слабост.
Тие се бесмртни, но не на природа , туку на благодат. Знаеме дека се што има почеток, природно има и свој крај. А само Бог постои вечно, поточно, над секоја вечност, зошто Творецот на времето не е под власт на времето туку над времето.
Ангелите се втората светлина, достижна само со умот, и својата светлина ја примиле од првата и беспочетна Светлина; тие немаат потреба да зборуваат или да слушаат , туку без изговорен збор си ги пренесуваат еден на друг сопствените мисли и намери.
Сите ангели, значи, се создадени преку Словото, и исполнети се со Светиот Дух , осветени се според достоинството и според чинот и учествуваат во светлината и во благодатта .
Ангелите се просторно ограничени, зошто , кога се на небото, не се во исто време и на Земјата, а кога од Бога се испратени на Земјата , не остануваат и на небото. Не застануваат пред ѕид или врата , пред брави и печати, зошто се неограничени. А ги нарекуваме неограничени, затоа што Бог им дава можност да им се јавуваат на оние што се достојни за тоа, и тоа не во својот вистински облик, туку преобразени, соодветно на способноста на оние што ги гледаат. Зошто, само природата на несоздаденото не може да се ограничи. А секое создание е ограничено од Бога , Кој го создал.
Ангелите не се осветени од својата суштина туку од Светиот Дух; пророкуваат благодарение на Божествената благодат, и немаат потреба од брак, зошто не се смртни. Бидејки се умови, ангелите се наогаат во простори достижни за умот, и не може телесно да се опишат, зоштно не примаат телесен обликспоред природните закони, како телата, ниту имаат три димензии, туку присуствуваат духовнои дејствуваат насекаде каде што им е заповедано , но не можат истовремено да бидати да дејствуваат на различни места.

Дали сите ангели имаат еднаква суштина, тоа не ни е познато. Тоа го знае само Бог Кој ги создал и Кој знае се. Тие се разликуваат според просветленоста и според местото што го заземаат; или заземаат место според просветленоста, или во просветлувањето учествуваат спред местото што го заземаат, и се просветлуваат еден со друг сходно хиерархијата на нивниот ангелски чин и на нивната природа. Јасно е , повисоките ангелски чинови им пренесуваат просветление и знаење на пониските.

Тие се моќни и подготвени да ја исполнат секоја Божествена волја и, благодарение на природната брзина, се јавуваат во еден миг секаде каде што ке ги повика Божествениот знак; ги чуваат краевите на Земјата, ги предводат народите и земјите како што им е одредено од страна на Создателот, управуваат со нашите дела и ни помагаат. Општо земено, според Божјата волја и заповед тие не надминуваат и секогаш стојат блиску до Бога.

Ангелите тешко му се препуштаат на злото , макар што не се апсолутно непоколебливи, сега, всушност, се непоколебливи, но не по природа , туку по благодат и поради приврзаноста само кон доброто. Бога Го созерцуваат според сопствените можности и преку тоа се наситуваат. Нас лугето не надминуваат со тоа што се бестелесни и што се ослободени од секакво телесно страдање; меѓутоа , не се целосно нестрадални, зошто единствено Божеството е нестрадално.

Можат да се преобразат во се што ќе им заповеда Бог и така да им се јават на лугето и да им ги откриваат Божествените тајни.

Тие престојуваат на небото со една задача: со песна да Го величат Бога и да и служат на неговата Божествена волја . И како што вели најсветиот и најблажениот и најбогословесниот Дионисиј Ареопагит: Само богословие, односно Божественото Писмо, зборува за девет небесни собранија; тие собранија овој божествен свештеноучител ги дели на три троични групи. А првата тријада ја сочинуваат , вели , оние ангели што секогаш се во близина на Бога и се подготвени веднаш да се соеднинат со Него , односно – тоа се шестокрилните Серафими, многуоките Херувими и најсветите Престоли ; втората тријада се чиновите на Господствата , на Силите и на Властите; а третата и последна се чиновите на Началствата , на Архангелите и на Ангелите .

Некои , навистина , сметаат дека анагелите се создадени преку другите созданија , како што вели Григориј Богослов: Бог, значи, прво со умот ги промислил ангелските и небесните сили , и таа помисла станала дело. Други, пак, велат дека ангелите се појавиле по создавањето на првото небо. Но дека настрадале пред да биде создаден човекот, тоа сите го признаваат. Јас лично ги делам мислењата на Григориј Богослов, зошто прво требало да биде создадена умнодостижната суштина, потоа сетилната, за потоа од тие две суштинида биде создаден самиот човек.

Преку устата на оние што велат дека ахгелите се творци на некаква суштина зборува нивниот татко, ѓаволот, зошто ангелите се создадени и неможат сами да создаваат . Творец и Промислител и Пазител на се е Бога, Кој единствен е несоздаден и Кој се прославува и славословиво Отецот и Синот и Светиот Дух.

Демони



Началникот на земните чинови, кој е од ангелските сили, и на кого Бог му ја предал Земјата на чување, не бил зол по природа, туку првобитно бил добар и создаден за добро, немајки воопшто во себе ниту трага на зло коешто би потекнувало од Создателот; меѓутоа, не ги оправдал светлината и честа што му ги подарил Создателот и по сопствена волја го прекинал единството со својата природа и се свртел против неа, се возгордеал и се кренал против Бога, Кој беше создал, и прв отпаднал од добро, завршувајки во зло; зошто злото не е ништо друго туку отсуство на добро, како што темнината е отсуство на светлина. Ако доброто е духовна светлина, Тогаш злото е духовна темнина. Таа светлина, создадена од Творецот како добра – зошто виде Бог дека е многу добро се она што го беше создал – по своја слободна волја станала темнина. По него, пак, тргнало и отпаднало од Бога непрегледно мноштво ангели коишто му се потчиниле. Имајки ја и понатаму истата природа со ангелите, тие станале зли, зошто доброволно ја насочиле својата наклонетост од доброто кон злото.

Понатаму тие веќе немаат никаква власт или моќ над кој било, освен ако тоа Бог, според Својот Домострој, не им го дозволи, како во случајот со Јов (1:12), или како што во Евангелието е напишано за случајот со свињите (Марко 5:13). Ако Бог им дозволи, тие имаат моќ да се преобразат во облик каков што ќе посакаат.

Но иднината, се разбира, не ја знаат ниту ангелите ниту демоните, но сепак тие предвидуваат: тоа што ангелите ќе го пророчат ( кога Бог ќе им го откриеи ќе им заповеда да го објават) – тоа и се остварува. Прорекуваат и демоните, понекогаш проникнувајќи во иднината, а понекогаш претпоставувајки, па затоа и толку многу лажат. Ним не треба да им се верува, па макар и да ја зборуваат вистината, на веќе опишаниот начин. Тие, исто така, го познаваат и Светото Писмо.

Треба да знаеме дека секој порок и секоја нечиста желба доаѓаат од нив. Макар што им е дозволено да го искушуваат човека, тие немаат власт некого да го принудат на нешто; зошто ние сме тие што одлучуваме дали ќе го прифатиме искушението или не. Затоа за ѓаволот и за неговите демони, како и за сите оние што го следат, се приготвени вечниот оган и вечната казна (Матеј 25:41).

Треба да знаеме дека тоа што за луѓето е смртта, за ангелите е падот. Зошто, после падот за нив нема покајание, како што и за човекот нема покајание по смрта.

Св. Јован Дамаскин

Monday, July 12, 2010

Човечката природа после падот


Падот во грев
Престапувајќи ја заповедта, прародителите ја повредиле и расипале нашата природа, која расипана и повредена ја предале и на своето потомство, то ест на целиот човечки род.
Откако преку насладите е извалкано срцето, преку желбите се валка волјата, а преку одлучувањето и пронаоѓање средства учесник во таа валкаштина станува и разумот; на крајот практично и сите сили на телото стануваат пронижени со гревот; и челиот човек стана грешен.
Разрешените гревови кои не се поновени, на Судот не се споменуваат.
За гревовите кои се веќе исповедани и разрешени говорете: „Постоеја, но сум се покајала и добила разрешување“
Гревот исповедан,. Оросен (со солзи) и омразен се брише од сите книги во кои се запишува – од книгата на правдата Божја, од книгата на нашата природа, од книгата на нашите контакти со видливиот и невидливиот свет. Така тој повеќе не се споменува на Судот. Имајќи го тоа во предвид, својата душа треба секогаш, не смалувајќи го чувството на грешност, да се надахнува со надежта за спасение. Сите наши гревови ГОспод во Своето Тело ги вознел на дрво (Крст) и таму го искинал нивниот ракопис.
… Во кој и вид да се појавува лошото, штом ќе биде забележано, треба да се стане и да се бори. Еве главни методи на борбите: да се препознае непријателот во злото кое се појавило, да се расрдиме, да се собере сила и да се јурне призовувајќи Го Господа Спаситенот во помош, а потоа да се поновува таа работа додека злото не исчезне и душата не се смири… Потребна е енергија, храброст и трпение.
Скрушеноста на срцето и неумолливото самоосудување секогаш ни се на располагање, но сепак, ни мерата не треба да се заборава.
Кај претходното ваше станување од гревовен сон, благодатта забележливо делувала во вас и не ви допуштала да ги почувствувате напорите на обновувањето. Сега ќе биде поинаку… Вашиот сопствен напор треба да претходи – без милост и деспотски – а благодатта ќе го покаже своето дејство кога ќе се изморите од напори и кога нема да знаете што правите…
Опростувањето на гревовите н се дава по наши заслуги, туку по милоста на Човекољубивиот Бог, Кој секогаш е спремен да простува, штом некој ќе Му се обрати со покајание. Недостоен за простување човекот не го прави големината и мноштвото на неговите гревови, туку само непокајаноста. Штом сте се скрушиле и покајале, веќе на небото ви се досудува простување, а во моментот на исповедта таа небесна одлука ви се објавува.
Ракописот на сите гревови човечки Господ Спасителот на Своето Тело го вознел на Крстот и таму го искинал. Примената на тој акт на безгранично милосрдие кон секој поединец се одвива и остварува преку Светата Тајна Покајание. Оној што добил разрешување од страна на духовниот отец, станува невин пред лицето на правдата Божја.
Слабоста на верата во ова и недостатокот на надеж во помилување, ги произведува нашиот непријател. Нема наши гревови без негов наговор. Од нив тој создава ѕид помеѓу Бога и нас. Покајанието и исповедта го рушат тој ѕид. Знаејќи ја силата на оваа Тајна, дека таа ги уништува сите негови напори во врска со пропаста на оние што грешат, ѓаволот својствено се труди да ја пресече нејзината плодотворност – па или сосема одвојува од неа или поттикнува неверување во нејзината сила и безнадежност кога станува прашање за добивањето простување преку неа.
Свети Тихон тврди дека непријателот кога намамува на грев наговорува: не плаши се, Бог е милосрден, а кога ќе доведе до грев тогаш душата ја вознемирува и ја криши со страв, велејќи: за тебе нема спасение.
Господ се одвраќа од грешниците кои грешат и остануваат во гревот, не мислејќи да се поправат. А кога Му се обраќаат со покајание, со желба да се променат и ветување дека тоа ќе го направат, тогаш господ ги остава сите праведници, се завртува кон грешниците кои му се обраќаат и ги милува.
Ретко се случува некој да падне одеднаш; падот обично почнува од нешто мало – од помисли и благи наклонетости… па се зголемува сè до желба за грев… после која брзо се доаѓа до пад во грев.
Каде се душите на грешниците кои не успеале да се оправдаат? На некое место, кое за нив го одредил Праведниот Судија. После смртта, се случува поединечен суд на кој се одредува судбината на грешникот… Но конечното решение на нивните судбини ќе следи на сеопштиот Страшен Суд. Дотогаш тие само го чекаат тој страшен момент… се ужасуваат и страдаат од тоа.
Гревовите се сметаат израмнети со добри дела кои им стојат напротив или со соодветно покајание.
Нашите гревови се големи, многу големи. Но нема грев кој би го надвладеал милосрдието Божјо. Опростувањето на гревовите не се дава по наши заслуги , туку по милоста на Човекољубивиот Бог, Кој секогаш е подготвен да прости, штом некој Му се обрати со покајание. Недостоен за простување не прават големината или мноштвото гревови, туку само непокајаноста.
Под дејството на разрешување од духовниот отец гревовите веднаш се простуваат. Но нивната трага останува во душата и измачува. Во мерата на подвизите и противењето на гревовните повици, тие траги се бришат, а заедно со нив се смалува и споменатото измачување. Кога трагите потполно ќе се избришат – тогаш и на мачењето е крај. Душата станува уверена дека ù се простени гревовите.
Ќе ви кажам како настанува гревот. Еве како оди искушението:
1) Во мислите се појавува зло или очите ќе видат нешто што предизвикува лоши мисли. Тоа е наговорување или насрдување. Тука нема ништо грешно, зашто и едното и другото напаѓаат неволно. Ако истиот час се спротивставите, штом сфатите дека тоа е лошо и се обратите на Господа, сте направиле она што е потребно – духовен подвиг. Но ако не се спротивставите и почнете да се премислувате не противајќи се на злото и не мразејќи го, тогаш тоа веќе не е во ред. Душата наседнала. Тука уште нема грев, но направен е првиот чекор кон него… Но ако некој го обземе таа помисла и тој почне да мисли и мисли за неа, ќе го направи и вториот чекор кон гревот.
2) Вниманието кон злата помисла ив впуштае во разговор со неа. Тука како што реков, грев сеуште нема, туку му се поставува темел.
3) Трет момент на падот во гревот е – сочувствувањето (наклонетоста) кон таа зла помисла, кога е пријатно да се размислува за тоа и кога самото дело е пријатно. Тое е повеќе од грев, но него самиот сеуште го нема. Во прашање е нечистотија. Се случува сочувствувањето да избие одеднаш – спонтано.
4) Четврт момент на падот во грев е приклонувањето на волјата, зла желба, иако се уште не конечна. Тука грев постои, зашто делото е доброволно. Со чувствата не може секогаш да се владее, но желбата е во наша власт. Сето тоа сепак не е вистински грев, туку само предворје кон него.
5) Петти момент е согласноста на грев или одлуката да се изврши, Тоа е вистински грев, само внатрешен. Набрзо потоа се јавува и
6) грев на дело… Тоа е вистински пад, погубен за душата, со губење на благодатта и потчинување на власта на ѓаволот.
Ете така… одбивајте ги помислите, не стапувајќи во разговор со нив, веднаш гушете го сочувството, уништувајте ги желбите… Тоа е сета борба… Се случува помислата, сочувството и желбата да се појават сите во ист момент… Ништо… Во тој случај сите тие се како наговор… А борбата се состои во тоа, сите заедно веднаш да се прогонат.
Сочувствувањето , кога нема да се прогони туку остави, значи согласување на нечистотијата. Согласувањето е – внатрешен грев, кој се очистува со исповед.
Чувството е грешно кога на него ќе се согласат, кога го задржуваат и аспалуваат; кога пак неволно се пробива во душата, а душата го нејќе и се напрегнува да го исфрли, тука грев нема, туку во прашање е добра борба. Се случува заедно со чувството одеднаш да се појави и сочувството, а душата штом го забележи, веднаш да се наоружа против него. Ни тука нема грев. Сочувстото е грешно кога ќе му се допушти да завладее во душата, а се знае дека е лошо.
Грешното дело се одвива вака: мисла, чувство и сочувство, согласност, одлука или избор, и дело. Кој ја прогонува мислата… останува чист. Од чувството и сочувството почнува грешноста, во мерата на согласноста. Каде што нема согласност, нема ни грев.
Добар одговор ќе има онок кој, иако свесен за мноштвото гревови, е уверен дека заради покајание му се опростени… Таа увереност е – крајна граница на покајните напори на земјата.
Св. Теофан Затворник